Кнесет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jul 2020 09:19:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кнесет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кнесетот усвои вонреден закон за борба против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-usvoi-vonreden-zakon-za-borba-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-usvoi-vonreden-zakon-za-borba-protiv-kovid-19/#respond Tue, 07 Jul 2020 09:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=370696

Кнсетот денеска усвои вонреден закон со кој и се дозволува на Владата да ги заобиколи парламентарните одбори при донесување на итни одлуки за борба против новиот бран на Ковид-19. Вонредниот закон е донесен со цел владините одлуки за борба против Ковид-19 да можат веднаш да стапат во сила. Дел од опозициските пратеници го осудија занемарувањето на законодавците наведувајќи дека тоа е уште еден чекор во поткопувањето на основите на израелската демократија. Новата одлука е донесена еден ден откако израелската Влада повторно воведе рестриктивни мерки за сузбивање на новиот коронавирус. Забранети се собири и повторно се затворени рестораните, кафулината, театрите, вежбалниците и базените. Во Израел, по укинување на мерките, се пријавуваат над илјада новозаболени лица дневно. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-usvoi-vonreden-zakon-za-borba-protiv-kovid-19/feed/ 0
Кнесетот ќе гласа за легализација на канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-kje-glasa-za-legalizacija-na-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-kje-glasa-za-legalizacija-na-kanabisot/#respond Sun, 21 Jun 2020 07:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=360345

Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост“. Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд. – Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична вест за борба на повеќе од еден милион граѓани и за десетици илјади пациенти кои чекаат на денот кога државата Израел ќе престане да ги третира како криминалци, рече Хаскел. Според законот, канабисот ќе биде дозволен за употреба за израелски државјани на возраст над 21 година, со исклучок на оние граѓани кои работат во безбедносните служби, додава „Ерусалим Пост“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knesetot-kje-glasa-za-legalizacija-na-kanabisot/feed/ 0