книга на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Apr 2021 11:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png книга на жалост – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворена книга на жалост за професорот и воен историчар Александар Стојчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-kniga-na-zalost-za-profesorot-i-voen-istorichar-aleksandar-stojchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-kniga-na-zalost-za-profesorot-i-voen-istorichar-aleksandar-stojchev/#respond Tue, 20 Apr 2021 11:20:39 +0000 https://kurir.mk/?p=499789

Во изложбениот дел на Воениот музеј, во објектот на Музејот на Република Северна Македонија, денеска е отворена книга на жалост за д-р Александар Стојчев, директор на Воениот музеј, кој по кратко боледување почина на 18 април 2021 година. -Сите граѓани коишто сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат тоа да го направат секој ден до петок од 8 до 18 часот, соопшти Министерството за одбрана. Универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев почина пред два дена на 46-годишна возраст во Скопје како последица од коронавирус. Професорот Стојчев од 2006 година бил раководител на Службата за воена историја – Воен музеј во Министерството за одбрана а претходно во периодот од 2002 година до 2006-тата година бил асистент по Воена историја на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Во својата професионална кариера тој бил и доцент и вонреден професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје за област Воена историја и наставник по предметот „Балканските војни и Првата светска војна“ на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја а меѓу најпознатите и најкористените се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на Музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Дојран 1915-1918 (Воени операции)“ како и „Историја на воените мапи на Република Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-kniga-na-zalost-za-profesorot-i-voen-istorichar-aleksandar-stojchev/feed/ 0