книга за деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 17 Jun 2022 05:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png книга за деца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата за деца „Приказни од облаци“ од Кристина Тот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-prikazni-od-oblaci-od-kristina-tot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-prikazni-od-oblaci-od-kristina-tot/#respond Fri, 17 Jun 2022 05:19:45 +0000 https://kurir.mk/?p=691952

Во кафе-книжарница Буква денеска од 20 часот ќе се одржи промоција на книгата за деца „Приказни од облаци“ од Кристина Тот. Како што информираат од „Или Или“, книгата ја сочинуваат пет извонредни и поучни приказни „Приказна за лилјакот што сакаше да биде птица“, „Малото рипче што си ја загуби перката“, „Приказна за меурчињата“, „Кралот на белоушките“ и „Чичкото што имаше речиси сто години“. – Овие приказни нè поттикнуваат да ја зачуваме нашата љубопитност, будноста и чувствителноста на малите деца кои го откриваат и освојуваат светот, а тоа се вештини што често ги губиме со текот на времето, со нашето раснење, стои во соопштението од „Или Или“ Оттаму наведуваат дека авторката пишува смело за скриени, неизговорени табуа, ги воведува во светот на децата со приказни што одат по тенката линија помеѓу бајките и реалноста, но кои ни кажуваат за важни фрагменти, настани или личности од реалноста. – Целта на овие кратки приказни е да го прошират знаењето на малите деца за светот и да им дадат можност да размислат за истиот. Да размислуваат за уникатноста на сите суштества во светот – дури и за самите себеси и другите околу нив – и убавината на животот, и покрај нејзината кревкост. Овие бајки доловуваат длабочини и височини, безвременски и минливи, радост и тага, и го гледаат светот како целина и како чудо во кое е вредно да се живее, дополнуваат оттаму. Кристина Тот (1967, Будимпешта) студирала унгарска книжевност. Има добиено неколку награди и нејзината поезија и проза се преведени на повеќе јазици. Живеее во Будимпешта и освен што се занимава со пишување и преведување од француски јазик, дизајнира и витражи. Нејзини позначајни дела се „Есенското палто се бранува“ (1989, поезија), „Нишката на разговорот“ (1994, поезија), „Лондонските мечиња“ (2003, песни за деца), „Баркод“ (2006, кратки раскази), „Висока топка“ (2009, поезија), „Пиксел“ (2011, роман) и „Аквариум“ (2013, роман). Книгата за деца „Приказни од облаци“ е објавена во 2017. Објавувањето на детската книга „Приказни од облаци“ од Кристина Тот е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-prikazni-od-oblaci-od-kristina-tot/feed/ 0
Промоција на книгата за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/#respond Wed, 08 Jun 2022 06:16:48 +0000 https://kurir.mk/?p=688092

Во издание на издавачката куќа „Чудна Шума“ денеска ќе биде промовирана култната книга за деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. – Поминаа повеќе од 35 години откако беше создадена култната ТВ-серија за деца, а по неа и сликовницата „Бушава азбука“ на Горан Стефановски, со илустрации на Душан Петричиќ. Со „бушавите букви“ растеа генерации и генерации, учејќи го македонскиот јазик и скапоцените подзаборавени, архаични зборчиња кои се одраз на неповторливата македонска книжевност, култура и традиција, информираат од Културно-Информативниот Центар – Скопје. Промотор ќе биде книжевната критичарка и теоретичарка Александра Јуруковска, модератор на настанот Билјана Црвенковска, а делови од книгата ќе чита актерката Тина Трпкоска. Горан Стефановски е роден на 27 април 1952 година во Битола. Завршил студии по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Студирал и драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград. Од 1978-1986 е асистент по англиска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје (работа на полето на англиските студии со посебен акцент на Шекспир и англиската драма). Од 1986-1998 е редовен професор по драматургија на Факултетот за драмски уметност во Скопје (работа на полето на креативното пишување и студии на драмските теории и модели). Во литературата дебитира пред триесетина години со ТВ- играта „Клинч“ (1974). Оттогаш па се до нашиве дни се пројавува како плоден и атрактивен автор, главно во драмската уметност, врзувајќи и го своето и националното име за престижни и високи домашни и интернационални награди и признанија. Во орбитата на сеопштиот интерес се пробива со драмата „Диво месо“. Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени. Почина на 27 ноември 2018 година. Душан Петричиќ е српски илустратор и карикатурист. Има илустрирано бројни книги за деца, а неговите карикатури се појавуваат во реномирани магазини и дневни весници, од „Политика“ до „Њујорк тајмс”. По завршувањето на студиите на Академијата за применета уметност работи како карикатурист во „Вечерње новости” , а потоа се сели во Канада, од каде што работи со реномирани весници како што се „Њујорк тајмс”, „Вол стрит џорнал“ и „Торонто стар “. Од 2009 година почнува да подготвува карикатури за неделното издание на „Политика”, а во 2013 година се враќа во Белград. За неговите илустрации за деца, ја има добиено престижната награда – Почесен сертификат на IBBY (International Board of Books for Young People), како и Alberta Book Award и The Longitude Prize, наградата Levstik во Словенија и многу други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-za-deca-bushava-azbuka-od-goran-stefanovski-i-dushan-petrichikj/feed/ 0