книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 18:38:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png книга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕЉКО СПОДЕЛИ СЛИКА ОД СИНОТ, А ОД КНИГАТА КОЈА ЈА ДРЖИ ВО РАЦЕТЕ ПОДЗИНА НАЦИЈАТА – еве на што се учи од мали нозе внукот на Цеца (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/velko-spodeli-slika-od-sinot-a-od-knigata-koja-ja-drzhi-vo-ratsete-podzina-natsijata-eve-na-shto-se-uchi-od-mali-noze-vnukot-na-tsetsa-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/velko-spodeli-slika-od-sinot-a-od-knigata-koja-ja-drzhi-vo-ratsete-podzina-natsijata-eve-na-shto-se-uchi-od-mali-noze-vnukot-na-tsetsa-foto/#respond Wed, 04 Oct 2023 18:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=885262

Синот на Цеца, боксерот Вељко Ражнатовиќ сподели на својот Инстаграм профил фотографија од својот син Жељко Ражнатовиќ која предизвика лавина на коментари. Внукот на Цеца во рацете држеше книга која навистина предизвика бура на реакции во јавноста. Станува збор за книга со наслов „како да се крстам“ и има религиска содржина која е наменета за најмладите, а јасно е дека Богдана и Вељко од мали нозе го учат синот на трајните вредности и му го покажуваат вистинскиот пат. Гордата тетка Анастасија веднаш ја сподели фотографијата под која напиша „убавино моја“. Дел од коментарите се дека тие се пример за семејство. Инаку семејството Ражнатовиќ е познато како едно од ретките кои верата ја истакнува во секоја можна прилика и време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/velko-spodeli-slika-od-sinot-a-od-knigata-koja-ja-drzhi-vo-ratsete-podzina-natsijata-eve-na-shto-se-uchi-od-mali-noze-vnukot-na-tsetsa-foto/feed/ 0
„Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“ пристигна во Париз, а се запеа и „Налеј Налеј“ во кафаната на Гемиџиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/#respond Mon, 18 Sep 2023 10:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=879071

Едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците, досега напишано, - "Македонци - Милениумски сведоштва за идентитетското име" на авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, пристигна и во Париз, Франција, во склоп на европската промоција. Д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, во Македонската Православна Црква "Свети Кирил и Методиј" во Париз, пред македонските иселеници детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за македонскиот народ и историја. Домаќините и воедно организаторите на овој настан од Македонската православна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, Протоереј о. Даниел Стојчевски и господин Владимир Будимовски, заедно со целиот тим на Македонци во Франција, се погрижија за големата посетеност и беспрекорна организација на настанот. Авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, го претстави своето дело со посветеност и страст, раскажувајќи за истражувањата и анализите на историските настани и милениумските сведоштва за македонското име, додека ја создавал оваа книга. Ова разви големо интересирање на публиката со што следеше двочасовна дискусија на авторот со одговори на прашања околу разни историски настани за македонската историја. Во текот на посетата на Париз, авторот и промоторите имаа и неверојатно искуство да го најдат патот до кафаната на Гемиџиите, каде што настанала и легендарната песна "Налеј, Налеј". На најголема радост на посетителите, во чест на Гемиџиите и нивната борба за Македонија, оваа легендарна песна беше изведена повторно на истото место, по 120 години, од страна на Златко Николовски, Дарко Китаноски, Маја Славева, Ацо Крстески и ценетиот автор на книгата „Македонци -Милениумски сведоштва за идентитетското име“, Бранислав Светозаревиќ Покорни. Со ова, Европската турнеја за "Македонци - Милениумски сведоштва за идентитетското име" продолжува да ги прославува и споделува богатите аспекти на македонската историја и култура со светот, а Гемиџиите кои што се наоѓаат во срцето на оваа приказна во Париз, носејќи во себе непокор и љубов кон Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/feed/ 0
Битолската библиотека „Св. Климент Охридски“ на Саемот на книга во Лајпциг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-na-saemot-na-kniga-vo-lajptsig/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-na-saemot-na-kniga-vo-lajptsig/#respond Mon, 01 May 2023 11:03:38 +0000 https://kurir.mk/?p=829388

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола успешно се претстави на саемот на книга кој синоќа заврши во германскиот град Лајпциг. Оваа година првпат на саемот и нашата држава имаше штанд, претставен од НУУБ „Св. Климент Охридски“, а во рамки на проект на Traduki мрежа, и заедно со други земји членки, изјави за МИА, Фатма Аземовска, претставник на битолската библиотека. -Македонскиот штанд го претставивме заедно со нашиот aвтор Живко Грозданоски. За овој проект добивме поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и тоа ни овозможи да бидеме заедно со 2.000 изложувачи од 40 држави. За време на саемот, беа презентирани 2.500 настани поврзани со новитетите за пролетта и бројни нови формати како што се барот за книги, форумот „Отворено општество“ и младинскиот кампус „Универзум“. Фокусот на сите средби оваа година беше, отворен збор за мирен соживот, посочи Аземовска. Битолската универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со учеството на саемот на книга во Лајпциг, продолжи со интензивната меѓународна соработка и афирмација на библиотеката во странство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/bitolskata-biblioteka-sv-kliment-ohridski-na-saemot-na-kniga-vo-lajptsig/feed/ 0
Промоција на учебникот Уставно процесно право во време кога дебатата за промена на Уставот е во својот зенит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-uchebnikot-ustavno-protsesno-pravo-vo-vreme-koga-debatata-za-promena-na-ustavot-e-vo-svojot-zenit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-uchebnikot-ustavno-protsesno-pravo-vo-vreme-koga-debatata-za-promena-na-ustavot-e-vo-svojot-zenit/#respond Fri, 28 Apr 2023 08:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=828574

Во период кога општеството е преокупирано со прашањето за промената на Уставот на Република Македонија, Катедрата по уставно право и политички систем на најдобриот Правен факултет во земјата, Правен факултет "Јустинијан Први" од Скопје, на јавноста и' го претстави учебникот Уставно процесно право. Ова дело е во авторство на проф. д-р Тања Каракамишева - Јовановска, проф. д-р Александар Спасеновски, доц. д-р Денис Прешова и д-р Дејан Савески, а негов издавач е Универзитетот "Свети Кирил и Методиј" од Скопје. Станува збор за пионерско дело кое покрива сосема нова научна дисциплина - Уставно процесно право. Поради својата уникатност и специфичност на материјата што ја проучува, оваа предметна содржина, заедно со Уставното право, многу брзо ќе го добие примарното место во наставните програми на Факултетот. Европските интеграции неминовно ја засилија потребата од детални и најнови научни знаења од областа на уставното право на ЕУ, богатата пракса на Судот на правдата на ЕУ, сложените односи што постојат меѓу Судот за човековите права во Стразбур и Судот на правдата на ЕУ во Луксембург, како и влијанието на нивните судски пракси врз работата на нашите институции, посебно врз работата на редовното судство и македонскиот Уставен суд, информираат авторите. Според нив, денешните правници не смеат да си го дозволат „луксузот“ да останат „боси“ во знаењата поврзани со европското уставно право и европската судска пракса. Правните стандарди и правила на ЕУ мора да станат и македонски стандарди и правила доколку сакаме побрзо да се движиме по европскиот пат. Уставната демократија е невозможно да функционира без материјалните и процесните претпоставки на заштитата на човековите права и принципите на уставност и законитост. Нема уставна демократија без уставна правда, нема уставна правда без правно и процесно организирани активности и делување на уставните судови. Вредноста на овој ракопис е голема, како од научен, така и од апликативен аспект. Темите што се проучени во него се најважни прашања за функционирањето на еден правен систем. Без нивно детално осознавање е невозможно да зборуваме за владеење на правото, за правна држава, за заштита на човековите права и за демократија. Книгата за студентите, но и за пошироката јавност е достапна на следниот линк: www.ukim.edu.mk  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-uchebnikot-ustavno-protsesno-pravo-vo-vreme-koga-debatata-za-promena-na-ustavot-e-vo-svojot-zenit/feed/ 0
Се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-odbelezhuva-svetskiot-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-odbelezhuva-svetskiot-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/#respond Mon, 24 Apr 2023 05:30:33 +0000 https://kurir.mk/?p=826742

Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје денеска традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година. Овој датум се одбележува секоја година во целиот свет на 23 април како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза. На овој празник на книгата во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје ќе се читаат извадоци од романот „Дон Кихот“, а исто така ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова. Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје во одбележувањето на 23 Април доби поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи „Арс ламина“ и „Арс – студио“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/se-odbelezhuva-svetskiot-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/feed/ 0
23 Април – Светски ден на книгата и авторското право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/#respond Sun, 23 Apr 2023 07:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=826543

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на книгата и авторското право - 23 Април, востановен од УНЕСКО во 1995 година. Овој датум се празнува секоја година глобално, како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир, Лопе Де Вега. Идејата се заснова на стариот каталонски обичај да се подари книга и роза. Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ - Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи утре во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова. -НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека. Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/23-april-svetski-den-na-knigata-i-avtorskoto-pravo/feed/ 0
Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-chij-beshe-jon-od-refet-abazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-chij-beshe-jon-od-refet-abazi/#respond Tue, 04 Apr 2023 06:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=819809

Книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази вечер ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Делото е објавено на бугарски јазик како издание на „КВЦ“. - Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност. Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности. Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси, се вели во соопштението од КИЦ на Северна Македонија во Софија. На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања - гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко... Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово во 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното, ја играше главната улога во „The Forgiveness of Blood“, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година. Автор е на два романи, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои во моментов играат на театарските сцени во земјава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-chij-beshe-jon-od-refet-abazi/feed/ 0
Објавена автобиографијата на принцот Хари- „Резерва“ на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-avtobiografijata-na-printsot-hari-rezerva-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-avtobiografijata-na-printsot-hari-rezerva-na-makedonski-jazik/#respond Wed, 22 Mar 2023 11:07:23 +0000 https://kurir.mk/?p=814908

Автобиографијата на принцот Хари, „Резерва“ излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Како што соопштија од издавачката куќа, во книгата, принцот Хари открива детали од неговото детство и длабокиот ефект од смртта на неговата мајка, Дијана, принцезата од Велс, како и неговите проблематични тинејџерски години и последователното распоредување во Авганистан со британската армија. Пишува за односот со неговиот брат, принцот Вилијам, и неговиот татко, кралот Чарлс Трети, и бракот на татко му со Камила Паркер Боулс, како и за неговото додворување и бракот со американската актерка Меган Маркл, сè до повлекување на двојката од нивната кралски улоги. Книгата првично беше објавена на англиски јазик, на 10-ти јануари оваа година, во издание на „Пингвин рандом хаус“. Покрај печатената, има и 15-часовна аудиокнига, во која зборува самиот Хари. Книгата „Резерва“ е достапна во сите поголеми книжарници во нашата земја и онлајн преку www.literatura.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-avtobiografijata-na-printsot-hari-rezerva-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Промоција на книгата „Зраци“ на Михаил Ренџов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-zratsi-na-mihail-rendhov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-zratsi-na-mihail-rendhov/#respond Wed, 22 Mar 2023 07:34:48 +0000 https://kurir.mk/?p=814780

Промоција на книгата Зраци на Михаил Ренџов во издание на „Метаноја“ ќе се одржи денеска во издание на „Метаноја“ во Скопје. Настанот ќе го отвори директорката на „Метаноја“ Нада Милкова, а промотори се Владимир Мартиновски и Коста Милков. Петар Ренџов ќе го збогати настапот со музика. -За збирката промоторот Владимир Мартиновски пишува „Најновиот поетски ракопис на Михаил Ренџов е вчудовидувачки екстракт од неговото раскошно поетско искуство. Светлината и топлината од неговата поезија овојпат ги добиваме преку извонредна серија лирски минијатури, елиптични поетски вињети, именувани „зраци“, посочуваат од издавачката куќа „Метаноја“. Во поговорот Коста Милков пишува „Михаил Ренџов со целиот свој живот, со целото свое творештво и со целото свое битие е автор свртен кон созерцателното и кон аскетското. Тој е поет подвижник, сесрдно нурнат во најголемите длабочини или вивнат во најголемите височини, без притоа да ја „напушти“ оската која е цврсто поставена врз Земјата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promotsija-na-knigata-zratsi-na-mihail-rendhov/feed/ 0
Англиското издание на мемоарите на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/angliskoto-izdanie-na-memoarite-na-printsot-hari-prodadeno-vo-nad-1-4-milioni-primerotsi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/angliskoto-izdanie-na-memoarite-na-printsot-hari-prodadeno-vo-nad-1-4-milioni-primerotsi/#respond Thu, 12 Jan 2023 11:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=786436

Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите. Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати. И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари. Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила. Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/angliskoto-izdanie-na-memoarite-na-printsot-hari-prodadeno-vo-nad-1-4-milioni-primerotsi/feed/ 0