книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jul 2023 07:40:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png книги – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 30 книги кои треба да ги прочитате пред 30-тиот роденден https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/30-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-30-tiot-rodenden-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/30-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-30-tiot-rodenden-2/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:56:20 +0000 https://kurir.mk/?p=853610

Интернетот е огромна платформа на која минуваме голем дел од нашето слободно време. Сепак, често забораваме на моќта на книгите кои ни седат на полиците или кои се нудат во библиотеките и книжарниците. Иако постојат различни вкусови во однос на читањето, ова се 30 книги кои треба да ги прочитаме пред да наполниме 30 години.
  1. Сидарта од Херман Хесе – моќна приказна за животните искуства и тоа како се поврзуваат со реалноста и ни овозможуваат просветлување и пронаоѓање на самите себеси.
  2. 1984 од Џорџ Орвел – оваа приказна која е напишана во 1949 г. носи големо значење за политичката моќ на многу влади. На почетокот била забранувана бидејќи раскажува приказна за влада која користи тактики за следење и манипулација на нејзините граѓани.
  3. Да ја убиеш птицата која пее од Харпер Ли – оваа приказна ја опфаќа темата на расните и економските класи во 30тите години, преку судскиот случај на еден црнец кој е обвинет за силување на млада бела девојка. Книгата испраќа моќна порака за борбата за правдата, но и против предрасудите.
  4. Пеколниот портокал од Антони Бургес – интернесна и многу специфична приказна за културата меѓу младите, со што се пренесува приказната на еден адолесцент. Оваа приказна ќе ве остави без здив, но и ќе ве вознемири и потресе истовремено.
  5. За кого бијат камбаните од Ернест Хемингвеј – оваа книга раскажува за смртта, идеологиите и неверојатната бруталност на војната.
  6. Војна и мир од Лав Толстој – оваа приказна е едно од најмоќните дела на Толстој. Приказната се случува во руското општество за време на Наполеонската ера и ги раскажува животите на Андреј, Пјер и Наташа и како нивните судбини се испреплетуваат.
  7. Правата на човекот од Том Пеин – напишана за време на Француската револиција, оваа книга е една од првите кои го воведуваат концептот на човекови рава од точка на демократијата.
  8. Социјален договор од Жан Жак Русо – една од најдобрите мисли од оваа книга вели „човекот е роден слободен, но насекаде тој е во синџири“ .Ова е книга која зборува за важноста на индивидуалните човекови права во општеството.
  9. 100 години самотија од Габриел Гарсија Маркез – ваа новела користи различни начини на раскажување за да ја пренесе пораката за огромното значење на паметењето на културната историја.
  10. Потекло на видовите од Чарлс Дарвин – неколку книги имаат огромно значење на нашето општество и живеење, а оваа е една од нив. Таа зборува а природниот свет и генезата на човековиот вид.
  11. Мудроста на пустината од Томас Мертон – ова дело претставува збир на мисли, медитации и рефлексии кои покажуваат како да се живее едноставно и чисто.
  12. Точка на вриење од Малколм Гладвел – во оваа книга, авторот зборува за тоа како мала идеја, концепт на производ може да се прошири како вирус и да предизвика глобални социолошки промени.
  13. Ветрот во Вилоус од Кенет Грахам – ова е една од најдобрите книги за деца која е некогаш напишана, кратка новела која ни помага да го сфатиме значењето на малите задоволства во животот. Таа е моќна поради одличната комбинација на мистицизам, авантура и морал.
  14. Уметноста на војувањето од Сун Цу – ова е една од најстарите книги за воените стратегии во светот. Таа се користи и во бизнисот и генералното живеење и меѓучовечките односи од страна на многу луѓе во светот.
  15. Господарот на прстените од Џ.Р.Р. Толкин – една од најдобрите книги на светот од 20-тиот век. Штом ја земете оваа книга, нема да сакате да ја пуштите лесно, особено доколку сте фан на фантазијата и хобитите.
  16. Дејвид Коперфилд од  Чарлс Дикенс – ова е приказна која ја опфаќа темата за одржување на дисциплинирано срце и е поврзана со емоционалниот и моралниот живот на една личност.
  17. Четири квартети од Т. С Елиот – ова е веројатно една од најдобрите поетски прози кои се напишани во историјата. Книгата е напишана за време на Втората светска војна и е една од книгите кои нема да ги оставите така лесно.
  18. Квака 22 од Џозеф Хелер – оваа книга носи интересен наслов а и во себе содржи многу зборови кои се измислени од овој писател. Пораката на книгата е јасна: тоа што за многумина се смета за добро, можеби е лошо, а тоа што изгледа разумно, можеби нема никаква смисла.
  19. Големиот Гетсби од Скот Фицџералд – поставена во времето на џезот во дваесетите години од изминатиот век, оваа книга раскажува моќна приказна за американскиот сон. Поконкретно, писателот учи дека неколку добри пријатели се подобри од милион познаници.
  20. Ловецот во р’жта од Џ.Д. Селинџер – оваа новела ги прикажува угорниците и удолнините од бунтовништвото и бесот на една млада личност. Таа служи и како потсетник на непредвидливиот тинејџерски ум.
  21. Злосторство и казна од Фјодор Достоевски – многу моќна новела за млад човек кој се бори со сиромаштија. Книгата ја опфаќа приказната за едно негово криминално дело и психолошкото влијание кое таквото дело го има на него и неговите најблиски.
  22. Владетелот од Николо Макијавели – оваа книга е одлична поради своите описи за моќта и лидеството. Од политички и корпоративен аспект таа зборува за влијанието и авторитет над другите луѓе.
  23. Валден од Хенри Дејвид Торо – авторот на оваа книга поминал два месеци и два дена пишувајќи ја книгата во колиба во Конкорд, Масачусетс.
  24. Републиката од Платон – одлична книга која ја пренесува филозофијата на Платон за тоа како да се живее животот, да се следи правдата и за владеењето на лидерите. Таа дополнително му пренесува основно знаење на читателот за теоријата на западната политика.
  25. Лолита од Владимир Набоков – ова е една од најконтроверзните книги кои се напишани во историјата. Таа раскажува за конфликтните чувства на животот и љубовта и го тера читателот да се запраша за своите перцепции и ставови на овие теми.
  26. Завршете ги работите од Дејвид Ален – супер водич за организирање на нештата и завршување на обврските.
  27. Како да стекнете пријатели и да им влијаете на луѓето од Дејл Карнеги – ова е една од книгите за подобрување на живеењето. Тоа е водич за освојување на луѓето и подобрување на личните и професионални односи меѓу луѓето.
  28. Господарот на мувите од Вилијам Голдинг – моќна приказна за една средина каде не постои правото и каде владее анархијата, а луѓето се водени од животински инстинкти. Дефинитивно вреди да се прочита.
  29. Плодовите на гневот од Џон Стејнбек – ова е приказна за преживувањето во дисфункционалните семејства кои постојано бараат работа меѓу луѓето кои се депресивни и тажни.
  30. Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков – ова антикомунистичко дело е новела за борбата меѓу доброто и злото. Зборува за корупцијата, злото и алчноста и човековата природа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/30-knigi-koi-treba-da-gi-prochitate-pred-30-tiot-rodenden-2/feed/ 0
СРАМОТА: Учениците добија ПАРТАЛ книги, фалат цели теми – родителите револтирани (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-uchenitsite-dobija-partal-knigi-falat-tseli-temi-roditelite-revoltirani-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-uchenitsite-dobija-partal-knigi-falat-tseli-temi-roditelite-revoltirani-foto/#respond Fri, 16 Jun 2023 11:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=846505

„Моето дете не доби книги, доби партал. Еден час лепам страници за да биде читливо, но залудно, скинати се на повеќе места“. Скопјанка, мајка на дете кое од септември започнува со предметна настава, во шесто одделение, ја контактираше редакцијата на КУРИР. Таа ни испрати фотографии од учебниците кои нејзиното дете ги добило во училиште. Вели дека му ги дале во кеса, па таму не ги отворил. Шокот го доживеале кога дома отвориле да ги видат книгите. -Срамота и не знам кој друг збор би го кажала. Не дека мора нови книги од печатница да ни даваат, ама да бараат од нас да сме благодарни што книгите се бесплатни, а ни даваат партали, навистина е срамота. Ако некој има за цел да го уништи образованието во Македонија, со ова е на добар пат, вели мајката. По нејзината пријава, стапивме во контакт и со други мајки, од други училишта. Мајка на седмооделенец во училиште во Центар се соочила со уште поголем проблем од скинати страници. Во книгите кои ги добило нејзиното дете фалеле цели теми. -Делови од учебникот се откорнати, фалат цели теми и тоа никој во училиште не го забележал. Исто како и лани, така и оваа година, книгите ќе ги испринтам во фотокопирница и детето од скрипти ќе учи. Книгиве што ги добиваме се за во канта само. Вината ја гледам пред се во децата кои добиваат учебници и ги кинат, ги шараат, но секако и во училиштата треба да се прави контрола некаква. На врвот виновници, властите кои се фалат дека за децата обезбедуваат бесплатни учебници. Ова не се учебници од кои може да се учи, вели скопјанката. Третиот наш соговорник е татко на дете кое во септември започнува со осмо одделение. И нивните учебници се распарталени, скинати, едноставно од нив, велат, не може тековно да се учи. -Кога сум бил дете и јас да сум добиел вакви книги, никаква желба за учење нема да имам. Вчера ги донесе син ми книгите, катастрофа. Ќе се распрашам каде се продаваат и ќе му ги купам. Значи да знаете, не сум единствен што ќе купува затоа што добивме партали. Нема за секого бесплатни учебници, ова што го добивме е неупотребливо. Една тема има, друга измешана искината, трета тема откорната. Па Јово на ново, вели таткото. КУРИР во продолжение ги објавува фотографиите кои ни беа испратени од родителите со кои стапивме во контакт: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sramota-uchenitsite-dobija-partal-knigi-falat-tseli-temi-roditelite-revoltirani-foto/feed/ 0
Промоција на книги од академик Нада Поп-Јорданова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigi-od-akademik-nada-pop-jordanova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigi-od-akademik-nada-pop-jordanova/#respond Fri, 25 Nov 2022 06:40:09 +0000 https://kurir.mk/?p=766152

Во мултимедијалниот културен центар Матица ексклузив од Скопје денеска ќе се одржи промоција на новите книги на академик Нада Поп-Јорданова „Медицината во сликарството (една слика вреди илјада зборови)“ и „Генијалност и/или лудило – големите композитори и нивните ментални болести“. За овие две ретки изданија ќе говорат академик Васко Ташковски и проф. д-р Јане Коџобашија. Академик Нада Поп-Јорданова била редовен професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија. Целиот работен век го поминала на Клиниката за детски болести, лекувајќи деца со разни педијатриски и психолошки проблеми. Покрај со лекарска практика, се занимавала со едукација на студенти, постдипломци и докторанди. Последниве години, како член на МАНУ, исклучиво се занимава со научни истражувања од областа на невронауката. Досега објавила 20 книги на македонски јазик, неколку поглавја во странски книги на англиски јазик, како и многу статии во дневните весници. Член е на неколку академии: Светската, Европската, Њујоршката академија за наука и уметност, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigi-od-akademik-nada-pop-jordanova/feed/ 0
Книги за Мајка Тереза во Националната Библиотеката на Рига https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigi-za-majka-tereza-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigi-za-majka-tereza-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/#respond Fri, 11 Nov 2022 10:56:08 +0000 https://kurir.mk/?p=759098

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска оствари повеќе работни средби во рамки на билатералната посета на официјална Рига. Османи се сретна со претседавачот на Комитетот за надворешни односи во латвискиoт парламент (Сајмот), Рихардс Колс. На средба беше изразено задоволство од блиските билатерални односи и тесната соработка меѓу двете држави како во билатерален така и во мултилатерален план. Османи меѓу другото го информираше соговорникот и за текот на евроинтегративниот процес на земјава, потенцирајќи дека во овие сензитивни времиња, неопходно е зајакнување на европската перспектива во земјите од Западниот Балкан, како клучен двигател на европската реформска агенда. -Северна Македонија како земја која негува мултиетничка демократија и e промотор на култура на дијалог, останува посветена за промоција на решавање на отворените прашања исклучиво преку дијалог и меѓусебно разбирање, истакна Османи, реафирмирајќи ја потребата од формирање на Парламентарна група за соработка со Северна Македонија во латвискиот парламент, за што доби поддршка од латвискиот соговорник. Колс ја реафирмира латвиската поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија и изрази очекување за ревитализација на парламентарната соработка во наредниот период. Брифираше за состојбите во Балтикот, по руската инвазија во Украина, и повика на солидарност и максимална поддршка за Украина, изразувајќи признание за напорите на нашата земја на овој план. Во рамки на својот престој во Латвија, Османи оствари посета на Националната Библиотека во Рига, при што му беа врачени книги од латвиската книжевност, додека Османи подари книги од македонската книжевност, со цел промоција на македонскиот јазик пред латвиските читатели како и книги за Мајка Тереза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/knigi-za-majka-tereza-vo-nacionalnata-bibliotekata-na-riga/feed/ 0
Мини саем на книги во Берово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-saem-na-knigi-vo-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-saem-na-knigi-vo-berovo/#respond Wed, 09 Nov 2022 09:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=757818

Во организација на Домот на културата „Димитар Беровски“ во Берово почна мини саем на книги на издавачката куќа „Сакам книги“. Настанот се реализира во рамки на активностите од областа на библиотекарството при Домот на културата од Берово. – По пауза од година ипол во Берово повторно се одржува Саем на книги. И овој пат издавачката куќа „Сакам книги“ на граѓаните ќе им понуди примамливи наслови по саемски цени, истакнаа од Домот на култура „Димитар Беровски“. Упатија покана до сите љубители на книгата да го посетат мини саемот, кој се одржува во просториите на библиотеката „Народна просвета“. -Ги покануваме љубителите на книги да го посетат овој мини саем на книги, каде можат да најдат огромен број на наслови. Саемот ќе трае во текот на денешниот ден, од 10 до 18 часот, додадоа од Домот на култура во Берово. Од издавачката куќа „Сакам книги“ додадоа дека во текот на ноември годинава ќе биде организиран Саем на книги и во Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mini-saem-na-knigi-vo-berovo/feed/ 0
Алијанса за Албанците започна кампања: „Каде се книгите?!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-zapochna-kampanja-kade-se-knigite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-zapochna-kampanja-kade-se-knigite/#respond Mon, 10 Oct 2022 08:52:24 +0000 https://kurir.mk/?p=743425

Алијанса за Албанците започна кампања: „Каде се книгите?!“, со пресметување на деновите од почетокот на учебната година. На првиот плакат што го објавија вчера на својата официјална веб-страница и на социјалните мрежи е наведено дека 39 дена поминаа без сите учебници. „Училиштата влегуваат во 39-тиот ден без книги, а наставниците и учениците од 1 септември секој ден одат на училиште. Училниците се полни, но ученичките ранци се празни“, порачува партијата. Министерството за образование и наука (МОН) сѐ уште нема готови книги, иако вети дека овој проблем ќе се реши во првата недела од почетокот на учебната 2022/2023 година, потсетува партијата и оценува дека станува збор за еден од најголемите скандали бидејќи „децата плаќаат за нечија неспособност“. Заради тоа Алијанса за Албанците соопшти дека ја отпочна кампањата „Каде се книгите?!" и ги повикува сите засегнати страни како и сите граѓани да се приклучат на оваа кампања. „По цели 39 дена чекање, училиштата сѐ уште немаат доволно книги за нормално одвивање на наставата. Овој виртуелен протест го започнуваме со покана до секоја засегната страна, до секој родител и секој граѓанин да се придружи на нашето барање за книги. Сакаме книги за нашите деца! Секој ден доцнење е злосторство врз децата! Каде се книгите?!", порачува партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alijansa-za-albancite-zapochna-kampanja-kade-se-knigite/feed/ 0
Истражување: Еве зошто е подобро читањето печатени, наместо е-книги https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/#respond Wed, 05 Oct 2022 14:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=741430

Читањето електронски книги, се чини, не е толку делотворно како класичните печатени книги што, на пример, ги позајмуваме од библиотеките, посочува ново истражување на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, кое опфатило 600.000 деца на светско ниво. Научниците особено обрнале внимание на успехот на децата кои читаат. Според наводите, децата кои претпочитаат книги во облик на „хартија и мастило“ постигнале дури за 49 поени повисоки резултати на тестовите во споредба со оние кои читаат ретко или речиси никогаш. Што се однесува до децата кои претежно читаат во дигитални книги, нивните резултати покажаа дека заостануваат „цела година“ во однос на коефициентот на интелигенција зад првите испитаници, што е навистина голема разлика. Некои познавачи веруваат дека светлината и треперењето на екранот го оптоваруваат мозокот повеќе од хартијата, а други пак, за ваквите резултати го посочуваат просторот за напишан став, сликите и графиконите на печатената хартија – нешто што, како што тврдат, може да му помогне на ученикот полесно да помни и да се потсети на одредени податоци. Повеќеслојните задачи, т.е. „мултитаскингот“ се очигледен проблем во денешниот свет. Сепак, при истражувањето, на децата не им било дозволено да пребаруваат на интернет или да користат други апликации кои би можеле да им го одвлечат вниманието. Токму тоа најмногу ги збунува научниците бидејќи, ако одвраќањето не е, тогаш – што е проблемот? Претходно се сметаше дека луѓето читаат пребрзо кога читаат од екран. Последното истражување, се чини, го доведува и тоа во прашање… Проф. Вирџинија Клинтон смета дека проблемот можеби е „самоизмамата“ на читателот во врска со екранот. Кога ги прашале колку мислат дека се успешни, децата љубители на екранот постојано го преценувале нивното разбирање на текстот што го читаат, додека љубителите на печатените книги биле многу попрецизни во нивните проценки. – Иако на почетокот звучи безначајно, всушност ова откритие е многу важен фактор во заклучоците до кои дојдовме. Имено, преголемата самодоверба на оние кои читаат книги во дигитален облик е важна оти луѓето кои ги преценуваат своите способности веројатно ќе вложат помалку труд во читањето. Колку помалку труд човекот вложува во читањето на некоја содржина, толку е помала веројатноста да ја разбере. Тоа е така, затоа што читањето со разбирање, како и секое учење, не е воопшто лесно и бара работа, објаснува Клинтон. Децата кои читаат хартиени книги, исто така, пројавиле поголемо уживање во читањето од оние кои читаат е-книги. Ова се покажа точно дури и по корекциите околу демографски разлики, како што е економската позадина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazuvanje-eve-zoshto-e-podobro-chitanjeto-pechateni-namesto-e-knigi/feed/ 0
Охридската библиотека збогатена со 120 нови наслови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/#respond Wed, 06 Jul 2022 10:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=700913

Охридската библиотека „Григор Прличев“ го збогати својот библиотечен фонд со 120 нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи. Директорот на установата Милчо Јованоски информира дека ова е прва од предвидените три јавни набавки, за кои од Министерството за култура добиле 450.000 денари. Набавката, како што посочи, содржи книги од сите жанрови од домашна и странска продукција во одделите за деца и возрасни. – Не случајно библиотечниот фонд се збогатува токму сега на почетокот од летната туристичка сеозна со цел да им излеземе во пресрет на охриѓани, но и на посетителите своето слободно време да го поминат со нова и актуелна книга, изјави Јованоски. На полиците на библиотеката за издавање се подготвени: „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре, „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин, „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли, трите во издание на Матица македонска, како и „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „Што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен во издание на Книгохоличари. Библиотеката во Охрид за читателите е отворена секој работен ден од 8 часот и 30 минути до 16 часот, а годишната членарина е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/feed/ 0
Објавени две книги со драми „Две драми“ и „Сара и други драми“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dve-knigi-so-drami-dve-drami-i-sara-i-drugi-drami/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dve-knigi-so-drami-dve-drami-i-sara-i-drugi-drami/#respond Wed, 20 Apr 2022 11:35:23 +0000 https://kurir.mk/?p=665903

Во издание на „Перун Артис“ излегоа од печат две книги со драми „Две драми“ од драматургот Еве Камчевска и „Сара и други драми“ на Катерина Момева. Во книгата „Две драми“ застапени се комедиите „Избраниот“ и „Остани исправен и оди грациозно“, додека во книгата „Сара и други драми“ се застапени нејзините најнови драми „Сара“, монодрамата „Исмена“, дуодрамата „Телеграма“ и либретото „Силен или сатирска игра по Орестија“. Драмите на Ева Камчевска се „човечки прецизни и конкретни, посветени на секојдневието на човекот и неговите современи предизвици“ како што напоменува во поговорот театрологињата др. Ана Стојаноска, додека Момева со своите пиеси е „еден вид предвесник на либералното во нашата драмтургија и во филозофското во женското писмо создадено на нашиот јазик“ како што вели др. Сашко Насев во својот осврт. И двете изданија се издадени со финансиска помош на Министерството за култура на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaveni-dve-knigi-so-drami-dve-drami-i-sara-i-drugi-drami/feed/ 0
Ешли Барти пишува книги за деца https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eshli-barti-pishuva-knigi-za-deca/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eshli-barti-pishuva-knigi-za-deca/#respond Sun, 10 Apr 2022 13:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=660903

Откако ја изненади спортската јавност со одлуката да се повлече од професионалниот тенис, поранешната најдобра светска тенисерка Ешли Барти најави дека отвора ново поглавје во својот живот, посветувајќи се на пишување книги за деца. Австралијката, која минатиот месец на 25-годишна возраст одлучи да ја прекине својата тениска кариера, изјави за ЊузКорп дека ќе издаде серија од шест книги под наслов „Малата Еш (’Little Ash‘) со многу приказни, кои ќе се темелат на нејзините животни искуства и нејзиното семејство. Барти рече дека инспирацијата за својот нов проект ја нашла во својата петгодишна внука Луси. Серијалот од шест книги со авторскиот потпис на Барти ќе го објави издавачката куќа ХарперКолинс (HarperCollins), а првата книга е најавена за мај. – Овој проект е многу интересен и отсекогаш сакав да го работам, изјави Барти. Според најавите, издавачката куќа кон крајот на годината ќе го објави и нејзиниот втор проект, момоари за животот Ешли Барти и нејзиното спортско патешествие. – Со 25 години не е баш вообичаено вакво нешто да се случува, но тоа е многу возбудлив проект. Гледањето наназад и прераскажувањето на тоа ми донесе толку многу радост, но и болка, меѓутоа мислам дека ќе биде многу добро четиво, додаде поранешната најдобра светска тенисерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/eshli-barti-pishuva-knigi-za-deca/feed/ 0