книжарници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 10:52:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png книжарници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishniot-pribor-poskap-za-50-otsto-za-prvache-vo-prosek-potrebni-do-100-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishniot-pribor-poskap-za-50-otsto-za-prvache-vo-prosek-potrebni-do-100-evra/#respond Sun, 14 Aug 2022 07:30:29 +0000 https://kurir.mk/?p=718177

Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти. Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари. Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата. Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот. За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец. Така, нивните трошоци би се намалиле за 1.000 до 2.000 денари или околу 27 отсто помалку. Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари. Истото се случува и со фломастерите за кои пред пандемијата оптималната цена била 65 денари, а сега се продаваат по цена од 95 денари. Поскапен е и останатиот училишен прибор. Од книжарниците велат дека цените зависат од брендот и од квалитетот на материјалите. Може да се најдат и поевтини и поскапи материјали. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishniot-pribor-poskap-za-50-otsto-za-prvache-vo-prosek-potrebni-do-100-evra/feed/ 0
Грција: Се отвораат само книжарниците и фризерските салони, полицискиот час и рестрикциите продолжени до 7 јануари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvoraat-samo-knizarnicite-i-frizerskite-saloni-policiskiot-chas-i-restrikciite-prodolzeni-do-7-januari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvoraat-samo-knizarnicite-i-frizerskite-saloni-policiskiot-chas-i-restrikciite-prodolzeni-do-7-januari/#respond Fri, 11 Dec 2020 10:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=441963

Фризерските салони, берберниците и книжартниците се единствените бизниси во Грција што ќе почнат со работа, а иако се најавуваше дека ќе се отвори и малопродажбата, сепак, продавниците ќе работат за подигање на нарачка, додека пак полицискиот час, смс пораките за движење и постоечките рестрикции во земјата се продолжени до 7 јануари, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки и одлуки, ги соопштија и објаснија портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис. Пецас рече дека „иако поминаа пет седмици од воведувањето на вториот карантин, епидемиолошката слика во земјата и понатаму е оптоварена“ и затоа се донесени новите одлуки. Полицискиот час, наместо од 21 часот, од недела, ќе биде од 22 часот до пет часот наутро, додека пак црквите ќе останат затворени со исклучок на Божик (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници, односно како што објасни Пецас, до девет лица во црквите и најмногу 25 лица во соборните храмови. Празникот Водици нема да се празнува со традиционалното има фрлање на крстот. Во однос на бизнисите што почнуваат со работа, од понеделник се отвораат фризерските салони и книжарниците и ќе работат под строги правила и прописи, додека пак сите продавници ќе останат затворени до 7 јануари, а од недела се воведува можноста да бидат отворени само за подигнување на нарачка. Пецас посочи дека оваа можност се воведува поради зголемениот обем на работа на компаниите за достава, а министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис објасни дека услугата „клик авеј“ (click away) значи направена нарачка, преку интернет или телефонски, плаќање онлајн или со картичка и подигање на нарачката во специјално одреден простор, на отворено, пред продавницата. Во редицата пред продавниците не смее да има над девет лица, со најмалку два метри растојание меѓу нив, а за подигнување на нарачката, граѓаните ќе добиваат потврда со податоци на продавницата и точно закажан термин и нема да биде дозволен влез во внатрешноста, ниту пак подигнување на купените производи на повеќе од едно лице. За подигање на нарачката ќе биде потребно и испраќање смс порака, исто она што важи и за посета на супермаркет или аптека, а ќе важи и за фризерските салони. Георгиадис потенцираше дека ако не се почитуваат правилата и мерките, ќе се укине и повлече конкретната услуга. И Пецас и Георгиадис истакнаа дека епидемиолошката слика во земјата не дозволува отворање на малопродажбата. Портпаролот на грчката Влада објасни дека здравствениот систем и понатаму е под притисок со исполнети 83 отсто од капацитетите на Одделите за интензивна нега во цела Грција, а ситуацијата е особено лоша во Солун, каде што се слободни само девет проценти од креветите. – Заклучокот од оцената на податоците, за жал, не е задоволителен. Новите случаи не паѓаат, а Одделите за интензивна нега не се празнат онолку колку што се очекуваше. А одговорни сме сите ние. Затоа, не можеме одново да започнеме со економските и социјалните активности на начин и во време што сите би сакале. Случаи на гужви, како оние што ги видовме во Велика Британија и Франција, го вклучуваат алармот за сите нас. Неопходно е да се избегнат вакви слики во нашата земја. И тоа е во наши раце, истакна Пецас. До 7 јануари 2021 година во Грција остануваат затворени училиштата, моловите, рестораните, таверните, кафулињата и баровите, спортските и фитнес центрите, а движењето на граѓаните и понатаму ќе биде само по претходно испратена смс порака со избрана една од шесте опции. Грчката Влада на 7 ноември воведе карантин во целата земја што првично требаше да трае само 23. односно до 30 ноември, а дополнително беше продолжуван. Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3.370 смртни случаи од Ковид-19 и 121.253 заразени лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-se-otvoraat-samo-knizarnicite-i-frizerskite-saloni-policiskiot-chas-i-restrikciite-prodolzeni-do-7-januari/feed/ 0