коалиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Mar 2021 10:13:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коалиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојаноски за понудата на Заев: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен преговори со мафија нема https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-ponudata-na-zaev-stavot-na-vmro-dpmne-e-jasen-pregovori-so-mafija-nema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-ponudata-na-zaev-stavot-na-vmro-dpmne-e-jasen-pregovori-so-mafija-nema/#respond Thu, 11 Mar 2021 09:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=480625

Три дена после оној циркус со мнозинството каде што фанфареа по медиумите дека стабилно мнозинство стигна онаа понуда од Зоран Заев за Влада за национален спас. И тука се наметнува она прашање како по четири години премиер кој што ја управува Владата, ја донесе до земјата до стадиум да има национална Влада за спас тогаш можеме да видиме и да направиме ретроспектива на неговото владеење. И ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен преговори со мафија нема, ќе ги поразиме на избори, и понатаму ВМРО-ДПМНЕ ќе состави Влада која што ќе ја води оваа држава и ќе ја извади од целата криза во која што се наоѓа овој период, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Стојаноски додаде дека изгласувањето на доверба на Заев пред неколку дена тоа беше чин само да се дисциплинира владејачкото мнозинство. - Откако тој ден се изгласа мнозинството, утредента немаше кворум во Собрание за да може истото да функционира. Да ве потсетам пред тоа над 22 дена ние немавме седница во Собранието. Тоа мнозинство не е функционално и тоа се гледа секој ден по работата во Собранието. И денеска после ова гостување ќе имаме ние седница во 12 часот, па ќе го провериме тоа мнозинство дали е така стабилно или дали повторно ќе има проблеми со создавање на кворум за функционирање на самите седници, појасни Стојаноски. Стојаноски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ разговарало, разговара и ќе разговара со пратеници кои што не се согласуваат со политиките на ова владејачко мнозинство и на Зоран Заев. Проблемите во владејачкото мнозинство се до таа мера изразени да имаат самите проблем да свикаат во Собранието седница или да создадат кворум не заради тоа што пратениците на опозицијата не се присутни туку поради дисонантни тонови од владејачкото мнозинство едноставно не можат да се договорат кои точки ќе бидат на Дневен ред и дали денеска ќе присуствуваат за да може Собранието полноправно да одлучува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-za-ponudata-na-zaev-stavot-na-vmro-dpmne-e-jasen-pregovori-so-mafija-nema/feed/ 0
До ДИК доставени кандидатски листи од 15 коалиции и партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/#respond Fri, 13 Mar 2020 10:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=316050

 До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората. Кандидатски листи за шесте изборни единици и за дијаспората доставиле коалицијата „Никогаш северна, секогаш Македонија“, ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА и партијата Демократи. За шесте изборни единици во земјава кандидатски листи до ДИК доставиле коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија. ДПА доставила кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 3, 5 и 6, а СДУ, ГДУ и Глас за Македонија за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. Твоја партија доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5. Рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април заврши ноќеска на полноќ. По поднесувањето на кандидатските листи, ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени. ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која е воведена со последните измени на Изборниот законик. Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите. ДИК има пропишано и рокови за отстранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март. Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-dik-dostaveni-kandidatski-listi-od-15-koalicii-i-partii/feed/ 0