Коалицијата „Сите за правично судење“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jul 2020 09:42:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коалицијата „Сите за правично судење“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сведочиме ли на нов „ТРАС-ТРАС“ момент во судството: Судењето за „Монструм“ одложено за после избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-monstrum-odlozeno-za-26-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-monstrum-odlozeno-za-26-avgust/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=369742

Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител. Познавачите на состојбите одложувањето го доведуваат во корелација со аспирациите на Коалицијата Можеме, каде СДСм и БЕСА алудираат и типуваат на албанското население. Повторна пресуда во Монструм, каде сите докази досега водат кон првично осудените и наведуваат дека тие се извршителите на злосторот на Смиљковското езеро, не им одговара на коалиционерите од Можеме, затоа е и префрлено рочиштето за по изборите. Во меѓувреме, тие се во домашен притвор. Заев и СДСМ го злоупотребија овој случај додека беа во опозиција, за да при сведочењето, Заев покаже дека лажел. Не даде ниту еден доказ кој го најави. – Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат расправата за предметот со КОК бр. 66/17 во јавноста познат како „Монструм“, ја информираме јавноста дека заради најавено отсуство на надлежниот обвинител, расправата насрочена за 06.07.2020 година се одлага. Следната главна расправа е насрочена за 26.08.2020 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Предметот „Монструм“ се однесува за убиените момчиња и рибарот на Смилковското Езеро во 2012 година. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. По одлуката на Врховен суд за ослободување на осомничените за масакрот, во 2018 година време кога Заев има апсолутна власт во Македонија, мајките на загинатите деца имале средба со Заев и тој им кажувал дека возилото Опел Омега кое го користеле убијците, било на МВР. Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ обвини: За оваа своја лага сега Заев се вади дека нешто прочитал, па пренел на родителите. Ни доказ, ни истрага, ни бутур, туку имаме безочна лага од Заев со намера да ја дискредитира истрагата и судскиот процес, а само и со цел за ситни политички поени. Сега на јавноста и е јасно зошто осомничените и веќе еднаш осудени за убиството се наоѓаат на слобода и зошто радосно и насмеани си правеа селфи со Заев после неговото сведочење на суд. Зоран Заев прво ќе се соочи со судот на народот на 12 април за овие и за сите останати лаги. Најавија и дека Заев ќе треба да одговара и кривично заради своевидното попречување на правдата и манипулациите со масакрот кај Смилковско за ситни политички поени. При своето сведочење во судот Заев не даде ниту еден од доказите кои толку помпезно ги најавуваше во опозиција. Испадна дека сето било лага, идентично како случајот на Малата Тамара, Никола Младенов, Мартин Нешковски...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-monstrum-odlozeno-za-26-avgust/feed/ 0
„Сите за правично судење“: Лицата со оштетен вид во Македонија без пристап до правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/#respond Wed, 10 Jul 2019 06:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=216923

На лицата со оштететен вид им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите, согласно законите и меѓународните прописи, заклучи Коалицијата „Сите за правично судење“, која во периодот од декември 2018 до март 2019 година спроведе истражување за физичката пристапност на десет основни судови. Истражувањето е спроведено во основни судови во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар за нивните услуги од аспект на физичкиот пристап до правда. -Во набљудуваните судови не постојат тактилни ленти, Браилово писмо, ниту прилагоден фонт на текстот за лица со оштетен вид или потешкотии во читањето. Во најголемиот суд Основен суд Скопје- граѓански суд, лифтот е нефункционален, а судот не поседува судница на приземјето како би можело да се олесни пристапот до правда на лицата кои се соочуваат со попреченост, нагласува Коалицијата „Сите за правично судење“ во соопштението. Податоците се добиени од 16 набљудувачи, кои спроведуваат мониторинг на граѓански судски постапки од аспект на физичкиот пристап до правда во Основните судови во Македонија. Ова истражување е проверка на состојбите утврдени во периодот септември- декември 2018. Ситуацијата, како што наведува Коалицијата, не е променета од истражувањето направено во периодот септември- декември 2018. Коалицијата Сите за правично судење со оваа активност, преку мониторинг на имплементација на домашните закони и меѓународните стандарди ќе даде поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда. Посебен фокус ќе се даде на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во четирите апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип. Истражувањето е изработено со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/site-za-pravichno-sudenje-licata-so-oshteten-vid-vo-makedonija-bez-pristap-do-pravda/feed/ 0
Коалиција „Сите за правично судење“ со реакција за судските рочишта за случувањата во Собранието на 27-ми април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-site-za-pravichno-sudenje-so-reakcija-za-sudskite-rochishta-za-sluchuvanjata-vo-sobranieto-na-27-mi-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-site-za-pravichno-sudenje-so-reakcija-za-sudskite-rochishta-za-sluchuvanjata-vo-sobranieto-na-27-mi-april/#respond Fri, 07 Sep 2018 17:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=97865

Коалицијата „Сите за правично судење“ ја истакнува својата загриженост по однос на динамиката на движење и траење на судските расправи, а која конкретно кулминираше на рочиштето во предметот поврзан со настаните од 27-ми април 2017 година кое се одржа на ден 06.09.2018 година во Основниот суд Скопје 1 во Скопје, со почеток во 12:00 часот и траеше до 21:30 часот истиот ден. Целата реакција на Коалиција „Сите за правично судење“, ви ја пренесуваме во целост:  Со пролонгираното времетраење на рочиштето, а по завршувањето на работното време на судот и неговото траење од 9 часа и 30 минути сметаме дека се постапува на штета на обвинетите во постапката со тоа што се врши повреда на нивното право на адекватно време и простории за подготовка на одбраната. Ова од причина што на обвинетите им се оневозможува правото на ефективна комуникација со бранителите, во насока на отсуство на разумно и доволно време за подготовка на соодветна одбрана. Имајќи го предвид фактот дека на ова рочиште беа изведувани докази на јавното обвинителство до 21:30 часот, а во текот на следниот ден за кога е повторно закажано рочиште по овој предмет во 10:00 часот, на кое што ќе се продолжи со изведување на доказите на јавното обвинителство, одбраната не е во можност во траење на 12 часа и 30 минути помеѓу двете рочишта да ја подготви својата стратегија и да овозможи соодветна одбрана. Ова е деликатна ситуација, особено имајќи го предвид фактот што најголемиот дел од обвинетите се во притвор каде што комуникацијата со бранителите и онака е отежната поради логистички и технички услови. Дополнително, истото прашање може да биде поставено и низ призмата на другите учесници на постапката, односно колку ефикасни можат да бидат јавните обвинители при застапување на обвинението, како и колку квалитетно судечкиот совет може да го следи текот на расправата. Коалицијата, ја изразува својата загриженост бидејќи ова е втор предмет со ваква динамика на движење пред истиот судечки совет, а веќе има и насрочени интензивни рочишта до крајот на јануари 2019 година. Во наредниот период се насрочени 10 рочишта за октомври, 17 рочишта за ноември и по 14 рочишта за декември и јануари. Компаративно, пред истиот суд се водеше судски предмет познат во јавноста како „Диво Насеље“ кој што беше од висок степен на важност, со 37 обвинети лица кои беа во притвор, обвинети за кривични дела против државата, а чија што динамика беше умерена и во рамките на работното време на судот. Овој процес се одвиваше со динамика од две рочишта неделно во просек, а истиот заврши за две години, па оттаму Коалцијата не гледа причина за толку интензивно насрочување на рочиште за предметот поврзан со настаните од 27 април. Членот 6 од Европската конвенција за човекови права упатува на минимални утврдени права на секој обвинет во постапката, помеѓу кои предвидено е и обезбедување на адекватно време и услови за подготвување на одбрана. Овој член не се однесува само на подготвувањето на одбраната во претходната постапка (фаза на истрага), туку истиот се однесува и на можноста одбраната да биде подготвена за било кое дејствие кое е предвидено да се преземе на главната расправа, особено во фаза на доказна постапка во предмети каде се предложени голем број на материјални докази и сведоци. На ова се надоврзуваат и одредбите од чл. 359 од Законот за кривичната постапка кој упатува на текот на главната расправа, односно на фактот дека истата се одржува непрекинато и тече според редот што е определен во законот, а во случаите кога не е можно истата да е заврши на едно рочиште, претседателот (на советот) одлучува истата да продолжи следниот работен ден. Во таа насока и ставот 2 од истиот член предвидува дека „претседателот на советот може да определи да се отстапи од редовниот тек на расправањето поради посебни околности, а особено поради бројот на обвинетите, бројот на кривичните дела и обемот на доказниот материјал.“ Предупредуваме на фактот дека е неопходно да се зголеми внимателноста при постапувањето на судот во секој сегмент од постапката, особено ако интенција е задржување на кредибилност на целокупниот судски процес и поставување на стандарди за објективност и еднаквост за сите, согласно меѓународните стандарди за фер и правично судење. Оттаму, Коалицијата уште еднаш се повикува на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, поточно на начелото на судење во разумен рок, кој рок е релативен согласно на големината на доказниот материјал и инволвираните лица. Овој рок не подразбира судењата само да се одвиваат со голем интензитет и брзина на постапката, туку предвидува разумно време кое би било доволно брзо, но и доволно долго со цел да се овозможи адекватна подготовка на сите учесници во постапката. Со почит, Коалиција „Сите за правично судење“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalicija-site-za-pravichno-sudenje-so-reakcija-za-sudskite-rochishta-za-sluchuvanjata-vo-sobranieto-na-27-mi-april/feed/ 0