Коби Брајант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Feb 2023 13:07:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коби Брајант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРЕТ НАЈСКАПО ПЛАТЕН: Дресот на легендарниот Коби Брајант од сезоната 2007/08 продаден за 5.8 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/#respond Fri, 10 Feb 2023 13:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=798974

Дрес на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5.8 милиони долари, што е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави денеска аукциската куќа Сотби. „Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/08, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби. Жолто – виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно. Во септември лани дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10.1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9.3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tret-najskapo-platen-dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-sezonata-2007-08-prodaden-za-5-8-milioni-dolari/feed/ 0
Три години од смртта на Коби Брајант https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tri-godini-od-smrtta-na-kobi-brajant/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tri-godini-od-smrtta-na-kobi-brajant/#respond Thu, 26 Jan 2023 13:58:14 +0000 https://kurir.mk/?p=792356

На 26 јануари 2020 година загина Коби Бин Брајант американски професионален кошаркар, кој играл во НБА за екипата на „Лос Анџелес Лејкерс“. Бил висок 198 см, тежок 95 кг и играл на позицијата бек. Коби имаше одлична кошаркарска кариера во средното училиште Ловер Мерион во Пенсилвенија каде што бил познат како најдобар средношколски кошаркар во државата. Роден е на 23 август 1978 година. Коби Брајант бил избран на НБА драфтот во 1996 година, како 13-ти пик од страна на Шарлот Хорнетс, директно од средно училиште. Тој спаѓа меѓу ретките играчи од НБА кои се драфтувани на тој начин. Сепак, Брајант не одиграл за „Хорнетс“ ниту еден натпревар, бидејќи менаџерот на „Лејкерс“ Џери Вест веднаш направил трампа, па така Владе Дивац заминал за „Шарлот Хорнетс“, а Коби Брајант дошол во „Лејкерс“. Во февруари 2016 година, на 65. издание на „Ол стар“, Брајант го одиграл последниот натпревар на овој настан при што постигнал 10 поени. Подоцна, во април, Брајант го одиграл последниот настап во НБА. Притоа, во натпреварот против „Јута џез“, одигран на домашен терен, во „Стејплс центарот“ во Лос Ангелес, Брајант постигнал 60 поени. Така, тој станал петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите нив ги одиграл во еден клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен). На 26 јануари 2020 година, Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија. Во несреќата загина и неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други лица.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tri-godini-od-smrtta-na-kobi-brajant/feed/ 0
Дрес на Коби Брајант проценет на пет до седум милиони долари оди на аукција https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/#respond Fri, 13 Jan 2023 08:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=786722

Аукционерската куќа „Сотби’с“ во февруари ќе стави на наддавање дрес на американската кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година. Првичните проценки говорат за пет до седум милиони долари, а овој пазар привлекува богати колекционери и инвеститори од целиот свет, па неретко се постигнуваат и рекорди на аукциите. Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант е понуден на продажба од сопственикот кој претпочита да остане анонимен. Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс го носеше тој дрес на 25 натпревари во годината кога беше прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната 2007/2008, соопшти „Сотби’с“. Во мај 2022 година, дресот што го носеше аргентинскиот фудбалер Диего Марадона на Светското првенство во 1986. беше продаден за 9,3 милиони долари. Во септември лани, за 10,1 милиони долари беше купен дрес со бројот 23 што го носеше кошаркарот на Чикаго булс, Мајкл Џордан, во 1998 година. – Во текот на целата сезона тој го носеше дресот 25 пати и постигна 645 поени во неа, изјави Брам Вахтер од „Сотби’с“. Дресот ќе биде изложен во Њујорк од 1 февруари, а е дел од големото интернет-наддавање на предмети од светот на спортот што ќе се одржи од 2 до 9 февруари.

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dres-na-kobi-brajant-protsenet-na-pet-do-sedum-milioni-dolari-odi-na-auktsija/feed/ 0
Семејството доби 400 милиони долари од бизнисот на Коби почнат пред смртта https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/semejstvoto-dobi-400-milioni-dolari-od-biznisot-na-kobi-pochnat-pred-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/semejstvoto-dobi-400-milioni-dolari-od-biznisot-na-kobi-pochnat-pred-smrtta/#respond Thu, 03 Nov 2022 06:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=754854

Во февруари се навршуваат три години од смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а неговото семејство се уште добро заработува од него. Американските медиуми објавија дека заклучно со 31 октомври, последната година на сметката на неговата сопруга „легнале“ 400 милиони долари од неговиот бизнис што го почна пред смртта. Познато е дека тогаш, за шест милиони евра, влезе во проектот за производство на енергетскиот пијалок Бодиармор кој години подоцна излезе исклучително профитабилен. Во ноември минатата година, Кока Кола купи 70% од компанијата за 5,6 милијарди долари, а на семејството на Брајант, од акциите кои ги имаше му припаднаа спомнатите 400 милиони. Според магазинот Форбс, Коби Брајант е при врвот на личностите кои најмногу заработуваат, а повеќе не се меѓу живите. Пред него е само писателот Џеј Ар Толкиен чии наследници добиле повеќе од 500 милиони долари. На листата се уште Дејвид Боуви со 250 милиони, Елвис Присли со 110 милиони, Џејмс Браун со 100 милиони долари итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/semejstvoto-dobi-400-milioni-dolari-od-biznisot-na-kobi-pochnat-pred-smrtta/feed/ 0
Отштета тешка 16 милиони: Сопругата на Коби Брајант победи на суд во случајот со сликите од хеликоптерската несреќа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otshteta-teshka-16-milioni-soprugata-na-kobi-brajant-pobedi-na-sud-vo-sluchajot-so-slikite-od-helikopterskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otshteta-teshka-16-milioni-soprugata-na-kobi-brajant-pobedi-na-sud-vo-sluchajot-so-slikite-od-helikopterskata-nesrekja/#respond Thu, 25 Aug 2022 06:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=723588

Вдовицата на американската НБА-ѕвезда Коби Брајант, доби 16 милиони долари отштета поради протечените фотографии од телата на жртвите од хеликоптерската несреќа во 2020 година, во којашто покрај кошаркарот, погинаа и нивната 13-годишна ќерка Џијана и уште седум други лица. Ванеса Брајант го тужеше Округот Лос Анџелес за нарушување на приватноста, откако, според обвинението, канцеларијата на шерифот и противпожарната служба ги споделиле грозоморните слики. Крис Честер, чија сопруга Сара и ќерка им Пејтон исто така беа меѓу загинатите, доби отштета од 15 милиони долари. Ванеса Брајант поднесе тужба и против компанијата за изнајмување хеликоптери и наследниците на пилотот, кој исто така, загина во несреќата. Округот Лос Анџелес веќе се согласи да плати 2,5 милиони долари за сличен случај по тужба на семејствата на другите жртви на несреќата. Коби Брајант имаше 41 година кога загина во хеликоптерска несреќа во близина на Калабасас, Калифорнија, САД. Тој 20 години играше за Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА. Се пензионираше во 2016 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otshteta-teshka-16-milioni-soprugata-na-kobi-brajant-pobedi-na-sud-vo-sluchajot-so-slikite-od-helikopterskata-nesrekja/feed/ 0
ФОТО: Коби Брајант и Џиана добија статуа на местото на несреќата – „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kobi-brajant-i-dziana-dobija-statua-na-mestoto-na-nesrekjata-heroite-doagjaat-i-si-odat-no-legendite-se-vechni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kobi-brajant-i-dziana-dobija-statua-na-mestoto-na-nesrekjata-heroite-doagjaat-i-si-odat-no-legendite-se-vechni/#respond Thu, 27 Jan 2022 11:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=623511

Легендата на ЛА Лејкерс, Коби Брајант и неговата ќерка Џиана добија бронзена статуа поставена на местото на хеликоптерската несреќа во која го загубија животот заедно со уште седум лица. Скулпторот Дан Медина испрати порака дека „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“, а на статуата ги испиша имињата и на останатите загинати. Таткото и ќерката се облечени во кошаркарска униформа, Коби го носи легендарниот дрес на Лејкерс со број 24, додека Џиана ја доби 8 која Брајант ја носеше на почетокот на неговата кариера. Многу навивачи и обожаватели на кошаркарската легенда веќе на ова место положија цвеќе. Хеликоптерската несреќа се случи на вчерашен ден пред две години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kobi-brajant-i-dziana-dobija-statua-na-mestoto-na-nesrekjata-heroite-doagjaat-i-si-odat-no-legendite-se-vechni/feed/ 0
Две години од трагедијата во која загина Коби Брајант https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-tragedijata-vo-koja-zagina-kobi-brajant/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-tragedijata-vo-koja-zagina-kobi-brajant/#respond Wed, 26 Jan 2022 06:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=622984

Пред две години, животот го загуби легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка Џиана и уште седум други лица кои беа во личниот хеликоптер на кошаркарот. Сите загинаа на местото на несреќата, вклучувајќи го и пилотот. Трагедијата се случи во Калабасас, Калифорнија. Во 2020 година, Брајан беше примен во Кошаркарската куќа на славните во НБА. Коби играше за Лејкерси од 1996 до 2016 година, пет пати стана НБА шампион, двапати ја освои титулата најкорисен (МВП) играч во финалната плејоф серија и беше прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dve-godini-od-tragedijata-vo-koja-zagina-kobi-brajant/feed/ 0
Коби Брајант пред смртта со еден потег на семејството му обезбедил 400 милиони долари https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kobi-brajant-pred-smrtta-so-eden-poteg-na-semejstvoto-mu-obezbedil-400-milioni-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kobi-brajant-pred-smrtta-so-eden-poteg-na-semejstvoto-mu-obezbedil-400-milioni-dolari/#respond Wed, 03 Nov 2021 15:20:05 +0000 https://kurir.mk/?p=590381

Коби Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа на околу 50 километри од Лос Анџелес, заедно со неговата ќерка Џана, пилотот и уште шест семејни пријатели. Тие патувале во Таузенд Оукс на натпревар на кошаркарскиот тим на Џана, на кој тренер бил Коби, но поради густата магла пилотот ја загубил ориентацијата и удрил во планина во близина на Калабасас. Тоа беше една од најболните спортски трагедии во историјата, бидејќи животот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, на возраст од само 41 година, неполни четири години од крајот на неговата величествена кариера. Брајант исто така беше одличен претприемач по пензионирањето. Пред неговата смрт, тој инвестирал пари во компанијата Бодијармор, која произведува освежителни спортски пијалоци. Затоа неговото семејство деновиве заработи 400 милиони долари. Коби вложил шест милиони долари, а директор на таа компанија по неговата смрт станала неговата сопруга Ванеса. На крајот на краиштата, компанијата завршила одлична работа и направила голем профит. Сопствениците ја продале за осум милијарди долари, поради што семејството на Брајант ја заработило споменатата сума.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kobi-brajant-pred-smrtta-so-eden-poteg-na-semejstvoto-mu-obezbedil-400-milioni-dolari/feed/ 0
Официјално: 2.500.000 долари оштета за споделување фотографии од несреќата на Коби Брајант https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/#respond Wed, 03 Nov 2021 13:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=590299

Двете семејства, чии членови загинаа во хеликоптерска несреќа во која животот го загуби и познатиот американски кошаркар Коби Брајант, ќе добијат отштета од 2,5 милиони за незаконско споделување фотографии од местото на несреќата, пишува АП. Договорот за обештетување, објавен во вторник, на 2 ноември, не важи за вдовицата на кошаркарската ѕвезда, која поднесе тужба поради неовластено споделување фотографии. Коби, неговата ќерка Џана (13) и уште 7 лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, западно од Лос Анџелес. Единствените луѓе кои имаа право да го фотографираат местото на несреќата беа истражителите од Агенцијата за безбедност на транспортот (НТСБ) и форензичарите. Меѓутоа, полицијата и пожарникарите од округот Лос Анџелес ги снимиле сцените од несреќата, како и жртвите со своите мобилни телефони, а потоа ги споделиле со други луѓе. Поради тоа изби скандал, а семејствата на жртвите поднесоа тужба против локалните власти за незаконско споделување фотографии. Адвокатите кои го застапуваат округот Лос Анџелес во извештајот препорачале да се постигне договор со семејствата, за да се избегне продолжување на тужбата која и онака била „тешка“ со 1,3 милиони долари. Метју Маузер, која е сопруга на една од жртвите во страшната несреќа, треба да добие отштета од 1,25 милиони долари, како и Џеј Џеј и Алексис Алтобели кои во несреќата ги загубија родителите и сестрата. Судското рочиште иницирано од вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, е закажано за февруари 2022 година. Градските адвокати решија да „возвратат“, па побараа психијатриско испитување на Ванеса Брајант. Тие сакаат да докажат дека Ванеса страдала од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради протечените фотографии. Округот Лос Анџелес бара судски налог да ги објави медицинските досиеја како дел од својата одбрана. Тие наведуваат и дека Ванеса Брајант не може да настрада поради фотографиите од местото на несреќата кои никогаш не ги виделе, ниту пак некаде се објавени во јавноста. Адвокатите на Ванеса Брајант се разочарани од ова барање и наведуваат дека тоа ќе ја принуди вдовицата на Коби да се сеќава на се што се случило и дека дополнително ќе ја повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/feed/ 0
По смртта на Коби Брајант, Ванеса им ја исполни оваа желба на децата – погледнете каде се наоѓаат https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kobi-brajant-vanesa-im-ja-ispolni-ovaa-zelba-na-decata-poglednete-kade-se-naogjaat/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kobi-brajant-vanesa-im-ja-ispolni-ovaa-zelba-na-decata-poglednete-kade-se-naogjaat/#respond Sun, 01 Aug 2021 20:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=544896

Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарски великан Коби, е во Дубровник. Таа тоа го потврди со серија објави на Инстаграм од кои може да се види дека пристигнала во Дубровник во друштво на децата и семејството на шпанскиот кошаркар Пау Гасол. Гасол и Брајант беа долгогодишни соиграчи во Лос Анџелес Лејкерс и пријателството на нивните сопруги се протега од тој период. Брајант откри дека пристигнала во Дубровник за да ја исполни желбата на нејзината ќерка Наталија, на која таа и Коби и дозволиле да дојде во Хрватска на средношколско патување. Таа не беше во можност да го стори тоа затоа што патувањето беше откажано поради пандемија на коронавирусот, а Ванеса, додавајќи дека е прекрасно во Дубровник, откри дека со доаѓањето го поправила тоа. Коби Брајант, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во јануари минатата година, и неговата сопруга Ванеса имаат четири ќерки. За жал, една од нив, 13-годишната Џиана, загина во хеликоптерска несреќа во која загина и Брајант.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Vanessa Bryant 🦋 (@vanessabryant)

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-smrtta-na-kobi-brajant-vanesa-im-ja-ispolni-ovaa-zelba-na-decata-poglednete-kade-se-naogjaat/feed/ 0