Кочани – Делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jun 2018 13:57:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кочани – Делчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реконструкцијата на патот Кочани – Делчево ќе заврши до крајот на јуни https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstrukcijata-na-patot-kochani-delchevo-kje-zavrshi-do-krajot-na-juni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstrukcijata-na-patot-kochani-delchevo-kje-zavrshi-do-krajot-na-juni/#respond Mon, 11 Jun 2018 13:57:58 +0000 https://kurir.mk/?p=64610

Во завршна фаза се градежните работи за санирање на свлечиштата и големите оштетувања на коловозот на патниот правец Кочани – Делчево. Санирани се критичните места на кои во изминатите години доаѓаше до одрони на огромни карпи што на подолг рок го блокираа сообраќајот на магистралата А3 и поврзувањето со соседна Бугарија. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, во придужба на градоначалниците на Кочани и Виница го посетија градилиштето, при што беше констатирано дека се работи според предвидената динамика. - Овој патен правец не е реконструиран од 60-тите години, а е многу значаен за Коридорот 8 и за источниот регион. Очекуваме до крајот на јуни комплетно да биде завршен што ќе им овозможи на сите кои транзитираат по овој пат да почувствуваат бенефит. Дополнително, во сообраќајната инфраструктура за кочанскиот регион планирано е да се вложат иште 70 милиони евра со кои ќе се санира патот кон Пониква, обиколницата околу Кочани и секако експресниот пат Штип-Кочани, рече министерот Сугарески. За да се комплетира реконструкцијата на целата делница преостанува да се завршат уште околу 2,5 километри во близина на браната Калиманци. - Со оваа инвестиција обновени се 18 мостови и четири свлечишта, а поставен е комплетно нов асфалтен слој. Вкупната должина на која се изведуваше реконструкцијата е нешто повеќе од 30 километри, рече директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Финансирањето на целиот проект беше обезбедено преку Светска Банка за што државата доби кредит од шест милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstrukcijata-na-patot-kochani-delchevo-kje-zavrshi-do-krajot-na-juni/feed/ 0
Увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-rekonstrukcijata-na-regionalniot-pat-kochani-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-rekonstrukcijata-na-regionalniot-pat-kochani-delchevo/#respond Mon, 11 Jun 2018 06:02:44 +0000 https://kurir.mk/?p=64320

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе изврши увид во реконструкцијата на регионалниот пат Кочани – Делчево. За рехабилитацијата на патна делница Кочани - Македонска Каменица – Делчево во должина од 30 километри, предвидени се шест милиони евра. Носител на проектот, што се реализира со средства од Светска банка, се Министерство за транспорт и врски и ЈП за државни патишта. Планирано е реконструкцијата на овој патен правец да заврши овој месец. За време на работната посета на општина Кочани, министерот Сугарески ќе има средба и со градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uvid-vo-rekonstrukcijata-na-regionalniot-pat-kochani-delchevo/feed/ 0
Се санираат големите одрони на патот Кочани – Делчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-saniraat-golemite-odroni-na-patot-kochani-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-saniraat-golemite-odroni-na-patot-kochani-delchevo/#respond Wed, 24 Jan 2018 11:16:02 +0000 http://kurir.mk/?p=14551

Почна чистењето на големите камени одрони кои повеќе од две години стоеја на меѓународниот пат за Бугарија на делницата Истибања - Мaкедонска Каменица. Како што информираат „Гранит“, кој е изведувач на работите, за чистењето на одроните во овој дел била потребна дополнителна техничка информација. Во моментов одроните се чистат машински, а по потреба и ќе се минираат одредени делови, при што ќе има и повремени застои во сообраќајот на оваа делница. Планирано е на критичните делови, каде постојано се јавуваат одрони да се ставаат мрежи габиони со што ќе се превенираат одроните. Станува збор за отстранување на повеќегодишните одрони кои им создаваа големи проблеми на возачите, а беа и вистинска опасност за сите минувачи на овој патен правец. Честите одрони, амортизираната асфалтна основа и слабата сигнализација на патот се само дел од опасностите со кои се соочуваа жителите од општините на крајниот исток, но и даваа лоша слика на сите кои го користат меѓународниот патен правец за Бугарија. Санацијата на одроните е во рамките на реконструкцијата на патниот правец Кочани - Делчево во должина од 33 километри, која подразбира проширување и санација на мостовите и рехабилитација на патот. Реконструкцијата на патниот правец Каменица – Делчево, веќе е во завршна фаза. Според информацијата, градежните работи треба да завршат до крајот на летото. Изведувач на работите е „Гранит“ а инвеститор е ЈП за државни пaтишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-saniraat-golemite-odroni-na-patot-kochani-delchevo/feed/ 0