Кочо Анѓушев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 12:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кочо Анѓушев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анѓушев: Потребни се батериските системи, бидејќи ќе мора да ги извезуваме вишоците од фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angushev-potrebni-se-bateriskite-sistemi-bidejki-ke-mora-da-gi-izvezuvame-vishotsite-od-fotovoltaitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angushev-potrebni-se-bateriskite-sistemi-bidejki-ke-mora-da-gi-izvezuvame-vishotsite-od-fotovoltaitsi/#respond Tue, 31 Jan 2023 12:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=794212

Добро е што се поддржаа граѓаните и компаниите на регулираниот пазар, оцени претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, за време на годишната конференција „Година на нови можности“. Но, како што додаде, не треба да се заборави дека овие компании вработуваат околу сто илјади луѓе. „Најважно е дека тие се работодавачи и на малите компании, Затоа една од препораките беше ако цените повторно растат може да настанат проблеми, а тоа се должи на геостратешката состојба“, истакна Анѓушев. Тој рече дека Македонија може да биде енергетски хаб. „Јас сум голем поддржувач на обновливите извори на енергија, но мора да се каже дека имаат одредени недостатоци, бидејќи не можат да се контролираат и зависат од временските услови. Затоа потешко може да се направи балансирањето на системите. Мора да се направат обновливи извори од сите типови, со квалитетна енергија, а таков е на пример биогасот. Втор квалитет се хидроелекраните, а потоа ветерните електрани, додека најмали по квалитет се фотоволтаиците“, рече Анѓушев. Според него Чебрен е добро излезно решение, но и батериските системи, кои ќе ги складираат и трансферираат вишоците на енергија. Ќе имаме вишоци веќе овој мај или јуни од енергија од фотоволтаци, кои ќе мора да ги извезуваме, рече Анѓушев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angushev-potrebni-se-bateriskite-sistemi-bidejki-ke-mora-da-gi-izvezuvame-vishotsite-od-fotovoltaitsi/feed/ 0
Koчо Анѓушев е новиот претседател на Македонската енергетска асоцијација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocho-angjushev-e-noviot-pretsedatel-na-makedonskata-energetska-asocijacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocho-angjushev-e-noviot-pretsedatel-na-makedonskata-energetska-asocijacija/#respond Fri, 18 Mar 2022 13:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=649604

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Македонија, го избра редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, за свој нов претседател. – Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување придонесува во создавањето услови за стабилно снабдување со енергија, воспоставување транспарентни пазарни односи, иницирање и реализација на проекти кои имаат цел зголемување на енергетската ефикасност и за користење обновливи извори на енергија. МЕА соработува со невладини организации од областа на енергетиката, со научни институции, со факултети и со МАНУ, сѐ со цел унапредување на енергетската област во земјата, соопшти Стопанската комора. На седницата, која се одржа денеска во Комората, се дискутирало и за енергетската состојба во државата и за начинот за нејзино надминување. На седницата присуствувале клучните чинители во енергетската сфера во земјава, кои се осврнале на моменталната енергетска состојба и изнеле ставови и проекции за натамошниот развој на состојбите. – Кочо Анѓушев, како истакнат бизнисмен и човек кој има 20-ина години искуство во оваа област, во услови на драстично зголемување на цената на енергенсите на меѓународните пазари, континуирано и јавно укажува дека Македонија, за да се справи со недостигот на енергенси од сопствено производство (а има капацитет), треба да ја следи (и да почне со примена на тоа што е напишано во) Енергетската стратегија (како државен документ), со среднорочниот и со долгорочниот план предвидени во неа, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kocho-angjushev-e-noviot-pretsedatel-na-makedonskata-energetska-asocijacija/feed/ 0
Анѓушев ќе ја тужи новинарката Цветковска и ИРЛ – истовремено ја истакнува почитта кон слободата на изразување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-kje-ja-tuzi-novinarkata-cvetkovska-i-irl-istovremeno-ja-istaknuva-pochitta-kon-slobodata-na-izrazuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-kje-ja-tuzi-novinarkata-cvetkovska-i-irl-istovremeno-ja-istaknuva-pochitta-kon-slobodata-na-izrazuvanje/#respond Tue, 18 May 2021 13:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=511946

Генералниот директор на „Брако“ Велес, проф. д-р Кочо Анѓушев, како тенденциозни и невистинити ги отфрла наводите изнесени во емисијата „Редакција – Заговор против воздухот, Епизода 1, ИРЛ“, емитувана на МРТВ Програма 1, на 16.05.2021 година. Правниот тим на „Брако“ најавува тужба кон Здружението на граѓани Истражувачка репортерска лабораторија – ИРЛ Скопје, под уредништво на Сашка Цветковска и категорично демантира дека на каков било начин е одговорен или поврзан со увоз или користење на токсични масла, стои во неговиот демант до јавноста. -Ниту г. Кочо Анѓушев ниту „Брако“ Велес се поврзани со увоз на некакви токсични масла или мазут ниту, пак, „Брако“ Велес е голем потрошувач на мазут во Македонија. Вистината е дека „Брако“ Велес никогаш не увезол мазут, а минималните количини што ги троши за работа на погонот за цинкарата се набавуваат на пазарот во Македонија од увозници кои се занимаваат со таа дејност. Како илустрација на тоа дека „Брако“ учествува во потрошувачката на мазут во државата со промили, треба да се знае податокот дека „Брако“ Велес годишно троши околу 100 тони мазут, а вкупната годишна потрошувачка на мазут во РС Македонија, како што е наведено и во емисијата, е околу 30.000 тони. Впрочем и од вкупните годишни набавки на мазут кои се одвиваат преку секторот за набавки на Брако, само 15% од потребите се од добавувачот наведен во емисијата Евротим. А според Правилникот за течни горива, надлежен за контрола на составот и квалитетот на увезениот  мазут во РС Македонија е Пазарниот инспекторат, што значи дека, штом предметниот мазут бил дозволен и пуштен во промет од надлежни органи, „Брако“ нема сопствена лабораторија за да го проверува квалитетот. Впрочем со завршувањето на новата инвестиција во погонот за поцинкување во „Брако“, од следниот месец ќе биде комплетно изфрлен мазутот како енергенс. Новинарката Сашка Цветковска ова сето можеше да го дознае и да го изнесе во емисијата доколку имаше желба. Контактот со неа беше веднаш воспоставен по телефонскиот повик кој беше емитуван во емисијата, но и по 3 месеци од поканата да дојде во просториите на Брако и да се информира или да сними изјава од официјален претставник, таа не најде за потребно да сними или да испрати прашање, но напротив си даде за право да прави крајно непрофесионални и тенденцизни шпекулации, и со тоа да ѝ нанесува штета на една од поуспешните македонски компании. Што се однесува до наводната конспиративна средба во Владата на РСМ, Кочо Анѓушев изјавува дека навистина е остварена средба со г. Изудин Ахметовиќ, но и според официјалните документи достапни во архивата на Владата, на таа средба г. Ахметовиќ доаѓа као претставник на коморското здружение „Бизнис центар“ Тешањ – Јелавиќ од БиХ. На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Во времето додека беше потпретседател на Владата за економски прашања, г. Кочо Анѓушев има остварено преку 4.000 официјални средби. Истовремено, би сакале да ја истакнеме нашата почит кон слободата на изразување, како темел на демократското општество, меѓутоа слободата не подразбира непрофесионалност и клевета, стои во демантот до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-kje-ja-tuzi-novinarkata-cvetkovska-i-irl-istovremeno-ja-istaknuva-pochitta-kon-slobodata-na-izrazuvanje/feed/ 0
Мицковски: Анѓушев е најголем профитер од државните субвенции и најголем сопственик на мали хидроцентрали кои ја уништуваат природата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-angjushev-e-najgolem-profiter-od-drzavnite-subvencii-i-najgolem-sopstvenik-na-mali-hidrocentrali-koi-ja-unishtuvaat-prirodata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-angjushev-e-najgolem-profiter-od-drzavnite-subvencii-i-najgolem-sopstvenik-na-mali-hidrocentrali-koi-ja-unishtuvaat-prirodata/#respond Tue, 18 May 2021 10:45:49 +0000 https://kurir.mk/?p=511830

Анѓушев увезувал токсично масло кое се користело како гориво во фирми и институции. Анѓушев е најголем профитер од државните субвенции и најголем сопственик на мали хидроцентрали кои ја уништуваат природата, реките и го оставаат локалното население без вода. Анѓушев по налог на Заев го спроведе проектот на Груевски за гасоводот преку Водно, а гас нема видено ни едно домаќинство. И со тие крваво заработени и украдени пари прави еколошки возила за чистење кои се продаваат во странство, а од сега и во некои општини. Каков круг дечки, каков волшебен круг. Фејсбук статус на Ивор Мицковски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickovski-angjushev-e-najgolem-profiter-od-drzavnite-subvencii-i-najgolem-sopstvenik-na-mali-hidrocentrali-koi-ja-unishtuvaat-prirodata/feed/ 0
Додека стопанството тоне, фирмите на блиските луѓе до власта експресно наплаќаат милионски суми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-stopanstvoto-tone-firmite-na-bliskite-lugje-do-vlasta-ekspresno-naplakjaat-milionski-sumi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-stopanstvoto-tone-firmite-na-bliskite-lugje-do-vlasta-ekspresno-naplakjaat-milionski-sumi/#respond Mon, 19 Apr 2021 10:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=499235

Државата во неколку наврати се покажа дека за некого е мајка за некој друг маќеа. Таков е и случајот со македонското стопанство. Додека фирми чекаат со месеци за наплата, а во некои случаи и со години и додека Владата предводена од Зоран Заев молат за државна помош за да можат да им исплатат плати на вработените, фирми на луѓе блиски до власта експресно наплаќаат милионски суми евра од државата. Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев си наплати експресно 3.62 милиони евра за модуларни болници кои неговата фирма „Брако“ ги поставува во склоп на општите болници низ земјата, во кои треба или веќе се сместуваат пациенти заболени од корона вирус. Компанијата „Брако“ веќе го наплатила поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со Ковид-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер, објави Фактор минатата недела. По добиено одобрување од Светка банка, на истекот од минатата година, со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема. На ова реагираа и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, од каде што велат дека уште незавршено поставувањето на сите модуларни болници, Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра додека бизнисите и граѓаните трпат и со месеци наплата. „Додека бизнисите на граѓаните трпат и чекаат со месеци наплата, додека нема поврат на ДДВ, велешката „Брако“ на Кочо Анѓушев експресно наплатила 3.62 милиони евра. Имено вкупната вредност на договорот за изградбата на модуларните болници која го добила фирмата на Анѓушев е 4.5 милиони евра, а Анѓушев до сега се наплатил со префрлање на пари од посебна сметка на Министерството за труд и социјална политика во износ од 3.62 милиони евра. Се уште не се завршени сите модуларни болници, односно активности се во тек на болниците во Ресен и Тетово, но Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра“, истакна вчера Миле Левков. Ова не е единствен случај каде што фирми на луѓе блиски до власта во време на длабока економска криза, кога стопанството е, слободно може да се каже на „респиратори“, наплаќаат од државата милионски суми евра. Имено на крајот на минатата кризна 2020 година, на нафтената компанија Макпетрол, која е блиска до владејачката СДСМ, со закон донесен во Собрание, власта му исплати 33 милиони евра. Парите се исплатени за спорот меѓу државата и приватната нафтена компанија околу тоа чиј е гасоводот „ГА-МА“. Со 62 гласа „за“ и 30 „против“ беше донесен Закон со кој државата станува целосен сопственик на гасоводот на тој начин што за 32.773.905 евра ќе го откупи делот на „Макпетрол“ во заедничкото претпријатие АД „ГА-МА“. И тогаш реагираше опозицијата каде што остро го нападнаа и се спротивставија на договорот, односно законот со кој на компанијата, во услови на економска криза, кога над 60 илјади граѓани ги изгубија работните места, илјадници фирми банкротираа и затворија, и народот живее во се поголема сиромаштија. „Штетниците од власта треба да живеат со сознанието дека наместо 33 милиони евра во Макпетрол, можеа да дадат пари на 55 илјади граѓани, онолку колку што работни места се загубија во времето на кризата, родители, мајки и татковци кои своите деца ќе ги остават без насмевка и пакетче за оваа нова година. За жал овие деца поради овие 33 милиони евра на Заев ќе останат без право на новогодишна желба“, меѓу другото стоеше во реакцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. И од коморите, уште на почетокот на пандемијата со корона вирусот, кога се носеа државните пакети економски анти кризни мерки, реагираа и апелираа Владата да им ги исплати парите кои што ги должи на стопанството. Членовите на Стопанската комора на северозападна Македонија велеа дека тие не бараат милостина од Владата, туку дека само ги сакаат парите кои што државата треба да им ги плати за разните услуги кои тие ги извршиле, за да можат да ја пребродат кризата. Но, пари за стопанствата нема, но за тоа експресно беа исплатени милионски суми за фирмите на луѓето блиски до власта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-stopanstvoto-tone-firmite-na-bliskite-lugje-do-vlasta-ekspresno-naplakjaat-milionski-sumi/feed/ 0
Шахпаска потпишува тендер, Кочо Анѓушев добива 3,6 милиони евра, народот плаќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/#respond Tue, 06 Apr 2021 09:01:46 +0000 https://kurir.mk/?p=492989

„Брако“ веќе го наплати поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер, пишува Фактор.мк. По добиено одобрување од Светка банка, на истекот од минатата година со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема. „На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Северна Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија. Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје - Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика. Повикот за набавка на 17 модуларни монтажни болници преку заем од Светска банка беше објавен лани во октомври преку “United Nations Development Business”, како и повикот за набавка на мебел и немедицинска опрема за опремување на модуларните монтажни контејнери. целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahpaska-potpishuva-tender-kocho-angjushev-dobiva-3-6-milioni-evra-narodot-plakja/feed/ 0
Шилегов со градски пари купи машини од Анѓушев https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-gradski-pari-kupi-mashini-od-angjushev/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-gradski-pari-kupi-mashini-od-angjushev/#respond Wed, 10 Feb 2021 17:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=466936

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска ставија во употреба 10 нови машини за метење на јавните и на сообраќајните површини. Новите машини кои ги набави ЈП „Комунална хигиена“ ќе бидат распоредени во сите скопски општини. Градоначалникот Петре Шилегов објави дека денеска ги промовира првите 10 од вкупно 47 комунални возила што ќе бидат набавени оваа година. Станува збор за 10 метлачки за одржување на хигиената на јавните површини - сообраќајници, велосипедски патеки и тротоари. Инаку машините се од брендот Green machines кои всушност ги произведува велешката компанија Брако чиј претседател на одборот е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, пренесе Фактор. Огромна сума на пари од џебот на скопјани легна на сметката на Анѓушев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/shilegov-so-gradski-pari-kupi-mashini-od-angjushev/feed/ 0
Марин среде корона “нацртал” Кочо Анѓушев да добие тендер за метларки од пола милион евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marin-srede-korona-nacrtal-kocho-angjushev-da-dobie-tender-za-metlarki-od-pola-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marin-srede-korona-nacrtal-kocho-angjushev-da-dobie-tender-za-metlarki-od-pola-milion-evra/#respond Thu, 19 Nov 2020 08:38:17 +0000 https://kurir.mk/?p=431540

480 илјади евра или речиси 30 милиони денари вреди договорот за набавка на метларки кој градоначалникот на Аеродром Златко Марин го склучил со компанијата Брако на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Дека Марин ќе мете со Анѓушев за половина милион евра низ Аеродром потврдува и договорот кој беше објавен на социјалните мрежи. Од него може да се забележи нетипичното наведување точно какви машини треба да се набават. Па во основниот договор е наведен член каква техничка спецификација треба да се исполни, по што нормално компанијата на Анѓушев експрено ја исполнила и добила набавката. Зошто токму сега и зошто е нацртано со детали какви машини се набавуваат и дали тоа преставува преудицирање кој да го добие темдерот сеуште нема одговор. Инаку е познато дека претходно во јавноста градоначалникот на Аеродром Златко Марин склучил два договори со вредност од над 3 милиони денари за аудио опрема, осветлување и лед екрани со цел оддржување на манифестации и настани во услови кога тие се забранети поради корона кризата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marin-srede-korona-nacrtal-kocho-angjushev-da-dobie-tender-za-metlarki-od-pola-milion-evra/feed/ 0
Мицевски до Митревски: Додека ги убедувате граѓаните да ги донираат парите од Мој ДДВ помош земаат фирмите на Заев и Анѓушев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitrevski-dodeka-gi-ubeduvate-gragjanite-da-gi-doniraat-parite-od-moj-ddv-pomosh-zemaat-firmite-na-zaev-i-angjushev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitrevski-dodeka-gi-ubeduvate-gragjanite-da-gi-doniraat-parite-od-moj-ddv-pomosh-zemaat-firmite-na-zaev-i-angjushev/#respond Mon, 15 Jun 2020 17:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=358293

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Отворено Студио“ посочи дека додека во време на оандемија фирмите на Заев и Анѓушев земаат помош од државата, СДСМ ги убедува граѓаните парите од повраток на ДДВ да ги донираат на државата. „Господине Митревски три години имате апсолутна власт во Република Македонија, 80% од градоначалниците се ваши градоначалници, да не заборавиме. Да не се фокусираме само на овие три месеци од вонредната состојба и корона пандемијата во Република Македонија. 80% од градоначалниците се ваши. Имавте политичка влада до формирањето на техничката влада до јануари месецот. Имате претседател на државата. Да го обвинувате Наќе Чулев за сето она што не е реализирано во државата, за здравствената криза во Република Македонија и за економската криза да ја обвинувате дополнителната заменичка министерка за финансии е во најмала рака смешно“, нагласи Мицевски до Митревски. Мицевски додаде дека тоа го вели бидејќи СДСМ во изминатите два месеци во услови на најголема пандемија правеше класичен предизборен поткуп без дефиниран датум за избори. „Кластерот на СДСМ не го направи Чулев и Гордана Кочоска Димитриеска. Тоа вие го направивте од вашите дружби и излегувања. Излегоа илјадници слики низ Република Македонија што се СДСМ направи и колку пакети поделија Заеви. Проблемот господине Митревски е во помошта на фирмите на Кочо Анѓушев и на Заев. Затоа што граѓаните ги убедувате дека од морални причини треба да се откажат од повраток на ДДВ кој што ги следува, за да земат помош фирмите „Еленица“ на Заев и фирмите на Кочо Анѓушев. Кои што секоја година со завршните сметки прикажуваат огромни приходи. Поради тоа веќе граѓаните на Република Македонија не им верува на СДСМ“, истакна Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-mitrevski-dodeka-gi-ubeduvate-gragjanite-da-gi-doniraat-parite-od-moj-ddv-pomosh-zemaat-firmite-na-zaev-i-angjushev/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-parite-namesto-kaj-gragjanite-odat-vo-dzebot-na-zaev-i-angjushev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-parite-namesto-kaj-gragjanite-odat-vo-dzebot-na-zaev-i-angjushev/#respond Sun, 14 Jun 2020 09:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=357652

Парите наместо кај граѓаните, одат во џебот на Заев и Анѓушев. Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Додека народот кубури, ИГМ Еленица на Заев доби помош од државата за исплата на плати, компанија која во 2018 година имала приходи од над 5 милиони евра. Заеви кои врти милиони не сакаат да дадат дел од милионскиот колач за работниците, кои ги создале тие милиони, а земаат минимални плати. На иста линија со Заев е и Кочо Анѓушев, чија фирма исто така доби државна помош за исплата на плата. Тоа е истиот оној Анѓушев кој доби 5 милиони евра од Грците за неговата ЕДС, велат од партијата. Посочуваат дека Заев ги фали мерките, само затоа што со нив се полни неговиот и џебот на Анѓушев. -Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, истакнуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-parite-namesto-kaj-gragjanite-odat-vo-dzebot-na-zaev-i-angjushev/feed/ 0