коцка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 10:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коцка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од КОЦКИ ЗА СУПА не мора да правите само супа: Еве на кои начини може да ги употребите во кујната! https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/od-kotski-za-supa-ne-mora-da-pravite-samo-supa-eve-na-koi-nachini-mozhe-da-gi-upotrebite-vo-kujnata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/od-kotski-za-supa-ne-mora-da-pravite-samo-supa-eve-na-koi-nachini-mozhe-da-gi-upotrebite-vo-kujnata/#respond Fri, 19 May 2023 10:25:09 +0000 https://kurir.mk/?p=836328

Дали некогаш сте користеле коцки за супа на поинаков начин во кујната? Ако не сте, еве неколку одлични идеи за сите начини на кои можете да ги користите коцките за супа во подготовката на храната. Првиот и наједноставен начин е да изрендате коцка бујон и со добиениот прав посипете го месото по ваш избор, како зачинета сол или зачин, пред да готвите. Можете да користите рендана бујон коцка како директна замена за сол за печен зеленчук. Рендањето на коцките за супа може да биде првиот чекор во создавањето на сопствените зачини кои ќе го збогатат вкусот на скарата. Ако додадете малку бибер со рендана говедска коцка, ќе добиете совршено зачинет стек, а коцката пилешко со малку сечкани домати и ким ќе му даде на вашето јадење мексикански шмек… А маринадите се повеќе се прават со коцка за супа. Комбинирајќи го со сос од домати, вино или оцет и маслиново масло, ќе добиете вкусна маринада за пилешко. Можете исто така да измешате мелени коцки пилешко со лимон, лук и оригано за едноставна, елегантна маринада – совршено оди со медитеранските јадења. Во овие случаи, не треба да ставате сол во садот. Иако можеби мислите дека ниту еден вистински готвач не би го направил тоа, тие ги користат овие трикови. Мешаат сецкани коцки со маслиново масло за да се карамелизира месото, а со нивна помош прават совршен сос од црвено вино и малку пченкарен скроб. Коцката за супа можете да ја користите и кога готвите компири, тестенини, кускус или рижото. Ќе го добијат вкусот на течноста во која се варат и сите ќе се запрашаат што сте им додале. Се претпочитаат и во чорбата од праз, коцката бујон е суштинска компонента во неа, но и во салатите. Земете дел од коцката и заедно со сок од лимон или оцет, масло, сенф (и некои билки по желба) ставете ги во блендер или ќе добиете одличен прелив за салата. А ако додадете малку мед или јаворов сируп, кој е се попопуларен кај нас, и употребите јаболков оцет, слатко-киселиот вкус ќе ве воодушеви на зелената салата, јајцата, пилешкото…]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/od-kotski-za-supa-ne-mora-da-pravite-samo-supa-eve-na-koi-nachini-mozhe-da-gi-upotrebite-vo-kujnata/feed/ 0
Стануваат ли македонските граѓани зависни од коцкање? Еве колку потрошиле за коцка во рок од една година! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanuvaat-li-makedonskite-gragjani-zavisni-od-kockanje-eve-kolku-potroshile-za-kocka-vo-rok-od-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanuvaat-li-makedonskite-gragjani-zavisni-od-kockanje-eve-kolku-potroshile-za-kocka-vo-rok-od-edna-godina/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:20:07 +0000 https://kurir.mk/?p=725282

„Пари“ открива: Како работеле обложувалниците и организаторите на игри на среќа Во 18 компании од секторот „обложувачници и огранизатори на игри на среќа“, минатата година граѓаните оставиле 488,3 милиони евра. Тоа е значително повеќе од 2020 година кога во секторот влегле 366 милиони евра. Ова е и разбирливо, ако се земе предвид дека во 2020 година, поради пандемијата имаше карантини и забрани за одење во обложувалници и во затворен простор. Ако се земе износот на ставени на коцка околу милијарда евра (ова не е конечен список на сите фирми од оваа дејност, но тука се речиси сите и најголемите), не може да се избегне впечатокот дека нашиот народ сака да си игра со среќата. Многу економисти и социјолози, во јавноста често истакнуваа дека „колку народот е посиромашен, толку е повеќе склон да игра игри на среќа“. Од вложените безмалку половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка. Но, некои чинат многу – дотолку што упропастиле цели семејства. Целата анализа прочитајте ја на pari.com.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stanuvaat-li-makedonskite-gragjani-zavisni-od-kockanje-eve-kolku-potroshile-za-kocka-vo-rok-od-edna-godina/feed/ 0
Фуфо: Коцката ми го уништи животот, губиш пари, па образот, па семејството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fufo-kockata-mi-go-unishti-zivotot-gubish-pari-pa-obrazot-pa-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fufo-kockata-mi-go-unishti-zivotot-gubish-pari-pa-obrazot-pa-semejstvoto/#respond Wed, 24 Feb 2021 08:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=473060

Љупчо Николовски – Фуфо во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 раскажа за своето минато поврзано со коцкањето ио лихварството. На прашање за тоа колкави се каматите што лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто на ден, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку доцниш со плаќање еден месец ќе станат 30 илјади евра. Не постои коцкар што може веднаш да го плати тоа што го позајмил. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш свои пари, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното, односно семејството, вели Николовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fufo-kockata-mi-go-unishti-zivotot-gubish-pari-pa-obrazot-pa-semejstvoto/feed/ 0
Николас Кејџ добил 20.000 долари на коцка и ги дал во хуманитарни цели https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikolas-kejdz-dobil-20-000-dolari-na-kocka-i-gi-dal-vo-humanitarni-celi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikolas-kejdz-dobil-20-000-dolari-na-kocka-i-gi-dal-vo-humanitarni-celi/#respond Wed, 21 Oct 2020 08:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=418839

Во заеднички интернет-разговор за порталот „Интервју“, Николас Кејџ му се пофали на металецот Мерилин Менсон, оти во една прилика, со 200 негови долари добил 20.000 долари на коцка и сите ги подарил во хуманитарни цели. – Последниот пат кога се коцкав беше пред околу 30 години… Бев на Бахамите, па влегов во едно казино и се чувствував како да „ја имам силата во мене“ – како ништо да не може да тргне наопаку… Мојата игра беше рулетот. Влегов со 200 долари и не утнав бројка. Дури и дамата што го врти тркалото рече: „Ништо послатко од повторувач“. За 20 минути претворив 200 долари во 20.000 долари, па излегов и најдов сиропиталиште на Бахамите, ги запознав сите деца и директорката и им реков: „Ова е за вас…“ Ѝ ги ставив 20-те „илјадарки“ во нејзината рака (на директорката), си отидов и никогаш повеќе не се коцкав, бидејќи ако продолжев, тоа ќе ја уништеше моќта на токму тој миг!, раскажува глумецот. Николас Кејџ – генијалец во коцкање и добротвор – дали тоа е точно? Никој не знае со сигурност, но како што гласи еден од коментарите на гледачите потоа – „доволно е откачено“ за да биде вистина. Оваа година, обожавателите ќе можат да го погледнат Кејџ во акциониот филм „Џиу џицу“, чиешто прво прикажување е најавено за следниот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikolas-kejdz-dobil-20-000-dolari-na-kocka-i-gi-dal-vo-humanitarni-celi/feed/ 0