код – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Mar 2021 20:29:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png код – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зошто е важно да ги читате броевите на налепниците на овошјето и зеленчукот? https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-e-vazno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-e-vazno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/#respond Sun, 14 Mar 2021 20:29:15 +0000 https://kurir.mk/?p=482067

На овие налепници е втиснат т.н. PLU код (Price Look Up), според кој лесно може да се одреди на која група припаѓа производот. Но уште поважно, PLU кодот е всушност број кој првенствено ви кажува на кој начин производот е произведен. PLU кодот е воведен од Маркетиншката асоцијација за храна и денес е присутен на повеќе од 1.400 видови производи. Овој систем на кодирање е започнат во Америка во 1990 година, а со тек на време се одомаќинил и во Нов Зеланд, како и во повеќето европски земји. PLU кодот се состои од 4 или 5 бројки. Него го наоѓаме во облик на мала налепница залепена на секое парче свежо овошје или зеленчук посебно. Благодарение на овој систем од знаци може да се дознае како е производот одгледуван – дали е генетски модифициран, органски произведен или пак одгледуван со помош на хемиски ѓубрива, фунгициди и хербициди. Овој начин на кодирање, не е пропишан со закони туку е повеќе доброволен. Сѐ повеќе производители, посебно малите кои се занимаваат со производство на органска храна, ја сфаќаат важноста на овие ознаки. Со нивна помош тие полесно може да ги пласираат своите производи до купувачите кои сѐ повеќе сакаат органска храна. PLU кодовите исто така се користат и за јаткасти плодови, суво овошје, лековити билки и ароми.

Како да го читате PLU кодот?

1. Ако PLU кодот содржи само 4 бројки, тоа значи дека плодот е одгледан на конвенционален или традиционален начин со употреба на пестициди. Овие 4 бројки едноставно кажуваат за кој вид плод се работи. На пример, сите банани се означени со бројот 4011, јаболката со 4131, кивито – 4030, портокалите – 3107… 2. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува на бројот 8, тоа зборува дека овошјето или зеленчукот е генетски модифицирано. Се смета дека ГМО храната носи бројни опасности за човековото здравје – може да предизвика неплодност, нарушување на работата на хормоните, дури и тумор. Генетски модифицираната банана го носи бројот 84011. 3. Ако PLU кодот содржи 5 бројки и започнува со бројот 9, тоа значи дека плодот е органски одгледуван и не е генетски модифициран. Така, органската банана го има бројот 94011. Маркетиншката асоцијација за храна која стои зад овие ознаки објави дека лепилото со кое етикетите се прицврстени за овошјето се јаде. Но, наспроти мислењето на некои, самите налепници не се јадат. Во таа насока, моментално се размислува како во иднина овошјето да се означува со некој друг метод. Засега најатрактивна е идејата за жигосување со природни супстанци како на пр. сок од боровинки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zoshto-e-vazno-da-gi-chitate-broevite-na-nalepnicite-na-ovoshjeto-i-zelenchukot/feed/ 0
Василев за КОД: Застаре едно од делата на Мијалков, казна затвор се намалува за 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/#respond Sat, 06 Mar 2021 16:35:37 +0000 https://kurir.mk/?p=478250

Три години од затворска казна која што му беше изречена на Сашо Мијалков нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор, открива во КОД неговиот адвокат Петар Василев. Застаре едно од делата за кое му се судеше на екс началникот на УБК Сашо Мијалков. Три години од неговата затворска казна нема да ја има ниту во првостепената пресуда со која е осуден на 12 години затвор бидејќи таа се уште не е напишана, а се работи за делото Примање награда кое е едно од трите во пресудата за Таргет - Тврдина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilev-za-kod-zastare-edno-od-delata-na-mijalkov-kazna-zatvor-se-namaluva-za-3-godini/feed/ 0
Дупла среќа или софтверска грешка: КОД открива дека се поделиле чудни награди преку „Мој ДДВ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dupla-srekja-ili-softverska-greshka-kod-otkriva-deka-se-podelile-chudni-nagradi-preku-moj-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dupla-srekja-ili-softverska-greshka-kod-otkriva-deka-se-podelile-chudni-nagradi-preku-moj-ddv/#respond Mon, 17 Feb 2020 09:05:11 +0000 https://kurir.mk/?p=304833

„Секоја фискална сметка е важна“. Со оваа порака Министерството за финансии, УЈП и Државната лотарија ги убедуваат граѓаните да скенираат фискални сметки и да учествуваат во наградната игра „Мој ДДВ-моја награда“. КОД ги истражуваше добитниците и дојде до интересни податоци. -За само два месеци, девет исти имиња со девет исти кориснички броеви добиле дневна награда од по 1000, 2000 или 3000 денари. Еден жител на Зелениково, пак, добил месечна награда од 100.000 денари и по неколку денови уште една дневна награда од 1000 денари. Институциите без конкретен одговор која е веројатноста од милионите учесници, за само два месеци, деветмина да се двојни добитници, анализира емисијата на новинарката Снежана Лупевска Созен, КОД. КОД, по своето детално истражување на добитниците кои се објавуваат секој ден, го поставува прашањето: Дупла среќа или софтверска грешка? На 17-ти декември добитна била фискалната сметка на Веле од Струмица, кој тој ден добил 3000 денари. КОД во своето истражување открива дека ова не е единствен пат истото лице да добие пари од „Мој ДДВ-моја награда“. Веле добил награда и на 30-ти јануари годинава. -Милиони сметки и нешто помалку даночни обврзници секојдневно учествуваат во играта. И покрај тоа што шансите се минимални, сепак може да му се посреќило на истиот човек два пати да добие. Но, како пребарувавме така бројот на двојните добитници растеше. КОД успеа да дојде до 9 имиња кои се повторуваат, истакнуваат од КОД каде се објавени и имињата на двојните добитници. Лицето Амел Лековиќ од скопско Зелениково , истражува КОД, е еден од добитниците на награда од 100.000 денари. -Наградата од 100.000 денари ја доби за ниска сметка, а неговата приказна објавена од лотарија открива дека е дојдена во вистински раце. На 20-ти јануари повторно му се насмеала среќата. Во дневните награди негова фискална е наградена со 1000 денари, објави КОД. Екипата на оваа емисија ги контактирала надлежните од каде добила одговор дека еден учесник, со еден број во текот на еден ден може да добие една дневна награда. Но, правилата не забрануваат следните денови тој да биде добитник и на друга награда. Целата сторија, погледнете ја во КОД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dupla-srekja-ili-softverska-greshka-kod-otkriva-deka-se-podelile-chudni-nagradi-preku-moj-ddv/feed/ 0
КОД: Кој е Ѓаковиќ, основачот на Сархемс кој го доби тендерот за хеликоптерска итна помош? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-koj-e-gjakovikj-osnovachot-na-sarhems-koj-go-dobi-tenderot-za-helikopterska-itna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-koj-e-gjakovikj-osnovachot-na-sarhems-koj-go-dobi-tenderot-za-helikopterska-itna-pomosh/#respond Sun, 03 Nov 2019 16:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=259655

Емисијата Код најавува раговор со: Саша Ѓаковиќ- избран за партнер на владата во хеликоптерско спасување, вели се е на шведски трошок, а имал и пријатели во воената авијација на АРМ. Свидиш хеликоптер консортсиум е компанија со седиште во шведска Упсала и централа во Гетеборг. Се занимаваат со хеликоптерско спасување и транспорт на повредени. Имаат еден сикорски хеликоптер за спасување и едно познато име во управувачкиот борд. Саша Ѓаковиќ (сопственик на скопската Сархемс која е избрана на повикот за јавно-приватно партнерство за хеликоптерска итна помош). Откако неговите адвокати од Скопје не не поврзаа со него, ние успеавме да го најдеме на телефон, на друг крај од планетата, некаде во Латинска Америка, вака започнува најавата на Код. Главно одбиваше да коментира, но од разговорот се гледаше дека ги следи коментарите по македонските медиуми, стои во најавата за Код. И тој тврди дека државата и граѓаните, проектот нема да ги чини ништо туку дека се ќе биде негова инвестиција. Знаеше дека е избрана фирмата, но не е потпишан договор се уште. Предвидувањата се дека над 300 граѓани може да бидат опфатени со итната воздушна медицинска помош. Племенита и хуманитарна работа.Шведска компанија заедно со шведско-скандинавски компании, се тука за да се направи. Не правете скандал од нешто што воопшто не е. За тоа нема причина. Само фино Ве замолувам. Да завршиме со договорот, ние сме само избрани на повикот. Да потпишеме договор и сите детали ќе ви ги дадат јас. Затоа што тука нема никакви причини за сомнежи. Ова е нешто што е добро и што носи добробит и за државата и за граѓаните. И без никаков буџет, а ниту граѓаните плаќаат. Еден склоп на друг начин на финансирање, меѓу кои и од Европска Унија. Затоа само Ве молам да го завршиме тоа и потоа на сите ќе им биде мило кога ќе го спасиме првиот живот. Ова е многу скап зафат, такви платформи имаат само 23 земји во светот, од вкупно 189, рече Саша Ѓаковиќ за КОД. Саша Ѓаковиќ иако е шведски државјанин, некогаш беше државјанин на иста земја како сите граѓани постари од 30 години во Македонија. Роден е во Приједор, Босна и Херцеговина во 1972-ра, помеѓу 1986-та и 1990-та година учи средно воено воздухопловно училиште во Мостар. Продолжува на Воената академија за пилоти на ЈНА во Задар, но поради воениот распад на СФРЈ, Ѓаковиќ се сели во Шведска. Меѓу кадетите кои учеле со него имал и македонски познаници, а дел од нив вршат и раководни функции во военото воздухопловство на АРМ. Ние веќе знаевме дека пред повеќе од две години тој бил во посета на пријателите од македонската воена авијација, но и дека бил на разгледување на ова место -Центарот за обука на пилоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-koj-e-gjakovikj-osnovachot-na-sarhems-koj-go-dobi-tenderot-za-helikopterska-itna-pomosh/feed/ 0
КОД: Кај Катица Јанева пронајдена чанта Луј Витон на која со злато се изгравирани нејзините иницијали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-kaj-katica-janeva-pronajdena-chanta-luj-viton-na-koja-so-zlato-se-izgravirani-nejzinite-inicijali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-kaj-katica-janeva-pronajdena-chanta-luj-viton-na-koja-so-zlato-se-izgravirani-nejzinite-inicijali/#respond Tue, 29 Oct 2019 09:41:26 +0000 https://kurir.mk/?p=257246

Според извори од истрагата за случајот Рекет од кај Катица Јанева покрај аголната гарнитура се одземени три телефони Ајфон со три сим картички, усб уреди, компјутери, лап топи и меѓу другото и една чанта Луј Витон на која со злато се изгравирани нејзините иницијали КЈ. До овие информации дојде екипата на КОД. За вештачењето на апаратите кои се производство на американската компанија ЕПЛ, обвинителството побарало меѓународна правна помош од САД. Од домот , пак на Боки 13, 5 дена се вршело претрес и запленетите работи неофицијално со камиони биле изнесувани од адресата во населбата Орман. Покрај пари биле запленети луксузен мебел, теписи, 70 пара брендирани очила, околу 120 чанти и 71 вреќа скапа брендирана облека. Запленети се и уметнички слики на познати автори како Личеновски, Мартиновски, Коџоман и други. Во списокот на докази од обвинителството има записници од сослушување на 14 сведоци и записници од распит на уште три жени кои даваат потребни известувања за случајот, дознава КОД. Исказот кој што Катица Јанева го даде ден пред да биде уапсена го нема на списокот материјали во обвинителниот акт за случајот Рекет. Прва која што дала исказ како сведок во истрагата е М.Б. уште на 29 мај. Нејзиното име е наведено и во обвинителниот акт. Таа е девизен референт во Орка Холдинг, а нејзините раце се гледаат додека се пакува милионот евра во Луј Витон чантата. Втора која давала исказ е сведокот А.К., сопруга на Орце Камчев која дала половина милион евра на Боки 13 како прва рата уште во декември 2018 година. Меѓу останати сведоци се бизнисменот Зоранчо Митровски, почесен конзул на Латвија, бизнисменот Томе Главчев од Гевгелија сопственик на фирма опфатена во случајот “Поштенска Банка“ и Виктор Доневски долгогодишен менаџер во фирми на Орце Камчев. Како сведоци искази даваат и обвинителите од СЈО, Лиле Стефанова која го води случајот Империја, Бурим Рустеми чија истрага е случајот Поштенска банка, заменичката на Јанева Елизабета Јосифовска. Како сведок во обвинителниот акт се појавува и Сања Димовска која е шефица во кабинетот на Јанева. Од жените кои даваат информации за истрагата е Мери Дика Ѓорѓиевска, судијка во скопскиот апелационен суд, чија сестра Агапи е дел од Меѓународниот сојуз, која исто така е дел од истрагата за рекетот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kod-kaj-katica-janeva-pronajdena-chanta-luj-viton-na-koja-so-zlato-se-izgravirani-nejzinite-inicijali/feed/ 0
„НетПрес“: Телохранителите на Заев од „Код Секјурити Груп“ над законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-telohranitelite-na-zaev-od-kod-sekjuriti-grup-nad-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-telohranitelite-na-zaev-od-kod-sekjuriti-grup-nad-zakonot/#respond Thu, 11 Oct 2018 09:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=113654

Иако МВР се уште им нема издадено дозволи за работа, агенцијата „Код Секјурити Груп“ од Струмица почна да работи, објави НетПрес. Во текстот на НетПрес се вели дека агенцијта обезбедува мобилари, кафулиња, пицерии, бутици, дискотеки... На сите објекти под нивна заштита стојат залепени етикети со нивното лого. Како што пред две недели објави НетПрес, „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е најновата агенција за обезбедување под контрола на СДСМ, а во која според порталот директно се инволвирани вработени во Шестата управа на МВР. -Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи нема издадено дозвола за приватно обезбедување во вид на давање на услуги-физичко обезбедување на правното лице – Друштво за обезбедување на имот и лица „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица, стои во одговорот на МВР. Повеќе на НетПрес]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-telohranitelite-na-zaev-od-kod-sekjuriti-grup-nad-zakonot/feed/ 0