Коко Ли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 08:47:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Коко Ли – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина пејачката Коко Ли, номинирана за „Оскар“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pejachkata-koko-li-nominirana-za-oskar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pejachkata-koko-li-nominirana-za-oskar/#respond Thu, 06 Jul 2023 08:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=853474

Коко Ли, пејачката од Хонг Конг, чија песна од филмот „Притаен тигар и скриен змеј“ беше номинирана за „Оскар“, почина вчера на 48-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. „Коко страдаше од депресија неколку години, но нејзината состојба драстично се влоши последниве неколку месеци. Иако Коко побара стручна помош и се бореше со депресијата најдобро што можеше, демонот во неа за жал беше посилен... Коко е позната и по тоа што неуморно работеше на отворање нов свет за кинеските пејачи на меѓународната музичка сцена и даде сè за да блесне во полза на кинескиот народ. Ние сме горди на неа“, објавија нејзините сестри Керол и Ненси Ли на својот интернет-простор. Ли помина дел од своето детство во Сан Франциско, САД и студирала на Универзитетот на Калифорнија во Ирвин. Таа се прослави во 1990-тите кога издаде неколку поп-албуми на мандарински, англиски и кантонски. Последниот од нејзините 18 албуми беше објавен во 2013 година. Нејзината песна „A Love Before Time“ беше номинирана за „Оскар“ за најдобра оригинална песна во 2001 година. Таа номинација беше една од десетте за филмот „Притаен тигар и скриен змеј“, којшто освои четири Оскари. Ли исто така го позајми својот глас за мандаринската верзија на цртаниот филм „Мулан“ на „Дизни“ и ја сними „Reflection“ - тематската песна за тој филм. Таа се омажи за канадскиот бизнисмен Брус Роковиц во 2011 година. Изминативе 29 години, таа освои и бројни други меѓународни награди, и ја забавуваше публиката со настапите во живо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-pejachkata-koko-li-nominirana-za-oskar/feed/ 0
Депресијата ја уништи: Почина пејачката Коко, поради психичка болест посегна по својот живот https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/depresijata-ja-unishti-pochina-pejachkata-koko-poradi-psihichka-bolest-posegna-po-svojot-zhivot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/depresijata-ja-unishti-pochina-pejachkata-koko-poradi-psihichka-bolest-posegna-po-svojot-zhivot/#respond Wed, 05 Jul 2023 19:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=853286

Пејачката и текстописец Коко Ли почина на 48-годишна возраст откако се обиде да си го одземе животот во текот на викендот. Ѕвездата родена во Хонг Конг веќе неколку години се бореше со депресија, изјавија нејзините постари сестри Керол и Ненси Ли во изјава на Фејсбук и Инстаграм. Странските медиуми јавуваат дека нејзината состојба драстично се влошила во последните неколку месеци. -Иако Коко побарала стручна помош и се потрудила да се избори со депресијата, за жал тој демон во неа ја победил, се вели во соопштението на семејството. -Ли се обидела да си го одземе животот дома во текот на викендот и била пренесена во болница, изјавила нејзината сестра. Таа беше во кома пред да почине денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/depresijata-ja-unishti-pochina-pejachkata-koko-poradi-psihichka-bolest-posegna-po-svojot-zhivot/feed/ 0