коктел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 07:32:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коктел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште не ни е доста од Барби манијата: Освежителен Барби коктел кој е спој на мохито, пина колада и лимонада https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ushte-ne-ni-e-dosta-od-barbi-manijata-osvezhitelen-barbi-koktel-koj-e-spoj-na-mohito-pina-kolada-i-limonada/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ushte-ne-ni-e-dosta-od-barbi-manijata-osvezhitelen-barbi-koktel-koj-e-spoj-na-mohito-pina-kolada-i-limonada/#respond Thu, 10 Aug 2023 07:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=865317

Барби-манијата сè уште трае. Розовата боја се вовлече во секоја компонента од нашите животи, а со неа се обоени и овие летни коктели за вечерни собири. Ако планирате незаборавна вечер со вашите пријатели за викенд (или кој било друг ден од неделата), или сакате да се почестите со добар вкус на лимонада со посебно изненадување, прочитајте го рецептот подолу и подгответе примамлив и освежителен коктел инспириран од Барби за само неколку моменти. Рецептот за коктелот Барби брзо се рашири низ Интернет и стана вирален, а илјадници жени (но и мажи) веќе го истакнаа како неодолив алкохоличар победник на ова лето. Има безброј варијации на темата, од кои секоја содржи рум, гренадин и лимон. Овој коктел е комбинација од најдобрите состојки од пина колада, мохито и лимонада, само во розова боја, е коментарот на еден ентузијастички корисник. За подготовка на овој коктел не се пишуваат количините, бидејќи најдобро е секој по вкус да ги става состојките. Состојки: Бел рум Вотка Сок од брусница сок од ананас Свеж сок од лимон Гренадин Нане Парчиња лимон Мраз Подготовка: Добро измешајте ги сите состојки, освен парчето лимон и нането. Наполнете ја чашата со мраз, прелијте го коктелот врз мразот и украсете со нане и парче лимон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ushte-ne-ni-e-dosta-od-barbi-manijata-osvezhitelen-barbi-koktel-koj-e-spoj-na-mohito-pina-kolada-i-limonada/feed/ 0
Направете го сами омилениот летен коктел дома: Уживајте како да сте во бар на плажа https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-sami-omileniot-leten-koktel-doma-uzhivajte-kako-da-ste-vo-bar-na-plazha/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-sami-omileniot-leten-koktel-doma-uzhivajte-kako-da-ste-vo-bar-na-plazha/#respond Fri, 23 Jun 2023 07:33:03 +0000 https://kurir.mk/?p=848860

Најубавиот летен коктел за пријатно попладне или почеток на вечерта Од скромните почетоци во малите барови низ северна Италија, ритуалот на пиење Аперол се рашири низ континентите, а луѓето ширум светот се поврзуваат преку љубовта да уживаат во овој коктел, кој дефинитивно е омилен во Италија. Лесен, освежителен со уникатен горко-сладок вкус, „Aperol Spritz“ е совршен пијалок за средината на денот, за уживање со друштво после работа или за почеток на вечерта. Рецептот и процесот се едноставни, се за што треба да се погрижите е да си обезбедите добро друштво и добро расположение. Состојки: Многу мраз Аперол Просеко Кисела вода Портокал Подготовка: Прво ставете полна мерка Аперол, во чаша за вино. Додадете мраз до врвот на чашата, да се наполни. После тоа доаѓа просекот0 (околу 75 мл), а потоа киселата вода која ја истурате додека речиси не ја наполните чашата. Промешајте да се соедините сè, а коктелот е подготвен за последниот детал – парче портокал. Уживајте!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravete-go-sami-omileniot-leten-koktel-doma-uzhivajte-kako-da-ste-vo-bar-na-plazha/feed/ 0
НАПРАВЕТ САМИ КОКТЕЛ „SEX ON THE BEACH“: Освежителен напиток КОЈ СЕКОЈА ДЕВОЈКА ГО ОБОЖАВА (РЕЦЕПТ) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravet-sami-koktel-sex-on-the-beach-osvezitelen-napitok-koj-sekoja-devojka-go-obozava-recept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravet-sami-koktel-sex-on-the-beach-osvezitelen-napitok-koj-sekoja-devojka-go-obozava-recept/#respond Tue, 05 Jul 2022 07:38:34 +0000 https://kurir.mk/?p=700111

Во чашата ставете 2-4 коцки мраз. Коктелот Sex on the beach е особено популарен кај жените поради неговиот свеж овошен вкус и не е тежок за правење. Потребни состојки: Амарето, 15 мл ликер Southern Comfort, 15 мл вотка, 15 мл рум, 15 мл сок од ананас, 40 мл сок од портокал, 40 мл Подготовка: Во чашата ставете 2-4 коцки мраз. Во шејкер истурете амарето, ликер, вотка, рум и сок од ананас и портокал. Добро протресете ги состојките и послужете ги во висока, изладена чаша. Украсете по желба со парчиња овошје.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/napravet-sami-koktel-sex-on-the-beach-osvezitelen-napitok-koj-sekoja-devojka-go-obozava-recept/feed/ 0
СЗО препорача коктел од антитела против коронавирус, еве за кого е наменет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporacha-koktel-od-antitela-protiv-koronavirus-eve-za-kogo-e-namenet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporacha-koktel-od-antitela-protiv-koronavirus-eve-za-kogo-e-namenet/#respond Fri, 24 Sep 2021 07:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=567591

Комисијата на Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела. -Третманот доби итно одобрување во Соединетите држави, бидејќи привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс. Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец. Во специјална изјава, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход. Други компании, исто така, се поканети да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-preporacha-koktel-od-antitela-protiv-koronavirus-eve-za-kogo-e-namenet/feed/ 0
Овој КОКТЕЛ со специфично име е еден од најдобрите за во лето https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-koktel-so-specifichno-ime-e-eden-od-najdobrite-za-vo-leto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-koktel-so-specifichno-ime-e-eden-od-najdobrite-za-vo-leto/#respond Sat, 10 Jul 2021 20:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=534853

„Палома“ е мексиканска класика и злобна конкуренција на најпознатиот пијалак базиран на текила – Маргарита, и ако имате шише текила, лесно можете да направите еден од овие два пијалаци. Палома е пијалак кој Мексиканците едноставно го обожаваат поради различните вкусови кои се преплетуваат во секоја голтка – горчлива, слатка, солена, кисела. Најдобро од сè е што не мора да потрошите еден куп состојки за да направите Палома. Потребни се само текила и грејпфрут, а остатокот зависи од инспирацијата. Свежо исцеден сок од грејпфрут ќе биде полн погодок во комбинација со текила и малку тоник или минерална вода, а може да додадете и исцедени лимети, како и сол за украсување на работ на чашата. Ако сакате, истријте ја чашата со парче грејпфрут и натопете ја во сол. Ако користите сок од грејпфрут и вода, тогаш можеби ќе ви недостасува доза на сладост и во тој случај додадете сируп од агаве или едноставен сладок сируп што ќе го направите со мешање на чаша вода со чаша шеќер стопена на оган и оладена. Можете исто така да додадете свежи билки што ќе ги оставите да стојат најмалку 15 минути во свежа вода. Потоа чувајте го сирупот во фрижидер и извадете го кога ви треба за коктели. Парчиња грејпфрут или, на пример, стебленца од рузмарин можат да се користат како украс. Потребни состојки: 120 милилитри текила, 120 милилитри сок од грејпфрут, 50 милилитри (или по вкус) сируп од агаве, минерална вода или тоник. Начин на подготовка: Наполнете чаша со коцки мраз, додајте ја текилата, сокот од грејпфрут и сирупот и промешајте. Потоа, додајте ја минералната вода или тоникот и послужете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovoj-koktel-so-specifichno-ime-e-eden-od-najdobrite-za-vo-leto/feed/ 0
Летен коктел од капини и хибискус https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-koktel-od-kapini-i-hibiskus/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-koktel-od-kapini-i-hibiskus/#respond Thu, 30 Jul 2020 17:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=383938

Летната сезона е одлична за уживање во најдобрите коктели. Овој коктел од капини и хибискус е токму еден од оние одлични и разладувачки коктели во кои можете да уживате сами или заедно со пријателите. Капините и хибискусот се богати со антиоксиданти кои имаат корисен ефект врз нашето здравје. Исто така, во комбинација со кефир и свежи лисја од нане, ќе го добиете најосвежувачкиот летен еликсир. По избор, кефирот заменете го со минерална вода или комбуха. Потребни состојки: 180 милилитри чај од хибискус 250 г замрзнати капини 180 милилитри кефир, минерална вода или комбуха неколку лисја од нане 1 лажица сируп од агаве (по желба) Начин на подготовка: Замрзнете ги капините преку ноќ, а исто така подгответе го и чајот од хибискус. Потребни ви се 3 ќесички чај или околу 250 г свежи цветови. Следниот ден ставете ги лисјата од нане во неколку чаши. Додадете сируп од агаве по желба. Замрзнатите капини измешајте ги со чајот, додајте во чашите со нане и промешајте. Додадете кефир, минерална вода или комбуха, украсете и сервирајте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/leten-koktel-od-kapini-i-hibiskus/feed/ 0
Дали „коктелот“ против коронавирусот ќе му донесе светска слава или крај на кариерата на овој „арогантен“ вирусолог? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-koktelot-protiv-koronavirusot-kje-mu-donese-svetska-slava-ili-za-kraj-na-karierata-na-ovoj-aroganten-virusolog/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-koktelot-protiv-koronavirusot-kje-mu-donese-svetska-slava-ili-za-kraj-na-karierata-na-ovoj-aroganten-virusolog/#respond Tue, 24 Mar 2020 18:53:05 +0000 https://kurir.mk/?p=321628

Човекот кој прв ја тестираше комбинацијата хидроксиклороквин – азитромицин, професорот Дидие Раул од Марсеј, за две недели би можел да знае дали ќе биде овенчан со светска слава или ќе биде отфрлен од научната заедница како арогантен и заблуден научник. Во рок од две седмици би можеле да знаеме дали професорот Дидие Раул, францускиот вирусолог кој раководи со Медитеранскиот институт за заразни и тропски болести во Марсеј, ќе биде зпишан во историјата како човекот кој го спаси светот од Ковид-19, или ќе биде отфрлен како арогантен, заблуден научник, кој шири лажни надежи, пишува „Ајриш Тајмс“. Професорот Раул е човекот кој администрирал коктел со хидроксиклороквин, помалку токсичен дериват на хлороквин, лек што се користи за лекување на маларија, лупус и ревматиден артритис, и азитромицин (кај нас познат како „сумамед“), антибиотик што се користи против бактериска пневмонија, на 24 пациенти заразени со Ковид-19. Резултатите од ова тестирање професорот Дидиер Раул ги објави на 16 март. По примањето на доза од 600 милиграми „плакенвил“ (едно од комерцијалните имиња на хидроксиклороквинот) и 250 милиграми азитромицин во текот на шест дена, три четвртини од пациентите биле тестирани негативни на вирусот, додека 90 отсто од оние во контролната група останале позитивни. Со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп и на гунернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо, дека овој коктел од денеска (вторник, 24 март) ќе се користи за лекување на пациенти во САД, стасуваат и предупредувања никој ништо да не презема во паника и на своја рака. Така, регистриран е и еден смртен случај во САД, поради самоволно користење на хлороквин фосфат, адитив кој вообичаено се користи за чистење на аквариумите за риби. Во Феникс, еден маж починал, а неговата сопруга е во критична состојба, откако на своја рака го употребиле „чудотворниот лек“ без лакарска контрола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-koktelot-protiv-koronavirusot-kje-mu-donese-svetska-slava-ili-za-kraj-na-karierata-na-ovoj-aroganten-virusolog/feed/ 0
Нов магичен коктел за диета: Со само 4 состојки до совршена тежина https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nov-magichen-koktel-za-dieta-so-samo-4-sostojki-do-sovrshena-tezina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nov-magichen-koktel-za-dieta-so-samo-4-sostojki-do-sovrshena-tezina/#respond Mon, 15 Apr 2019 14:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=186737

Овие едноставни состојки можете да ги набавите брзо и лесно, но и да подготвите убав напиток со кој ќе се ослободите од вишокот маснотии и килограми. Потребни состојки: 1 лимон 1 краставица 1 лажица рендан ѓумбир малку магдонос Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и додадете ½ чаша вода. Пијте чаша вода по будењето и пред спиење. За мошне брзо време ќе забележите колку одлично влијание има на вашето тело и здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/nov-magichen-koktel-za-dieta-so-samo-4-sostojki-do-sovrshena-tezina/feed/ 0
Коктел од традиционална македонска ракија се подготвува во бар во Австралија- можете и вие дома да го направите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/koktel-od-tradicionalna-makedonska-rakija-se-podgotvuva-vo-bar-vo-avstralija-mozete-i-vie-doma-da-go-napravite-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/koktel-od-tradicionalna-makedonska-rakija-se-podgotvuva-vo-bar-vo-avstralija-mozete-i-vie-doma-da-go-napravite-video/#respond Thu, 28 Feb 2019 13:44:48 +0000 https://kurir.mk/?p=169397

Еден австралијански ресторан ги изненади своите посетители откако на мените овој месец најавија македонски пијалаци и храна. На Фејсбук страната на ресторанот со име „WTF- World Travel Food Bar“, тие објавија виде на кое еден бармен покажува рецепт за правење на коктел од традиционална македонска ракија. Ресторанот секој месец има посебни специјалитети од различни држави ширум светот, а тие за од утре за месец март ја најавуваат македонската кујна и пијалаци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/koktel-od-tradicionalna-makedonska-rakija-se-podgotvuva-vo-bar-vo-avstralija-mozete-i-vie-doma-da-go-napravite-video/feed/ 0
ФОТО: Овие момци прават најдобри коктели во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ovie-momci-pravat-najdobri-kokteli-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ovie-momci-pravat-najdobri-kokteli-vo-makedonija/#respond Thu, 04 Oct 2018 17:02:34 +0000 https://kurir.mk/?p=110846

Изминатите два дена, 2 и 3 октомври, во Охрид се одржа јубилејното десетто издание на Vigor Barmen Cup, култното коктел натпреварување кое сè повеќе успева да ја доближи коктел културата до широката публика. Натпреварот се одржа во категоријата „класика“ и првото место го освои Даниел Новиќ со неговиот коктел „Руби Буби“. Второто место му припадна на коктелот „Кики“ подготвен од Васил Пеевски, а третото место го зема Саше Мирчески со коктелот „Егзотик Ем“. Подготовката на коктелите се одвиваше под будното око на трите члена од стручното жири. Хрвоје Тандара, бренд менаџер на Бадел 1862 Хрватска, Марио Мајцен, повеќекратен хрватски шампион во флер категорија, и Анте Жиго, основач на Сплитското здружение на бармени, внимателно ги оценуваа вкусот, бојата, изгледот на коктелот, како и претпазливоста и стручноста на мајсторите при подготовката. За време на натпреварувањето публиката имаше можност да ги дегустира подготвените коктели. Водителот Мартин Трпчевски, освен што беше задолжен да ги бодри натпреварувачите и да ги забавува гости, одлучи и самиот тој да ги испроба своите способности за подготовка на коктел. Vigor Barmen Cup 10 години по ред интензивно работи на подигнувањето на коктел културата во Македонија на врвно ниво. Секое ново издание на овој значаен настан е одлична можност за бармените да научат нова техника, нов рецепт, или пак да се истакнат со своите врвни мајстории и способности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-ovie-momci-pravat-najdobri-kokteli-vo-makedonija/feed/ 0