колапс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 16:34:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колапс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКОПЈЕ ВО КОЛАПС – граѓаните не можат да се вратат дома, на сообраќајниот хаос му нема крај, во понеделник уште помасовен протест! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-kolaps-gragjanite-ne-mozat-da-se-vratat-doma-na-soobrakjajniot-haos-mu-nema-kraj-vo-ponedelnik-ushte-pomasoven-protest-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-kolaps-gragjanite-ne-mozat-da-se-vratat-doma-na-soobrakjajniot-haos-mu-nema-kraj-vo-ponedelnik-ushte-pomasoven-protest-video/#respond Fri, 02 Dec 2022 16:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=770293

Скопјани попладнево не можат да се вратат дома. Стотици граѓани со своите автомобили не може да се одглават во строгиот центар на градот, кај Народна Банка поради тамошниот хаос и раскопан булевар. Градоначалничката Арсовска со денови не го асфалтира булеварот, а граѓаните секојдневно се измачуваат да стигнат на своите работни места, особено да се вратат дома низ него. Со исти проблем се соочуваат и граѓаните кои се превезуваат со автобусите на ЈСП, тие во место чекаат и до половина час. Гужви има и во Автокоманда, Центар, Аеродром и Карпош. Приватните превозници во понеделник најавија уште помасовен протест и колапс на главниот град!]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-kolaps-gragjanite-ne-mozat-da-se-vratat-doma-na-soobrakjajniot-haos-mu-nema-kraj-vo-ponedelnik-ushte-pomasoven-protest-video/feed/ 0
Хегер: Словачката економија во опасност од колапс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/#respond Wed, 28 Sep 2022 13:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=738536

Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс. Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните. Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие“ економијата, доколку Словачка не добие милијарди евра помош од Брисел, посочи тој. Словачка проиzведува многу струја, најголем дел во нуклеарните и хидроелектраните, но, нејзиниот најголем производител го продаде вишокот на трговците на почетокот од годината. Тие сега струјата во термински договори ја препродаваат на Словачка по пазарни цени, поголеми и до петпати, пишува Фајненшл тајмс. – Словаците го купуваат за 500 тоа што го продадоа за 100 евра, истакна тој. Затоа планот на Европската комисија, за оданочување на дополнителниот профит на производителите на струја, според него, нема да функционира во Словачка. – Доколку сакаме данок на дополнителен профит, мораме да го воведеме на европско ниво, подвлече премиерот. Како што проценува, приходот од европскиот данок треба да биде рамномерно распореден меѓу сите членки на Европската Унија, што на Словачка би ѝ донело околу 1,5 милијарди евра. Тој смета и дека Брисел треба да ослободи пет милијарди евра неискористени средства од фондовите за регионален развој за намалување на енергетските сметки во компаниите. – Во спротивно, словачките компании ќе се затворат и всушност целата економија може да пропадне, нагласи Хегер. Доколку Брисел не дојде на помош, „тогаш ќе мораме да ја задржиме струјата за нашите компании и домаќинства за да не пропаднат. Тоа не го сакаме, но, доколку нема друга помош, ќе бидеме турнати кон тоа решение“, тврди премиерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/heger-slovachkata-ekonomija-vo-opasnost-od-kolaps/feed/ 0
Ле Мер: Ќе предизвикаме колапс на руската економија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/#respond Tue, 01 Mar 2022 09:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=638496

„Санкциите се неверојатно ефикасни. Ќе водиме тотална економска и финансиска војна против Русија“, изјави францускиот министер за економија, Бруно Ле Мер, за ФрансИнфо, јави дописникот на МИА. -Ќе предизвикаме колапс на руската економија. Економската и финансиската рамнотежа на силите е целосно во корист на Европската Унија, која е во процес на откривање на својата економска моќ, додаде министерот. Русија, според него, е таа што ќе настрада. -Европа навистина може да има малку поголема инфлација. Европа, единствената последица што може да ја има во наредните недели, е мало зголемување на цените во зависност од зголемувањето на цените на енергијата, додаде Ле Мер. Според него, санкциите ќе се применуваат се додека „Владимир Путин не се врати на добрите намери во Украина“. Би сакал да се прошири тарифниот штит околу гасот, додаде министерот, бидејќи војната во Украина влијае врз цените на енергијата и на куповната моќ. -Наша одговорност е да ги заштитиме поединците, додаде министерот, кој најави „тарифен штит за одредени компании“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/le-mer-kje-predizvikame-kolaps-na-ruskata-ekonomija/feed/ 0
Столтенберг: Не очекувавме толку брз колапс во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ne-ochekuvavme-tolku-brz-kolaps-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ne-ochekuvavme-tolku-brz-kolaps-vo-avganistan/#respond Tue, 17 Aug 2021 15:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=551785

Поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот “. Тој на прес -конференцијата во Брисел кажа дека била изненадувачка брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус денеска е на извлекувањето на луѓето од земјата. Ген-секот на НАТО ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан и соопшти дека НАТО се согласила да испрати дополнителни авиони во Кабул за евакуација. Столтенберг додаде во нивните редови има незадоволство поради неуспехот да се постигнат подобри резултати по толку години ангажман во Авганистан, наведувајќи дека никој не очекувал таков брз колапс на авганистанските безбедносни сили и владата. Најважната работа за НАТО во моментов, рече тој, е да го држи аеродромот отворен за да се помогне во евакуацијата од земјата. -Талибанците мора да го спречат Авганистан повторно да стане жариште на тероризмот. Оние кои сега ја преземаат власта имаат одговорност да обезбедат меѓународните терористи да не ги повратат своите упоришта, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел. “Дел од авганистанските безбедносни сили се бореа храбро. Но, тие не беа во можност да ја обезбедат земјата, бидејќи на крајот авганистанскиот политички врв не успеа да им се спротивстави на талибанците и да постигне мирно решение што Авганистанците очајно го посакуваа“, рече генералниот секретар на НАТО. Тој, исто така, нагласи дека планот беше да се изгради одржлива авганистанска држава, а не силите на НАТО да останат таму засекогаш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ne-ochekuvavme-tolku-brz-kolaps-vo-avganistan/feed/ 0
Зголемен бројот на повици во Брза помош, дневно стотина интервенции и десетина колапси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-brza-pomosh-dnevno-stotina-intervencii-i-desetina-kolapsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-brza-pomosh-dnevno-stotina-intervencii-i-desetina-kolapsi/#respond Thu, 29 Jul 2021 11:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=543471

Зголемен е бројот на повици во Службата за Итна медицинска помош во Скопје, а екипите интервенираат дневно кај стотина случаи. Дневно има и од осум до десет колапси. Ова за МИА го изјави раководителката на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје, Милица Бубало. Таа посочи дека граѓаните кои бараат помош не се чувствуваат добро поради топлото време и имаат главоболки, болка во градите, кардиоваскуларни промени…Додаде дека интервенираат и при сообраќајни несреќи. Поради високите температури во портокалова фаза од Министерството за здравство потсетија и на општите мерки за заштита на здравјето, односно во текот на овие екстремно топли денови, граѓаните треба да останат повеќе време во затворени простории (пред сé климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка. – Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е истото тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари, стои во препораките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-vo-brza-pomosh-dnevno-stotina-intervencii-i-desetina-kolapsi/feed/ 0
„Локалната самоуправа пред колапс, продолжуваат да растат долговите на општините“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/#respond Thu, 03 Jun 2021 08:39:56 +0000 https://kurir.mk/?p=518459

Продолжува колапсот на системот на локална самоуправа во Македонија поради некомпетентност и корупцијата на двоецот СДСМ и ДУИ, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку месеци излезе извештајот за финансиската состојба на локалната самоуправа на Министерството за финансии, кои само ја потврдија катастрофалната финансиска состојба во која се наоѓаат општините. Согласно истиот, на крајот на 2020 година, општините во Македонија должеа неверојатни 60 милиони евра, што беше за 13 милиони евра повеќе од 2019 година, за сега, по првите три месеци на 2021 година истиот да порасне за дополнителни 2,3 милиони евра. По ваквите катастрофални показатели, секој рационален човек би помислил дека градоначалниците и Владата би пристапиле кон рационализација на нивната работа, намалување на луксузирањата и непотребните трошења, се со цел да ја подобрат финансиската слика. Но, наместо одговорни општини и општински комунални јавни претпријатија, СДСМ и ДУИ решија на начин кои е целосно спротивен на начелата на пазарната економија, преку две големи мерки да се обидат да ја затскријат неспособноста на општините и јавните комунални претпријатија. Првиот пат во преку „простувањето“ на долговите на општините во 2018 година кога тие добија неповратни средства за да покрие 51% од пријавените обврски или околу 50 милини евра, додека втората во најава за опростување на камати на долговите на општинските комунални претпријатија. За жал, сите овие мерки беа само залуден обид за спасување на општините, бидејќи наместо одговорност и отчетност, добивме само поголема забеганост на СДСМ, каде секојдневно сме сведоци на нерационални трошења, криминални тендери и незапаметено полнење на општинските администрации и јавните комунални претпријатија со партиски кадри. Сите овие мерки резултираа со зголемување на долгот на општините за фантастични 2,3 милиони евра за само 3 месеци! Така, според извештајот на министерството за финансии, согласно крајот на март 2021 година, како најголеми 10 должници, кои се со долгови над 1,5 милиони евра се Тетово (11,2 милиони евра), Охрид (7), Карпош (4,9), Гостивар (4), Струга (2,9), а за првпат во групата на „елитни должници“ се приклучува и Град Скопје 2,8 милиони евра, кој го зголеми долгот за само 3 месеци за фантастични 2,5 милиони евра!!! Пропаста на општините мора да престане! По победата на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на домаќинско работење и креирање на ефикасни општински сервиси кои ќе бидат во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на партиската Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lokalnata-samouprava-pred-kolaps-prodolzuvaat-da-rastat-dolgovite-na-opshtinite/feed/ 0
Здравството на овие земји е пред колапс поради недостиг на кислород https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvoto-na-ovie-zemji-e-pred-kolaps-poradi-nedostig-na-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvoto-na-ovie-zemji-e-pred-kolaps-poradi-nedostig-na-kislorod/#respond Tue, 25 May 2021 11:49:14 +0000 https://kurir.mk/?p=514867

Десетици земји ширум светот се соочуваат со сериозен недостиг на кислород поради зголемувањето на случаите на Ковид-19, и тоа се заканува да предизвика „тотален колапс“ на нивните здравствени системи. Деветнаесет земји ширум светот – вклучувајќи ги Индија, Аргентина, Иран, Непал, Филипини, Малезија, Пакистан, Аргентина, Костарика, Еквадор и Јужна Африка – се сметаат за најранливи откако од март досега регистрираа огромно зголемување на побарувачката на кислород од најмалку 20 проценти. Тие држави вакцинирале помалку од 20 проценти од нивната популација. Ова се заклучоците од анализата спроведена од Бирото за истражувачко новинарство, кое ги проучуваше податоците на коалицијата „Секој здив се брои“, невладината организација „Пут“ и Клининтовата иницијатива за пристап до здравствена заштита, пренесува британскиот весник Гардијан. Постои загриженост дека други азиски земји како Лаос се во опасност, како и некои африкански земји, вклучувајќи ги Нигерија, Етиопија, Малави и Зимбабве, кои имаат помалку разработени системи за испорака на кислород, наведува британскиот весник, додавајќи дека само мал пораст на побарувачката може да создаде големи проблеми. – Многу од овие земји се соочија со недостиг на кислород пред пандемијата, изјави Лит Гринслејд, координаторка на коалицијата „Секој здив се брои“. Таа додаде дека состојбата од минатата година во Бразил и Перу, и повторно во јануари годинава, требаше да биде повик за тревога. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zdravstvoto-na-ovie-zemji-e-pred-kolaps-poradi-nedostig-na-kislorod/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја донесе економијата пред колапс, стопанството тоне, граѓаните ги губат своите работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ja-donese-ekonomijata-pred-kolaps-stopanstvoto-tone-gragjanite-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ja-donese-ekonomijata-pred-kolaps-stopanstvoto-tone-gragjanite-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta/#respond Sat, 01 May 2021 07:33:05 +0000 https://kurir.mk/?p=504217

Македонската економија е пред колапс, тоа го покажуваат и индикациите на Светска банка кој велат дека економијата нема да се врати во кондиција како пред пандемијата ниту во наредните 2 години. Дека економските политики на власта се катастрофални зборува и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65 % од бруто домашниот производ, велат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Индикаторите на економско расположение покажуваат дека и мерките за помош на економијата се промашени. Имено Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата. Во извештајот од Светска Банка се демаскираат и изјавите од власта дека невработеноста е намалена што Светска банка го подржува со податоци дека граѓаните немаат никаква доверба дека ќе добијат работа. Ова го потврдува фактот дека невработеноста не е намалена напротив ќе се зголемува поради фактот што над 60.000 луѓе ги загубија своите работни места за време на пандемијата. Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење. Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Оваа власт на Заев не е насочена кон спас на економијата, власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ja-donese-ekonomijata-pred-kolaps-stopanstvoto-tone-gragjanite-gi-gubat-svoite-rabotni-mesta/feed/ 0
Колапс на вакциналниот процес, неспособноста на власта кулминира! Одложена вакцинација на стоматолозите и фармацевтите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/#respond Tue, 23 Mar 2021 14:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=486702

Министерот за здравство Венко Филипче откако не успеа да набави ниту една вакцина, да направи ниту еден договор за набавка на вакцини се пофали дека со незначитечните дози на вакцини ќе се вакцинира здравствениот персонал. Во Македонија до сега има само 8 илјади дози од Фајзер кои беа донација од Србија и три илјади од руската вакцина. Деновиве пак беа известени стоматолозите и фармацевтите дека процесот на имунизација се одложува. Овие податоци говорат само едно, лага е дека ќе бидеме првата земја во светот чии што здравствени работници се вакцинирани. Дополнително, ова говори само за колапс на вакциналниот процес и е доказ за неспособноста на власта да набави вакцини. Филипче на 16 февруари уверуваше дека Македонија ќе биде една од ретките земји во која сиот медицински персонал ќе биде вакциниран. „Ние за десетина дена, до крај на февруари (н.з.), ќе бидеме една од ретките земји, каде ќе биде вакциниран целосно медицинскиот персонал. Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник“, рече Филипче кон средината на февруари годинава. Но, веќе е втора половина на март и информациите говорат нешто друго. Фармацевтите се известени дека вакцинирањето се одложува. „Од Мој термин во овој момент не известија дека привремено се одложува вакцинирањето на фармацевтите“, стои во дописот до нив. За како што велат краткотраенпрекин на имунизацијата ќе има и за стоматолозите. „За жал од Мој термин не информираа дека потрошени дозите на Спутник кои беа предвидени и со кои се имунизираа стоматолозите и ќе следи краткотраен прекин на процесот на имунизација...“, се вели во објавата на веб страната на Стоматолошката комора. Овие податоци говорат само едно лага е дека ќе бидеме првата земја во светот чии што здравствени работници се вакцинирани. Ова говори само за колапс на вакциналниот процес. Неспособноста на власта кулминира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/feed/ 0
„Електроенергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektroenergetskiot-sistem-vo-kolaps-rek-bitola-pred-totalno-iskluchuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektroenergetskiot-sistem-vo-kolaps-rek-bitola-pred-totalno-iskluchuvanje/#respond Thu, 14 Jan 2021 12:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=455284

Електроенергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакнуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. -Сведоци сме на сите досегашни промашувања на СДСМ во секоја сфера од стопанството но вакви рекорди во негатива како што ги има во електроенергетскиот систем никој не може да ги достигне. Во ноември 2020 година генералниот директор на ЕСМ најави дека ремонти на блоковите и рударските машини во РЕК Битола се направени и се во одлична состојба и од средина на декември 2020 година РЕК Битола ќе биде во погон со трите блока на максимална моќност. И како по обичај повторно излажа. Каква е сега состојбата? Цело време во последиот месец дена депонијата на јаглен е под 10.000 тони. Денеска на депонија за јаглен резерви има само 6000 тони. Значи до вечер и тоа ќе се потроши. Се работи со малку јаглен кој директо од трака од рудник се носи во котел на термоелектрана. И се троши мазут и по 20 тони на час. Значи дека РЕК Битола се трансформира во мазутара. Состојбата со електростатските филтри кои не се во добра состојба со ова уште повеќе се влошува. За загадувањето на животната средина што сега го прави РЕК Битола никој не се загрижува. Во погон се само два блока и тоа во ризичен режим под технички минимум. Се очекува дека и блок 2 наскоро да се исклучи. На мрежа се дава по 120 MW намесо 220MW по блок и тоа поради немање на јаглен. Со ваков режим се уништува во основа турбинската опрема на блоковите. Блоковите не се квалитетно ремонтирани. Посебно блок 1 кој е препуштен на самоуништување, ниту се поправа ниту одржува. И не е во погон. Ископ на јаглен скоро и да нема. Главниот багер КУ300 е вон погон поради дефекти. Малку дожд што имаше минативе три-четири дена поради неспособноста на раководството во ЕСМ тотално го поплавија рудникот. И практично блокирана е работата на ископ на јаглен. Но затоа, театрални прошетки на раководството на ЕСМ во РЕК Битола има колку сакаш, со камери и новинари. Сега наместо да се работи на решавање на проблеми, главна активност на раководството на ЕСМ во РЕК Битола е вртење на паричката и прославите со генералниот директор. И тоа во работно време и во работни простории во РЕК Битола. Сега ЕСМ не може да ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, РЕК Битола засега има само два блока под технички минимум и се ангажираат хидроелектраните да го потрошат она малку вода што ги наполни акумулациите. И резултат кој е? Електроенергетскиот систем моментално е на ивица на распад. Состојбата е вонредна во РЕК Битола. Но стручниот кадар на СДСМ не се грижи за тоа. Има тој решение за ова. Ќе си направи бизнис со увоз на струја а тоа се знае што значи. Повисока цена за домаќинствата. Па наздравје народе со СДСМ. Честити празници, стои во нивниот пост на Фејсбук.
Електроенергетскиот систем во колапс- РЕК Битола пред тотално исклучување Сведоци сме на сите досегашни промашувања на... Posted by Комисија за енергетика на ВМРО - ДПМНЕ on Четврток, 14 јануари 2021
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/elektroenergetskiot-sistem-vo-kolaps-rek-bitola-pred-totalno-iskluchuvanje/feed/ 0