коле неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 15:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коле неделковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови „лежечки полицајци” кај ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-lezhechki-politsajtsi-kaj-ssou-kole-nedelkovski-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-lezhechki-politsajtsi-kaj-ssou-kole-nedelkovski-vo-veles/#respond Thu, 07 Sep 2023 15:49:03 +0000 https://kurir.mk/?p=875786

Општина Велес постави нови средства за смирување на сообраќајот – „лежечки полицајци", на улица "Андон Шурков" кај ССОУ "Коле Неделковски". -Со овие лежачки полицајци многу ќе придонесеме за поголема безбедност на учениците и жителите од комплексот на згради „Узуд“, потенцираат од Општина Велес. Воедно најавуваат дека согласно потребите и законските можности во наредниот период ќе продолжат со поставување на вакви попречни препреки на повеќе локации во градот и околните села, а со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/novi-lezhechki-politsajtsi-kaj-ssou-kole-nedelkovski-vo-veles/feed/ 0
Се самоуби за да не се предаде жив на бугарската полиција: На денешен ден загина Коле Неделковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-samoubi-za-da-ne-se-predade-zhiv-na-bugarskata-politsija-na-deneshen-den-zagina-kole-nedelkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-samoubi-za-da-ne-se-predade-zhiv-na-bugarskata-politsija-na-deneshen-den-zagina-kole-nedelkovski/#respond Sat, 02 Sep 2023 07:20:49 +0000 https://kurir.mk/?p=873616

На денешен ден во 1941-ва година, македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба. Живееше  во стан на шести кат во Софија. Во тој период Неделкоски беше член на една диверзантска група. Најпознати негови дела се збирките песни "Молскавици" и "Пеш по светот". Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година. Во септември 1941 година, дванаесет дена по излегувањето од печат на збирката песни „Пеш по светот“, Неделковски бил откриен од полицијата како разнесувач на летоци. На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала шесткатната зграда во која живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на гонителите. А кога веќе немало надеж за спас, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така загинал. Постојат сомнежи во врска со тоа дали бил Неделковски бил фрлен од полицајците или пак самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдиле само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот. По Втората светска војна, на местото на настанот била поставена спомен-плоча, која подоцна исчезнала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-samoubi-za-da-ne-se-predade-zhiv-na-bugarskata-politsija-na-deneshen-den-zagina-kole-nedelkovski/feed/ 0