коледари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jan 2020 15:18:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коледари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски прими коледари во вилата „Билјана“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-koledari-vo-vilata-biljana-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-koledari-vo-vilata-biljana-vo-ohrid/#respond Mon, 06 Jan 2020 15:18:48 +0000 https://kurir.mk/?p=286270

Претседателот на државата Стево Пендаровски, заедно со сопругата Елизабета и синот Огнен ги примија коледарите во претседателската вила „Билјана“ во Охрид. -Во пресрет на Божик, заедно со Бети и Огнен им бевме домаќини на децата – учесници на бадниковата поворка од Охрид кои не поздравија со коледарски песни, а со песната „Вечниот Бог“ го најавија христовото раѓање. На сите кои ги одбележуваат овие празници ви посакуваме пријатни мигови со вашите најблиски, спокојни и топли празнични денови, објави Пендаровски на својот фејсбук-профил. Станува збор за дел од децата-коледари кои беа дел од денешната Бадникова поворка, што по седми пат се одржа во Охрид. Како што беше претходно соопштено од Здружението „Бадникови поворки“ кое е организатор на манифестацијата, претседателот согласно православните обичаи на коледарите ги дарувал со божиќни пакетчиња за соопштувањето на радосната вест за Христовото раѓање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-primi-koledari-vo-vilata-biljana-vo-ohrid/feed/ 0
Бадник во домот на семејството Иванови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-vo-domot-na-semejstvoto-ivanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-vo-domot-na-semejstvoto-ivanovi/#respond Sat, 06 Jan 2018 11:08:01 +0000 http://kurir.mk/?p=7284

На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска во домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири", кои ја донесоа Божикната литија и со песната „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.

Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, изјави дека како семејство секогаш ги почитувале верските и традиционалните вредности, и дека се поборници на враќање на христијанските духовни вредности.

- Дозволете ми од името на моето семејство, од името на нашите денешни гости, да ви го честитаме Божик и Бадник. Нека Христовата светлина влезе во секое христијанско семејство, нека ви донесе многу радост, среќа и здравје, убавини, мир, благосостојба, многу љубов, изјави Иванова.

На децата семејството Иванови им подарија пригодни пакетчиња.

Иницијативата за возобновувањето на старата православна традиција да се слави Бадник со пеење на „Вечниот Бог“ потекна од свештенството на МПЦ-ОА. Според Црквата, радува будењето на оваа стара православна традиција, која од година во година зафаќа се поголем број градови и повторно навлегува во нашето секојдневие.

Децата учесници во бадникарските поворки ја пејат песната „Вечниот Бог“ и носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и  ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.

Со божикната каланда (песна) „Вечниот Бог“ се објавува доаѓањето на Спасителот во тело. Песната е древна, води корени уште од некогашното Римско царство, што културолошки продолжи да живее кај православните народи. Сведоштво за универзалниот карактер на оваа каланда се бројните нејзини напеви кои се среќаваат од Европа, преку Азија, сѐ до Африка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/badnik-vo-domot-na-semejstvoto-ivanovi/feed/ 0
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-utre-go-slavat-badnik-zadutre-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-utre-go-slavat-badnik-zadutre-bozikj/#respond Fri, 05 Jan 2018 07:46:53 +0000 http://kurir.mk/?p=6738

Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божиќ. Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Манифестацијата ќе почне со бадниковата химна што ќе ја исполни Силви бенд и со кревање на бадниковото знаме. бадник .jpg Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашниот кум и здравичарот традиционално порано ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните. Здравицата годинава ќе ја каже здравичарот Стефан Хаџи Николов - Штеф, а на присутните ќе им се обратат кумот Влатко Огненовски-Шеф и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој потоа ќе му го врачи ќупот на новиот кум. Кумот и здравичарот ќе си заминат во пајтон. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња. Деца бадникари Бадник Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божиќ е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Божик трпеза 1 Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата. Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravoslavnite-hristijani-utre-go-slavat-badnik-zadutre-bozikj/feed/ 0