колективен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 18:34:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колективен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НБА и играчите потпишаа колективен договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nba-i-igrachite-potpishaa-kolektiven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nba-i-igrachite-potpishaa-kolektiven-dogovor/#respond Thu, 29 Jun 2023 18:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=851001

Кошаркарската НБА лига и нејзините играчи потпишаа нов колективен договор кој ќе важи до сезоната 2029/30. Седумгодишниот договор стапува на сила в сабота, ден пред почетокот на летниот преоден рок. Секоја од страните, меѓутоа, може да го раскине договорот една година пред неговиот рок, но за тоа мора да се изјасни најдоцна до 15 октомври 2028 година. Новиот договор предвидува казни без преседан за франшизите кои нема да го почитуваат ограничувањето на платите и воспоставувањето турнири во текот на сезоната, слично на фудбалските купови. Ограничувањето на користењето марихуана, легална во неколку американски сојузни држави, нема да биде ригорозно како досега. Во текстот на колективниот договор се наведени и правила кои играчите мораат да ги почитуваат доколку сакаат да инвестираат во компании кои продаваат канабис или организираат спортско обложување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nba-i-igrachite-potpishaa-kolektiven-dogovor/feed/ 0
ССМ: Укинувањето на колективниот договор во земјоделство е директно кршење на работничките права https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/#respond Fri, 18 Nov 2022 14:45:14 +0000 https://kurir.mk/?p=763003

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) денеска реагираше за укинувањето на Колективниот договор во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, реакција упати и Сојузот на синдикатите. Според нив, ваквиот однос на Владата претставува директно кршење на работничките права и е спротивен на социјалдемократските начела. – Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите здружени во ССМ Ви ја испраќаат оваа реакција поради тоа што синдикатите и членовите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија сериозно се загрижени поради информацијата дека една социјалдемократска Влада, за прв пат во историјата, презема чекор за укинување на Колективниот договор за вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со што Владата директно посегнува и ги укинува основните човекови права како што се правото на достоинствена работа и достоинствена плата, се вели во соопштението на ССМ. Ова е преседан во социјалниот дијалог и колективното преговарање, велат од ССМ, и е прв колективен договор кој го откажува работодавачот, односно Владата преку МЗШВ. – Владата, МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во нашата држава и на тој начин се дел од националното трудово законодавство, посочуваат од ССМ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ukinuvanjeto-na-kolektivniot-dogovor-vo-zemjodelstvo-e-direktno-krshenje-na-rabotnichkite-prava/feed/ 0
СПМ незадоволни од новиот колективен договор потпишан од Спасовски: Полицијата никогаш не била толку понижувана како што е сега https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-nezadovolni-od-noviot-kolektiven-dogovor-potpishan-od-spasovski-policijata-nikogash-ne-bila-tolku-ponizuvana-kako-shto-e-sega/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-nezadovolni-od-noviot-kolektiven-dogovor-potpishan-od-spasovski-policijata-nikogash-ne-bila-tolku-ponizuvana-kako-shto-e-sega/#respond Sat, 10 Jul 2021 09:56:48 +0000 https://kurir.mk/?p=534752

Денес сме тука пред Министерството за внатрешни работи да кажеме збор два за "модерниот" европски колективен договор што пред извесно време беше потпишан од страна на Министерот Спасовски. Денес ќе дадеме оценка и ќе ставиме акцент на тоа дека дефинитивно Министерот Спасовски може подобро и повеќе да и наштети на Македонската полиција. Денес сме тука по незнаеме кој пат да потсетиме дека Полицијата никогаш како досега не била толку понижувана како што е сега. Денес сме сведоци на еден преседан и крајно неморално и неетичко уништување, назадување на правата на работниците во МВР, преточен во нешто што е само налик на Колективен договор, потпишан од Министерот Оливер Спасовски и претседателот на „единствениот“ МПС Марјан Кицев. Со она што ние како СПМ, се соочивме при анализата на овој договор, не сакавме да веруваме дека е вистина се до неговото објавување и озаконување, е запрепастувачки. Првото прашање кое се наметна е зошто некој би сакал да состави ваков акт? Но за жал, одговор на тоа прашање можат да понудат само потписниците на тој акт, Министерот и МПС. Она што ние како синдикат можеме да го кажеме е тоа дека СЕ од претходно најавеното од страна на потписниците, е лага или во најмала рака, манипулација, ДЕКА СЕ ЗАДРЖАНИ СИТЕ ПРАВА ОД ПРЕТХОДНИОТ КД. Како прв пример ќе ги наведеме УДАРНИТЕ вести за добивање на еднократен додаток од 100 евра за новородено дете и еднократен надоместок за менторство, јубилејна плата за 10 години работа во МВР, но она што не е кажано е дека тие одредби не стапуваат ВЕДНАШ во сила а дали и воопшто некогаш ќе се исплаќаат и тоа е прашање кое лично не веруваме како Синдикат. Следно, најавата на исплата на надоместок за домашно дежурство за работниците од неуниформираниот дел кои не работат во смени. ДА, но за жал и таа одредба е со одложено време на стапување на сила, односно од 1 Јануари 2022 година. Она што Министерот не се пофали е тоа што за сметка на домашно дежурство ќе се исклучат додатокот за ноќна и прекувремена работа, викенд, празник и слично кои се исплаќаа досега за смените кај наведените вработени. Да прашаме уште нешто: Која е целта на ваквите ПОКЛОНИ, ако не можеме да ги добиеме? Или ова се само најави за она што следува ако сме послушни и покорни или во спротивно нема да ги добиеме? ОВА ЛО СЕ НАВИСТИНА УНАПРЕДЕНИ ПРАВА‼️⁉️ И се ова досега е само вовед во она што следи, во овој УНАПРЕДЕН И ЕВРОПСКИ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР, резултат на ДИЈАЛОГ И РАЗБИРАЊЕ ПОМЕЃУ МВР И МПС Имено, допрена е и една од најболните точки за работникот во МВР- исплатата на додаток за прекувремена работа. Она што е премолчено е секогаш расипаното, оштетеното,трулото. Овојпат МПС не не извести дека сега, со овој КД, ќе се исплаќаат 32 прекувремени часови, што и беше пракса до сега, НО, се што ќе се оствари како прекувремена работа над 32 часа, работникот ќе смее да користи ИСКЛУЧИВО СЛОБОДНИ ДЕНОВИ!!! Она што досега работниците во МВР го остваруваа со тужби заради тоа што не им беа исплаќани прекувремени часови над 32, сега им е одземено!!! ОВА ЗА ВАС, ГОСПОДА ПОТПИСНИЦИ, Е УНАПРЕДЕНО ПРАВО??? Зошто и за ова не се пофаливте пред задоволната полиција⁉️ Зошто не се пофаливте дека во одредбите каде предвидувате храна и пат за ноќна смена ќе ги исплаќате доколку ноќните смени односно часови се една третина од полното работно време во годината. Уште сега веќе е јасно дека целта Ви е однапред ова право да не успее а никако и да биде исплатено Додадовте уште еден, трет, слободен ден за крводарители. ОДЛИЧНО!!! Но не кажавте дека со тоа додадовте уште еден ден повеќе за да не може да се исполни правото на бонус плата, бидејќи само годишнот одмор не се засметува како одсуство од работа, нели, како што веќе најавивте, онака партнерски, за сметка на тужбите за бонус плати!!!И ОВА ли Е МОЖЕБИ УНАПРЕДУВАЊЕ? На кратко и за вашите “султански,деспотски”аспирации, претседателе Кицев. Она што досега беше Синдикат како поим, во согласност со Устав, закон и конвенција, ГО ИЗБРИШАВТЕ и ГО ПРИСВОИВТЕ и сега под синдикат во МВР според Вас се подразбира исклучиво МПС Изгледа заборавивте на одлуката на Уставен суд со која и претходно таквото ваше присвојување беше поништено. Но она што повеќе загрижува е вашето, сега дозволено, мешање во работата на Министерот. Она што до 2015-та беше обврска на министерот да составува листа на вработувања за кои не е предвидена транспарентна постапка, Дискреционо право, сега си го дозволивте со тоа што со овој договор МПС заедно со Министерот ќе одлучува кој, каде и кога ќе биде вработен во МВР без обврска за јавен оглас!!! ОВА Е НАВИСТИНА УНАПРЕДЕНО ПРАВО. НО ЗА ВАС, ПАРТНЕРИТЕ, ЗА НИКОЈ ДРУГ!!! За вашите синдикални “екскурзии” во државата и странство до сега ви следуваа 3 дена платено отсуство, а сега СИ ГО УНАПРЕДИВТЕ И ТОА ПРАВО во времетраење на настанот? Сега ќе можете ОПРАВДАНО да трошите буџетски пари и за 10, 15, 20 и повеќе дена без одговорност? И сето тоа се дрзнавте да го прикриете зад УЧЕСТВО НА НАШИТЕ СПОРТИСТИ НА МЕЃУНАРОДНИ МАНИФЕСТАЦИИ??? Одлична можност за платен одмор!!! Апсолутно ги узурпиравте и присвоивте објектите за одмор и рекреација. Само со ваше составување на список и одобрување ќе може некој работник да ги користи тие објекти. Па нели се во сопственост на МВР? Или сега нема разлика помеѓу МВР и МПС? Па добро, вие синдикат ли сте или владина институција? Со што го задолживте Спасовски па до толку аздисавте? Зошто повторно дозволивте покачувањето на бодот да биде со услов од 5% и ДОКОЛКУ СЕ ПРЕДВИДЕНИ СРЕДСТВА СО БУЏЕТОТ, а можевте да го намалите процентот макар на 2.5% и да биде задолжително? ЗОШТО ДОДАТОКОТ ЗА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, К-15 , НЕ ГО ДОГОВОРИВТЕ КАКО ЗАДОЛЖИТЕЛЕН, СО ИСПЛАТА ЕДНАШ ГОДИШНО, СО РОК ДО КРАЈОТ НА ТЕКОВНАТА ГОДИНА? Барем да бевме порамнети, во овој дел на правата со Шумската полиција?! Или ние не вредиме до толку? Ние само имаме право на тоа. Но, судејќи по овој Ваш "унапреден" КД, и во иднина нема да можеме да се надеваме на било какво подобрување на катастрофата во која се наоѓаме веќе со години.Во дисциплинските постапки веќе им го одзедовте правото на одбрана на колегите, за синдикален претставник по нивни избор. Или ќе се одбраните со тоа дека можат да не повикаат, а нема да кажете дека освен МПС, исказот, писмен или усмен, на претставник од другите синдикати , нема да влезе во записник и нема да се земе во предвид?! И ОВА Е ЗА ВАС УНАПРЕДЕНО ПРАВО. ИМ ГО ОДЗЕДОВТЕ ПРАВОТО НА ИЗБОР. Господа потписници, како синдикат изјавуваме дека не сме задоволни од овој договор ВООПШТО. Но не сме малку, во тоа ве уверуваме.Ви ветуваме и вас, а и на нашите колеги, дека СПМ нема да подлегне на притисоците и ќе ги преземе сите можни дејства и можности вистината да излезе на виделина и овој несовесен и незаконски акт да биде поништен.Бидејќи само на тој начин ќе се поправи и спречи штетата од истиот. Знаете многу добро дека овој акт е во спротивност со Уставот на РМ, Законите кои ја регулираат оваа правна материја, а исто така и со Конвенцијата за човекови права. Време е да дознаат и јавноста и вработените во МВР!!! А овој КОЛЕКТИВЕН срам за почеток сега демостративно ќе го ПОНИШТИМЕ со кинење на хартија на која се одземени и ускратени работните права. Ви благодарам! Фејсбук статус на Синдикат на полиција во Македонија - СПМ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-nezadovolni-od-noviot-kolektiven-dogovor-potpishan-od-spasovski-policijata-nikogash-ne-bila-tolku-ponizuvana-kako-shto-e-sega/feed/ 0
Сојузот на синдикати на УКИМ: Не сме задоволни од решенијата во Колективниот договор за високо образование https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-sindikati-na-ukim-ne-sme-zadovolni-od-reshenijata-vo-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-sindikati-na-ukim-ne-sme-zadovolni-od-reshenijata-vo-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie/#respond Tue, 27 Apr 2021 08:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=502663

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е незадоволен од предложените решенија во Колективниот договор за високо образование кој треба да биде потпишан помеѓу СОНК и Владата. Во соопштение оценува дека најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование. -СОНК во суштина не е мнозински синдикат на вработените во високото образование. Својата правна репрезентативност СОНК ја оправдува со своето членство од основното и средното образование. Значителен број на одредби од Колективниот договор не се во согласност со Законот за високото образование и со високообразовната и научноистражувачката дејност. Најавеното покачување на платите предвидено во Колективниот договор помеѓу Владата и СОНК реално не го вреднува трудот на вработените во високото образование и ни оддалеку нема да придонесе за подобрување на материјалниот статус во високото образование. Платите во високото образование со години останаа непроменети, додека платите во другите дејности, како и минималната и просечната плата во Република Северна Македонија, постојано се покачуваа. Стандардот на вработените во високото образование драматично се намали, а платите во овој сектор се убедливо најниски во Европа, соопштуваат од синдикатот. Оттаму дополнуваат дека најавеното минимално покачување апсолутно нема да придонесе за запирање на падот на стандардот на вработените во високото образование, кој, наведуваат, се случува во подолг временски период. -Поради тоа, Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје смета дека е потребно далеку поголемо покачување на платите на вработените во високото образование.Со овој Колективен договор вработените на најстариот и најголемиот Универзитет во државата остануваат и понатаму дискриминирани во однос на платите на вработените на другите државни универзитети. Коефициентите за плата на наставниот и ненаставниот кадар во другите дејности од јавен интерес се повисоки од коефициентите за плата предвидени во овој Колективен договор. Коефициентите за плата на ненаставниот кадар се далеку пониски од коефициентите во државната администрација. Досега склучените колективни договори во Република С. Македонија се со многу поповолни услови отколку овој Колективен договор, стои во соопштението. Бараат во Колективниот договор Владата да се земат во предвид забелешките и предлозите на Синдикатот на вработените на УКИМ. -Истовремено, го повикуваме Собранието на Република С. Македонија, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, што побргу да донесе одлука и да ја овласти Владата да потпише Колективен договор на ниво на работодавач – УКИМ, кој реално ги изразува барањата и интересите на вработените на Универзитетот.Само на тој начин науката повторно ќе го врати своето достоинствено место во општеството, а вработените во високообразовните институции ќе можат непречено да ја вршат својата образовна и научноистражувачка работа во интерес на студентите и на иднината на државата, велат од Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-sindikati-na-ukim-ne-sme-zadovolni-od-reshenijata-vo-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie/feed/ 0
Синдикатот на културата денес на штрајк поради непотпишување на колективен договор, поддршка и од СОНК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/#respond Tue, 24 Dec 2019 07:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=281455

Во институциите од културата денеска ќе има еднодневен штрајк во кој вработените ќе бидат на работните места, но нема да ги извршуваат обврските. Штрајкот е организиран од Синдикатот за култура на Република Македонија (СКРМ) поради непотпишаниот колективен договор за кој СКРМ преговара речиси две години и за кој, како што соопшти, континуирано добивал ветувања од Владата и Министерството за култура дека ќе биде потпишан прво до крајот на 2018 година, а потоа до крајот на 2019-та. Гоце Павловски, секретар на СКРМ, вели дека речиси 15 години вработените во културата се без социјални права, со огромни разлики во платите и субјективна валоризација на трудот. Ускратени им се правата на додатоци на плата и надоместоци на трошоци поврзани со работатата. – Потсетуваме дека нивелацијата беше само преоден чекор кон колективниот договор, кој сам по себе не претставува покачување на платите туку нивно конечно уредување согласно Законот за работните односи. Колективниот договор ќе биде фундамент на социјалните односи и штит на нашите социјални права. Токму тоа го барат вработените во културата кои се целосно маргинализирани, а нивните права секојдневно се газат од државата која согласно Уставот би требало да биде социјална, а не да се однесува како суров капиталист, велат од СКРМ. Синдикатот излезе на протестен марш во октомври и доби ветувања од Владата и ресорното министерство дека колективниот ќе биде потпишан до почетокот на 2020, но од крајот на минатиот месец синдикалците соопштија дека нема напредок и дека работните групи се неактивни. Денешниот предупредувачки штрајк на СКРМ е поддржан и од нивни колеги што членуваат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), кој донесе одлука да солидаризира зашто културата е дејност од национален интерес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-denes-na-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor-poddrshka-i-od-sonk/feed/ 0
Синдикат на културата започнува штрајк поради непотпишување на колективен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/#respond Thu, 19 Dec 2019 09:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=279595

Синдикат на културата соопштува дека во вторник (24.12.2019) започнува со штрајк. -Информираме дека СКРМ започнува со штрајк на 24.12.2019 година заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка, се наведува во соопштението. Од СКРМ додаваат дека штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. -Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikat-na-kulturata-zapochnuva-shtrajk-poradi-nepotpishuvanje-na-kolektiven-dogovor/feed/ 0
СКРМ на протестен марш за колективен договор: Ова е последно предупредување пред да активираме штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/#respond Tue, 08 Oct 2019 10:47:48 +0000 https://kurir.mk/?p=249155

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата. СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата. – Помина 30 септември, колективен договор сè уште немаме и затоа денеска излегуваме со марш како последно предупредување пред да ја активираме нашата постапка за штрајк. Со Министерството за култура сме во добра соработка, на наше барање по долго време се активираше работната група за колективниот договор. Сме во преговори и се надеваме дека ќе постигнеме некаков договор. Имаме ветување и од Владата дека средства за колективен договор ќе бидат обезбедени и дека тој ќе се спроведе од 1 јануари 2020. Но, тоа не значи дека не треба денес да маршираме. Нашето искуство покажа дека ветувањата не беа исполнети во минатото, изјави Сања Арсовска, претседателка на СКРМ, на стартот на протестниот марш зад Филхармонијата. Минатата година биле изоставени од колективен договор и затоа, рече таа, Синдикатот бараше нивелација на платите која се спроведе во мај годинава. – Нивелацијата се протолкува како зголемување на платите во културата. Не, тоа беше порамнување на платите и исправање на една неправда што се случуваше во минатото. Она што сега им следува на вработените во културата е колективен договор во кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места, точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата, истакна Арсовска. Додаде дека заложба на СКРМ било да се потпише колективен договор врз основа на нов закон за култура, но бидејќи законот со кој би се регулирале правата сè уште не е донесен тие, нагласи Арсовска, повеќе нема да го чекаат неговото донесување и колективниот може да го потпишат врз основа на постојниот закон. СКРМ го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skrm-na-protesten-marsh-za-kolektiven-dogovor-ova-e-posledno-predupreduvanje-pred-da-aktivirame-shtrajk/feed/ 0
Протестен марш на Синдикатот на културата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/#respond Tue, 08 Oct 2019 07:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=249066

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денес ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesten-marsh-na-sindikatot-na-kulturata/feed/ 0
Синдикатот на културата утре излегува на протестен марш https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/#respond Mon, 07 Oct 2019 09:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=248697

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш. Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години. -Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението. Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот - „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-kulturata-utre-izleguva-na-protesten-marsh/feed/ 0
Лекарите од штипска Клиничка болница бараат да им се исплатат дежурствата согласно колективниот договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-od-shtipska-klinichka-bolnica-baraat-da-im-se-isplatat-dezurstvata-soglasno-kolektivniot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-od-shtipska-klinichka-bolnica-baraat-da-im-se-isplatat-dezurstvata-soglasno-kolektivniot-dogovor/#respond Thu, 11 Jan 2018 14:54:36 +0000 http://kurir.mk/?p=9553

Над сто лекари од штипската Клиничка болница се закануваат дека ќе тужат, а некои од нив и почнале судски постапки во Основниот суд во Штип, бидејќи околу десет години не им се исплаќани пари за дежурства согласно колективниот договор. Раководството на Клиничка болница-Штип одржало состаноци со лекарите на сите одделенија, кои испратиле и официјален допис, со кој си ги бараат парите што им следуваат. Предмет на анализа во моментов се дежурствата во изминатите три години, а првичните проценки се дека на лекарите од штипската Клиничка болница треба да им се исплати сума од околу 123.000 евра. Раководството на Клиничка болница-Штип потврдува дека до нив е пристигнато вакво барање од страна на лекарите, а како што велат секојдневно се и зголемува бројката. - Празвиме анализа. Утврдуваме дали или не биле прекршени одредбите од колективниот договор, во однос на исплатата на дежурствата. Тогаш ќе знаеме за која сума се работи по што и ќе бараме конкретни решенија, велат од раководство на штипска Клиничка болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarite-od-shtipska-klinichka-bolnica-baraat-da-im-se-isplatat-dezurstvata-soglasno-kolektivniot-dogovor/feed/ 0