колера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колера – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Eпидемија на колера во Судан, регистриран е 21 смртен случај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/#respond Wed, 27 Sep 2023 12:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=882282

Судан пријави епидемија на колера, со 18 смртни случаи од оваа болест во источната држава Гедареф и три смртни случаи во главниот град Картум. Во Картум, 13 лица се хоспитализирани, со што вкупниот број на сомнителни случаи на цревна инфекција со бактеријата Вибрио се искачи на 265. „Првите сомнителни случаи на колера се регистрирани во селото Катер, државата Гедареф, каде што бројот на сомнителни случаи на колера достигна 265“, се вели во соопштението на суданското Министерство за здравство. Суданскиот синдикат на лекари вчера издаде предупредување за ширење на денга треска, колера, сипаници и маларија во земјата. Невладиниот медицински синдикат ги повика „регионалните и меѓународните здравствени организации и телата на Обединетите нации да пружат помош“. „Широкото ширење на денга треска и колера, а пред тоа и сипаници и маларија, ја потврдуваат кревкоста на здравствениот систем во земјите кои не се погодени од војна“, наведува Синдикатот. Според Светската здравствена организација, епидемии на колера и денга треска се забележани во источен Судан, каде илјадници луѓе пребегнаа поради борбите меѓу армијата и Силите за брза поддршка. Поради вооружениот судир, повеќе од 3.000 луѓе ги загубија животите, десетици илјади се повредени, а повеќе од пет милиони луѓе се раселени, а најголемиот дел од насилството е концентрирано околу главниот град.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/epidemija-na-kolera-vo-sudan-registriran-e-21-smrten-sluchaj/feed/ 0
ОН: Милијарда луѓе се изложени на ризик од колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-milijarda-luge-se-izlozheni-na-rizik-od-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-milijarda-luge-se-izlozheni-na-rizik-od-kolera/#respond Fri, 19 May 2023 18:12:48 +0000 https://kurir.mk/?p=836558

Колерата им се заканува на милијарда луѓе во 43 земји, предупредија денеска Обединетите нации. „Пандемијата ги убива сиромашните пред наши очи и точно знаеме како да ја спречиме, но потребна ни е поголема поддршка и посветеност од меѓународната заедница бидејќи, ако не дејствуваме веднаш, ситуацијата ќе се влоши“, рече Џером Пфафман Замбруни шеф на оддел на УНИЦЕФ за справуавње со кризи во јавното здравство. „Светската здравствена организација проценува дека една милијарда луѓе во 43 земји се изложени на ризик да заболат од колера“, рече неговиот колега Хенри Греј, од Светската здравствена организација . Според него, болеста се шири поради лошите санитарни услови и недостиг од вода за пиење. На организацијата на ОН и се потребни 640 милиони долари за борба против таа заразна болест. СЗО предупредува дека кампањите за вакцинација се соочуваат со многу тешкотии. Годинава 24 земји пријавија епидемии на колера, а лани имаше 15 во средината на мај. Греј го припишува зголемувањето на сиромаштијата, конфликтите, климатските промени и миграцијата на населението во крајно несигурни услови. СЗО мораше да издаде препорака за само една доза од вакцината, наместо две, за да спаси повеќе луѓе, но со ризик заштитата да трае помалку.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-milijarda-luge-se-izlozheni-na-rizik-od-kolera/feed/ 0
Загрижувачки предупредувања во Турција: Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhuvachki-predupreduvana-vo-turtsija-kolera-i-drugi-zarazni-bolesti-gi-zagrozuvaat-oblastite-pogodeni-od-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhuvachki-predupreduvana-vo-turtsija-kolera-i-drugi-zarazni-bolesti-gi-zagrozuvaat-oblastite-pogodeni-od-zemjotresot/#respond Thu, 02 Mar 2023 16:19:34 +0000 https://kurir.mk/?p=807241

Колера и други заразни болести ги загрозуваат областите погодени од земјотресот во Турција доколку не се преземат итни санитарни мерки, предупредуваат лекарите во земјата, пренесува „Хуриет дејли њуз“. Во земјотресот во Турција загинаа над 45 илјади лица, а милиони се погодени од катастрофата. Проф. д-р Ајлем Улаш Саз, член на Катедрата за педијатрија на Егејскиот универзитет, волонтираше во областа на земјотресот заедно со многу негови колеги за да им пружи медицинска помош на настраданите. Педијатри лекуваа речиси 2.000 деца, од кои некои беа спасени од урнатините. Саз истакна дека кај лекуваните деца најчести биле инфекциите на цревата и дишните патишта. Лекарот предупреди дека во регионот има многу проблеми поради лошата хигиена, немање тоалети и соодветна санитација и недостиг на вода. Според експертите, доколку не се преземат превентивни мерки поврзани со хигиената, во зоната на земјотресот може да се појават низа заразни болести - од колера до досега невидени цревни инфекции. Повеќе од 45 илјади луѓе загинаа во двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала и епицентарот во областа Кахраманмарас. Повеќе од 1,97 милиони граѓани се раселени од подрачјето на земјотресот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizhuvachki-predupreduvana-vo-turtsija-kolera-i-drugi-zarazni-bolesti-gi-zagrozuvaat-oblastite-pogodeni-od-zemjotresot/feed/ 0
Во Хаити во последните месеци од колера починале над 500 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/#respond Thu, 26 Jan 2023 15:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=792396

Повеќе од 500 лица починале од колера на Хаити, откако во октомври 2022 година болеста се прошири на ова аостровска земја, соопшти локалниот сајт „Хаити Либре“. Според податоците на сајтот, лекарите држат под опсервација приближно 22.000 лица, а потврдено е дека 1.900 се заразени. Хаити, земја со околу 10,6 милиони жители, е најсиромашната земја на западната хемисфера. Околу 40 отсто од населението немаат постојан пристап до чиста вода. Социо-економската ситуација е влошена од високата инфлација, девалвацијата на националната валута и судирите меѓу уличните банди, во кои веќе загинаа стотици луѓе, потсетуваат агенциите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/feed/ 0
СЗО: Климатските промени ја поттикнуваат колерата низ светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-klimatskite-promeni-ja-pottiknuvaat-kolerata-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-klimatskite-promeni-ja-pottiknuvaat-kolerata-niz-svetot/#respond Sat, 17 Dec 2022 15:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=777029

Климатските промени доведоа до значително поголеми и посмртоносни епидемии на колера пријавени во околу 30 земји оваа година, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО). СЗО информира дека ги следи епидемиите на колера во 30 африкански земји, како и зголемувањето на случаите на Хаити. Истражувачите процениле дека секоја година има од 1,3 до 4 милиони случаи на колера и од 21.000 до 143.000 смртни случаи од колера ширум светот, според податоците на СЗО. – Ситуацијата е сосема без преседан, бидејќи не само што гледаме повеќе епидемии, туку овие епидемии се поголеми и посмртоносни од оние што ги видовме во изминатите години, рече Филип Барбоза, кој го предводи тимот на СЗО задолжен за борба против колера и епидемиска дијареа. Лекарите без граници известија дека оваа година има избивање на колера во бегалските кампови во Либан, Сомалија и Нигерија. Колерата е акутна инфекција предизвикана од Vibrio cholerae која го зафаќа целото тенко црево и се карактеризира со обилна водена дијареа, повраќање, грчеви во мускулите, дехидрација, олигурија и колапс. Колерата погодува околу три до пет милиони луѓе низ светот и е одговорна за меѓу 28.800 – 130.000 смртни случаи годишно. – Она што е повторно многу ново од почетокот на годината и крајот на минатата година е многу видливото влијание на климатските промени, рече Барбоза. Како што рече, повеќето од овие големи епидемии и тоа што се случуваат во исто време, што ја прави ситуацијата многу посложена, е директно влијание на зголемувањето на неповолните климатски проблеми. На пример, рече Барбоза, значителни поплави, невидени монсуни и серија циклони продолжуваат да бидат поттикнати од климатските промени во Африканскиот рог, Сахел и другите делови на светот. – И за жал, работите нема да се сменат наскоро, рече Барбоза. Претставникот на СЗО рече дека колерата е очигледно болест на сиромаштијата и ранливоста. – Тоа е најкревкиот дел од населението во која било земја што е најзагрозен и од едноставна причина: тоа е само затоа што немаат пристап до безбедна вода и основни санитарни услови, додаде Барбоза. Третманот на колера вклучува орална рехидратација за повеќето пациенти и интравенска рехидратација за потешки случаи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-klimatskite-promeni-ja-pottiknuvaat-kolerata-niz-svetot/feed/ 0
Хаити ги доби првите пратки вакцини против колера од СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/#respond Tue, 13 Dec 2022 12:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=774972

На Хаити доставени се повеќе од еден милион дози орални вакцини против колера, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Меѓународната координативна група на СЗО за набавка на вакцини обезбеди 1,17 милиони дози од вакцината Евихол, а се очекуваат уште 500.000 дози во следните неколку недели. – Се надеваме дека оваа прва пратка ќе ја следат и други, и дека вакцината ќе биде достапна за сите ризични групи, изјави Лоре Адриен од Министерството за јавно здравје на Хаити. СЗО најави дека вакцинирањето ќе започне во следните неколку дена, со приоритет на децата и доенчињата од најтешко погодените области. Колерата на Хаити повторно се појави на почетокот на октомври и досега има 280 жртви, од кои значителен број се деца. Здравствената криза е предизвикана од недостиг на храна и чиста вода за пиење.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/feed/ 0
Сирија доби два милиони вакцини против колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dobi-dva-milioni-vakcini-protiv-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dobi-dva-milioni-vakcini-protiv-kolera/#respond Thu, 01 Dec 2022 07:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=769252

Сирија доби два милиони дози вакцини против колера, што е прва испорака откако беше погодена од епидемија на оваа заразна болест во септември, соопшти Министерството за здравство во Дамаск, додавајќи дека тие се обезбедени од УНИЦЕФ и меѓународната организација Гави. Колерата ја опустоши земјата која долго време е зафатена од војна, и поради уништеното здравство и систем за дистрибуција на вода за пиење, тешко се бори со епидемијата, пренесува Бета. Според податоците на Министерството за здравство, од септември во Сирија од колера се заразиле 1.556 луѓе, а починале 49 лица. И сириското Министерство за здравство и Обединетите нации сметаат дека епидемијата потекнува од фактот што луѓето пиеле нечиста вода од реката Еуфрат и ја користеле загадената вода за наводнување на посевите, што резултирало со контаминација на храната. Властите во Дамаск информираа дека вакцинацијата ќе почне овој месец, ќе трае две недели и ќе се спроведува во областите кои се најпогодени од колера, а тоа се околините на градовите Алепо, Деир Езор, Хасака и Рака.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirija-dobi-dva-milioni-vakcini-protiv-kolera/feed/ 0
УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/#respond Wed, 23 Nov 2022 15:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=765507

На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ. Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот. – Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера се помлади од 15 години и се борат за да преживеат, со оглед на сè поголемата неухранетост, изјави претставникот на организацијата Храна за гладни на Хаити, Боби Сендерс. Директорот на канцеларијата за итни операции на УНИЦЕФ, Мануел Фонтен посочи дека сите мора да бидат подготвени за најлошо сценарио. Според податоците од Министерството за здравство на Хаити, од почетокот на октомври, од колера починале повеќе од 200 лица, а уште 9.300 се хоспитализирани. Но, експерти веруваат дека бројот е многу поголем, затоа што луѓето се плашат да побараат помош од лекари. УНИЦЕФ и Владата на Хаити бараат најмалку 28 милиони долари за помош во исхраната, хидратацијата и грижата за 1,4 милиони луѓе погодени од кризата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/feed/ 0
СЗО: Колерата се шири низ Либан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kolerata-se-shiri-niz-liban/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kolerata-se-shiri-niz-liban/#respond Tue, 01 Nov 2022 15:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=754003

Светската здравствена организација денеска соопшти дека колерата се шири низ Либан, со досега забележани повеќе од 1.400 симптоматски случаи во сите делови на земјата. Либанското Министерство за здравство првиот случај на болеста го пријави пред триесеттина дена, кон средината на октомври, а досега се потврдени 381 случаи, од кои 17 со фатален исход. Директорот на регионалната канцеларија за вонредни ситуации на СЗО, Рик Бренан, изјави дека најверојатно бактеријата што ја предизвикува болеста е пренесена од Сирија, каде се пријавени околу 20 илјади случаи заболени со симптоми на колера. Колерата лесно се лекува со медикаменти, но доколку не се третира може да доведе со сериозни компликации, од дехидратација до целосно откажување на бубрезите. Според податоците на СЗО, оваа година низ светот е забележан зголемен број жаришта на болеста, последица на недостиг на чиста вода предизвикан од многу фактори како поплавите, сушите, конфликтите, миграцијата. Поради недостигот од вакцини, СЗО минатиот месец ги смена протоколите, така што наместо со две засега се спроведува вакцинирање со една доза. СЗО има распоредено свој персонал во Либан, со опрема и неопходните ресурси за помош и обука на локалните здравствени капацитети. Организацијата заедно со либанските власти работи на обезбедување барем 600 илјади дози вакцини за населението од најризичните подрачја. Од СЗО посочуваат дека епидемијата серозно ја оптоварува земјата што и онака има потешкоти во справувањето со економската и политичката криза. Покрај отежнатото обезбедување со чиста вода, многу од капацитетите за третман на отпадните води се нефукнционални, а дури и болниците низ земјата се соочуваат со потешкотии во снабдувањето со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kolerata-se-shiri-niz-liban/feed/ 0
ОН предупредуваат на брзо ширење на колерата во Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predupreduvaat-na-brzo-shirenje-na-kolerata-vo-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predupreduvaat-na-brzo-shirenje-na-kolerata-vo-sirija/#respond Wed, 26 Oct 2022 06:18:35 +0000 https://kurir.mk/?p=750475

Обединетите нации предупредија на брзото ширење на колерата во Сирија, соопштувајќи дека се потребни 34,4 милиони долари за тримесечен Акциски план за итни случаи. Турската агенција Анадолија наведува дека службеничката за хуманитарни прашања на ОН, Рина Гелани, го предупредила Советот за безбедност на ОН за епидемијата на колера, која брзо се шири во оваа земја.
Таа изјави дека милиони луѓе во Сирија, земмјата разурната од граѓанската војна, во моментов се соочуваат со недостиг на вода, особено во Хаши, Ал Баб и Алепо. Колерата е заразна болест на тенкото црево предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae. Болеста се шири со конзумирање на загадена вода, ракови, школки и риби и друга храна загадена со секрети од заразени лица.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-predupreduvaat-na-brzo-shirenje-na-kolerata-vo-sirija/feed/ 0