колхицин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 24 Jan 2021 20:02:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колхицин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција го вклучува и колхицинот во терапијата за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-go-vkluchuva-i-kolhicinot-vo-terapijata-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-go-vkluchuva-i-kolhicinot-vo-terapijata-za-kovid-19/#respond Sun, 24 Jan 2021 21:10:13 +0000 https://kurir.mk/?p=459283

По едногласната позитивна одлука на Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, колхицинот се вклучува во протоколот за третман на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Терапијата со колхицин ќе биде за пациенти позитивни на Ковид-19, постари од 60 години, без оглед дали имаат претходни заболувања и за пациенти на возраст од 18-60 години со барем една болест или температура повисока од 38 степени. Според информациите од Министерството за здравство на Грција, колхицинот ќе се дава во форма на апче и само со рецепт, а е безбеден и тестиран лек во повеќе болести и ја намалува воспалителната реакција на организмот. Одлуката на надлежната комисија доаѓа откако биле разгледани неодамнешните научни податоци и по резултатите објавени вчера од канадското истражување за терапијата со колхицин кај пациенти со Ковид-19, според кои има намалување за 44 отсто на смртноста, 25 отсто на хоспитализација и 50 проценти на потреба за интубација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-go-vkluchuva-i-kolhicinot-vo-terapijata-za-kovid-19/feed/ 0