Колинда Грабар Китаровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Feb 2023 12:44:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Колинда Грабар Китаровиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРАВИ ШТО САКА И Е ПОДМЛАДЕНА ЗА 20 ГОДИНИ – Колинда ослабена како никогаш досега, откри и зошто сегде е сама, „не сум веќе ранета волчица!“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pravi-shto-saka-i-e-podmladena-za-20-godini-kolinda-oslabena-kako-nikogash-dosega-otkri-i-zoshto-segde-e-sama-ne-sum-veke-raneta-volchitsa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pravi-shto-saka-i-e-podmladena-za-20-godini-kolinda-oslabena-kako-nikogash-dosega-otkri-i-zoshto-segde-e-sama-ne-sum-veke-raneta-volchitsa/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=795708

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ речиси постојано да е присутна во медиумите. Последен пат беше во месец декември кога се појавуваше на Светското првенство во Катар од каде речиси сите светски медиуми објавуваа и ги следеа нејзините реакции. Овој пат хрватските медиуми и направија интервју по низата фотографии кои ги објави таа на кои е сама, но и драстично ослабена и со променет помлад изглед на себе. На прашањето како изгледа нејзиниот живот откако не е претседател, вели дека повеќе не е ранета волчица и дека сега е своја и праши што сака. Не е членка на ниту една партија и го прави тоа што навистина го сака, вели таа. (Foto: Biljana Blivaj/Cropix) Она што најмногу сите ги интересира беше зошто таа се појавува сама насекаде и каде е нејзиниот сопруг Јаков. „Не сака тој ниту до ден денес да се експонира во јавноста. Не е личност која сака јавни настани, но кога мораше одлично го извршуваше тоа. Многу медиуми го молеа за интервјуа додека бев претседателка, но остана принципиелен и не се појави никаде“, раскажува отворено за својот сопруг Колинда.
Инаку на социјалните мрежи Колинда е се поактивна, а коментарите од следбениците и се само позитивни во врска со нејзиниот подмладен и ослабен изглед.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pravi-shto-saka-i-e-podmladena-za-20-godini-kolinda-oslabena-kako-nikogash-dosega-otkri-i-zoshto-segde-e-sama-ne-sum-veke-raneta-volchitsa/feed/ 0
Целиот свет зборува за поранешната претседателка на Хрватска поради тоа што го покажа со рацете – друштво на трибините и правеа и овие фудбалски легенди! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/celiot-svet-zboruva-za-poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-poradi-toa-shto-go-pokaza-so-racete-drushtvo-na-tribinite-i-pravea-i-ovie-fudbalski-legendi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/celiot-svet-zboruva-za-poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-poradi-toa-shto-go-pokaza-so-racete-drushtvo-na-tribinite-i-pravea-i-ovie-fudbalski-legendi-foto/#respond Wed, 14 Dec 2022 10:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=775375

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ вчера го гледаше полуфиналниот меч помеѓу Хрватска и Аргентина на Светското првенство на кое „огнените“ за жал загубија со 3:0. Таа во вип ложата имаше интересно друштво, па во близина на поранешната претседателка седеа бројни познати личности и славни фудбалери. Меѓу нив беше и легендарниот Роналдињо, а друштво му правеа Роберто Карлос и Кафу, но покрај бразилците беа и легендарните италијански икони Александро Дел Пиеро и Марко Матераци. Меѓу нив беа и претседателите на УЕФА и ФИФА, а она на што светските медиуми најмногу им остави впечаток секако беше стајлингот на Колинда. Освен тоа таа по поразот веднаш им упати порака на репрезентативците покажувајќи им срце направено од нејзините раце. „Респект“. Зборовите кои најчесто ги слушаме овде во Доха по вечерашниот натпревар. „нација од четири милиони луѓе, а на врвот на светот. Хрватска гордост“, напиша Колинда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/celiot-svet-zboruva-za-poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-poradi-toa-shto-go-pokaza-so-racete-drushtvo-na-tribinite-i-pravea-i-ovie-fudbalski-legendi-foto/feed/ 0
ФОТО: Колинда Грабар во кошула од 1800 евра на трибините во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kolinda-grabar-vo-koshula-od-1800-evra-na-tribinite-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kolinda-grabar-vo-koshula-od-1800-evra-na-tribinite-vo-katar/#respond Tue, 29 Nov 2022 17:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=768406

Поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ од трибините го следеше вчерашниот натпревар помеѓу Бразил и Швајцарија. Грабар деновиве го привлекува внимание на модните критичари и вљубениците во модата благодарение на нејзините стајлинзи.
Кога ги бодреше своите сонародници од трибините, Грабар беше облечена во модифицирана народна носија, а на време на вчерашниот натпревар поранешната претседателка беше стилизирана во кошула чија вредност е околу 1800 евра. Кошулата е од познатиот бренд „Louis Vuitton“, со потпис на неодамна починатиот американски дизајнер Вирџил Абло.
На социјалните мрежи Грабар објаснила зошто се одлучила да се појави токму со оваа кошула на натпреварот.
„Во спомен на легендарниот дизајнер Вирџил Абло, голем вљубеник во Хрватска и „ватрените“, кој почина точно на денешен ден (28.11.2022) пред една година. Ја носев неговата кошула. Му благодарам на овој преубав подарок“ – напишала таа. Уметничкиот директор на „Louis Vuitton“, основач и извршен директор на модната куќа „Off-White“, Вирџил Абло мината година ја изгуби битката со ракот на само 41 годишна возраст.
Абло ја основаше модната куќа за врвна улична облека „Off-White“ во 2013 година. Во 2018 година, Луј Витон го ангажираше како уметнички директор на „ready-to-wear” линијата за машка облека, со што стана првиот обоен уметнички директор на брендот. Абло зад себе ги остави сопругата Шенон, нивните две деца Лоу и Греј, неговата сестра Едвина и родителите Ни и Јунис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-kolinda-grabar-vo-koshula-od-1800-evra-na-tribinite-vo-katar/feed/ 0
КОЛИНДА ПОВТОРНО ЅВЕЗДА И НА ОВА СП ВО КАТАР – поранешната хрватска претседателка во комбинација во која гледаше целиот свет (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolinda-povtorno-dzvezda-i-na-ova-sp-vo-katar-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-vo-kombinacija-vo-koja-gledashe-celiot-svet-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolinda-povtorno-dzvezda-i-na-ova-sp-vo-katar-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-vo-kombinacija-vo-koja-gledashe-celiot-svet-foto/#respond Mon, 28 Nov 2022 08:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=767396

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е ѕвездата која го украде шоуто во Катар. Пред натпреварот помеѓу Хрватска и Канада таа замина да ги поздрави навивачите кои се загреваа за фудбалскиот спектакл, а тие ѝ возвратија со „Због једне дивне црне жене“. Никогаш не знаеш на кого ќе налеташ на Мундијалот! Одлична и искрена интеракција на поранешниот претседател со фановите – стои во описот на снимката.
Грабар Китаровиќ подоцна дојде од трибините, односно од свечената ложа за да ги бодри хрватските фудбалери. Како што најави, облекла народна носија која во ткаењето има црвено-бели полиња, а ја искомбинирала со ланче од корали. Кодексот на облекување на свечената платформа дозволува свечено одело или традиционална облека, односно национална носија. Патем, тоа е правило и во дипломатијата. Националната носија е многу прифатен начин на облекување во свечени пригоди. Така ќе ме видите во типични хрватски и црвено-бели комбинации на одела и костими или нивни комбинации, што е одлична промоција на Хрватска, најави претходно Грабар-Китаровиќ.
Инаку Колинда ќе биде запаметена по Светското првенство во Русија кое се одржа во 2018 година, кога целиот свет дозна како страсно навива од трибините, но и од теренот за својата репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kolinda-povtorno-dzvezda-i-na-ova-sp-vo-katar-poraneshnata-hrvatska-pretsedatelka-vo-kombinacija-vo-koja-gledashe-celiot-svet-foto/feed/ 0
Поранешната претседателка на Хрватска беше во операциона сала: Лекарите и го оперираа вратот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-beshe-vo-operaciona-sala-lekarite-i-go-operiraa-vratot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-beshe-vo-operaciona-sala-lekarite-i-go-operiraa-vratot/#respond Sat, 12 Sep 2020 18:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=402437

Пред неа е долго закрепнување... Во петокот поранешната претседателка на Хрватска и член на Меѓународниот олимписки одбор, Колинда Грабар - Китаровиќ беше оперирана на вратот, дознаваат хрватските медиуми. Лекарите и го оперирале вратот, а операцијата поминала во најдобар ред и Колинда уште во саботата била пуштена на домашно лекување. По операцијата ќе и бидат потребни неколку месеци за да закрепне. Таа беше на операција, за да и се намали притисокот на дискот врз нервните нерви, односно 'рбетниот мозок, пушува Јутарњи лист. Инаку, пред три години, лекарите ја предупредиле поранешната претседателка дека мора да забави со претседателските должности поради дискус гернијата која пронашле во цервикалниот 'рбет, а исто така и откриле и помала хернија во долниот дел на 'рбетот. Тпгаш немала потреба од операција, а поранешната претседателка замина на на физикална терапија поради болката која и се ширела од вратот до десната рака.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshnata-pretsedatelka-na-hrvatska-beshe-vo-operaciona-sala-lekarite-i-go-operiraa-vratot/feed/ 0
Пленковиќ и Колинда беа на турнирот во Задар, премиерот на Хрватска ќе се тестира за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-i-kolinda-bea-na-turnirot-vo-zadar-premierot-na-hrvatska-kje-se-testira-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-i-kolinda-bea-na-turnirot-vo-zadar-premierot-na-hrvatska-kje-se-testira-za-koronavirus/#respond Mon, 22 Jun 2020 09:20:14 +0000 https://kurir.mk/?p=360708

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот сопруг беа забележани на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде што финалето беше откажано бидејќи беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров заболел од коронавирус, јавуваат медиумите. Пленковиќ се поздравил со некои тенисери во Задар, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои во тие денови биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс“, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание. Димитров се дружел со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број на деца како дел од Денот на децата. Премиерот Андреј Пленковиќ во саботата беше во Задар на „Адрија тур“. Тој беше во публиката и се сретна со Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ. Владата уверува дека тој не бил во близок контакт и дека не се ракувал со никого. „Премиерот не беше во контакт со Чориќ или Димитров. Тој беше во контакт со Иванишевиќ, Чилиќ и Ѓоковиќ, со кого помина кратко време во разговор. Се работеше за неколку минути“, изјавија од владата за „Индекс“. Владата додава дека немало близок контакт. „Иако немаше близок контакт, премиерот ќе биде тестиран денес, поради новонастанатата состојба во Задар на тенискиот турнир, како одговорен граѓанин“, пишува „Индекс“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/plenkovikj-i-kolinda-bea-na-turnirot-vo-zadar-premierot-na-hrvatska-kje-se-testira-za-koronavirus/feed/ 0
Колинда покажа среден прст, кога жените ќе дознаат зошто – сите ќе ја поддржат! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-pokaza-sreden-prst-koga-zenite-kje-doznaat-zoshto-site-kje-ja-poddrzat-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-pokaza-sreden-prst-koga-zenite-kje-doznaat-zoshto-site-kje-ja-poddrzat-foto/#respond Fri, 19 Jun 2020 10:14:42 +0000 https://kurir.mk/?p=359804

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ реагираше на неодамнешните изјави на Мирослав Шкоро и Нино Распудиќ во врска со абортусот, во случајот кога жените се силувани. -Јас им се придружувам на сите жени кои со овој непристоен  чин го покажуваат својот став и го креваат својот глас против оние што се обидуваат да нè одведат со векови наназад. Времето помина кога жената седеше во ќош и чекаше што би рекле „баја“.  Отсекогаш сум била за живот, но и за живот кој има право на избор. Нема притисок, нема стигматизација и уцени, особено во најчувствителните животни ситуации како силување. Затоа, како знак на поддршка, јас го кревам средниот прст за нас жените и нашите права, но и за мажите кои не поддржуваат, рече поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за„ Јутарњи “. За потсетување, Мирослав Шкоро изјави дека ако жената забремени, откако ќе биде силувана, ќе мора да се договори со семејството за тоа што ќе прави, а Распудиќ рекол дека абортусот не треба да се дозволи ниту на силуваните жени. Овие изјави беа проследени со лавина реакции на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-pokaza-sreden-prst-koga-zenite-kje-doznaat-zoshto-site-kje-ja-poddrzat-foto/feed/ 0
Колинда Грабар-Китаровиќ за последен пат како хрватски претседател во посета на Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-grabar-kitarovikj-za-posleden-pat-kako-hrvatski-pretsedatel-vo-poseta-na-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-grabar-kitarovikj-za-posleden-pat-kako-hrvatski-pretsedatel-vo-poseta-na-slovenija/#respond Wed, 12 Feb 2020 14:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=303007

Хрватската претседателка во заминување Колинда Грабар-Китаровиќ својата последна официјална посета ја има во Словенија. Таа во претседателската палата беше пречекана со својот колега Борут Пахор, јави дописникот на МИА од Љубљана. Пахор беше среќен што Грабар-Китаровиќ одлучи нејзиното последно службено патување да биде во соседна Словенија. -Не се работи за тоа дека сме две соседни и пријателски држави. Се работи за тоа дека ние двајца напорно работивме тоа да биде така – изјави Пахор. Ова денеска беше нивната 39 средба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kolinda-grabar-kitarovikj-za-posleden-pat-kako-hrvatski-pretsedatel-vo-poseta-na-slovenija/feed/ 0
Гаф на Колинда: Ги повика граѓаните да гласаат за нејзиниот противкандидат Милановиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gaf-na-kolinda-gi-povika-gragjanite-da-glasaat-za-nejziniot-protivkandidat-milanovikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gaf-na-kolinda-gi-povika-gragjanite-da-glasaat-za-nejziniot-protivkandidat-milanovikj/#respond Sun, 29 Dec 2019 13:44:04 +0000 https://kurir.mk/?p=283553

За време на гостувањето на телевизијата Н1, кандидатката за хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ ги повика граѓаните на изборите, да го заокружат бројот 1. Под овој број, во вториот круг на претседателските избори во Хрватска се наоѓа нејзиниот противкандидат Зоран Милановиќ, јави дописникот на МИА од Загреб. –Почитувани гласачи, ве повикувам да излезете на изборите на 5 јануари и да го дадете својот глас за Хрватска која ќе го продолжи процесот на раст и развој и за Хрватска која знае и може подобро, Хрватска која е горда на своите вредности и нема комплекс на помала вредност и во светот е рамноправен соговорник. Ве повикува да го заокружите бројот еден на гласачкото ливче, изјави Грабар-Китаровиќ. Оваа информација прв ја пренесе порталот 24sata.hr, а коментарите во Хрватска се дека се работи за очигледен гаф на Грабар-Китаровиќ на само една недела до решавачкиот круг избори. Од хрватската Државна изборна комисија кажаа дека прв на гласачкото ливче според правилата е кандидатот кој освоил најмногу гласови во првиот круг, а тоа е Милановиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gaf-na-kolinda-gi-povika-gragjanite-da-glasaat-za-nejziniot-protivkandidat-milanovikj/feed/ 0
Аналитичари: Актуелната хрватска претседателка ќе добие втор мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/analitichari-aktuelnata-hrvatska-pretsedatelka-kje-dobie-vtor-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/analitichari-aktuelnata-hrvatska-pretsedatelka-kje-dobie-vtor-mandat/#respond Mon, 23 Dec 2019 09:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=281000

По првиот круг на претседателските избори во Хрватска, на кои најмногу гласови освоија социјалдемократот Зоран Милановиќ и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, политичките аналитичари укажуваат дека резултатот во вториот круг ќе зависи од гласачите на независниот кандидат Мирослав Шкоро. Аналитичарот Жарко Пуховски вели дека изборите, на кои Милановиќ освои 29,57 отсто од гласови, Грабар-Китаровиќ 26,64, а Шкоро 24,4, ја покажуваат моќта на двете традиционално најсилни политички партии во Хрватска – ХДЗ и СДП. – Изборите покажаа дека станува збор за соочување на партиите. СДП, над сите очекувања успеа да постигне добри резултати, подобри од што покажуваа предизборните анкети, вели Пуховски за порталот Индекс, предвидувајќи дека во вториот круг ќе победи актуелната претседателка. – Милановиќ е формално победник во првиот круг од изборите, но неговиот резултат ниту одблиску не е таков што би му давал какви било шанси во вториот круг, изјави за Хина хрватскиот политички аналитичар Давор Џенеро. Гласовите од десницата на овие избори беа поделени меѓу Шкоро, кој повеќе гласови доби во Славонија, и Грабар-Китаровиќ, која беше повлијателна во Далмација, се согласуваат политичките аналитичари. За она што ќе се случува во вториот круг, Џенеро и Пуховски се согласни дека мнозинството гласови кои ги доби Шкоро ќе се прелеат кај кандидатката на ХДЗ, што ќе и донесе победа. – Гласовите од Шкоро, во однос два спрема еден, ќе отидат кај Грабар-Китаровиќ, додека една третина нема да излезат на избори, што ќе биде доволно таа да победи, оцени Пуховски. Грабар-Китаровиќ освои најмногу гласови во странство од сите кандидати во првиот круг. За неа надвор од Хрватска гласале 54,3 отсто од гласачите, за Шкоро 34,26, а за Милановиќ 5,84 отсто. Во резултатите од странство се уште не се пристигнати гласовите од прекуокеанските земји – Аргентина, Бразил, Чиле, Канада и САД. Хрватските иселеници имаа можност да гласаат во 47 земји, а актуелната претседателка победи во 15 од нив, додека во Русија и Холандија има ист број гласови со Милановиќ, кој победи во 14 држави. За Шкоро најголем број избирачи гласале во 11 земји, меѓу кои и Германија, каде за неаго гласале 55,43 отсто од избирачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/analitichari-aktuelnata-hrvatska-pretsedatelka-kje-dobie-vtor-mandat/feed/ 0