колска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Oct 2022 13:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Разрешен е директорот, менаџерскиот тим, управниот и надзорен одбор на Колска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/#respond Thu, 13 Oct 2022 13:16:05 +0000 https://kurir.mk/?p=744841

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција изјави дека директорот, менаџерскиот тим, управниот и надзорниот одбор на Колска се разрешени, откако денеска работниците излегоа на протест пред Владата. - Еве денес имаме штрајк пред Владата на претпријатието Колска, каде вработените се дојдени тука, а директорот го нема, ги нема и членовите на Управниот одбор.Тие треба да бидат со работниците. Ние како влада во изминатиот период имаме дадено 35 милиони на тоа јавно претпријатие, коишто финансиски средства се истрошени, работниците немаат плата. Кога ги видовме извештаите дали е намален долгот во изминатиот период, дали е зголемено производството и услугата којашто тие ја даваат, дали се намалени трошоците – не се. Поради ова предложив на Влада и директорот и целиот менаџерски тим, и надзорен и управен одбор веднаш да бидат разрешени, изјави Ковачевски. И со оглед на тоа што јас излегов од Влада, да ја одржам оваа прес-конференција, доколку е завршена претпоставувам и дека тие веќе се разрешени и таму ќе има нов менаџерски тим, додаде Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshen-e-direktorot-menadzerskiot-tim-upravniot-i-nadzoren-odbor-na-kolska/feed/ 0
Вработените на „Колска“ бараат средба: Ако дојде до затворање на фирмата, 74 вработени ќе останат без работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-kolska-baraat-sredba-ako-dojde-do-zatvoranje-na-firmata-74-vraboteni-kje-ostanat-bez-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-kolska-baraat-sredba-ako-dojde-do-zatvoranje-na-firmata-74-vraboteni-kje-ostanat-bez-rabota/#respond Thu, 13 Oct 2022 08:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=744629

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“, кои денеска протестираат во Скопје, бараат средба со владини претставници за да се најде решение за нивниот проблем со блокираната сметка поради која не можат да функционираат. – Чекаме некој од надлежите да се одважи и да не прими. Проблемите во „Колска“ се веќе подолго време, а решение нема. Затоа сме дојдени пред Владата да ни кажат дали „Колска“ ќе работи и како ќе работи. Бараме да ни кажат што понатаму, велат вработените. Доколку се затвори фабриката, како што посочуваат, вработените ќе останат без работа, а сервисирањето на вагоните на „Македонски железници“ ќе се прави во други држави затоа што „Колска“ е единствената фабрика кај нас која ги сервисира вагоните. – Ако дојде до затворање на фирмата, 74 вработени ќе останат без работа, а вагоните на „Македонски железници“ ќе мора да се сервисираат во други држави, ќе има одлив на девизи по други држави, посочија вработените во „Колска“. Сметката на „Колска“ е блокирана поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен во периодот од 2013 до 2017 година. Поранешното раководство на фабриката не плаќало ДДВ поради што е направен долгот. – Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, изјави вчера директорот на „Колска“ Мите Јанков. Вработените вчера претпладне два часа го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-kolska-baraat-sredba-ako-dojde-do-zatvoranje-na-firmata-74-vraboteni-kje-ostanat-bez-rabota/feed/ 0
Два часа блокиран железничкиот сообраќај на станицата во Велес, вработените на „Колска“ на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/#respond Wed, 12 Oct 2022 10:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=744215

Седумдесетина вработени на велешката фабрика за шински возила „Колска“ предводени од Синдикатот, кој е членка на ССМ, утрово од 07 до 09 часот го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес. Вработените предводени од Синдикатот на „Колска“, како што велат, се револтирани поради тоа што веќе пет-шест месеци Управата за јавни приходи им ја блокира сметката поради заостанат долг од околу 650 илјади евра за периодот од 2013 до 2017 година. Во изјава за МИА директорот на „Колска“ Мите Јанков вели дека бараат од УЈП итно одблокирање на сметката за да можат да набават репроматеријали и да можат да платат струја и други комунални трошоци. -Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, вели Јанков. Според Јанков, заостанатиот долг ќе можат да го платат во зависност од тоа кога ќе имаат прилив на средства. – Ни ја блокираа сметката и не можеме да работиме редовно, а ни бараат да враќаме редовно, изјави Јанков. Бараат од Владата итно да им помогне и за утре планираат да дојдат на протест во Скопје. Јанков, кој го подржува Синдикатот на „Колска“, утре најави дека ќе обезбеди автобуси за работниците до Скопје и назад. Велат, ако се затвори „Колска“, тогаш ќе нема кој да ги репарира вагоните на Железници и ќе мора да се носат во Србија, Грција или Бугарија. Во моментот во работилницата на „Колска“ имаат 25 товарни вагони за репарација и еден патнички вагон, кои треба да бидат направени до Нова година. „Колска“ е единствена фабрика со ваква намена во земјава која порано беше во состав на Железници. Преостанатите 70 од некогашните 350 вработени со години бараат повторно да бидат во состав на Железници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dva-chasa-blokiran-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-vrabotenite-na-kolska-na-protest/feed/ 0
Протест со блокирање на железничкиот сообраќај на станицата во Велес на вработените од „Колска” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-so-blokiranje-na-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-na-vrabotenite-od-kolska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-so-blokiranje-na-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-na-vrabotenite-od-kolska/#respond Thu, 28 Jul 2022 08:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=711218

Вработените на фабриката за шински возила „Колска“ предводени од синдикатот утрово со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес и гласни сирени го искажаа својот револт кон УЈП заради шесмесечното блокирање на фабричката жиро сметка, како и кон Владата и на надлежниото Министерството за транспорт и врски за нерешавање на статусот на оваа државна фирма веќе 20 години. Како што информира денеска на протестот Тони Арсовски претседател на фабричкиот синдикат при ССМ, поради блокадата од страна на УЈП тие веќе три месеци не можат да го исплаќаат долгот на рати кој што е од висина од 37 милиони денари, односно не може да набават репроматеријали за работа односно за репарација на 20 соварни и 1 патнички вагон. Воедно очекуваат да им пристигнат уште 10 цистерни од фирмата „Оилко”. Арсовски од името на вработените побара итна помош од надлежните бидејќи вчера добиле допис од УЈП за присилна наплата на долгот во деловни простории и погони на фабриката „Колска” во вредност од долгот, 37 милиони денари. -Освен итно деблокирање на сметката од страна на УЈП, ние од надлежните, Владата и министерството бараме конечно решавање на статусот на фирмата со што ќе запре нашата агонија. Ние веќе 20 години и сега како најприфатливо решение за вработените од „Колска“, бараме таа да биде во состав на ЈП Македонски железници затоа што основната дејност на нашата фабрика е репарација на железнички вагони,како што бевме порано, потенцира Арсовски. Тој информира дека овие барања тие веќе пред еден месец ги испратиле до премиерот Димитар Ковачевски. Пред еден месец во разговор со вицепремиерот Фатмир Бетиќи им било ветувано дека некој ќе ја купи фабриката, но сето тоа пропаднало. -Пред еден месец ни прати порака и дека ќе ги посети работниците но засега ништо од тоа ветување појасни Арсовски. Тој информира дека со блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес ќе излезат и утре и понатаму се додека некој од надлежните во владата и министерствата не дојдат и не разговараат со вработените во фабриката за решавање на нивните проблеми, а пред сѐ под итно да им се одблокира сметката од страна на УЈП. Во спротивно ќе продолжат и со протести пред Владата. Од некогашните 300 вработени пред 20 години, поради пензионирање и непримање на нови работници сега се останати 76, а поради старосната граница над 55 години, за две години сегашниот број на работници ќе се преполови. Арсовски информира и дека веќе 4 месеци вработените се под минималната плата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-so-blokiranje-na-zeleznichkiot-soobrakjaj-na-stanicata-vo-veles-na-vrabotenite-od-kolska/feed/ 0
Владата сè уште без план за „Еурокомпозит“ и „Колска“, вработените на улица и без плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/#respond Fri, 25 Sep 2020 11:00:19 +0000 https://kurir.mk/?p=408389

Шеесеттина вработени во компанијата „Еурокомпозит“ се оставени без плата осум месеци. Вработените буквално се оставени на улица. -Во„Еурокомпозит" има претставник на капиталот и се разговара со менаџментот за надминувањето на проблемите, изјави во февруари годинава тогашната вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска одговарајќи на прашањето за ситуацијата во наменската фабрика „Еурокомпозит" каде вработените, околу 60, во последно време протестираат и немаат работа, а им е неизвесна и судбината. Вработените се и без здравствено осигурување. -Осум месеци немаме земено плата, немаме здравствено осигурување, државата целосно заборави на нас, како да не постоиме. Иако Зоран Заев уште во 2017-та година ни ветуваше дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а ние ќе си ги добиеме нашите плати и придонеси, нè излажа. Неколку пати излегувавме на протест, остваривме средби со претставнициод власта, но ништо од тоа не помогна, раскажува вработен од „Еурокомпозит“. Имено, Заев на неколку пати вети решавање на проблемот со „Еурокомпозит“, но очигледно дека заборави на овој проблем. Тој и во јануари минатата година на прес конференција тврдеше дека е „Еурокомпозит" ќе има успешна трансформација. -Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме,ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на „Еуркомпозит“, рече Заев на прес конеференцијата минатата година. Истиот овој проблем го имаа и вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес. Исто така и тие излегуваа неколку пати на протест поради неисплатените плати, немањето средства за да можат да работат и нерешавањето на статусот на Друштвото, кое е во државна сопственост. Не само Зоран Заев, туку и Кочо Анѓушев кога ја извруваше фунцијата вицепремиер за економски прашања вети дека и за „Колска" и за „Еурокомпозит" има иднина и заинтересирани инвеститори и дека ќе има потреба од поголем број на вработени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-se-ushte-bez-plan-za-eurokompozit-i-kolska-vrabotenite-na-ulica-i-bez-plata/feed/ 0
И по средбата со Анѓушев, вработените од „Колска“ не ја добија договорената исплата на плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-sredbata-so-angjushev-vrabotenite-od-kolska-ne-ja-dobija-dogovorenata-isplata-na-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-sredbata-so-angjushev-vrabotenite-od-kolska-ne-ja-dobija-dogovorenata-isplata-na-plati/#respond Tue, 17 Apr 2018 13:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=41994

Стотина вработени од Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес со двочасовна блокада на возовите на железничката станица во Велес и денеска протестираа барајќи исплата на заостанатите плати и решение на статусот на фабриката. Претседателот на Синдикатот на „Колска“ Слободан Димитриевски информираше дека тие бараат исплата на заостанатите плати за септември и октомври 2017 и две ипол плати за годинава. По средбата со вицепремиерот Кочо Анѓушев од пред еден месец им била исплатена само половина плата за март иако тие го сработиле договореното односно поправени се 15 од договорените 34 товарни вагони и еден патнички вагон. -Ние сме револтирани што тогаш беше договорено МЖ Транспорт редовно да ни ги исплаќа платите, а тие доцнат со исплатата. Воедно сме револтирани што на овој состанок пред еден месец со вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорите на ЈП Македонски Железници ни беше речено дека фабриката ќе се продава, а наместо да се припои кон МЗ како што ние баравме и како што тие претходно ни ветија, потенцира Димитриевски. Тој потсетува дека „Колска“ била во состав на МЖ се до 1996 година од кога започнала агонијата на вработените. Тие цело време бараа повторно припојување кон МЖ за кога ја извршуваат и целата своја работа, поправка на шински возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-po-sredbata-so-angjushev-vrabotenite-od-kolska-ne-ja-dobija-dogovorenata-isplata-na-plati/feed/ 0
Додека Заев скија во Италија, излажаните работници од „Колска“ четири месеци без плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-zaev-skija-vo-italija-izlazanite-rabotnici-od-kolska-chetiri-meseci-bez-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-zaev-skija-vo-italija-izlazanite-rabotnici-od-kolska-chetiri-meseci-bez-plata/#respond Thu, 11 Jan 2018 10:41:47 +0000 http://kurir.mk/?p=9375

Додека премиерот Зоран Заев си одмара на зимскиот одмор во Италија, вработените Колска четири месеци се без плата и се уште чекаат остварување на ветувањето за трајно решавање на статусот на фабриката и обезбедување на работниот однос на вработените во неа. Сепак место остварување на ова ветување, вработените во фабриката за шински делови „Колска“ од Велес, во текот на новогодишните и божиќни празници четири месеци чекаат плата. Средба со претставници на вработените од „Колска“ во септември оваа година оствари и вицепремиерот во Владата на Заев, Кочо Анѓушев, кој вети решавање на проблемот на вработените, што очигледно претставува само уште едно од многуте лажни ветувања на актуелната власт. -Проблемот на „Колска“ ќе биде решен, за тоа Владата издвои 15 милиони денари со кои делумно ќе биде зголемен капиталот на Колска. Тоа е единственото законско решение кое може да биде применето. За да се оствари тоа, потребно е да се поминат законски процедури. За да се отстрани проблемите со на УЈП, поради што имаат блокада за неплатени даноци, потребно е да се направат законски постапки. Потребно е одредено време. Тоа утрово на вработените им го објаснив, како тие обврски ќе се завршат, за колку време ќе се завршат, како ќе се обезбеди работи. Најдоа разбирање и сфатија дека тоа е единственото решение. Ние како Влада ќе ги исполниме обврските, таа е сопственик на ‘Колска’. За недела до десет дена ќе добијат две плати и ќе се обезбедат ресурси за да може продолжи Колска непречено да работи. Решението за Колска треба да биде долгорочно, а не да се земе една две плати. Работиме со Македонски железници инфраструктура, со други оператори кои имаат вагони, да обезбедиме долгорочна работа. Не знам многу политика, но знам како се работи во фабрика. Јас тоа што го знам како човек од индустријата, ќе се обидам да го одработам за државата и државните капацитети“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во септември 2017 година. Покрај Анѓушев, средба со вработените од „Колска“ имаше и премиерот Зоран Заев, тој тогаш на нив им соопштил дека презема одговорност веднаш да се почне со решавањето на проблемот на вработените и дека ќе се изнајде трајно решение за статусот на фабриката. Но, очигледно и ова е само уште од лажните ветувања на власта предводена од СДСМ. Граѓаните коментираат дека место на оди на зимски одмор во Италија, премиерот Заев би требало да се фати за работа и да почне да ги решава проблемите на граѓаните, за кои и сам вети дека ќе ги реши. Во јавноста гласно се коментира и што би можел Заев да реши место да одмори во овие моменти, покрај проблемите на вработените од „Колска“, граѓаните велат дека Заев би можел бара решенија за загадениот воздух, а не додека граѓаните во Македонија дишат воздух опасен по животот, воздух кој ги наполни клиниките, тој да избега на зимски одмор, на чист воздух во Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-zaev-skija-vo-italija-izlazanite-rabotnici-od-kolska-chetiri-meseci-bez-plata/feed/ 0