колумбо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Jun 2020 07:30:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колумбо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД: Демонстранти уриваа статуи на Колумбо и Џеферсон Дејвис (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/#respond Thu, 11 Jun 2020 07:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=356437

Статуи на Кристофер Колумбо и поранешниот претседател на Конфедеративните Американски Држави, Џеферсон Дејвис беа урнати за време на протестите против расизмот и полициската бруталност во сојузните држави Минесота, Вирџинија и Масачусетс. Искршена е главата од статуа на Христофер Колумбо во Бостон, соопшти полицијата синоќа, по повици на демонстранти за отстранување на статуи кои се знак на сеќавање на колонизатори и робовладетели, што ги зафаќаат САД по протестите против расизмот. Статуа на Колумбо, исто така, беше вандализирана во центарот на Мајами, а друга беше отстранета и фрлена во езеро во неделата во Ричмонд, Вирџинија. Демонстрантите со помош на јажиња ја урнаа бронзената статуа на Колумбо во градот Сент Пол во Минесота. Демонстрантите наведоа дека според нив, Колумбо е симбол на геноцид врз Индијанците. Додадоа дека неколкупати се обиделе да ја отстранат статуата преку политички процес, но не успеале. Државните патролни војници, со шлемови што го обезбедуваа комплексот Капитол во Минесота, стоеја на оддалеченост, и не се обидоа да ги запрат демонстрантите, кои подоцна го прославија уривањето на статуата пеејќи индијански песни. Сличен инцидент се случи во Ричмонд, каде демонстрантите ја урнаа статуата на претседателот на Конфедерацијата Џеферсон Дејвис. Минатата недела гувернерот на Вирџинија нареди отстранување на статуа на еден од хероите на Конфедерацијата, генерал Роберт Лиј. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-demonstranti-urivaa-statui-na-kolumbo-i-dzeferson-dejvis-video/feed/ 0
Вашингтон наместо Колумбо ги слави Индијанците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/#respond Sun, 13 Oct 2019 07:49:20 +0000 https://kurir.mk/?p=251000

Градските власти на Вашингтон соопштија дека „празникот на Кристофер Колумбо“, првиот европски колонизатор, кој стигна во Америка и чии критичари ги осудуваат сторените злосторства, ќе го заменат со прослава на американските Индијанци. Денот на Колумбо официјално стана федерален празник во 1937 година и „покрај фактот што Колумбо не ја откри Северна Америка, дека во време на неговото доаѓање во Северна Америка веќе живееле милиони луѓе и дека тој никогаш не стапнал на брегот на денешните САД, изјави локалниот претставник Дејвид Гросо образложувајќи ја одлуката. Гросо наведе дека морепловецот од Џенова „испратил во ропство, колонизирал, осакатил и масакрирал илјадници и илјадници Индијанци во Америките“. Повеќе американски сојузни држави, како Мејн, Вермонт, Њу Мексико и Хаваи, како и повеќе од сто града веќе го „преименувале“ октомврискиот празник во чест на автохтоните заедници. – Оваа промена е можност за подигнување на свеста за единствената и богата историја на оваа земја, која е блиску поврзана со првите народи кои живееја во неа и која е постара од патувањата на Кристофер Колумбо, соопшти Националниот конгрес на американските Индијанци. Одлуката на градот Вашингтон сепак сите не ја прифатија добро. Од Федерацијата на Италоамериканците ја оценија како „презирна, вознемирувачка и раздорна“ и апелираа до американската престолнина „повторно да ја разгледаат“ промената на празникот што го слават „повеќе од 20 милиони Италоамериканци“. Според податоците, првата средба на европските колонизатори и индијанското племе Накочтанк, кое живееше на просторот на денешен Вашингтон, се случи во 1608 година. Во текот на следните 40 години исчезнаа три четвртини од автохтоното население, како жртви на болестите што ги донесоа Европејците или поради војната со колонизаторите. БЕТА – Белград ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-namesto-kolumbo-gi-slavi-indijancite/feed/ 0
САД и вратија на Шпанија писмо на Колумбо вредно 900.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-i-vratija-na-shpanija-pismo-na-kolumbo-vredno-900-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-i-vratija-na-shpanija-pismo-na-kolumbo-vredno-900-000-evra/#respond Sat, 09 Jun 2018 16:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=63786

Американските власти соопштија дека писмото му било предадено на шпанскиот амбасадор во САД, а пронајдениот примерок е украден во 2005 година во Барселона. Писмото, кое било упатено до кралот Фердинанд и кралицата Изабела, е едно од 16-те копии кои биле изработени по барање на Колумбо. Во него се опишани откритијата на морепловецот во новиот свет. Писмото било украдено на тој начин што било заменето со фалсификувана копија, која била откриена дури во 2012 година, откако се појавила информација дека повеќе примероци од писмото се украдени од европските архиви. Со истрагата било утврдено дека примерокот украден во Барселона прво бил продаден за 600.000 евра, а потоа во 2011 година бил препродаден за цена од 900.000 евра. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/sad-i-vratija-na-shpanija-pismo-na-kolumbo-vredno-900-000-evra/feed/ 0