колумна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 13:43:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колумна – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Ќе поскапела струјата за 20 отсто? Не се секирајте, ако умрете, нема ни да го почувствувате поскапувањето! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/#respond Thu, 02 Nov 2023 13:42:35 +0000 https://kurir.mk/?p=895836

Поскапувањето на струјата за 20 отсто, најавено од премиерот Ковачевски, се чини дека е последниот колец врз веќе економски мртвото тело на македонскиот народ и граѓаните на Македонија. После тоа, нема веќе место дури ни за умирачка – ако веќе сте мртви поради скапата храна, ниската плата, безредието, правниот хаос, непостојните обвинителство и судство, корумпираната до крајни граници власт, урнисаното здравство, скандалот „Онкологија“…, не може ништо лошо да ви се случи: два пати човек не може да умре – може само еднаш. Се разбира, тоа не се однесува на тие 10 отсто кои се греат на парно. Други 50 отсто кои се греат на дрва, ќе вежбаат со секирата и ќе облекуваат капут останат од седумдесетите години на минатиот век, кога ќе влегуваат во друга соба. Тоа е европска Македонија. Тоа се европските вредности кои веќе ги имаме. Остануваат оние несреќници во групата од 40 отсто кои се греат на струја и кои по последното поскапување со четири тарифи, а не пак со новото поскапување од 20 отсто, ќе немаат ни за погреб. Ќе умрат од глад или од студ – сеедно. Тоа се чини е првото и последното поглавие од преговорите со ЕУ за речиси половина Македонија. За да ја избегнат смртта, им останува да не користат струја. Така, додуше, ќе опадне моќта на пропагандата на СДСМ, зашто овие без струја и интернет на телефоните (и интернетот е скап, нели?) не ќе можат онлајн да ги следат платените објавите на Димитар Ковачевски кои чинат севкупно 20 000 евра, но, по ѓаволите, и без тие објави знаат дека човекот е совршен премиер, а Македонија, како што вели тој, лично и персонално од врвот на својата блескава глава до петиците, е најдобра во регионот. Ако не верувате, прашајте ја неговата сопруга која влезе во бизнисот со фотоволтаици. Зашто е многу способна, со претприемачки дух, како она детето на ДУИ кое стана газда во Соравија на 20 и нешто години. Но, да бидеме искрени, струјата и треба да поскапи за 20 отсто, па и повеќе, зашто е луксуз. Што е така од времето на случувањата од Библијата. Да сакал Господ да ја имаме, ќе му помогнел на Никола Тесла да ја направи бесплатна. Всушност, не на Никола Тесла, туку ќе му помогнел уште на Мојсеј да ја изуми. Така што имате две добри причини да не пуштате ништо што работи на струја: едната е скапотијата за да ја избегнете едната умирачка – од студ, по што ви преостануваа само таа од глад, а другата е да ја почитувате волјата Божја. И да немате струја. Па ќе спиете што повеќе, со што ќе ја скратите ноќта. Навечер малку газија, која некои и ја пијат за лечење од најтешката болест, повеќе време ќе се гледате со децата низ полумрачната соба и ќе се вратите на корените. На кои голем дел од населението веќе се врати јадејќи ги наместо „луксузната“ храна. Како и да е, ако си легнете порано, логично – ќе станете порано, ќе се измиете со студената вода што ќе ви го очеличи организмот (не ви ја споменувам „Како се калеше челикот“ оти е руска), ќе излезете надвор на студенилото, посебно во јануари, да вежбате малку и…. ќе бидете бодар цел ден. До ноќта во 16 часот. И до наредниот ден. Се разбира, без струја малку ќе се помачите за перење алишта и за капење, но ќе правите како што правеле нашите пред век и кусур… во Илинденското време, што не враќа во минатото, а тоа е антизападен став. Но, што да се прави, кога се мора! Па ќе заложите оган надвор и ќе ги перете алишта во котел. А капењето? Тоа е лесно. Тука се кофите со вода, замлачена на истиот оган надвор. Така ќе ја намалиме и увозната зависност на енергија од Русија, со што ќе му ја покажеме нашата непоколеблива волја на агресорот Путин и повторно ќе се вратиме на западната патека од која излеговме заради погледите кон минатото кое нам ни е забрането. А, бидејќи Путин после тоа веројатно ќе се повлече од Украина, не можејќи да го издржи притисокот од Северна, Бугарија ќе ни ја укине таксата со дозвола на Брисел. Тоа пак ќе ни ги стопли односите со САД и ЕУ, кои ќе извршат притисок врз Бугарија да не ни ја менува историјата. Освен во делот за Илинденското востание каде ќе стои дека од времето на Самоил па се до Гоце Делчев, сме се капеле со вода загреана на оган надвор и сме ја переле облеката еднаш месечно во котел. Нормално, потоа сме чекале таа да се исуши за повторно да ја облечеме истата, зашто менувањето облека, според нашата Влада која верно се придржува до историската традиција на сите етнички заедници во РМ, се смета за луксуз. Што посебно се однесува на долната облека. Која, според стандардите на Владата на Северна, се облекува еднаш во животот и потоа не се менува вечно. Што би рекле свештенците – за век и веков! И така, си живеевме долго и среќно. А потоа дојде принцот, не бакна и струјата одново поефтини. Што ни создаде нов луксузен трошок: вклучување болјери, машини за перење, миење во топло купатило со топла вода што не оддалечува од челичење на телото…. се на се, одново се вративме во канџите на декадентниот современ живот. И тогаш ќе стигнат и парите што ни ги вети фон дер Лајенка. Само ако малку го смениме Уставот. Не многу, само малку. И долгиот и среќен живот ни стана уште подолг и уште посреќен. Без умирачка. Колумна на Дарко ЈАНЕВСКИ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-ke-poskapela-strujata-za-20-otsto-ne-se-sekirajte-ako-umrete-nema-ni-da-go-pochuvstvuvate-poskapuvaneto/feed/ 0
Суверена, самостојна и независна… дали? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/suverena-samostojna-i-nezavisna-dali/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/suverena-samostojna-i-nezavisna-dali/#respond Tue, 31 Oct 2023 16:19:40 +0000 https://kurir.mk/?p=895012

За разлика од претходниот систем и моето детство, милам дека денес просечниот човек доста помалку чита, отколку порано. Можеби губи време на социјални мрежи и „фејк њуз“ сајтови, но дефинитивно многу помалку чита нешто што креира за него како личност додадена вредност. Истото би го рекол слободно за добар дел од политичарите. Добар ден од нив цел ден се во потрага по нешто црно и компромитирачко за противникот, ширењето на квази пропаганда и лажни флоскули, отколку да се самонадградат, едуцираат и да ги прошират сопствените погледи кон светот. За почеток, нешто од нашиот Устав. Во него пишува дека сме „суверена, самостојна и независна држава“. Мислам дека огромен дел од амебите кои ни ја водат државата, а работат на се‘, освен на она што е основата на државата, нејзините постулати и причина за постоење. Македонија со излегувањето од Југословенската централизирана политика водена од Белград, место да покаже доследност и знаење, полтронството од еден центра на моќ го замени за нов. Место Белград, денес тоа е Брисел. Низ годините ги послушавме сите глупави совети кои ги добивме, и ги прифативме како нешто кое мора, и сега немаме необработена земја, место хектари и хектари со жито, сончоглед и други култури. Немаме стока, млеко, месо. Од земја која можеше да произведува храна на над 20 милиони луѓе станавме увозно зависни. Си ја уништивме наменската воена индустрија. Се разоружавме комплет, пошто не сме биле по НАТО стандарди. Секоја нова структура ги лаже војните лица за станови, па секој се снаоѓа како знае и умее. Дури и праќањето на воени мисии во странство, каде се земаат подобри плати, е со списоци и подобни/неподобни. Токму затоа веќе нема кандидати за служење доброволно воен рок. На обработлива земја градиме фотоволтаични централи. Водените ресурси ги даваме (продаваме) на сосед кој 30 години ни беше закана за безбедноста и опстојувањето на државата. На истиот сосед низ годините му ја продадовме и најголемата банка, индустријата за леб, за цемент, мермерот. Навистина е фасцинантно, како самите дозволуваме сево ова да се случува. Вакво полтронство, ваква авто деструкција никаде нема. Што е најтрагично, тие одлуки ги носат луѓето кои на избори добиваат гласови од народот. Потоа истите велат дека тоа што го правеле биле храбри одлуки, за наше добро. Навистина генијално! Македонецот ќе ја има обединета Македонија и ќе живее во една држава, кога и ние ќе влезе во ЕУ. Реалноста е дека Македонија или НИКОГАШ нема да влезе во ЕУ, или ќе влезе на купче со цел Западен Балкан. До тогаш ќе помине доста време, а и ако влезе преку ноќ, тоа ќе биде ради геополитичка одлука, а не поради исполнување критериуми и стандарди. Македонија мора да ја направиме подобра и посилна ради нас самите. Не затоа што некој ни поставува услови и барања. Македонија прво треба да ја заштити својата независност, сувереност и самостојност. Џабе ги намалуваат делата за членот 353 и злоупотреба на службената положба. Актуелнава структура може комплет да го јаде за велепредавство. А тука казните се построги. За моите сограѓани од најголемата едничка заедница, различна од македонската. За знамето на државата, не може како против тежа да биде знаме на друга држава. Да, тоа може да ве дефинира етнички, ама постои само еден државен симбол кој ја дефинира државата, и тоа е тоа. Исто е и за химната. Не постои химна која им одговара на сите. Но химната на Македонија не оспорува никого, туку е одраз на причините за постоењето на самата држава. Не може како што еден градоначалник вели дека ќе промовира химна на наш сосед. Тоа е автоматски форма на сепаратизам и сецесионизам. Оправете се, сите на купче, и за почеток покажете му на народот дека ја сакате и почитувате сопствената држава, и дека не сте полтрони и лакеи на странските емисари. Така повеќе ќе ве ценат и тие, и самиот народ. Македонија пред се‘! Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/suverena-samostojna-i-nezavisna-dali/feed/ 0
Битката за Прозор, 2023-та… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:13:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894821

Во 1943-та година се води легендарната битка за Прозор. Ја водат партизаните контра италијанските фашисти во рамки на Четвртата непријателска офанзива. Позната е по командата на Тито: „Прозор вечерва мора да падне!“ ("Prozor noćas mora pasti!’) 80 години потоа, во 2023-та година во Македонија се води битката за еден друг ПРОЗОР. Ја водат Македонците контра одродите и новокомпонирани заштитници на некогашните бугарски фашисти во рамки на сто и четвртата бугарска офанзива за уништување на македонштината и јуриш на Бугарите во уставот, силно потпомогната од армијата бриселски апаратчици. Позната е по изјавата на Лајен: „ПРОЗОРЕЦОТ на можности е отворен, зависи од вас!“ Арно ама, офанзивата со најновиот горчлив морков на Урсула, наречен ПРОЗОРЕЦ условен со понижувачки уставни измени, наишла на силен потсмев и многу забелешки кај домицилното, напатено и сеирџиско македонско население, кое по 30-на години лаги, условувања и перфидни барања, почнало од пуста мака да се шегачи и да тера шенгеле со неинвентивноста на „олеснувачите“ при носењето антимакедонски одлуки. Ефектот на посетата и пораките бил НУЛА, море минус 5... Проблемот бил што прозорецот бил саде подотворен. Уште поголем проблем било што Брисел секогаш, абе нон-стоп го подотварал само кога Македонецот требало да се понижи. Најголем проблем бил што отворениот прозорец бил на 36-от спрат... Сепак, ова не им пречело на Тачевци и Артановци, кои кубеле коси, лелелкале и пискале за смена на македонската света книга наречена Устав. Корисните идиоти и тендераши од северната тајфа, кои немале проблем да ја продадат и сопствената мајка за да бидат на власт, и натаму по навика дејствувале по урнекот на дејанијата во „Глупавиот и поглупавиот“, каде на прашањето од Глупавиот до девојката за процентот на можности таа да биде со него, кога таа на „Еден наспрема милион?“ одговара со „ДА“,  тој скока од среќа, игра и вриска „Јееееее, има шанса!!!“ И во македонските „евроинтеграции“, нашите ќелепури скокале од среќа и врискале од радост на секое подотворање на џамот, па со голем ќеф и елан менувале исконско име на држава, носеле двојазичност, кроеле деловници, менувале Устав, ништеле историја, палеле учебници, каљале светци, продавале револуционери, плукале по своето и сонувале за некаков  помпезен и триумфален влез во ЕУ. Во состојба на некаков северен делириум халуцинирале дека ѓоамити овенчани со некаква светска слава и со фанфари во позадина на сокак послан со рози влегуваат низ самозамислена ЕУ триумфална порта во Брисел, а околу нив сите аплаудираат и корнат коси од уживанција што Македонија по сите маки и искушенија влегува, оксиморонски носена на безрбетните плеќи на Таче, Љупче Путер, Обиџуко и Маринаринчиќ. Оти, суртуците инфантилни ги водела една ступидна девиза, која гласела: „Ако не можеш да трчаш, оди! Ако не можеш да одиш, ползи! Направи се, само никогаш немој да се откажуваш од целта!“ Та ползеле, целивале нозе, коленичеле, па пак ползеле. Се’ за северната тендер-кауза. Затоа, сервилните Тачевци немале проблем да дадат се’ за еден „подотворен прозорец на можности“, па макар тој бил и на 36-от спрат. Немале гајле што не биле Спајдермени или Бетмени за да се искачат до него, нејсе што така ползејќи на секој кат оставале по некоја голема македонска жртва на бриселскиот олтар. Итале орно нагоре кон „светла“ иднина. Угоре високо, удоле длабоко... Другиот дел од Македонците, оние со ’рбет, вистинските Македонци, стоеле под прозорецот и зачудено и со неверување гледале на „фантастичната“ понуда со подотворено вц-џамче на 36-ти кат и со голема доза на презир и потсмев гледале како премиерот, министрите, директорчињата и другите функционерски дилајли прштат од среќа, та кмичат, коленичат и со голем елан, насмејани до уши ползат и пеат, гризејќи, гребејќи и грабајќи кон непристојниот предлог. 90 проценти од Македонците и скоро 70 проценти од сите македонски граѓани имале сосема поинаква идеја и визија од оваа на субмисивните СДСССССС-овци, веројатно поради тоа што не биле безрбетници. Истите, буквално ги „убила“ промаја од отворениот прозорец на децениските лажни, неисполнети и евтини ветувања на ЕУ-бирократите. Тие, не сакале отворени прозорци, макар биле и на приземје, не па ко дотичниот на 36-ти кат. Пустите, каде и да е, така ги учеле од дома, сакале ко секој нормален човек, народ и држава да си влезат секаде достоинствено, чесно, со чист образ и душа. Не сакале преку некаков си ПРОЗОРЕЦ ко крадци, арамии и други белосветски пробисвети. Македонците сакале и сакаат да влезат низ ВРАТА... ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/bitkata-za-prozor-2023-ta/feed/ 0
23 Октомври – 130 години подоцна, каде ли згрешивме? https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:22:06 +0000 https://kurir.mk/?p=892125

Како што гледам, дури и по 130 години, денешниве генерации не сфаќаат ништо. Не разбираат дека борбата се води со срце, со пожртвуваност и со идеали. Дека вистинскиот водач гине А своите идеали и за својата кауза. Дека е спремен да ризикува и кариера и семејство, само за да ја истера каузата. Дека не може да има милост и договор со продадени души, кодоши и арамии. Дека мора да владее ред и поредок, и дека на секој мора да му де знае местото. Денес живееме во време на сплетки, кодишлук, злоба и комплекси. Со лажни дипломи, курварлук, роварења, ама не за кауза, туку за личен интерес. Уште тонеме. А ќе не биде ко ќе ну пукне филмот. Уште не сме до таму. Македонија ја создале мажи со став и со срце. Денес гледам многу повеќе жени со такви карактеристики. Мажите влеговме во патетиката на желбата за да се биде "ин", локалниот урбан фраерлук и чалам. Кој решил да мобилизира и води народ, овоземско признание нема да добие. Ќе биде славен кога ќе го нема. Ама ретко кој за тоа е подготвен. Денешниот ден не е за постирање селфиња, гушкање со другарчињата и јачање дека сте за Македонија. Денешниот ден е за попис пред самите себе, што се сте направиле за каузата, за Македонија, за обичниот народ, за браќата и сестрите во соседство, во дијаспората. Македонецот пред 130 години не сакал да биде ниту фраер, ниту инфлуенсер. Неќел ни да влезе во Управен, ниту да фати тендер. Со странските дипломати зборувал цврсто, стамено и решително, до ниво на фанатизам. Размислете каде денес грешите. И да, немало никогаш да дозволи да продавач на лубеници го продаде, да го апси, понижува, тргува со него, за на крајот му се смее в лице и мува да не го лази. Денес е тежок празник, ден на жалост дека борбата продолжува. Борба за независна и самостојна држава Македонија, во која слободно се живее, во која сите се еднакви по права и обврски, ви која се зборува македонски, во која народот има иднина и надмевки на лицата. Денес се остава цвеќе на гробовите и спомениците на великаните, денес се молчи и секој се преиспитува - каде ли згрешивме?! Да си жива и здрава Македонијо! Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/23-oktomvri-130-godini-podotsna-kade-li-zgreshivme/feed/ 0
Патолошки лажговци со уплав од избори https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/#respond Sun, 22 Oct 2023 10:53:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893343

Престолонаследник или лажгонаследник? Или, поверојатно, двете. Во фазонот на  „добивме датум за преговори“, лажга кажана со дигнатите прстиња во авиончето далечниот 28 јули 2018-та, Таче катаднево ја продолжува невозможната патолошка мисија на Заев&компанија. Така, дознавме дека, само замислете  - сме биле најдобри на Балканот, па затоа и први требало да влеземе во ЕУ? Ццццц. Да, нема, нема, па ќе тресне пустиот никогаш избран премиер за да го обели ѓон-образот и да не потсети на својот идол и монарх Црпко. Оти, крвта може и да биде вода, ама престолонаследникот Ќуран мора да биде продложувач на ликот и неделото на оној кој го намести. Новокомпонираната народна поговорка вели „ Кој лаже, тој краде, пари врие и на Бихаќка/Мала Речица спие.“ Оваа безобразна и евтина лудорија  за „најдобри на Балканот“ е смислена и срочена во време кога фактите јасно велат и вриштат дека имаме најлош економски перформанс во регионот во комбинација со највисока инфлација, најслаб раст и мега задолжување?! Мислеше ли Таче на перформансот на Владата за празнење на народната каса, на корупцијата или парализираното судство, крш здравство и нула образование? Тука, дефинитивно, се најдобри. Од позади... За жал, сведочиме време на владеење на патолошки лажговци. Има и разлика, ова се специфични, уникатни, северни патолошки лажговци. Лажат нон-стоп, лагата им е природна средина, но разликата е што, барем во светот, патолошките лажговци лажат само колку да лажат. Патолошкото лажење се дефинира како состојба во која одредена личност лаже постојано и тоа без одредена причина. Арно ама, нашите патолошки лажговци лажат и со причина и со цел, за разлика од светските им побратими и носители на истата дијагноза. „Нашите“ лажат за да бидат на власт и за да крадат, лажат-корнат затоа што имаат уплав од избори кои ќе означат крај на нивната антимакедонска авантура. Патолошките лаги се различни од оние „обичните“. Се работи за лаги кои се постојани и се кажуваат секогаш. Велат дека честопати ова се поврзува со емоционални нарушувања, а според некои истражувања патолошкото лажење се поврзува со специфичен невролошки шаблон кој вклучува мал дефицит на меморија, како и негативен начин на кој одредена индивидуа евалуира информација. Пак ви доаѓа сликата на Цаци, Таче, Артан, Љупче, Маричиќ, нели... А, како ќе познаете патолошки лажго? Науката вели дека нивните лаги се елаборирани и неоригинални, преполни со евтини фрази и флоскули, изгледаат и премногу опуштено, бидејќи се убедени во тоа што го кажуваат, а нивната насмевка е неискрена. Живеат во свој свет, не се во допир со реалноста. И оваа реченица е краток опис на актелниот премиер и бандата околу него. Приспомнете си само на нивниот вокабулар, на реакциите кон новинарите, на фацијалната им експресија и тресењето зелени како да не се одовде... Си имаме работа со банда која не може да определи датум за избори, не па да донесе датум за преговори со ЕУ, подобар живот или да направат нешто за Македонија и Македонците. Науката понатаму вели дека за да се излечат, единствен начин за патолошките лажговци е интензивна, постојана терапија која тие најверојатно цврсто ќе ја одбиваат и за која треба да бидете многу упорни за да ги натерате да ја применат. Така и со северните патолошки лажговци, кои по 7 години лаги, кражби и уништување национални светии, конечно, ќе мораат да ја применат терапијата наречена избори. Овојпат, нема бегање, кога и да бидат, во прашање се само месеци. Само, се’ се плашам дека по изборите, ќе лажат уште повеќе. Арно ама, за промена, тогаш ќе лажат-сушат во опозиција, на суд или во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/patoloshki-lazhgovtsi-so-uplav-od-izbori/feed/ 0
Едначење по глупост https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/#respond Thu, 19 Oct 2023 08:48:23 +0000 https://kurir.mk/?p=890648

Најнеспособната влада во светот и пошироко го реши проблемот со мечките. Се прашувате како, нели? Епа, остроумните Тачевци викнаа „ЕУРЕКА“ и испланираа за една година од сега да испланираат како ќе ги раселат мечкиштата во западна Македонија. Да, заблескаа по навика и смислија да си дадат рок од година дена за да направат план како да се справат со напаста мечкина и како да ги раселат на други локации. Ви се верува во нивната „промуќурност“? Секако, та ова е чиста класика, би било чудно да беше нешто нормално, умно и логично. Оти, вака функционира суријата северни генијалци, а условот да влезеш во бандата очебијно е да имаш IQ под 33 за да не си над гуру Црпко, да ти лепат рачињата, да немаш проблем со продажба на национални интереси, да си природно агресивен и ступидно арогантен, амбицијата и инстант-кариера без никаква основа и поткованост да ти бидат основна мантра, а многу пожелно е да немаш скрупули и да си дудук за се’, со најповршни познавања на кое било поле. Сеопфатен и широкопојасен дунстер, во кратки црти. Затоа, небулозната „одлука“ за мечките е толку природна и нормална. Им прилега, им „стои“ ко „саливена“. Гарант, и оваа мерка е за побрз влез во ЕУ, не знам како не се сетија да го споменат тоа. Тешка, голема мечкина реформа. Украсете ја со европско знаменце. Иако, пиратско многу повеќе ви личи. А, зошто, воопшто и се мачите, таленти? Та додека вие реагирате сите од таму ќе се иселат, па загрозениот вид „луѓе“ ќе стане проблем за мнозинството мечки. Додека вие, според планот, ги иселите и раселите мечките, она малку преостанати луѓе во Маврово и Ростуше ќе фати џенем од Македонија. Ко што тргнало, ако останете на власт, ќе треба да доселуваме луѓе, а не да раселуваме мечки... Туку,  како не ви текна да ги излажете мечките дека дошла зимата, па да си легнат пак пустите, ко суртуците ваши со бесплатно здравство во ЕУ што ги лажевте за името. Тоа ви стои и во описот на работното место, патолошки лажговци. Може и нон-стоп да ги лажете, та штом урсусите станат и се рассонат,  пак да си легнат и нон-стоп да хибернираат. Истото што им го правите на Македонците со ЕУ - името, па уставот, па јазикот, па Бугарите во него, па историјата... Да, така и мечките ќе испоумираат сами, а богами и Македонците ќе ги снема. Сите останати среќни и задоволни. Или, муљајте ги животинките дека ќе им донесете датум за пролетно будење, исто ко што оној за преговори со ЕУ го носите веќе шестта година по ред, неспособњаковиќи трагикомични. А, од Маврово и Ростуша и околијата сардисана со мечки, исто како и сите нормални Македонци би ви рекле „мечки да ве јадат“... Ве јале или не, оваа ступидна „мечкина услуга“  за мештаните и „брза“ акција  на Ќурка и компанија ме потсети и на пораката на Фон Дер Лајен, која ни порача дека историјата се менува?!?! Душичка научнофантастична. И додека очекувате да чуете дека Урсула измислила временска машина, релативизаторката од Брисел ви се врти и ви вели „Зграпчете го моментот!“. Небаре, мигот со војни насекаде е жива посластица за кандидатите за членство.  И, госпожа со огледалца за домородците во чантата, таа не, не се менува. Историјата е нешто што минало, нема враќање назад, не се правете недоветни. И, да, звучиш ко Заев. А, околу она патетично, евтино и демек мотивациско - „зграпчете го моментот,“ си спомнувам дека „Зграпчи го денот“ беше една страница во весникот „Вест“. „Најчитаната“, затоа што беше со голотии. Кај нас, пак, многу одамна, 7-ма година по ред царот/премиерот и претседателот се голи, башка боси. На страна и приглупи, сервилни и субмисивни. Олабавете не’, финтиве ви се ветви ко ланскиот снег, а корисните идиоти кои глумат влада во Македонија одамна не ви се ни корисни. Саде идиоти останаа. Дарба си е дарба. И додека Урсула менуваше историја и штелуваше колективна меморија на цел народ, Цаци упорно стануваше за да ја види сала, Таче понизниот се караше со новинари и ламентираше за непокор, Османи бараше да им купиме нов авион, Владата раселуваше мечки, Маричиќ меѓу два бифтека во бифето бладаше за избеганиот воз, Стево се самодемантираше на две минути, Груби леткаше орлиња, црна Бисера се шеткаше по танга по цркви, Обиџуко феминизираше нов светец, Љупче смишљаше како да фати нова пратка путер и пак да стане славен, а низ македонскиот етер провејуваше сенката на најновата политичка појава која ја краси владејачката сцена. Една од карактеристиките и особеностите на македонскиот јазик е едначење по звучност. Има и исклучоци. Една од карактеристиките и особеностите на актуелната влада, доминантна, е ЕДНАЧЕЊЕ ПО ГЛУПОСТ. Потценување на интелигенцијата на сопствениот народ. И не, тука нема исклучоци... Македонската анамнеза за северниот феномен „едначење по глупост“ е јасна. Болеста се лечи само и единствено со една терапија. Иљачот се вика ИЗБОРИ, повеќе дози ОДГОВОРНОСТ, па долга масажа во зандана...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ednachene-po-glupost/feed/ 0
КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како е да живееш со 200 денари на ден, а да не знаеш дека си „умерено“ богат!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/#respond Sun, 15 Oct 2023 14:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=889074

Ете, малку по малку, минатата недела стигнавме и до некаква панел – дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“ на која дознавме дека 510 000 граѓани на „севернава“ живееле со сума од 60 до 200 денари на ден и тоа се нарекувало „умерена сиромаштија“. Не треба посебно да ви објаснувам што значи да живееш со 200 денари ден, ама дека тоа се нарекувало живот кој спаѓа во „умерена сиромаштија“ веројатно и вие прв пат слушате. Што и не е така страшно. Оти штом е нешто „умерено“, тогаш може да се трпи. И што е отприлика слично на онаа мисла од времето на Платон дека невестата е бремена, ама малку, односно „умерено“. Што му доаѓа исто како и да не е бремена. Така и со овие нашиве сиромашни кои што всушност и не се сиромашни. Зашто, да не бидеме ситничави: со 200 денари на ден се живее добро! Се разбира под услов да не јадете, да не се облекувате, да не се греете, да не купувате лекови, а вода да пиете секој втор ден. По половина чаша. Што во Кавадарци, општо познат по пиењето ракија, одамна се практикува. Оттаму всушност е и онаа познатата филозофска мисла дека водата не е добра ни во колена, а камоли во уста. Така што, кога се ќе се собере и одземе, Македонија навистина блеска. Бидејќи има само 510 000 умерено сиромашни, а останатите до 1,8 милиони се повторно во некоја група умерени, иако групата уште нема име. Според истата панел дискуија, малку проблем прават оние 69 000 граѓани кои живеат со помалку од 60 денари на ден и кои се неумерено сиромашни, ама тие веројатно досега се научиле да не јадат, да не се лечат, да не се капат… што во основа е добро за нивното здравје. Немаат холестерол, а кожата им ја задржува природната состојба, бидејќи од нејзе не ги симнуваат природните материи што ги лачи самата кожа со некакви си шампони, сапуни и гелови за туширање. Кога би ги научиле и оние 510 000 на истото, веројатно државата навистина би почнала да ни блеска, што би рекол фамозниот и нашироко наш познат нобеловец од Муртино. Е сега што со останатите? На пример, тие што имаат пензија од 12 000 денари, што значи имаат 400 денари на ден или двојно повеќе од „умерените“. Тие веројатно би можеле да се сместат во групата „умерено богати“, кои можат да си дозволат низа нездрави навики како што е јадењето леб и сол секој ден и пиење чај за доручек со тоа што ќесичката само на кратко се потопува во врела вода, се вади и се чува за следното утро. Ако е чајот од камилица, ете уште еден бенефит за здравјето. Следни на ред се тие што земаат од 12 000 денари до минималната плата од 20 000 денари. Е, за нив веројатно има место во групата богати и тие се всушност нјаголемиот товар на оваа заедница. Трошат кафе наутро, за секој чај употребуваат по една вреќичка и потоа ја фрлаат, а имаат и за цел ѓеврек, што веќе е опасно за здравјето, а што може да биде потврдено од било кој нутриционист. Така што во стратегијата за развој на Македонија треба да се предвиди дека оваа група на „богати“ треба под итно да се смести во групата „умерено богати“ или уште подобро, во групата „умерено сиромашни“ со цел да се намалат здравствените трошоци што оваа земја ги трпи од нездравиот живот што го водат овие луѓе. Остануваат тие што имаат приход над минималниот од 20 000 денари, но тие веќе спаѓаат во групата „непоправливо богати“ за кои нема спас. Јадат леб повеќе од еднаш на ден, некои од нив веројатно пушат и цигари, се возат со автобус или автомобил, се капат еднаш неделно кога е ефтина струјата, а понекогаш дури и ја перат облеката. Само со вода, без прашок, зашто прашокот содржи хемикалии кои, зар јас треба да ви кажувам, се птетни. Така што, се на се’, кај нас навистина не е лошо. Тие што зборуваат за некаква си општа сиромаштија веројатно тоа го прават само од злобни намери. Како и оние кои барааат 78 отсто покачување на платите и пензиите, колку што беа покачени платите на функционерите. Да бараш такво нешто е надвор од здравиот разум, кога ти е умерено добро и со 200 денари на ден, а со 400 денари веќе си богат. Па што ќе им правиш на тие 78 отсто ако ги добиеш? Ќе јадеш макарони по гарантирана цена три пати на ден? Ќе се тушираш еднаш дневно? Пу-пу далеку било! Ќе трошиш на лекови и на хигиена? Ќе се возиш со автобус наместо да одиш пешки или не дај Боже, ќе возиш автомобил кој троши бензин? Ќе купиш книга и ќе ја читаш? Ќе одиш на театарска претстава? Ќе се напиеш кафе во некое кафуле…? Ха, тоа се само навики на декадентната буржоазија на која не треба да се угледате. Еден ден таа ќе пропадне, а вие и натаму ќе опстојувате со вашите 200 денари Е, сега, има земји во кои ако повеќе од четвртина од населението живее со 200 денари на ден, а 4 отсто од населението со 60 денари на ден, симболично кажано, би ја запалиле таа држава. Би ја полиле со бензин и би ја запалиле. Но, тоа се главно луѓе од аздисаните западни земји каде не сфаќаат дека да бидеш „умерено сиромашен“ е благодет. И каде не сфаќаат дека гледањето како некои други, оние избраните, делат милиони меѓу себе крадејќи од твоето, е само знак на злоба и завидливост. Карактеристики од кои што треба да се ослободите. Нека ги со нивните 78 отсто, со нивните милиони, со скапата облека, со нивниот раскошен живот. Вам ви е добро и вака и нема потреба ни да биде поинаку. Освен што во целата приказна за 200 денари на ден има еден мал проблем. Учејќи се да не јадете и да не пиете вода, може да се случи да умрете. За разлика од оние со 78 отсто. Но, и за тоа не треба да се грижите. И тие ќе умрат еден ден, зар не? Порано или подоцна. А ако се случи додека ги читате овие редови да ви се пријаде нешто, на пример, некаков луксуз како чоколадо или слично, сфатете го тоа само како искушение на кое можете да одолеете, за разлика од декадентните кои тоа не го можат. Што е уште еден доказ за супериорноста на 200-те денари наспроти милионите. Колумна на Дарко Јаневски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-janevski-kako-e-da-zhiveesh-so-200-denari-na-den-a-da-ne-znaesh-deka-si-umereno-bogat/feed/ 0
Последниот кој ќе остане, нека исклучи светло https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/#respond Sat, 14 Oct 2023 08:44:17 +0000 https://kurir.mk/?p=888744

Македонија е фасцинантна држава. Има официјално име, кое никој не го сака (освен оние кои наплатија од истото). Држава која има природни ресурси, а не ги користи. Држава во која секој се бори да добие нечиј туѓ пасош за да си ги зголеми можностите да си оди, и земја во која секој има интерес да биде се‘, само Македонец не, за да може да ги ужива придобивките на колективните мулти/култи права. Балканот, а посебно Македонија, е вистински полигон за експериментирање на се‘ она што Западот не сака или се двоуми дали да го примени. И секако, кај нас на одличен начин се‘ се искривоколчува, модифицира, релативизира и се добива некаков мутант кој ја разјадува и уништува државата во темел. Се успеа да се уништи се‘! Нема производство, нема индустрија, нема земјоделие, нема сточарство, нема доволно енергетско производство, дојдовме од земја која може да ја нахрани цела поранешна Југославија со над 20 милиони, да увезуваме земјоделски производи од Албанија. Станавме земја на трговци, тендераши, политичари, на Ај Ти сектор и на маркетинг агенции. Го наполнивме Скопје, а се испразнија селата, и градовите. Себично се креира начин на живот на поединци, а не на семејства! Мали станови, место куќи. Се градат згради во радиус од 2-3 километри околу центарот на Скопје,а се друго е осудено на пропаст, затоа што инфраструктурата, превозот, но и потребите на луѓето за здравство, образование, пазарење ги нема на потребното ниво во останатиот дел од градот и државата. Станавме држава каде се форсира личниот интерес на одредени лоби групи, без да се гради стратегија на државно ниво, стратегија која е во функција на државата, на самиот народ, и на под еднаквиот регионален развој. Да се разбереме, ние имаме институција и орган за се‘! Секако, фиктивно и на хартија, или само про форма. Дури и субвенциите кои ги делевме за земјоделие, место да го поттикнат истото, го замреа. Со парите народот од внатрешноста си купи коли и станови во Скопје. Место да се доделува земја на користење, механизација, окрупнување на парцелите и заедничко производство за поголем принос, агро берза, гратис семенски материјал, осигурување на родот ние направивме маса народ зависни од откуп и субвенции, место да ги мотивираме самите да влезат и во процес на обработка и производство. Навистина не можам, да ја сфатам логиката каде што буквално се сака се да се отуѓи и даде на странци, за без пари или за ситно, нешто што во минатото се градело со народни пари. Проблемот го гледам во менталитетот и лековерноста на народот. Им веруваат на разни копуци кои ветуваат сигурно работно место, плати, бенефиции, и народот лековерно секогаш трга од личниот интерес. Не се вложува во личното знаење, туку во диплома. Интересно е како истиот лековерен народ, знае да се однесува и почитува закон, кога ќе отиде на Запад. Таму сме најдобрите, највредните, најпослушните, и секако, напредуваме. Освестување мора да има. Не утре, не денес, туку уште вчера! Да се преиспитаме каде грешиме, да им откажеме верба на тие кои не заслужуваат, па дури и да ги натераме самите партии да ги отстранат локалните шерифи, аги, паши, бегови и чаламџии со кои народот секојдневно се среќава и од кои зависи, а постојано токму од нив се толчени. Да се справиме со разните шефови, раководители, функционери кои тераат некои свои политики, затоа што токму од таквите ликови врзани во кланови, со кои високата политика на се справува, прават да живееме во овој магепсан круг на медиокритетство и клиентелизам, кој го брка секој прогресивен млад човек, надвор од државата, не времено, на гурбет, туку трајно и за секогаш. Проблем е нашата свест! Проблемот е што не сакаме и не знаеме да се побуниме, да ја плеснеме секому вистината в лице, и да го вреднуваме сопствениот труд, но и да добиеме и почит и поттик за напредок. Време е да покаже дека заслужуваме да имаме држава, да имаме функционален систем, да имаме општество во кое сите ќе стоиме мирно и гордо под знамето, грбот и химната, без болеста на „северџанење“. Без да потенцираме и обележуваме кој какво етничко или верско потекло има, затоа што сме сите деца на Македонија. Или ќе биде вака, или последниот кој ќе остане, нека исклучи светло! Александар Ристевски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/posledniot-koj-ke-ostane-neka-iskluchi-svetlo/feed/ 0
Тро-двоински лажговци и 104% плачковци https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/#respond Wed, 11 Oct 2023 09:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=887698

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла? А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година... Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори... И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода... А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката... А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година... И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака... Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага... Да, живееме во паралелни универзуми. Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија. Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ. Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/tro-dvoinski-lazhgovtsi-i-104-plachkovtsi/feed/ 0
Прирачник за самоуништување https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/#respond Mon, 09 Oct 2023 14:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=887057

„Прирачник за самоуништување“ беше работниот наслов на филмот „Самоуништување“, од почетоците на македонската независност, филмот со Чичко Кумплунг, но е и добар наслов за однесувањето на актуелната власт. Навистина не можам да сфатам како веруваат дека ќе се извлечат од дното кон кое тргнале. Последните анкети тоа јасно го покажаа. СДС веќе не само што не е прва, туку не е ни втора партија, туку трета според поддршката. Доколку вака продолжат, до пролет ќе бидат и зад Левица, по што јасно им следи „пасокизација“ (грчкото сценарио, каде ПАСОК целосно се маргинализира, а неговиот примат го презеде Сириза). По изборите во 2020 година, СДС со желба по секоја цена да остане на власт, влезе во концептот „Псе јо“ на ДУИ и буквално даде се за да опстане на власт. Ги даде сите економски ресори, ги даде сите инспекции, агенции, јавни претпријатија, и едноставно ќе ревитализираше ДУИ. Од партија која тонеше во 2016та, и падна на 10 пратеници, ги факторизираше и им ја препушти владата во целост. Токму затоа, и покрај катастрофалните резултати на ДУИ, „Интегративците“ тие имаат релативно стабилен рејтинг, додека СДС тоне секојдневно. Една од причините поради која ДУИ се уште солидно котира, е и така поделеното етничко гласачко тело кај македонските албанци, кое се уште во голема мерка гласа низ едничка призма, а останатите партии (освен ДУИ) прават влези излези во власта, па час се во владата факторизирајќи го ДУИ, час се вон истата глумејќи опозиција. Токму ваквата политичка недоследност гласачки ги делегитимира, плус и поради ретроградните фолклорни националистички реторики, кои кај обичниот народ не проаѓаат. Прашање е на време кога македонските албанци ќе се надминат сее си и ќе гласаат за политичка партии со програма, идеологија, но и број на пратеници кои ќе можат нешто да сменат. Дека интересите на граѓаните треба и мора да се над етничките делби, и дека сиромаштијата и лошиот стандард не бира ни по етнос, ни по вера, ни по образование. Уште нешто за власта... Самите чекори им се панични. Креваат даноци, бираат што народот ќе јаде, прават упад во колективните договори, ги покриваат криминалите на актуелните и досегашните функционери, даночна евазија, мито и корупција, инвестиции никакви (а и тие кои ги има не ги гледаме никаде)... Секој кој се движи и низ Скопје, и низ градовите низ Македонија, гледа дека нови и непознати фирми градат зградишта, некои маргинални ликови возат нови и скапи коли, се товари имот и фирми со модата која се нарекува „тендераштво“, а секогаш победуваат фирми од Струмица, Куманово и од села од полошко. Народот нема да заборави ни за името, ни за Преспански, но за Француски, ниту за двојазичноста, ни за Дурмо турс, ни за Беса травел, ни за модуларната болница, ни за онкологија, а најмалку ќе биде заборавено безмилосното крадење, но и изживувањето на моќниците врз оние кои со нив не се сложуваат, а го трпат нивниот терор. Додека вашите пулени со возила на Брза помош истовараат коњопои за во некое казино, возат на диво такси и фиктивно се на платни списоци на државните органи, запишете си и запаметете што се правите, за да можете за последен пат да го напишете вашиот „Прирачник за самоуништување“. Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/prirachnik-za-samounishtuvane/feed/ 0