колумни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 09:05:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png колумни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Власта „класифицирано“ ве лаже! https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlasta-klasifitsirano-ve-lazhe/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlasta-klasifitsirano-ve-lazhe/#respond Mon, 24 Apr 2023 19:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=823834

Кога читам и слушам што челните луѓе на актуелната власт користат како изговор за глупостите кои ги прават, се прашувам две работи: дали се тотални аналфабети или пак се толку самоуверени во некаквата поддршка која веруваат дека ја имаат од некој повисок надворешен фактор, што мислат дека се што прават ќе помине неказнето? Ова што се случува со постапката за автопатите кои што треба да се градат, навистина ги мина сите граници. Договор „во четири очи“, надзор од фирма за гаќи, 300 милиони евра за експропријација за која планирале да пазарно обесштетуваат и дивоградби, а и не се знае кого се, затоа што и траса финална се нема направено, огромна сума над она што првенствено се најавуваше, плус еден куп пенали кои речиси сигурно ќе се случат, плус одредби кои се кршат со законите кај нас, а кои ако власта ги истурка, ќе мора да имаат ретроградна важност, затоа што договорот веќе е потпишан ама по актуелни закони според кои потпишаното е невалидно. Ова со автопативе е само врвот на ароганцијата и чаламот на една неспособна и длабоко корумпирана власт, која не знае каде тера. Едните без компас, со Премиер и лидер без изборен легитимитет, како инсталирана марионета, и вторите, опиени од моќта и превласта која ја имаат над неспособниве „лузери“ и опиени од дваесет години власт. Тим од соништата. Сигурен сум дека ќе има еден ден филмови, серии и документарци. Вакво фарсичен политички тандем немало. И ова е само мал дел на се’ она со што секојдневно е загадена и затруена јавноста. Обичниот народ не може да ги испофаќа сите лаги, злоупотреби и глупости, кои на дневна основа се случуваат. Дури и јас, кој се трудам да ја „филтрирам“ секоја побитна вест, ми минуваат низ прсти еден куп афери и злоупотреби. Дури стана банално да се зборува за злоупотреба на службени ресурси, ненаменски трошења, за непотизам, за фиктивни огласи, неправилни систематизации, за хајка против неистомисленици. Тоа е веќе денес секојдневие. Претпоставувам дека повеќе играат на карта дека се ќе пројде, ќе се заборави, забошоти. Барем така било до сега. Како се приближува крајот на оваа несреќна Влада претпоставувате и самите што ќе се случува? Ќе се оди на поделба на народот, каде тие ќе бидат големите Европејци, а сите останати душмани и  про Руси, про Кинези, ретроградни, бла бла... Потоа ќе почнат судски хајки и обвиненија кон лица за кои ќе сметаат дека ќе направат штета на некој од опозицијата, или пак случаи кои ќе ја дефокусираат јавноста. Притисоците, репресијата, заканите, казнувањата и заплашувањата кон неистомислениците ќе растат, посебно кон оние кој гласно зборуваат или се спротивставуваат и конфронтираат. Ќе се примат нов контингент на вработени за кои нема потреба, плус уште три пати повеќе „договорци“, а местата кои се упразнети и потребни ќе седат така, затоа што овие од власта  немаат такви профили, а со самото тоа ги уништуваат институциите и самата држава на долг рок. За крај, ќе се истурат милиони евра на црна кампања за да на изборите има ниска излезност за гласање, а оние на кои власта им „завршила работа“ ќе бидат притискани и уценувани да ги поддржат, дополнително плашејќи ги дека доколку нив ги нема, другите ќе ги остават на улица. Дечки, вака веќе не оди! Имавте шанса и ја прокоцкавте. Вие сте се’ она што народот не го очекуваше. Тотално потфрлање и разочарување. Место квалитет, менаџери и лидери, донесовте мешетари, полтрони, полуквалификувани фаци  со дипломи, дури и повеќето се со фалц уверение за англиски јазик, сигурен сум (деновиве актуелно, но и во пракса очигледно). Дури и тестот за интегритет го укинавте за да одредени „дилајли“ напредуваат. Навистина ми е жал што периодов само се потврдува дека правната држава и институциите на системот не функционираат, затоа што еден куп случаи очигледно се „во фиока“ иако јавно опозицијата, а и одредени медиуми со писмени докази презентираат пред јавноста секојдневно злоупотреби. Токму овие тела и органи, место да бидат оние кои ќе удрат на маса и ќе покажат како се бранат државните интереси, спијат и уживаат во благодетите (а наскоро и енормните покачувања на плати) кои власта им ги овозможила. Затоа и се’ ќе си остане „класифицирано“, заедно и со нивниот рејтинг и доверба кај народот. За крај што да се каже, освен дека: „Власта „класифицирано“ ве лаже!“   Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlasta-klasifitsirano-ve-lazhe/feed/ 0
НА ДЕНОТ НА (ЗАБОРАВЕНИТЕ) ДОКТОРИТЕ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-denot-na-zaboravenite-doktorite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-denot-na-zaboravenite-doktorite/#respond Mon, 14 Nov 2022 10:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=760170

Денес е денот, кога се празнуваат Светите бессребреници – браќата Кузман и Дамјан. Денес е Денот на докторите. Денес е и Светскиот ден на дијабетесот. Се прашувам: дали и колку Македонија е посветена на македонските доктори?!? Дали и колку Македонија им оддава почит и признание за нивната улога во општеството?!? Дали и колку докторите во Македонија заслужиле вакво невнимание и непочит од страна на здравствените актуелни власти?!? Пред 34 месеци сите „паднавме“ во рацете на овие луѓе. 34 месеци потоа Македонија остана на врвот по бројот на починати од ковид-19 (околу 10.000 починати лица). И, оваа висока бројка не се препишува на докторската негрижа, туку на распаднатиот здравствен македонски систем. Пред некој ден и од устата на премиерот излезе изјава дека системот не ни функционира. А, кој е виновен за ова?!? Докторите, секако дека не. Ги впуштивме голораки во војна со непознат противник. Многу од нив и починаа. Многу од нив и ден денес живеат со траумите од оваа „војна“. Многу од нив, заедно со останатиот здравствен персонал, веројатно се чудат кога слушаат ваква очајничка изјава од првиот – одговорен за распаднатото ни здравство. Министрите се менуваат, ама останува системот, да сведочи за комплетната негрижа. А, ветуваа бесплатно ЕУ здравство, ветуваа 100.000 денари плата за специјалистите, ветуваа и ваучери за сите вработени на инфективните клиники и оддели ширум Македонија. Гостиварските и струмичките инфективни одделенија до ден денес ги немаат добиено ветените ваучери. И, не се работи само за парите, кои денес веќе ја имаат изгубено нивната вредност. Се работи за манипулацијата со нивната жртва и хуманост. Се работи за тотално изневерување на нивните вистински вредности. Што се однесува до условите во јавното здравство, за нив се потребни минимум 100 колумни, како би можело да се опише катастрофалната средина за работа на луѓето кои минимум 10 години посветиле за нивното школување. Условите во кои тие работат, како и услугите кои ги импровизираат кон пациентите, се слика на децениската запоставеност на здравството, но оваа запоставеност достигна кулминација последниве пет години. За жал, во овој период ни се случи и ковид – пандемијата, кога најсурово сите се соочивме со уште посуровата реалност. Затоа, кога доаѓа ваков Ден и кога истиот треба да им се посвети на вистинските херои, треба најмалку да ни биде срам за се’ што можевме, а што не направивме. Напредокот и успешноста на една држава секогаш се гледа и низ призма на организираниот здравствен систем. Кај нас не можеме да се пофалиме на оваа тема, како и на никоја друга. Кај нас чекалните по здравствените установи наликуваат на запуштени депонии. Кај нас ординациите се импровизирани, а пациентите крајно изреволтирани и бесни. Најболното е што својот бес го истураат врз здравствениот персонал. Да, можеби има и таков кој заслужил да добие критика, но најголемата критика за ваквите услови треба да оди до здравствените власти. Да, можеби и има персонал кој дополнително наплаќа за услугите, но и за ова треба сите да се замислиме која е причината?!? Дали, доколку здравствениот персонал е реално платен и уважен, ќе помисли на вакво нешто?!? И дали, пациентот ќе биде приморан да дава мито и да молчи, доколку верува дека има институција која би го заштитила, доколку реагира?!? Сите теории кај нас се, не помешани, туку испревртени. Кај нас и чуварот на болницата може да ви наплати, за да ве однесе преку ред кај докторот. Кај нас и најитната операција во јавното здравство може да се наплати, за да се изврши веднаш. Кај нас Хипократ одамна виси само на ѕидовите, а пајажината врз него ги има заматено сите негови постулати. Кај нас Хипократ одамна е заборавен, со секоја чест на исклучоците. Македонија не смее да ги заборави докторите. Македонија мора да ги задржи во Македонија. Македонија треба најитно да превземе тотална реорганизација на македонското здравство, започнувајќи од средното образование, преку високото, до постдипломските едукации и специјализации. Македонија има кадар, ама нема интерес. И, кога овде ја именувам Македонија, денес најмногу мислам и прст вперувам во актуелната власт. Ветуваше многу, а не реализираше ништо. Остана на првата предизборна програма од 2016-та и до ден денес каска меѓу последните во светот. Барем во здравството можеше да се докаже и покаже. За жал, здравството за актуелната власт беше само одлична можност за огромна заработка на поединци и нивните пријателски фирми. Заработка, на сметка на нечиво здравје, па дури и живот. Ги испонижи докторите, ама и сите пациенти, а со тоа и сите граѓани. Време е за нова здравствена власт и за нова извршна власт. Власт, која конечно ќе изгради нов Клинички центар. Власт, која акцент ќе стави прво врз јавното здравство. И, конечно, власт која ќе ги вреднува и исплаќа докторите според нивната вредност и заслуга, а ги имаат премногу. Едноставно, докторската грижа нема цена, но кај нас не е ниту бесценета, ниту преценета, туку е на маргините на опстанокот. Да го сопреме извозот на наши квалитетни доктори и да започнеме со најголемата реформа во Македонија, а таа е здравствената. Колку побрзо ова се случи, толку поскоро и ќе станеме рамноправни аспиранти за влез во ЕУ. Ова ќе се случи единствено и само со промена на оваа досега најкорумпирана власт, особено во делот на здравството. Нека е честит Св. Козма и Дамјан на македонските херои и нека секој ден за нив биде Ден на нивна гордост (затоа што има луѓе кои се’ уште ја ценат нивната жртва) и пркос (кон сите нивни дисквалификации и омаловажувања)! Вие не смеете да бидете заборавени и затоа овој тежок период уважете го како една тешка битка во вашата долга и хумана борба. Борбата за квалитетно здравство мора да заврши со победа. Дафина Стојаноска - пратеничка ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/na-denot-na-zaboravenite-doktorite/feed/ 0
Државничка пародија: Извонредно „вонредно“ обраќање на Таче https://arhiva.kurir.mk/kolumni/drzavnichka-parodija-izvonredno-vonredno-obrakjanje-na-tache/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/drzavnichka-parodija-izvonredno-vonredno-obrakjanje-na-tache/#respond Sat, 26 Feb 2022 10:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=637079

Верувале или не - Таче се јави, навистина се јави. Овојпат, за промена, на фотографијата имаше и лик, не само раме и раче... Иако, никој жив не знае зошто се јави пустиот, но пи-ар тимот на премиерот кој оком-скоком дејствува по Фејсбук дојава, очебијно проценил дека е време за „силен и државнички“ говор на премиерот кому никој не му верува. Статива. Арно ама, најверојатно ЗЗ наредил, па пустиот Ковачевски мораше да оддржи така извонредно „вонредно“ обраќање до нацијата. Иако, кондурите му беа 10 броја поголеми, јали повеќе. Или поверојатно, откако вчера избега и не даде изјава за Украина, Таче денеска си пушти компензациско кукавичко демек обраќање. За не дај Боже некој да не го праша нешто, да не згреши и да не се збуни презбунетиот„државник“, кој кога се договорал да го наследи Црпко, не сметал дека навистина, макар на секунда-две, ќе мора да биде вистински премиер. Само, до која нација и со кој кредибилитет се обрати престолонаследникот на Заев кој толку парадоксално и без исав при својот „патриотски“ акт дузина пати го спомна тоа на „С“? Да не се лажеме, човечето кое не го познаваат ниту во матичната партија и кое дојде на власт со директива на врховниот лидер, нема мандат да зборува ниту за ланскиот снег, не па за безбедноста на државата. Истата таа држава која стана нечија легитимна мета токму благодарение на нивниот непромислен и насилен акт на промена на името за влез во воена организација на земјата која котира на 134-то место од 139 земји според борбената готовност на армијата?!?!? И не, не држат муабетите дека било време за обединување. Тоа е невозможна мисија со луѓето кои немаат ни трунка осет за Македонија и за Македонците, лукративната банда која тргува со нашата историја, револуционери и светци, ултра неспособна сурија која е во фотелја само благодарение на услугите кон „СОСЕДИТЕ“, а не поради борба за својот народ, макар политичка. Оти никој од овие владејачки дилајли и нивните послушници не очекува да стават пушка на рамо и да се борат за државата чие име толку лесно и без проблем го сменија. Би изгледале како „патриотски“ севрџани или слонови во пижами... И верувале или не, но мислам дека, за жал, кризата со Украина и трагичните настани повторно им се погодија на Заевци. Не, ова не е некрофилија, ова е Северџанофилија. Овојпат, тие ќе бидат класични воени профитери со тапија, неспособњаковиќи кои не ни требаа да бидат на власт со падната влада и кои ќе останат на власт подолго токму поради една вистинска војна. Прво, тоа го сторија и искористија со короната, кога народ калкулираше и се плашеше да излезе на избори, па 2020-та така и победија, со помош на мал „пад“ на системот, башка. Сега, во оваа светска воена криза, никому нема да падне на ум да менува власт, една толку насушна потреба за Македонија. Повторно, Заевци преку своите марионети ќе си владејат, многу подолго од што треба. А крајот на кризата толку далечен и непредвидлив. На страна што, дури и дај Боже утре да заврши, економското цунами од неа ќе удри страшно, па ефектот од агресијата врз Украина ќе го чувствуваме долг временски период. Време во кое Ковачевски ќе владее, Заев ќе команда од плажа или монденски скијачки центри (зависно од годишното доба), а неспособната банда ќе не „води“. Во пропаст... Ве тера да се запрашате, што толку многу сте згрешиле, та во ваква светска воена криза, на работ на Трета Светска Војна, да имате збунка премиер кого колегите без пардон го сечат од фотографии, одбраната да ви ја води Славјанка Лажни Вести, дипломатијата Бујар кој пола време лета орлиња со Артан, МВР Оливер кој „у меџувремену“ гарант продал уште 100 пасоши на мафијаши, искомбинирани со Љупче Путерот, преЦедник ни Стево ни Девојка, Бојан Неправда, доктор Сали, Бисера Скафандер и останатата банда за која Далтонови се светол пример за чесност, родољубивост и способност... Македонски таксират, чиј дел и сами си скроивме. И за жал, добро се сеќаваме кој гинеше во 2001-та, што стори државата за семејствата и нивниот спомен, а и на третманот на загинатите херои од  Диво Насеље. Е сега, пошто Цацко ви е крив, Славјанка нека го побара Цацко. Во Влада...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/drzavnichka-parodija-izvonredno-vonredno-obrakjanje-na-tache/feed/ 0
За културата, за платите, за синдикатите… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-kulturata-za-platite-za-sindikatite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-kulturata-za-platite-za-sindikatite/#respond Wed, 23 Feb 2022 16:11:23 +0000 https://kurir.mk/?p=635553

Каква е културата, такво е и општеството. Доколку културата е на високо ниво, и самото општество има високи стандарди и критериуми во останатите сфери на општественото живеење. За жал, ние одамна ги изгубивме и уништивме стандардите, а тоа е најмногу затоа што неретко културата ја водеа „мешетари“ од втор план, ставајќи им сопка на професионалците, идеалистите и сите оние кои себеси се вложиле во своето работење. Да бидеме реални, од сите општествени ресори, културата, заедно со образованието и науката, ги има најшироките умови, визионерите, интелектуалците. Со цела должна почит кон професионалците во своите области, како здравствените работници, инженерите и другите стручни лица, но „културњаците“ се оние кои ги прават општествените поместувања. Многу фама се крена за колективниот договор кој пред околу 3 години се носеше. Новоформираниот тогаш синдикат за култура, доби целосна поддршка од сите, за да нешто се смени и се направи, да културата стапне на цврсто тло. Дали тоа се доби? Апсолутно не! Само направи еден куп фаци да се обидат да се етаблираат како фактор, а створи бес и лутина, и креира драматична поделеност. Зошто? Заради неправдата. За почеток да објасниме, има три категории на вработени. Администрација, кои се државни службеници и се под еден закон, помошно технички персонал, како втора група, и носителите на дејност кои се даватели на услуги, како трета. Администрацијата беше најмногу засегната, затоа што не само што дел воопшто не добија покачување на плати, имаше состојба каде се случија и намалувања на плати, па вработени се влечеа по судови. Најмногу добија помошно техничкиот персонал, кои од навистина мали и ниски плати од 10.000 до 12.000 денари, дојдоа до речиси дупло. Кај носителите на дејност во музејската дејност исто така де добија значајни покачувања, стимули и работни мотивации, иако според мене има отсуство на контролни механизми за оние пак кои апсолутно ништо не работат. И на крај доаѓаат оние кои извисија. Оние на кои институционалните бирократи, затоа со себични поединци ги исфрлија од игра и забетонираа на исти плати повеќе од 10 години. Еве ќе земам еден пример, за кој јас и една група на колеги сме лични засегнати, а сме игнорирани. Пред неколку години, се правеа стандардизирања на звањата. Категоријата на ликовни соработници и категоријата дизајнери, се пренесоа во категоријата на „стручни соработници за дизајн, архитектура и визуелни уметности“. На ова звање има и пониско звање „соработник за дизајн, архитектура и визуелни уметности“, кое е и за лица и со средна стручна спрема. Вакви лица вработени во државата има вкупно 8-9. Само во мојата институција, тие се 5. Од тие петмина, само еден доби звање стручен, сите останати на некој начин сме деградирани на ниво на обични соработници, земајќи во предвид дека пред повеќе од 10 години кога сме вработени на јавен конкурс, сите бевме вработени со високо образование. Дали има смисла, високо образуван кадар, кој е носител на дејност во една институција, да зема иста или помала плата (со се трудот за викенд) со лицата од техничката служба?! Џабе беа цели изминати две три години апелите до синдикатот. Истиот својата преговарачка вина и незалагањето, го префрлаше на директорите на Институциите дека треба да ни дадат унапредување во стручен, што во основа нема врска со основното ниско ниво (коефициент кои тие го испреговарале) на плата, затоа што унапредување се добива со стаж и со заслуги за работење. Проблемот е нискиот коефициент и своевидната деградација. Секако, и можноста за унапредување, еве после две години ја нема како решение да ни се санира направената штета. Јас лично и јавно на телевизија се обратив и до тогашната министерка Стефоска, а по писмен пат и до неа и до самото министерство сите заедно, преку архивата. Од тогаш помина година и нешто, Министерката ја сменија, таа се пофали дека многу сработила, и благодариме за почитта и за тоа што не успеа да не удостои ниту со одговор. Слушнав дека актуелната министерка Бисера Костадинова Стојчевска ќе имала средба со Синдикатот за култура во петок. Мислам дека за промена е убаво да се отвори за комуникација и со не така мал број на оние кои овој синдикат не го признаваат (после се што НЕ направија за нас). Убаво беше, кога прави посета на Институциите, покрај со Директорите на истите, да поразговара и со дел од вработените. Не за друго, туку затоа што праксата покажува дека неретко самите министри се вакумирани од страна на нивните кабинети (тоа беше случајот со последната министерка, а и неколкуте нејзини претходници кои според мене паднаа пред се ради лошите тимови околу нив). Короната направи многу штета на културата во Македонија. Овие две години некои лежеа и не мрднаа со прст, а лапаа плати кои со ништо не ги заслужуваат, други трудољубиво и одговорно работеа цело време во континуитет, а тонеа финансиски. Време е да се види и кој и што сработува и придонесува. Во моите колумни постојано пишувам за општествени теми, состојбите во државата, за се она што обичниот човек го засега. Ова е прва колумна која ме засега мене лично, и група вредни и посветени стручни лица во областа на културата, носители на дејноста, шутнати настрана, ради нечиј каприц и немарност, а заборавени од системот, затоа што им се небитни како бројка. Александар Ристевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/za-kulturata-za-platite-za-sindikatite/feed/ 0
БУЏЕТОТ СЕ ИЗГЛАСА, КРИЗАТА СТОО https://arhiva.kurir.mk/kolumni/budzetot-se-izglasa-krizata-stoo/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/budzetot-se-izglasa-krizata-stoo/#respond Mon, 20 Dec 2021 13:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=610200

Буџет за 2022 година, тежок 4,4 милијарди евра. Буџет во време на континуирана здравствена и економска криза,  а најново и во време на енергетска криза. Имавме многу помпезни најави за секој буџет кој доаѓаше во Собрание, како предлог на владите на Заев. Дочекавме најави за економска година, за инвестициска година, за година на вложување во човечки капитал и така натаму. И еве, стигнавме до буџетот за 2022 година, за кој немаше никаква помпезна најава од страна на министерот за финансии. Повеќе од јасно е зошто немаше, бидејќи сите досега помпезни најави за економски раст, за инвестициски бум, за инвестирање во човечки капитал паднаа во вода, односно останаа само запишани на хартија и ништо друго. Почитувани, кога СДСМ беше опозиција, тогаш најмногу ги критикуваше владите на ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањата. Кога СДСМ  е власт, Македонија е презадолжена и се очекува задолжувањето да продолжи и да стигне до вредност од 63,9 % од БДП. Кога СДСМ беше опозиција, силно критикуваше за превработеноста во администрацијата. Кога СДСМ е власт, за Министерството за транспорт и врски, во делот на расходи за плати и надоместоци во 2021-ва, со буџетот предвиде 129 милиони и 116 илјади денари, а со буџетот за 2022-ра за истата оваа намена предвидува 139 милиони и 388 илјади денари. Исто така, кога СДСМ беше опозиција, критикуваше за непродуктивните трошења на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Кога СДСМ е власт, за Министерството за транспорт и врски со буџетот за 2021-ва немаше предвидено средства за купување на возила, но во буџетот за 2022-ра има издвоено вкупно 5 милиони и 500 илјади денари за купување возила за ова министерство. Стигнувам до капиталните инвестиции. СДСМ, како власт, планира намалување на средствата за инвестиции во проектите за урбанизам и градежништво, кои се едни од основните капитални инвестиции. Па така, во буџетот за 2021-ва беа планирани 1.905.359.000 денари, а во буџетот за 2022-ра се планирани една 1.366.919.000 денари  за инвестирање во проектите за урбанизам и градежништво. Понатаму, гасификација – еден од најприоритетните проекти во најава на владата на СДСМ и ДУИ. Во буџетот за 2021-ва беа планирани 749.650.000 денари, а со овој буџет се планираат 275.548.000 денари за најбитниот проект на оваа влада. Уште еден од долго најавуваните проекти на оваа влада, кој и по четири години останува само како најава, е проектот за дигитализација, информатизација и дигитална трансформација на македонија. Дури, во програмата на владата за периодот 2020-2024 беше предвидено и формирање на дигитална агенција со посебен закон, која ќе ги дигитализираше државните институции. Истово беше предвидено и во програмата на СДСМ. За жал, но и за болна вистина, во буџетот за 2022-ра воопшто не се предвидени средства за оваа цел. Што се однесува до здравството, самиот министер за финансии, при образлагањето на буџетот за 2022 пред комисијата за финансирање и буџет, штуро спомна во две реченици, цитирам: „Со здравство продолжуваат инвестициите за изградба и реконструкција на здравствените установи. Во општата болница во Кичево и други проекти кои што се однесуваат и болницата во Штип.“ – завршен цитат. За потсетување, болниците во Кичево и Штип ги имаше досега во секој буџет на владите на СДСМ и ДУИ, но и до ден денешен се планира нивна реконструкција. И не се сомневам воопшто тука во грешки кај преведувачот, туку тврдам дека овие две штури реченици на министерот за финансии само докажаа колку оваа влада е загрижена за здравството во Република Македонија, а уште помалку или најмалку за грижа ја има пандемијата со Ковид-19 и сите последици и катастрофи кои ни се случија, заради негрижата и катастрофалното справување на здравствениот менаџмент и на целата влада. Заклучно со 17.12.2021 имаме починати 7.794 наши граѓани од Ковид-19. Ако на ова се додадат оние преку 12.000 починати од други болести, за време на пандемијата, а заради неорганизираниот здравствен систем да може да функционира непречено и да ги опслужува навремено и квалитетно останатите болни во државава... Ако на ова ги додадеме оние кои изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово кои, големо прашање е, дали воопшто беа само 14 на број?!?... Зашто, при секоја ваква или слична несреќа, во која живот губат поголем број на луѓе, следува и објава на список со нивните имиња и презимиња. До ден денешен ние немаме таков список на увид. До ден денешен, и после цели три месеци од несреќата во Тетово, ние немаме никаков официјален извештај од Јавното обвинителство. Таму се’уште се чекаат извештаите на германските експерти и на нашите од Градежниот факултет. Додека Јавното обвинителство се’уште чека, истото тоа Јавно обвинителство уште во првите две недели по катасторфалниот пожар на распит ги повикувало роднините на изгорените, но не повикало на распит ниту едно службено или одговорно лице од ресорот здравство. И, ако сумарно ги собереме сите овие посочени бројки, стигнуваме до близу 20.000 починати. Тоа е цел еден помал град во Република Македонија. Па, ве молам, дали и за што уште треба да пишувам, кога на оваа влада и’ се случи вакво погибие на цел еден град?!? И, само за потсетување на македонската јавност, до ден денешен немаме ниту еден – со име и презиме – одговорен. Имавме оставки во најава, во повлекување, во поддршка, во пи-ар кампања... Имавме се’, освен совест, морал, чин на одговорност и реакција на институциите. За жал, кризата продолжува, се продлабочува... За уште поголема жал, двоецот Заев и Филипче учествувале и во договарање профит од набавка на вакцини, во договарање профит од тендерите за изградба на модуларните болници и во што ли уште не, а се’ на сметка на граѓаните и на сметка на нивните животи. Истрошија милиони народни пари, профитираа со уште поголеми суми, но не изградија ниту една квалитетна модуларна болница. Онаа во Тетово изгоре, останатите се затворија. Таа во Бутел, што требаше да биде поликлиника, остана на некакви поставени конструкции и толку. Впрочем, и целата слика на државата ни е како и модуларните болници. Пепел. Најави, ветувања и пепел. Тетово, додека се’уште го дише чадот од изгорената модуларна болница, се’уште ја чека и новата зграда за гимназијата „Кирил пејчиновиќ“. Абер нема. Остана само на далечното ветување на Заев дека учебната 2018/19 тетовските гимназијалци ќе ја започнеа во нова зграда. Жална и премногу болна е оваа тема за мене, верувам и за секој сочувствителен и разумен човек во државава. А, такви не’ има многу. Тоа се покажа и на последните локални избори, на кои сите вакви луѓе се охрабрија или беа доволно испровоцирани да излезат на овие избори и да го кажат нивниот одговор, нивната реакција на сите овие акции на мафијата од влада во Република Македонија. Има уште многу да се пишува, не само за темата здравство, туку и за темите образование, земјоделие, култура, социјала, локална самоуправа, животна средина, правда, внатрешна и надворешна политика, национални стратегии за нашиот пат кон еу... За жал, немаме луѓе во владата кои би не’ послушале, кои би впериле прст во чело и би размислиле до каде не’ доведоа. Од страната на власта, ако и може официјално да зборуваме за власт, имаме за жал луѓе кои се радуваат на ваквиот сооднос, кои прстот го вперуваат на други места, а не на сопствените чела, кои изгласаа буџет за 2022 година кој ќе не’ одведе до банкрот на државата, кои изигруваат каубојци во буквална смисла на зборот, кои себеси се нарекуваат за прогресивни ЕУ сили и кои, без око да им трепне, тврдат дека се’уште се на вистинскиот прав пат. Затоа, за крај, ќе се обратам до македонската јавност, бидејќи таа не’ испратила  во Собрание и таа од нас очекува резултати. Почитувана македонска јавност, немојте да очајувате. Крајот на овој наместен натпревар вие го отсвиривте на 31 октомври оваа година. Но власта, занесена во својата еуфорија и самобендисаност, се’уште не го слушна вашето свирче. Се’уште игра на натпреварот кој заврши. Ова собрание е повеќе од нефункционално. Пратениците на опозицијата стојат тука, за да ја разобличат оваа криминална власт во заминување. А, ќе замине. Ќе се случеше тоа и на 01.11, и на 11.11. Но, власта одбра подолг крај. Нема проблем. Тука сме до крај. Европа и светот нека видат како се однесува власта во паника од одговорност. А, ќе одговара. Резултатите кои јавноста ги очекува од нас се нашата одговорност кон вас и нашиот Устав пред нас. Овде, со оваа власт, веќе ни Уставот нема важност. Погазија Устав, Деловник, закони, луѓе, животи, достоинства, погазија се’ за пуста власт. За жал, за нив власта значи само моќ. Не значи работа и резултати. И можеби мислат дека успеале. За жал, со нив Македонија не успеа. И не е виновен никој друг, освен тие самите. Тие кои, во име на Македонија, на Уставот и во име на ЕУ, ја погазија Македонија, го погазија Уставот, а со тоа и Европската Унија. Нема земја во Европа, ни во светот, каде премиер, министер или било кој  друг функционер од власта, вака си пограл со власта и со сопствениот народ. Нема пример на премиер кој се’ што кажал – излажал, па дури и за поднесувањето оставка. Со лаги започнаа, со лаги  завршуваат. Лош, ама сепак заслужен крај. Затоа, ја повикувам македонската јавност на трпение и на верба дека има се’уште луѓе кои имаат доблест и одговорност и луѓе кои си ја сакаат својата Македонија. Бидете убедени дека таквите луѓе не се откажуваат пред никакви притисоци, закани и непристојни предлози. Доаѓа времето на тие луѓе и времето кога сите кои работеа против Македонија, а за лични интереси и бизниси, ќе одговараат. Резултатите - допрва доаѓаат! Тие, секако, нема да ги донесат луѓето кои се’уште сметаат дека се власт и дека се моќни. Резултатите ќе ги донесат луѓе кои деноноќно ќе работат сите неправди да се исправат, криминалците да бидат зад решетки, неправедно осудените да излезат на слобода, сите чесни и вредни луѓе во Македонија да имаат работа и конечно сите во Македонија да бидат среќни и да инвестираат и вложуваат во и за Македонија. Да живее Република Македонија!   Дафина Стојаноска]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/budzetot-se-izglasa-krizata-stoo/feed/ 0
Наместо реформиран закон за канабис, Заев нуди вдомување на своите кадри https://arhiva.kurir.mk/kolumni/namesto-reformiran-zakon-za-kanabis-zaev-nudi-vdomuvanje-na-svoite-kadri/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/namesto-reformiran-zakon-za-kanabis-zaev-nudi-vdomuvanje-na-svoite-kadri/#respond Tue, 07 Sep 2021 08:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=560437

Измените  и дополнувањата на Законот за опојни дроги и психотропни супстанции кој беше донесен во 2016 година се влезени во собраниска процедура откако го поминаа владиниот филтер. Законот е украсен со европско знаменце за да може што поглатко, без многу расправа и полемизирање да биде изгласан во Собранието и да стане составен дел на македонскиот правен систем. Во Законот има неколку мали и безначајни измени кои битно не влијааат на неговото применување во пракса меѓутоа има и две измени кои мислам дека  значајно ја менуваат идејата, замислата и практичната примена на ова законско решение. Законот во 2016 година беше предложен и изгласан во Собранието со подршка од сите пратенички групи со образложение дека канабисот ќе се легализира за медицинска употреба т.е. за негова примена во медицината и за потребите на медицинската наука. Целта беше да се одгледува канабис под строго утврдени критериуми, да се преработува во македонската фармацевтска индустрија и во вид на готов производ , масло од канабис со висок квалитет да се извезува ширум светот. Меѓутоа,  сега ни се нуди законско решение во кое навидум има малку измени од кои најзаначајни се:  формирање на сосема нова државна институција покрај постоечката  Агенција за  лекови и медицински средства  (МАЛМЕД),  а тоа е  Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели која мислам дека е непотребна затоа што Агенцијата за лекови има доволно стручен, професионален и едуциран кадар кој може да ги извршува сите дејствија кои ќе бидат поврзани со одгледувањето на марихуаната и проиводство и дистрибуцијата на екстрактите од канабисот. Според мене, со формирањето на Агенцијата само непотребно ќе се зголеми бројот на административци , како што се директор и заменик директор и бројни извршители за кои ќе треба да се обезбедат средства од Буџетот и со формирањето само ќе поттврдиме дека ние како држава во недостаток на идеи  за развој на економијата го избираме полесниот пат за полнење на Буџетот и развој на економијата а тоа е, развивање и форсирање индустрија  на  суровини за  производство на опојни супстанции. Втората измена е дозволата на извоз и увоз на делови од растението канабис со посебен акцент на сушениот цвет од марихуаната. Со ваквата законска одредба ние ја менуваме првичната замисла за донесување на Законот и се претвораме во  оаза за производство и дистрибуција( увоз-извоз) на сушен цвет што е далеку од првичната замисла за развој на фармацевтската индустрија и производство на готови производи. Ваквото решение оди во прилог на одгледувачите на канабис а никако во прилог на развој на економијата на државата. Ќе се претвориме во нарко – држава која само одгледува и продава а ништо не произведува, односно, немаме производство  на готов производ туку само суровина која се извезува и од тоа профитираат одгледувачите. Со новиот Закон тие ќе треба да уплааат 10 % од добивката на сметка на Буџетот на државата. Во претходното законско решение тој процент беше 20 %. Што е следното ? „Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната“, порача премиерот Зоран Заев, чии проценки се дека идната година би можеле да се заработат околу 250 милиони евра од производство на канабис за медицинска употреба, додека ако се легализира за развој на туризмот и угостителството - би можеле да се слеат уште стотици милиони евра во буџетот. „Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојните дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да се извезува, покрај естрахирано масло и сушен цвет, проценката за 2021 година е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз“, изјави премиерот Зоран Заев. Според него, покрај извозот на сушен цвет, државата може да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра. (Изјава на премиерот Заев за Дојче веле на македонски јазик). На пат сме да се претвориме во нарко дестинација во која ќе се собираат оние кои сакаат  јавно, слободно и без ограничување да користат канабис и за тоа да не бидат спречувани или евентуално  санкционирани. Треба да се размисли и да се реагира навремено за потоа да не ги решаваме последиците кои од тоа ќе настанат. Пишува  д-р Андон Чибишев]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/namesto-reformiran-zakon-za-kanabis-zaev-nudi-vdomuvanje-na-svoite-kadri/feed/ 0
Ти Никола Тодоров касниш 4 години со повикот за обединување: ВМРО-ДПМНЕ е обединето без тебе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-nikola-todorov-kasnish-4-godini-so-povikot-za-obedinuvanje-vmro-dpmne-e-obedineto-bez-tebe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-nikola-todorov-kasnish-4-godini-so-povikot-za-obedinuvanje-vmro-dpmne-e-obedineto-bez-tebe/#respond Sun, 07 Mar 2021 13:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=478494

Со министерување во Министерството за здравство кое попрво би го нарекол Министерство за смрт, со етаблирање на ВМРО-ДПМНЕ во диктаторска партија за што тој е најдиректно заслужен, со прифаќање на условите во Пржинските договори, со поднесувањето на оставка од функцијата пратеник на која беше избран од граѓаните и ја изневери нивната доверба, кога на Македонија и беше најтешко… Никола Тодоров сака да се “опере” себеси повторно преку ВМРО-ДПМНЕ. На грбот на репресираните членови на ВМРО-ДПМНЕ експертот-адвокат-политичар-колумнист се нуди во јавност да ја уредува иднината на Македонија и Македонците. Никола Тодоров повторно зборува од име на партијата во прво лице множина придавајки си себеси својства на лидерство и визионерство. Никола Тодоров сега пак се идентификува вмровците, кои сега се прогонети, уценети и притиснати членови кои никогаш не потклекнаа под наездата на пакост на Зоран Заев, како што тој кукавички побегна. Се поистоветува со вмровци кои никогаш не биле со менталитет како неговиот. Од таква позиција Никола Тодоров кажува како ЌЕ сме биле заедно учесници во некакво негово “визионерско” сценарио за пропаст на државата, доколку не сме ја погледнале историјата во очи. Која историја визионеру Николче Тодоров? Таа ли историја во која ти хараше низ државата цели 6 години ветувајки благодети за напатениот народец од кои потоа остана само пепелта од “животот” на Зоран Заев? И сега пак најавуваш пропаст ако не било така како што ти ќе кажеш… Пази внимателно: Ако не е така како што Никола Тодоров кажува значи ќе имало пропаст на државата. Тоа е тој егоистичен, диктаторски менталитет поради кој ВМРО-ДПМНЕ беше срушена од власт во 2016 година. Тоа е таа нетолерантност и самобендисаност на Министерот за сФе кој доаѓаше во кампањи со потсмев гледајки на активистите и обичните члњнови кои требаше да гласаат за тој да се вгнезди во министерската фотелја. Одбиј Никола, одбиј. Доволно те знаеме… и јас и сите оние граѓани кои ги мавташе со твојата привидна демагогија на мало диктаторче. Македонија ќе ја претрга и оваа голгота со Зоран Заев во која ти си еден од виновниците за се што се случи. ВМРО-ДПМНЕ е обединето како никогаш до сега. Обединето заради идеологија, за подобро утре на Македонскиот народ. Ти, Никола Тодоров касниш 4 години со твојот повик за обединување! Колумна на Кирчо Анастасов за Брегалнички.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ti-nikola-todorov-kasnish-4-godini-so-povikot-za-obedinuvanje-vmro-dpmne-e-obedineto-bez-tebe/feed/ 0
САМО ЛУЃЕ КОИ НЕ СОНУВААТ, НЕ САКААТ ИСТОРИЈА https://arhiva.kurir.mk/kolumni/samo-lugje-koi-ne-sonuvaat-ne-sakaat-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/samo-lugje-koi-ne-sonuvaat-ne-sakaat-istorija/#respond Thu, 24 Dec 2020 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=447765

„Ако имаш библиотека и градина, имаш сѐ што ти треба”  вели Цицеро (106 - 43 пред новата ера)  Нема народ на земјината топка кој помалку знае за својата историја од Македонците. Македонците, ,,благодарение“ на политичката шизофренија се на добар пат да ја загубат ,,библиотеката“ (метафора за образованието, знаењето, способноста за логично размислување и аргументирано заклучување, историјата, корените), и од земја лична и убава како рајска градина, да создадат депонија за токсичен отпад. Секој современ народ го брендира својот јазик, своите историски ликови, легендите кои се раскажуваат по селата и градовите и од тие прават приказна. Приказна која, зависно од визијата на уметниците, понатаму стануваат книга, филм, театарска претстава, играна серија... ама тоа некако изгледа многу далеку за еден народ кој не знае кој е Филип Втори, Христо Татарчев, Тодор Александров, Даме Груев, Коста Солев Рацин, Блаже Конески, Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Крсте Петков Мисирков... и плејада други маестрални умови кои низ нивното непресушно перо пишуваат за македонското девојче, македонската вечна борба за слобода, за македонскиот непокор... Деновиве прочитав едно многу добро прашање, кое еве веќе неколку дена се обидувам да си го одговорам самата на себе. Што е ново во политиката со соседните држави кон Македонија, после Ѓорѓи Димитров? Ништо. Ама баш ништо. Иста политика, исти ставови, исти барања, исти аргументи, исти тези, ист вокабулар. Епа, што е ново тогаш? Нова е спремноста, мои сограѓани, на компромис.  Спремноста на нашата политичка „елита“ која седи во удобни фотељи , каде забораваат до каде им се границите. Границите за кои можат а за што не смеат да помислат да преговараат. Нова е спремноста да се избрише македонската историја која ја создавале сите оние кои не дозволиле покорување сите овие години. Не ми е потребно истражување од 4000 и кусур испитаници, за да ме убедите дека  македонските ученици наводно се изјаснале дека историја не ми е потребна. Не само што не верувам во истото, туку сигурна сум дека на овај напатен народ, бројките не му значат веќе ништо. Им треба конкретни дела, видливи со окото на неговото секојдневие. Јас и овој народ сакаме нашите деца да знаат за Питу Гули, Јане Сандански, Гоце Делчев. Сакаме да се восхитуваме на храброста на петте струмички студенти, да раскажуваме за Елпида Караманди, Мирка Гинова, Таки Даскало, Ѓорги Наумов, Мара Јосифоска, со гордост да зборуваме за целиот Битолски партизански одред “Пелистер” итн. Сакаме да гледаме играна серија за големата љубов  на Гоце Делчев, Јанка Охриѓанката! Колкумина од нас знаат дека тоа била љубов од невидени размери? Колкумина од денешната политичката „елита“ знаат дека  Гоце оставил аманет пред да тргне во Востание? Нормално, скоро и да не слушнале дека постои такво нешто а не пак, дека тој бил „да му ја чуваат Јанка и татковината!“. Незрели, себични „високи друштва“ и политичари, се обидуваат да не лишат од македонската историја. Вековниот сон на сите кои лежеле затвор за ние денес да си играме мајтап со Македонија, никогаш не бил нивен сон, трагично но вистинито. Чуму ни се резолуциите на ЕП за ОМО Илинден Пирин и за Македонците во Бугарија, кога и сами знаеме дека немаат обврзувачка сила, па така ни Бугарија ни Грција нема да треба да го менуваат законодавството, освен ако политичката иницијатива на ЕП не биде преточена во законодавна иницијатива од Европската Комисија, па да помине  низ европските парламентарни лавиринти. Се останато е само пуста надеж на секој Македонец, каде и да се наоѓа во моментот, дека нештата ќе се подобрат. Затоа да не ве чуди што историја ја нема во новиот „совршен“ концепт за образование, што пари за наука во новиот Буџет за 2021  година „ нема ни за епрувета“, да не ве чудат картичките за лапачки по кафани, ваучерите за одмор, па и (не)грижата за „Купувај домашно“, која се претвори во „пу, пу не важи“ концепт...сведоци сме дека се претвори во „Купувај, што ќе стигнеш“. Нит им било некогаш гајле за своето, домашното, нити пак за маката на македонските тутунари, оризари, млекари, овоштари... ни за секоја капка пот на земјоделецот кој поштено си го заработува секој денар. А како да им биде кога никогаш не ја прочитале „Тутуноберачите“, нели? Сосема на крај, време е Гоцевата раса, да излезе  и да каже “ДОСТА е!” . Доста е за сите тие што ни го ускратуваат правото на припадност и на дедовина!  Доста е, за понижувањата, доста е за секоја солза што е пролеана за самостојност и непокор на оваа држава! Колумна на Викторија Трајков, доктор на економски науки  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/samo-lugje-koi-ne-sonuvaat-ne-sakaat-istorija/feed/ 0
Пластелин Владата на Заев направи егзодус и етноцид на македонците https://arhiva.kurir.mk/kolumni/plastelin-vladata-na-zaev-napravi-egzodus-i-etnocid-na-makedoncite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/plastelin-vladata-na-zaev-napravi-egzodus-i-etnocid-na-makedoncite/#respond Thu, 26 Nov 2020 19:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=431969

Егзодусот на македонците од Егејска Македонија од страна на грчката војска се уште е контроверзна тема за Европа, но не и за нас македонците кои имаме корени од Егејска Македонија. За нас е болна тема, бидејќи наместо заштита од Владата добивме само понижување и негирање поголемо дури и од оние кои го извршија егзодусот на егејците во 1941 година. Денес е 18 ноември, денот кога во Битола во 1944 година од страна на Леринско-Костурската Народноослободителна Бригада, Воденскиот Македонски Баталјон и Бригадата „Гоце Делчев“ била формирана Првата Народноослободителна Бригада од Егејска Македонија. Денес треба да им оддадеме почит на луѓето кои се родени во Егејска Македонија, луѓето кои ги оставиле коските таму и на кои не им се знае вечното почивалиште, луѓето кои се убиени за слободата на Македонија и македонскиот народ и вечно да се сеќаваме на нив. Како соодветно да им оддадеме почит кога денес како народ сме негирани и понижени низ цела Европа, кога нашите малцинства се избришани од соседните држави, кога нашиот јазик, идентитет, култура и традиција се ставени на коцка? Мојот татко е дете-бегалец од Егејска Македонија и никој, никогаш не може да ме убеди дека голготата која тој ја изодел била не за да се спаси себеси, туку за да им наштети на оние кои го убиле неговиот татко и неговата сестра, оние поради кои морал да го напушти своето родно огниште. Република Македонија е неговата земја, земјата во која нашол засолниште после егзодусот, земјата која го прифатила и му дала можност да се школува, да твори, создава и направи свое гнездо кое го пренесува на своите поколенија. Мојот аманет е да ја пренесувам неговата борба и борбата на сите кои го биле протерани од своите домови во Егејска Македонија. За жал, денес во Македонија имаме Влада која ја користи вековната историја на македонскиот народ како алатка за поткусурување и задоволување на нечии болни амбиции, ќе потенцирам и посочам не со амин на македонските граѓани, туку со насилнички методи и со уривање на Уставот, законите и деловникот на Собранието. Со различни конструкции се успеа на недемократски пат да се заземе власта и сега ширум е отворена вратата за клекнување на колена на македонските граѓани благодарение на СДСМ заедно со личноста која не случајно е поставена за лидер на СДСМ и не случајно е протуркан до Премиер, напротив е многу внимателно и вешто одбрана личност која треба да го зададе најголемиот удар на Република Македонија и нејзините граѓани, за сите граѓани кои живеат во оваа земја. Сите премиери на држави вклучувајќи го и нашиот премиер, пред да седне на премиерското столче пред Уставот на Република Македонија во собраниската сала на се уште непрекрстена Македонија и пред цела македонска јавност положи заклетва и се заколна дека совесно, чесно и одговорно ќе ја извршува функцијата претседател на владата и дека нема да дозволи загрозување на македонскиот идентитет, јазик и култура. Денес и покрај целата распродажба, виткање на кичмата и исполнување на желбите на сите нарачатели гледаме дека сме понижени, омаловажени и уништени како никогаш досега. Македонија, од земја со повеќе вековна историја, богата културна ризница, традиција со свои обичаи и адети, свој македонски јазик, Заев сега создаде генетски модифицирано новороденче кое е вештачка творевина и кое ниту има корени ниту има идентитет полно со сите вбризгани отрови на овој свет кои донесоа раздор во националното ткиво и меѓусебна омраза. Зоран Заев е истиот тој кој ветуваше, убедуваше и се колнеше во најмилото дека нема да се менува Уставот, нема да му се наштети на идентитетот, на јазикот, дека името ќе се реши на начин кој нема да предизвика ниту за грам болка на ниту еден Македонец, а за неговите црвени линии даде одговор дека националното име, идентитет и националната жичка никој не смее да му ја гибне. За жал, видовме дека денес имаме една пластелин Влада која лесно се обликува во форма погодна на нарачателот. Сензационалноста позната под името Заев и неговата СДСМ после спроведената агенда ќе остане само лошата слика во историјата на земја која го изгубила својот идентитет, јазик, култура, државноста за неколку месеци или години власт и секако многу пари. Парите ги потрошија, славата за успешно (?) завршената работа веќе спласна, но затоа засекогаш ќе остане безимениот македонски народ со променет идентитет и име, заборавени малцинства, растргнати национални херои и продадена историја. Лилјана Затуроска]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/plastelin-vladata-na-zaev-napravi-egzodus-i-etnocid-na-makedoncite/feed/ 0
Колумна на Стефановски: „ Четирите свети букви и идеологијата на непокорот! “ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-stefanovski-chetirite-sveti-bukvi-i-ideologijata-na-nepokorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-stefanovski-chetirite-sveti-bukvi-i-ideologijata-na-nepokorot/#respond Fri, 23 Oct 2020 18:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=419950

Македонија и македонскиот народ имаат неколку значајни и особено важни датуми во поновата историја. Почнувајќи од 1893 на денешен ден, па продолжувајќи преку илинденското востание на 2 август 1903 година, 11 октомври 1941, 2 август 1944 година, 5 мај и 7 јуни 1945 година и како најмлад датум 8 септември 1991 година. Ги читаме овие датуми а всушност гледаме една неповторлива и тешка приказна, и слушаме чудни звуци во главата. Слушам крикови, гледам лица, слушам пушки и гледам места. Можам сѐ да видам и чујам, но не можам да ја почувствувам болката и страдањето, не можам да ја почувствувам саможртвата... Голем дел од нас, и нашето постоење започна на овој ден пред 127 години. Среде поплава од една искра се крена огромен пламен, пламен во кој изгореа многу луѓе. Тој пламен се рашири и потикна голема борба, ја поттикна македонската револуционерна борба, го поттикна основањето на македонската револуционерна организација во Солун. Во имотот на Иван Хаџи Николов во Солун се собраа шест луѓе, за да го стават темелот на она кое ќе значи, борба, храброст, и пркос! На она кое јасно и гласно кажува дека нема друга опција освен да се биде свој на своето. Она кое стана симбол за вечната борба на Македонците за основните човекови права. Христо Татарчев, Петар Поп Aрсов, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие се шестте имиња на кои треба секојдневно да им се поклонуваме и да работиме за остварување или зачувување на нивниот идеал. Без никаква помош, како и секогаш, Македонецот морал сам да се бори до смрт, малку заради своите предавници но повеќе заради големината на неговото име и историјата на неговото презиме! Според мене симболот на формирањето на револуционерната организација е во тоа што шест млади луѓе застанале на една маса со една идеја, неземајќи го во предвид животот кој можат да го имаат, напротив, мислејќи на милиони животи кои ќе се одвиваат во неизвесност, мислејќи на илјадници фамилии кои доколку нешто не се превземе денес ќе ги има а утре не. 23 октомври е ден на „ возрасноста " на младите и нивната храброст, 23 октомври е ден на визијата и саможртвата, 23 октомври е ден на ВМРО, ден на Македонија! Организацијата морала да ги постави своите темели не само преку самото формирање, туку и преку долгогодишно дејствување и стратешка прецизност, преку користењето на единствениот удар кој го имале. Тој удар се направил на 2 август 1903 година. 10 години по формирањето на револуционерната организација. Финалниот удар практично бил со самото формирање на МРО, кое го отпочнало македонско револуционерно движење, кое пак е самиот предводник на Илинден и Крушевската Република. Илинден е симбол на сета таа битка, Илинден е плодот на добрата и вештата организација на револуционерите која како што реков, траела 10 години. Борбата секако не завршила тука, дејствувањето на револуционерите се до нивната конечна цел траела со децении, но идеалот бил посилен од нив, идеалот бил двигателот и лекот за истрајноста во тоа време. Тешкотијата, црнилата и секојдневието на Македонецот биле причинител за уште еден поголем удар, кој се случил на 11 октомври 1941 година. Тогаш, сите храбри срца пробале да го дадат одговорот на прашањето „ Да се биде или не? “. На 11 октомври македонскиот народ и пукањето на првите пушки во Прилеп и Куманово ја почнале борбата против еден од најлошите и најцрните непријатели на човековата историја, фашизмот. Македонскиот народ има непроценлива значајност во таа светска битка, во битката на Втората Светска Војна. По фашистичката окупацијата на Југославија, Македонија повторно била поделена, помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор, што и всушност според мене е најголемата мотивација за да се изборат за својата земја, својата чест и својот народ. Од секогаш како народ сме морале да се бориме за основните права и потреби преку најтешкиот пат. Почетокот на самото востание односно војувањето се смета дека почнало во Прилеп. Јасно како ден е дека војувањето и пролеаната крв биле резултат на бугарската окупација, која деновиве е строго одрекувана и Бугарија односно Бугарската власт, сакаат да го избришат тој дел од колективната меморија на македонскиот народ, па и колективната меморија на целиот свет ако сакате. Но тоа е невозможно, и нечесно бидејќи со самите такви тврдења прават будали од милиони луѓе, а уште повеќе грев со загинатите борци. Чесно би било Бугарија да се извини бидејќи секогаш ѝ била непријател на македонскиот народ на овој или на оној начин и да ги покаже своите европски вредности со кои всушност и најмногу се фали. Бугарија можеби не знае за оној момент кога Вили Брант одлучи да се упати кон Полска за да потпише договор за меѓусебно откажување од употреба на сила и признавање на поствоените граници. Дваесет и пет години по Втората светска војна, и по сите случувања помеѓу двете земји. Варшава е местото односно градот во кој националсоцијалистите ги затворале Евреите во гето, по што ги депортирале и убивале во концетрациони логори и што уште не. Варшава е целосно руинирана во тоа време. При положувањето венец на „Споменикот на хероите на гетото“ тој клекна на коленици. Според мене таа е една од најпознатите но и фотографиите со најголемо значење во историјата на човештвото. Не го коментирам Брант, туку само сакам да го напоменам настанот од кој треба да учи Бугарија и другите сојузници на фашизмот од тоа време. Нејсе... Три години потоа, се случува првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година во Св. Прохор Пчински. Заседанието го отвори најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес, со присуство на делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна - САД и Велика Британија. Панко Брашнаров го отвори заседанието со следните зборови: ..."Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден - ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава. Во овој момент, земјата на нашите покојници - многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци - на Гоце Делчев и денешните Илинденци - младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи - слободна, обединена Македонија. Во знак на почитание спрема падналите јунаци, ја ве поканувам да им ја изразиме со еден минут молчание нашата вечна, бескрајна признателност (при помен на жертвите одава се минутно молчение). Вечна слава на падналите герои за слободата на Македонија! Другари народни претставители, жив сум свидетел на два Илиндена - 1903 и 1944 година. Во моите спомени се нижат безброј моменти за илиденската народна епопеја и Крушовската република. Бескрајни беа напорите на вооружениот македонски народ, огромна беше жаждата му за слобода, борбата го дари со слободна Крушовска република. Но разјарениот башибозук и турската регуларна војска се нафрлија и го затрупаја оазисот на слободна Македонија - Крушовската република го потушија востанието и го стегнаја искрвавениот македонски народ во ново ропство. Животворениот извор на слободата не секна. Македонија ја поделија, ропствата се менија, но борбата на македонскиот народ не престана. Кога сите поробени народи на Југославија се дигнаја против денешниот непријател на целото човечество фашизмот, и македонскиот народ се нареди во таја борба. Тој во неа виде возможност да ја помогне општата борба на сите поробени народи и целото слободољубиво човечанство и да го оствари својот вековен национален идеал. И ете како резултат на тригодишни крвави борби, македонскиот народ ја врза својата судбина со судбината на сите југословенски народи, помогна со крф и борба да се дојде до нова, братска, демократска и федеративна Југославија. Денеска на фториот, славен Илинден, последен Илинден на неослободена Македонија, се стават темелите на македонската држава во која да се обедини и заживее нашиот народ онаков среќен живот каков го заслужува по своите претрпени ропски маки и петвековни борби. Да е жива нашата мила македонска федерална држава! Да е жива федеративна, демократска Југославија, заеднички покров на братските јужнословенски народи!..." На тоа заседание се донесени неколку важни решенија: Решението за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно народно претставничко тело и највисок орган на државната власт на демократска Македонија Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава. Самиот факт дека Методија Андонов Ченто заради своето дејствување преку АСНОМ гниеше во удбашките затвори скоро една деценија е нешто кое е најдобар пример за тоа како завршувале луѓето кои не барале ништо туѓо, ами само да го добијат она што го заслужуваат и она кое им припаѓа. 1 година по тоа заседание доаѓа историскиот ден за посебноста и карактерот на македонскиот јазик, доаѓа кодификацијата на Македонскиот јазик која е резултат на: Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука, со официјалното усвојување на македонскиот правопис - 7 јуни 1945. Важноста и посебноста на АСНОМ се дел од неизбришливата историја на која и ден денес пробуваат да ѝ се заканат обични будали на дваесет и првиот век. Оспорувањето на само определбата или светски признатиот идентитет на некоја нација во 21 век е нешто навистина несфатливо за мене. Кога сме кај 8 септември 1991 година, јас мислам дека тоа е само шлагот или крунисувањето на таа борба која траела скоро еден век. Мислам дека од 8 септември па навака имаме проблеми со комплексност која е неспоредлива со онаа на револуционерите, илинденците, асномците итн... Главната задача беше да ги зачуваме нивните дела, и да го оствариме нивниот идеал. За жал модерното време не препознава идеали, модерните политичари, а најмногу квази левичарите продаваат нации како да ке нема утре, тогашните неправди биле со употреба на сила и со војување, сегашните неправди се со ментално и идентитетско малтретирање на народот. Но мислам дека на крајот секогаш победува оној кој е во право, на овој или на оној начин... П.С Сакав да направам една кратка ретроспектива на сите случувања кои денес се теми или предмети на преговори. Не спомнав ниеден од политичарите кои денес нѐ малтретираат и ни се закануваат на „ модерен " начин бидејќи мислам дека е нечесно до такви имиња, датуми и патриоти да ставам некое име на безрбетник. Честит 23 октомври браќа и сестри Македонци! Никогаш не е касно за исправање на работите, идеалот е сеуште тука! Да живее ВМРО! 👌 Да живее Македонија! 🇲🇰 Колумна на Леон Стефановски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-stefanovski-chetirite-sveti-bukvi-i-ideologijata-na-nepokorot/feed/ 0