Команда за операции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 05:17:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Команда за операции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одбележување на денот на Командата за операции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-komandata-za-operatsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-komandata-za-operatsii/#respond Mon, 16 Oct 2023 05:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=889171

Припадниците на Командата за операции (КО) денеска со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово ќе го одбележат денот на единицата. На свеченоста во присуство на началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на КО, бригаден генерал, Бесник Емини. Се очекува да присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, директорот на генералштабот, бригаден генерал Симеон Трајковски, претставници од кабинетот на претседателот, генералите во Армијата, поранешни команданти на оваа команда, претставници од воено дипломатскиот кор и командата на СИБРИГ, претставници од министерството за одбрана и генералштабот, како и претставници од локалната самоуправа и институции со кои соработува оваа команда. Командата за операции е носител на традициите на формирањето на штабот на македонско-кресненското востание во селото Кресна на 17 октомври 1887 година, кој е воедно и ден кога е кренато востанието како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezhuvane-na-denot-na-komandata-za-operatsii/feed/ 0
Одбележување на Денот на Командата за операции во кумановската касарна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-komandata-za-operacii-vo-kumanovskata-kasarna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-komandata-za-operacii-vo-kumanovskata-kasarna/#respond Fri, 16 Oct 2020 05:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=417012

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, денеска Командата за операции (КО), ќе го одбележи Денот на единицата. Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски. На прославата ќе присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, поранешни команданти на оваа команда, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот и претставници од локалната самоуправа. Активноста, како што информираа од МО, ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита. Инаку, за ден на Командата за Операции е определен 17 Октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbelezuvanje-na-denot-na-komandata-za-operacii-vo-kumanovskata-kasarna/feed/ 0