командант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Oct 2023 09:00:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png командант – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелската армија соопшти дека убила уште еден командант на Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/#respond Sun, 15 Oct 2023 09:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=888984

Израелската армија утринава соопшти дека убила уште еден командант на командосите на Хамас, кој минатиот викенд ги предводеше нападите врз населените места Нирим и Нир Оз во јужниот дел на Израел. Билал ал Кедра, командант на т.н од единицата Нухба на јужниот баталјон Кан Јунис, беше убиен во воздушен напад благодарение на разузнавачките напори на израелската безбедносна служба Шин Бет и военото разузнавање, објавија израелските медиуми. Уште неколку членови на исламскиот екстремистички Хамас, кој владее со Појасот Газа, и Исламскиот џихад се убиени синоќа во Појасот Газа, соопшти израелската армија. Се наведува дека биле погодени повеќе од 100 цели, вклучувајќи командни центри на Хамас, воени комплекси, десетици ракетни лансирни рампи, локации за лансирање противтенковски ракети и набљудувачки пунктови и командни центри на Исламскиот џихад. Војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас, во која загинаа илјадници луѓе, почна пред девет дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-armija-soopshti-deka-ubila-ushte-eden-komandant-na-hamas/feed/ 0
Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/#respond Thu, 06 Apr 2023 13:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=821081

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра. Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета. Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив. По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/feed/ 0
Зеленски го смени командантот на силите на територијалната одбрана https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-komandantot-na-silite-na-teritorijalnata-odbrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-komandantot-na-silite-na-teritorijalnata-odbrana/#respond Mon, 16 May 2022 12:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=677352

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени командантот на силите за територијална одбрана без да ја наведе причината за одлуката, три месеци по почетокот на конфликтот во Украина, јави ДПА. Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Зеленски го назначил генерал-мајор Игор Танкура на местото на Јуриј Галушкин. Министерството го опиша Танкура како искусен офицер кој претходно бил началник на Генералштабот на копнените сили на Украина, а сега ќе командува со силите што и помагаат на украинската армија во одбраната на земјата по руската инвазија. Во него се наведува дека силите за територијална одбрана брзо ја зголемиле својата бројност откако биле основани, непосредно пред инвазијата и дека играле важна улога во војната со Русија „Експлозивниот раст на структурата, особено во услови на интензивна борба, е огромно искуство, (со)грешки и достигнувања. Има успеси и, за жал, загуби“, се вели во соопштението на Министерството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-komandantot-na-silite-na-teritorijalnata-odbrana/feed/ 0
Нацев во Приштина на средба со командантот на мисијата на КФОР, генерал мајор Ференц Кајари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/#respond Fri, 28 Jan 2022 13:06:30 +0000 https://kurir.mk/?p=623936

Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев денеска во Приштина се сретна со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари при што на истата му беше врачена плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР. -Денес остварив средба со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари, на која разговаравме за придонесот кој АРМ го дава кон оваа мисија, како и за идните аспекти на одбранбена соработка во рамките на НАТО. На средбата ми беше врачена и плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР, објави Нацев на социјалната мрежа на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nacev-vo-prishtina-na-sredba-so-komandantot-na-misijata-na-kfor-general-major-ferenc-kajari/feed/ 0
Ликвидиран командантот на ЕЛН https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likvidiran-komandantot-na-eln/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likvidiran-komandantot-na-eln/#respond Mon, 26 Oct 2020 07:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=420588

Во операција на безбедносните сили на Колумбија во провинцијата Чоко убиен е командантот на бунтовничката Национална ослободителна армија (ЕЛН), познат како Уриел, изјави колумбискиот претседател Иван Дуке. Уриел (41) е познат по тоа што ги користеше медиумите да ги оправда своите злосторства. Тој често се појавуваше на телевизија и објавуваше видеоснимки и објави на Твитер. Андрес Фелипе Ванегас Лондоно познат како Уриел се товари за киднапирање, убиства на активисти за човекови права и припадници на безбедносните сили и по лошиот однос кон малцинстваа. Дуке наведе дека Уреил е елиминиран во заедничка акција на армијата и полицијата на Колумбија. ЕЛН е формирана во 1964 година од радикални свештеници и групата се сметаше за порадикална од бунтовничката ФАРК, која во 2016година потпиша мировен договор и сега е легална политичка партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/likvidiran-komandantot-na-eln/feed/ 0
Командантот на американската гарда и позитивен и негативен на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandantot-na-amerikanskata-garda-i-pozitiven-i-negativen-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandantot-na-amerikanskata-garda-i-pozitiven-i-negativen-na-koronavirusot/#respond Mon, 11 May 2020 08:52:30 +0000 https://kurir.mk/?p=344461

омандантот на американската Национална гарда Џозеф Ленгиел, кој е член на работната група за борба против коронавирусот, за време на викендот доби и позитивен и негативен резултат на тест за коронавирусот. Генералот Ленгиел наводно бил позитивен во саботата, но резултатот од вториот тест направен истиот ден бил негативен, и тој денеска повторно ќе биде тестиран. Дипломат кој побарал да остане анонимен, изјави дека и командантот на морнаричките операции, адмиралот Мајк Гилдеј, исто така, имал контакт со член на семејство, кој бил позитивен на коронавирусот. Гилдеј бил негативен на тестот, но како претпазливост, тој се самоизолирал на една недела. Ниту Ленгиел, ниту Гилдеј не присуствувале на завчерашниот состанок на американскиот претседател Доналд Трамп со членовите на работната група. Претходно беше објавено дека главниот советник за коронавирусот Ентони Фаучи и уште двајца лекари се во самоизолација, откако биле во контакт со заразено лице во Белата куќа. Во Вашингтон постои загриженост затоа што вирусот влезе во најблиското опкружување на американскиот претседател, откако беше откриено дека неговиот личен асистент е позитивен, како и портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс, Кејти Милер. ј]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandantot-na-amerikanskata-garda-i-pozitiven-i-negativen-na-koronavirusot/feed/ 0
Командант на морнарица: Иран разорно ќе реагира на агресија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/#respond Sun, 22 Sep 2019 10:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=243483

Командантот на иранската морнарица Хосеин Канзади денеска изјави дека Иран е подготвен да ги одбрани своите поморски граници о оти „разорно ќе реагира“ на секаква агресија. САД и Саудиска Арабија го обвинуваат Иран дека го извршил нападот врз саудиската нафтена рафинерија на 14 септември, а Техеран негира било каква вмешаност. – Во случај на непријателска агресија, морнарицата заедно со други армиски родови ќе возврати на најразорен можен начин, рече Канзади. – Исламската Република Иран има одбранбена моќ која денес е на највисоко ниво, а вооружените сили и Револуционерната гарда се подготвени да ги бранат поморските граници на земјата, истакна тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komandant-na-mornarica-iran-razorno-kje-reagira-na-agresija/feed/ 0
Командант Малишева: Минатата ноќ, малку фалеше да падне крв до гуша во затворот Идризово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-malisheva-minatata-nokj-malku-faleshe-da-padne-krv-do-gusha-vo-zatvorot-idrizovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-malisheva-minatata-nokj-malku-faleshe-da-padne-krv-do-gusha-vo-zatvorot-idrizovo/#respond Wed, 31 Oct 2018 10:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=121768

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Синоќа, околу 22:20 часот посебни специјални сили на непознати единици без амблем, влегоа во павилјонот во кој сме сместени ние провоцирајќи конфликт на етничка основа, ние сме свесни и воздржани, но тие со сите сили се обидоа да ни го отстранат националното знаме, наводно имале наредба, знамето не беше отстранетo затоа што резистиравме до тој степен што требаше да се пролее крв до гуша. Треба да знааат сите дека тука безбедност нема, треба да знаат сите дека тука се уште нема слобода на изразување и не се дозволува знамето да се користи или да се става во нашите соби. Сакаме да знаете дека ако уште еднаш провоцираат врз етничка или верска основа ние нема да преземаме одговорност за последиците. Речиси четири години сме во затвор и не сме направиле проблеми и не сакаме такво нешто, но од денес нема да ја трпиме психолошката тортура. На овие им смета љубовта кон татковината, но тие не можат да ни ја одземат, ние сме и ќе бидеме УЧК со срца. Ве замолувам да го споделите и електронските медиуми да ја објават оваа изјава од нас. Командант Малишева]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komandant-malisheva-minatata-nokj-malku-faleshe-da-padne-krv-do-gusha-vo-zatvorot-idrizovo/feed/ 0