Комбат гејмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комбат гејмс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски аикидоки на Комбат гејмс 2023 во Ријад, Саудиска Арабија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:20:53 +0000 https://kurir.mk/?p=891605

Третите по ред Светски борбени игри годинава се одржуваат во Ријад, Саудиска Арабија. На нив ќе учествуваат и двајца Македонци. -Во делот за презентација на боречката вештина Аикидо на овие Игри, што е под координација на Меѓународната аикидо федерација (IAF), учесници ќе има и од Македонија, што е воедно и прва официјална активност на македонски аикидоки на Меѓународната сцена по нашето зачленување во Меѓународната аикидо федерација во 2020 година, информира аикидо мајсторот Дамјан Цингарски од Македонската аикидо федерација – Аикикаи Македонија (www.aikido.mk). Со Цигарски во Ријад ќе биде и аикидо мајсторот Трајко Манасиев од Националниот аикидо сојуз на Република Северна Македонија,. Двацата повеќе од 20 години се занимаваат со аикидо и работат на неговиот развој и промоција во земјава и во странство. Аикидо вештината нема натпреварувачки карактер па затоа и двајцата македонски мајстори ќе учествуваат во демонстративниот дел за претставување на аикидо вештината, заедно со учесници од целиот свет. Светските борбени игри (World Combat Games) се меѓународен настан со повеќе борбени спортови и боречки вештини. Игрите беа основани од SportAccord (сега позната како Глобална асоцијација на меѓународни спортски федерации - GAISF) како начин да се прикажат различните боречки вештини и борбени спортови на меѓународната публика. Светските борбени игри се исто така придружени со културна програма која ги рефлектира древните традиции и вредности на боречките вештини, како и нивниот придонес во современото општество. Игрите се признати од Меѓународниот олимписки комитет. Првите светски борбени игри се одржаа во 2010 година во Пекинг, со натпревари за бокс, џудо, џу-џицу, карате, кендо, кик-бокс, саншоу, муај тај, самбо, сумо, таеквондо, борење, вушу и демонстрација на аикидо. Учествуваа над 1000 спортисти од сите пет континенти. Приближно исто толку волонтери помогнаа да се одржи настанот. Во текот на осумте натпреварувачки дена беа доделени 118 златни медали. Вторите светски борбени игри се одржаа во Санкт Петербург. На овие Игри дебитираа спортовите савате и меч. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makedonski-aikidoki-na-kombat-gejms-2023-vo-rijad-saudiska-arabija/feed/ 0