комедија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Oct 2021 07:36:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комедија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Моника Белучи ќе глуми во комедија https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/monika-beluchi-kje-glumi-vo-komedija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/monika-beluchi-kje-glumi-vo-komedija/#respond Fri, 15 Oct 2021 07:36:03 +0000 https://kurir.mk/?p=579386

Моника Белучи ќе глуми во комедијата „Мафија мама“, заедно со Тони Колет и Роб Хубел, а во режија на Кетрин Хардвик. Режисерката е позната по хорор-романсата „Самрак“. Филмот раскажува за една Американка од предградието која одеднаш го наследува мафијашкото царство на дедо ѝ. Таа ги предизвикува и туѓите и сопствените очекувања со одлуката да го прифати „семејниот бизнис“. – Тоа ќе биде чиста забава, поддржана од солидна доза феминизам, смета Колет. Снимањето на филмот ќе почне пролетта 2022 година во Италија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/monika-beluchi-kje-glumi-vo-komedija/feed/ 0
Роберт Де Ниро е ѕвезда на нова урнебесна комедија (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-e-dzvezda-na-nova-urnebesna-komedija-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-e-dzvezda-na-nova-urnebesna-komedija-video/#respond Tue, 08 Sep 2020 11:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=400640

Познатиот актер Роберт Де Ниро неодамна наполни 77. години, но сепак е многу активен во Холивуд. Минатата година го видовме во многу успешните филмови „Џокер“ и „Ирецот“, додека во 2020. година тој ќе биде sвезда на две комедии. Едната од нив, наречена The Comeback Trail, ќе биде објавена на 13. ноември, а друштво ќе му прават уште двајца холивудски ветерани, Морган Фримен и Томи Ли Џонс. The Comeback Trail е преработка на истоимениот филм од 1982 година. Тоа е приказна за двајца филмски продуценти кои и должат пари на мафијата. Доаѓаат до идеја да започнат да снимаат филм единствено со цел да се случи несреќа на сетот што ќе го убие главниот актер, што ќе им овозможи да земат пари за осигурување и да го отплатат долгот. Сепак, ќе биде многу потешко тоа да се спроведе отколку што очекуваа. Оваа црна комедија беше во режија на Џорџ Гало, кој заедно со Џош Поснер го напиша и сценариото. Во филмот The Comeback Trail, покрај горе споменатите актери, играат и Емил Хирш, Зак Бреф, Кејт Кацман и Еди Грифин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/robert-de-niro-e-dzvezda-na-nova-urnebesna-komedija-video/feed/ 0
Силно пријателство на мајмунот Коко и чуварот: Погледнете го трејлерот за новата македонска комедија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/#respond Thu, 19 Apr 2018 07:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=42882

Необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивниот живот во превртениот транзициски свет се центар на дејството на „Година на мајмунот“, новата комедија на реномираниот режисер Владимир Блажевски, автор на култниот македонски филм „Панкот не е мртов“. Мајмунот, кој од Зоолошката градина завршува на улиците на Скопје и продолжува да патува низ живописните предели на Македонија, како и низа карикатурни ликови, едно необично комбе, неколку протести и чудесна роденденска прослава, проследени со пиктурална фотографија и звуците на „О, соле мио“, се само дел од моментите што ги прикажува двеминутниот трејлер за оваа комедија на апсурдот. Филмот, кој денес, 19 април, ќе ја има својата премиера во рамките на 21. издание на Скопскиот филмски фестивал, е копродукција на Македонија, Србија, Словенија и Косово и е поддржан од „Еуримаж“. Се снимаше во 2016 година на 80-ина локации во Македонија. Главната улога ја игра Игор Ангелов, а во екипата се појавуваат актери од Македонија, Србија, Словенија и од Хрватска. По официјалната премиера, „Година на мајмунот“ ќе продолжи да се прикажува во киносалите на „Синеплекс“ почнувајќи од 20 април. Филмот ќе ја има својата светска премиера на 23 април на еден од најреномираните и најстари светски филмски фестивали – Московскиот меѓународен филмски фестивал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/silno-prijatelstvo-na-majmunot-koko-i-chuvarot-poglednete-go-trejlerot-za-novata-makedonska-komedija/feed/ 0