комеморации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Nov 2020 15:20:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комеморации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Напади од 13 ноември 2015 година: Пет години подоцна, комеморации во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadi-od-13-noemvri-2015-godina-pet-godini-podocna-komemoracii-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadi-od-13-noemvri-2015-godina-pet-godini-podocna-komemoracii-vo-pariz/#respond Fri, 13 Nov 2020 15:20:06 +0000 https://kurir.mk/?p=429158

На 13 ноември 2015 година се случија серија исламистички терористички напади во Париз и Сен Дени, во близина на Стад де Франс, при што загинаа 131 лице и беа повредени уште 350 други. Ова се најсмртоносните напади извршени некогаш во Франција. Пет години подоцна, се одржуваат серија комеморации, ова и покрај важечкото ограничување за справување со епидемијата Ковид-19, јави дописникот на МИА. Премиерот Жан Кастекс, како и министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан и Ерик Дупонд-Морети министерот за правда им оддаоа почит на жртвите на овие напади на различните места каде беа извршени нападати. Тие беа придружувани од градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалникот на Сен Дени, Матјео Ханотан. . Што се однесува до семејствата на жртвите, присуствуваа само двајца претседатели на здруженија (Живот за Париз и 13 онз 15), поради мерките на ограничување. Првата церемонијата беше на „Стад де Франс“, а потоа во 11-от арондисман во Париз, во „Пети карилон“, во „Пети Камбоџ“, „Бон биер“, во „ Комптоар Волтер“ и во „Бел екип“, односно сите барови и ресторани погодени од нападите. Комеморациите во Батаклан завршија во концертната сала, која беше местото на најсмртоносниот напад на 13 ноември: 90 лица загинаа во напад на тројца напаѓачи. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, објави на Твитер дека Ајфеловата кула ќе се изгасне вечерва во 20 часот, а потоа ќе трепери секој час, во знак на почит на жртвите. Споменикот исто така ќе прикаже порака за оддавање почит на сите жртви на тероризам, како и на мотото „Fluctuat nec mergitur“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/napadi-od-13-noemvri-2015-godina-pet-godini-podocna-komemoracii-vo-pariz/feed/ 0
Во Хонг Конг забрана на комеморации за загинатите на Тјенанмен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-zabrana-na-komemoracii-za-zaginatite-na-tjenanmen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-zabrana-na-komemoracii-za-zaginatite-na-tjenanmen/#respond Mon, 01 Jun 2020 16:06:39 +0000 https://kurir.mk/?p=352471

Првпат во три децении, полицијата во Хонг Конг забрани комеморативен собир во спомен на загинатите за време на антирежимските демонстрации на плоштадот Тјананмен во Пекинг во 1989 година, а одлуката беше објаснета со опасноста од ширење на коронавирусот. Хонг Конг и Макао се единствените делови на кинеската територија каде се одржуваат вакви комеморации, а сега има стравувања дека ќе ги нема и во Хонг Конг во наредните години, бидејќи кинеските власти имаат намера да донесат закон со кој се криминализира какво било нарушување на авторитетот на Пекинг, наведува Би Би Си. На копнениот дел на Кина, забрането е и индиректно да се спомене она што се случи во Пекинг на 4 јуни 1989 година, кога, по неколкунеделни масовни протести, демонстрациите во Тјананмен беа задушени со сила. Проценките за бројот на мртвите се движат од неколку стотици до неколку илјади, а кинеските власти никогаш официјално не објавија колку лица го загубиле животот во тоа време, потсетува Би Би Си. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-hong-kong-zabrana-na-komemoracii-za-zaginatite-na-tjenanmen/feed/ 0