комеморативна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 Aug 2022 10:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комеморативна седница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Одржана комеморативна седница за жртвите од Цетиње https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odrzana-komemorativna-sednica-za-zrtvite-od-cetinje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odrzana-komemorativna-sednica-za-zrtvite-od-cetinje/#respond Sun, 14 Aug 2022 10:21:26 +0000 https://kurir.mk/?p=718282

Во Владиниот дом во Цетиње денеска се одржа комеморативна седница за жртвите од масакрот кој во петокот се случи во овој град. Комеморативната седница започна со една минута молк, по што беше испратена порака дека Цетиње не е сам во својата тага, туку дека тагува и цела Црна Гора. На комеморацијата присуствуваше државниот врв на Црна Гора, политичари, блиски пријатели и семејствата на загинатите. Во масакрот кој се случи во Цетиње убиени се 11 лица, меѓу кои и напаѓачот Вук Бориловиќ, а повредени се шестмина. Во незапаметената трагедија животот го загубија: Данијела Радуновиќ (51), Александра Радуновиќ (52), Милан Митровиќ (37), Рајко Дрецун (56), Димитрије Дрецун (81), Даница Дрецун (74), Горан Ѓуришиќ (54), Наташа Пејовиќ Мартиновиќ (35), М.М. (11) и М.М (8). Во Црна Гора поради трагедијата е прогласена тридневна жалост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/odrzana-komemorativna-sednica-za-zrtvite-od-cetinje/feed/ 0
Комеморативна седница во МАНУ за академик Луан Старова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/#respond Wed, 02 Mar 2022 06:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=639051

Македонската академија на науките и уметностите, Друштвото на писателите на Македонија и Катедрата за романски јазици и книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во МАНУ денеска ќе одржат заедничка комеморативна седница по повод смртта на академик Луан Старова. Академик Старова, редовен член на МАНУ, почина на 24 февруари 2022 година, на 81-годишна возраст. Роден е на 14 август 1941 година во Поградец, Албанија, а од 1943 година со семејството се преселува и живее најнапред во Струга, кратко време во Тетово, а потоа во Скопје од 1945 година. Основното образование завршува училиштето „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 1955/1956, на македонски јазик, со што ја одбележува својата билингвална предодреденост – албанскиот како мајчин јазик и македонскиот како јазик на кој се образува. Матурира во гимназијата „Јосип Броз Тито“, во учебната 1960/1961 г. Во текот на студирањето се вработува како новинар, а потоа и како главен и одговорен уредник на весникот „Млад Борец“. По дипломирањето во 1967 година, во Радио Скопје работи како новинар. Во 1968 г. станува главен и одговорен уредник на емисиите на албански јазик на Телевизија Скопје и истата година започнува да ги следи постдипломските студии по теорија на книжевноста, со специјалност од француската литература на Сечилиштето во Загреб. Под менторство на проф. д-р Антун Поланшчак го брани магистерскиот труд на тема „Балканот во прозата на Гијом Аполинер“, а во текот на 1972/1973 г., како стипендист на француската Влада престојува во Париз, на специјалистички студии на Универзитетот Нова Сорбона. Во 1974 г. е избран за асистент на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за француски јазик и книжевност, по предметот француска книжевност. Повторно, како стипендист на француската влада, во текот на 1975 г, престојува во Париз, каде што работи на својата докторска дисертација. Во 1979 година е избран за потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство на Македонија. Бил прв главен и одговорен уредник на македонското издание на Гласникот на УНЕСКО, член на редакцијата на меѓународното списание ,,Балкан –Форум’’, Во 1985 г. е именуван за вонреден и ополномоштен амбасадор на СФР Југославија во Република Тунис. Именуван е и за прв амбасадор на СФРЈ во Палестинската држава. За овие свои дипломатски мисии, од претседателот на Република Тунис, го добива високото одликување Голем офицер од редот на Републиката и посебно признание од Јасер Арафат како прв амбасадор во државата Палестина. Во 1990 г. е избран за редовен професор по предметот француската книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е и за шеф на Катедрата за романски јазици и книжевности. Во 1994 г. е именуван за прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Франција, како прв постојан претставник во УНЕСКО и нерезидентен амбасадор во Шпанија и Португалија. Во 1997 г. е избран за член на Академијата на амбасадорите, односно Prix des Ambassadeurs при Француската академија. Во 1998 г. е избран и за редовен член на Медитеранската академија, со седиште во Неапол. По завршувањето на својата дипломатска мисија, се враќа во земјата и продолжува да работи како професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Избран е како визитинг професор на Универзитетот за источни студии во Неапол, а предава француска книжевност и на Универзитетот на Источна Европа „Ван дер Штул“ крај Тетово. Бил потпретседател на Друштвото на писателите на Македонија и на Советот на Струшките вечери на поезијата. Старова е автор на обемно научно дело од областа на романистиката, поспецијално на француската книжевност, албанската и македонската, како и компаративната книжевност. Автор е на над 200 библиографски единици на разни стручни, научни трудови и студии објавувани во земјата и странство. За своите книжевни дела е добитник на повеќе национални и меѓународни признанија. Во 2022 од страна на Академијата за науки и уметности во Албанија предложен е за Нобелова награда. Почесен член на Академијата на науките на Албанија е од 2006 година, на Медитеранската Академија во Неапол е член од 2011 година, а од 2014 г. е член на Европската академија на науките во Салцбург, член е на научното друштво ,,Лајбниц’’ од Берлин од 2016 г. За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 г. Бил секретар на Одделението за уметност, а во периодот 2016-2019 беше потпретседател на МАНУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-manu-za-akademik-luan-starova/feed/ 0
Комеморативна седница за академик Радован Павловски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/#respond Mon, 28 Feb 2022 06:43:43 +0000 https://kurir.mk/?p=637671

Македонската академија на науките и уметностите и Друштвото на писатели на Македонија денеска ќе одржат заедничка комеморативна седница по повод смртта на академик Радован Павловски. Комеморативната седница ќе се одржи во 10 часот во свечената сала на МАНУ, а посмртните останки на Павловски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот. Погребот ќе биде во 12 часот. Радован Павловски почина во вторникот на 84-годишна возраст. Тој е поет, есеист и патописец. Беше член на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН центар, а бил член и на Сојузот на писателите на СФРЈ. На 10 мај 2006 година е избран за редовен член на МАНУ. Роден е на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговото семејство во 1940 година се враќа во Железна Река каде што го поминува своето детство и завршува основното образование, а средното во Гостивар. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Својот живот го посветува на поезијата, која ја твори повеќе од шест децении. Во 1952 година во списанието „Народно здравје“ првпат е објавена неговата кратка песна „Загонетка“, а во 1955 година се определува за светот на поезијата создавајќи ги првите песни од збирката „Суша, свадба и селидби“. Покрај пишувањето поезија твори и во другите уметности, цртајќи цртежи, карикатури и скулптури. Работниот век го почнува во декември 1956 година кога се вработува како преведувач и новинар во Радио Скопје (Танјуг), а потоа од 1959 година и во „Нова Македонија“. Од 1964 до 1982 година живее и твори во Загреб, а од 1982 до 1985 година во Белград. Во Република Македонија се враќа во 1985 година. Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“ (1965, 2002), „11 Октомври“ (1971), „Кочо Рацин“ (1975), „Повелба на печалбарите“ (1990), „Гоцевата повелба“ (1991), „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга (1995 и 2014), Жезлото на ДПМ (2002) и Благодарница од Струшките вечери на поезијата за унапредување и развој на поетскиот фестивал (2011). Исто така е добитник на странските награди: „Младост“ (југословенска награда за „Суша, свадба и селидби“, (1961), „Златна струна“ (југословенска награда на анонимен конкурс за песната „Железна Река“, 1975), „24-та Дисова пролет“ (југословенска награда за поетски опус – избор „Момчето што спие напладне“, 1978), Плакета на јубилејната 50. Дисова пролет (1987, како лауреат) и „Ристо Ратковиќ“ (југословенска награда за збирката песни „Темелник“, 1988). Во изминатите шест децении е еден од најпреведуваните македонски поети во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-akademik-radovan-pavlovski/feed/ 0
Комеморативна седница за професор д-р Атанас Вангелов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-profesor-d-r-atanas-vangelov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-profesor-d-r-atanas-vangelov/#respond Fri, 29 Oct 2021 10:15:20 +0000 https://kurir.mk/?p=587616

Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во соработка со Друштвото на писателите на Македонија се одржа комеморативна седница во чест на проф. д-р Атанас Вангелов (1946-2021) – еден од најголемите македонски филолози на XX и XXI век. На комеморативната седница, реч за проф. д-р Атанас Вангелов одржа и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Таа се осврна на синтезите меѓу Вангелов, МСМЈЛК, ИНАЛКО, Париз и големиот влог во македонската филологија. Таа потсети дека во 1975/1976 година Вангелов е на студиски престој во Париз како стипендист на француската влада, а подоцна, четири-пет години е и лектор по македонски јазик и литература на Институтот за источни јазици и цивилизации, популарно познат како ИНАЛКО. Лекторатот во Париз е отворен во академската 1973/74 година. -Вангелов со својата активност како лектор по македонски јазик на ИНАЛКО се вгради во овој лекторат или поточно Вангелов е тој кој му даде цврсти темели на лекторатот по македонски јазик, литература и култура, рече Мојсова-Чепишевска. Според неа, на Вангелов во 70-тите години на минатиот век му се дава можност да го афирмира македонски јазик во Франција и тоа максимално го искористува. Истовремено го научил францускиот јазик и потоа во текот на својот живот ѝ остави на македонската филолошка наука извонредни преводи од големи имиња… За тоа француската влада го одликува во 1995 година за заслуги за ширење на француската култура со орденот „Офицер на универзитетски палми“. -Она што треба посебно да се истакне, а тоа е извонредната врска што тој ја остварува со Цветан Тодоров и за тоа тој многу емотивно пишуваше по повод заминувањето на Тодоров од овој свет, рече Мојсова-Чепишевска. -Венко Андоновски ја наслови својата реч и од свое лично име, но и од името на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности како „Згасна уште едно македонско книжевно соѕвездие“. Но, оној момент кога со физичкото заминување на Атанас Вангелов згасна тоа македонско книжевно соѕвездие овде на земјата, имам чувство дека токму во тој момент се роди едно друго, европско и планетарно, книжевно соѕвездие именувано по квартетот Јакобсон-Конески-Тодоров-Вангелов, рече Мојсова-Чепишевска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-za-profesor-d-r-atanas-vangelov/feed/ 0
Советот на општина Шуто Оризари одржа комеморативна седница по повод смртта на Амди Бајрам https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/#respond Sun, 25 Oct 2020 10:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=420364

Советот на општина Шуто Оризари денеска одржа комеморативна седница по повод ненадејната смрт на поранешниот пратеник и претседател на политичката партија „Сојуз на Ромите“ Амди Бајрам. На седницата, како што соопштија од Општината, се оддаде почит со едноминутно молчење, и се говореше за придонесот на Бајрам за развој на Ромската заедница во Република Македонија. Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш го истакнал значењето на придонесот на Бајрам во зачнување на идејата за основање на општината, вклучително и во реализација на идејата во 1997 година. – Денес, резултатите од неговата долгогодишна присутност во политиката како застапувач на Ромското прашање се видливи во сите општини во државата каде живеат Роми, во сите сфери – вработување, домување, образование, инфраструктура. Покрај покојниот Абди Фаик, додаваат од Општината и Амди Бајрам ќе биде исто така запаметен во историјата на Ромите во земјава, како прави борци кои работат во зајакнување на положбата на Ромите и зајакнување на еманципацијата на Ромите. – Советот на општина Шуто Оризари, во знак на благодарност и сеќавање на делата на Амди Бајрам денешниот ден – 25 октомври 2020 година го прогласува за Ден на жалост, се вели во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetot-na-opshtina-shuto-orizari-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-amdi-bajram/feed/ 0
Заев на Комеморативна седница: Ќе сториме сé да ги расветлиме причините за трагичната несреќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-komemorativna-sednica-kje-storime-se-da-gi-rasvetlime-prichinite-za-tragichnata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-komemorativna-sednica-kje-storime-se-da-gi-rasvetlime-prichinite-za-tragichnata-nesrekja/#respond Thu, 14 Feb 2019 13:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=163961

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружуван од вицепремиерите, Спасовски и Османи и министрите, Филипче и Фазлиу, денеска присуствуваше на Комеморативната седница организирана од градоначалникот на општина Гостивар, Арбер Таравари во сеќавање и чест на загинатите граѓани од овој град во страотната собраќајна несреќа во која до сега 15 луѓе го загубија животот. Премиерот Заев и владината делегација се потпишаа и во книгата на жалост. -Почитувани најблиски на загинатите во трагичната сообраќајна несреќа, членови на семејствата, роднини, пријатели, другари, познаници, почитуванани присутни на денешната Комеморација, почитуван претседателе, почитуван градоначалник на Гостивар, почитувани советници во Советот, министри во Владата, носители на јавни функции Ја споделуваме големата болка со вас. Душата `не боли, за секој згаснат живот. Тоа се и наши сограѓани, тоа се и наши деца, беа и наша надеж. И тагата е заедничка, рече Заев и додаде: „Зборовите за утеха во вакви моменти тешко се наоѓаат, зашто нема утеха за срцата кои тагуваат по саканите. Свесен дека зборовите сега не можат да допрат до душата која жали. Но можеби понатаму, ќе бидат нечија водилка низ болката, којашто, не поминува, ама човек учи да живее со неа. Драги пријатели и сограѓани, човекот, додека има луѓе околу себе, не е сосема сам. И дојдов да ви кажам, дека загубата е ненадоместлива, но не сте сами и нема да ве оставиме сами. Духовно сме со вас. А ќе бидеме со вас и во иднина. Преземаме обврска да помогнеме на семејствата со возможното и за тоа лично ќе се заложам. Исто така, како Влада и како надлежни органи, ве уверувам дека ќе сториме се`, да ги расветлиме причините за трагичната несреќа. Денешниот и утрешниот ден ги прогласивме денови на жалост во целата наша држава и молитвите на сите граѓани во нашата држава се упатени кон покој на загинатите сограѓани. Нека почиваат во мир вашите сакани и нашите сограѓани. Изразувам искрено и длабоко сочувство за трагиниот настан од име на Владата и од мое име. Бог нека ги благослови“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-na-komemorativna-sednica-kje-storime-se-da-gi-rasvetlime-prichinite-za-tragichnata-nesrekja/feed/ 0
Комеморативна седница за починатиот градоначалник Стојаноски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komemorativna-sednica-za-pochinatiot-gradonachalnik-stojanoski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komemorativna-sednica-za-pochinatiot-gradonachalnik-stojanoski/#respond Mon, 17 Dec 2018 06:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=141014

Комеморативна седница ќе се одржи денеска во Охрид по повод ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски. Комеморативната седница ќе се одржи во големата општинска зграда со почеток во десет часот. Советот на општина Охрид вчера на вонредна седница свикана по повод  ненадејната смрт на Стојаноски едногласно  донесе одлука денеска да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Согласно одлуката, за денеска се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер. Погребот на посмртните останки на Стојаноски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид. На комеморацијата и погребната церемонија е најавено присуство на видни личности од политиката и јавниот живот, а меѓу нив и премиерот Зоран Заев, кој, како што соопшти Владата, поради ненадејната смрт на Стојаноски го откажа присуството на настанот за отворање на делница од автопатот во Бугарија. Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина завчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести. Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од локалните избори. Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/komemorativna-sednica-za-pochinatiot-gradonachalnik-stojanoski/feed/ 0
Собранието одржа комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, погребот ќе биде во недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/#respond Fri, 07 Dec 2018 13:06:59 +0000 https://kurir.mk/?p=137008

Георгиевски успеа на свој начин да ги спои театарот и политиката и се залагаше за поголема одговорност на законодавниот дом преку изработка на нов деловник за работа, а во политиката на прво место го ставаше човекот и неговите права и слободи, порача спикерот Талат Џафери на комеморативната седница во Парламентот по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија. -Мислата на Георгиевски „граѓаните ја имаат одговорноста за својата судбина“ треба да ја запомниме сите кои сме дел од политичкиот живот. Да ја запомниме, бидејќи многу јасно укажува какво општество ќе имаме ако не бидеме свесни за моќта на нашиот глас без разлика дали сме дел од политичката структура, невладиниот сектор или експертската и културна јавност, рече претседателот на Собранието Џафери. Љубиша Георгиевски, потенцира, заминува од овој свет, но зад него останува неговото дело, неговите театарски претстави, драми, филмови, книги и неговиот политички ангажман, а со тоа останува со нас, но и за идните генерации како дел од нашето културно и политичко наследство. -Георгиевски секогаш барал нови, неконвенционални начини на борба против стереотипите и предрасудите и во тие негови битки не секогаш бил  подеднакво и на ист начин сфатен и прифатен од сите. Во политиката влегува со сиот свој интелектуален капацитет, но и со сиот свој немир и страст што го  носи театарот и драмската уметност, дури некој би рекол дека успеваше да направи креативна симбиоза на овие два на прв поглед неспоиви сегменти на човековото дејствување. Во политиката тој на прво место го ставаше човекот и неговите права и слободи, посочи Џафери. Тој нагласи дека во мандатот на Георгиевски како претседател на Собранието започнаа размислувањата и идеите за промена на собранискиот деловник во правец на поголема ефикасност на законодавната власт и нејзина вистинска независност во однос на другите гранки на власта. -Таа негова иницијатива не резултираше со успех, но треба да се има на ум дека секоја идеја и размислување има потреба од период на растење, развивање и зреење. Денеска сме во фаза кога  се во тек консултации и конструктивни разговори, усогласувања и дебати на сите нивоа со една единствена цел – да имаме  деловник за работа на Собранието кој ќе биде донесен со консензус и ќе се спроведува и почитува од сите кои се дел од законодавниот дом и ќе одговара на современите предизвици на парламентарната демократија, рече Џафери. Потсети дека за време на мандатот на Георгиевски започна и процесот на реконструкција и доградба на собраниската зграда и додаде дека денеска имаме здание кое ги задоволува условите за нормално работење на пратениците и службите. Љубиша Георгиевски е роден во Битола во 1937 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1974 година. Беше театарски и филмски режисер, драмски писател, есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар во 1994 година беше кандидат за претседател на Република Македонија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, амбасадор во Бугарија и Србија, а од 2006 до 2008 година беше претседател на Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Погребот на Георгиевски ќе биде в недела од 11:00 до 13:00 на Градските гробишта Бутел во Скопје. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-odrza-komemorativna-sednica-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-pogrebot-kje-bide-vo-nedela/feed/ 0
Комеморативна седница во македонското Собрание по повод смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/#respond Fri, 07 Dec 2018 06:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=136720

Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот.  Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од  1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski-2/feed/ 0
Комеморативна седница во македонското Собрание по повод смртта на Љубиша Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/#respond Thu, 06 Dec 2018 17:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=136651

Собранието на Република Македонија утре напладне ќе одржи Комеморативна седница по повод смртта на Љубиша Георгиевски, поранешен претседател на Парламентот. Георгиевски ја извршуваше функцијата претседател на Парламентот во периодот од 1 август 2006 година до 21 јуни 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komemorativna-sednica-vo-makedonskoto-sobranie-po-povod-smrtta-na-ljubisha-georgievski/feed/ 0