комерцијална објава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 11:51:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комерцијална објава – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грозданов: Поведението на Шукова е пример за политички страв или неукост, клучни фигури се заложници на лажни еко-активисти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-povedenieto-na-shukova-e-primer-za-politichki-strav-ili-neukost-kluchni-figuri-se-zalozhnitsi-na-lazhni-eko-aktivisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-povedenieto-na-shukova-e-primer-za-politichki-strav-ili-neukost-kluchni-figuri-se-zalozhnitsi-na-lazhni-eko-aktivisti/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=892928

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов во својата последна колумна „Од кого зависи македонскиот благодет!?“ напиша дека министерката Каја Шукова е еден од главните кадри во сегашната Влада од чиј „суд“ зависи дали Македонија ќе се развива или ќе тоне во економска депресија и долгови. Тој подолг период во своите статии потенцира дека државата треба да овозможува инвестиции во металургијата, наместо неосновано да ги кочи, а како пример го посочува рудникот за бакар во Иловица. Според Грозданов, однесувањето на министерката Шукова е симптоматично, недолично и недозволиво површно. -Во една прилика е загрижена за земјоделството и заради ЕУ фондовите во аграрот, изјавува дека рударството мора да биде прекинато. Истата Каја Шукова на денот на рударите пак изјавува нешто сосема спротивно, цитирам: „Рударството е важно за развојот на индустријата на една држава, преку вложување во луѓето, соодветни услови за работа, но и вложување во општеството“. И ај сега, фати му го крајот! Затоа, јас сум принуден како сожител со нормалните кои сакаме инвестиции во сите сфери, економски, социјални и еколошки, да го предупредувам општеството што се случува во реалноста. Се надевам дека после оваа колумна Каја Шукова ќе почувствува потреба да објасни на премиерот Димитар Ковачевски, министрите Оливер Спасовски и Славјанка Петровска, дали јас зборувам глупости или вистина од која се крева косата на главата, пишува Грозданов. Тој додава дека министерката за животна средина, од една страна јавно пропагира дека новите рудници се штетни по здравјето, но од друга страна се посвети на веќе постоечките и ја праша дали знае дека во Македонија некој ја крши Базелската Конвенција и тоа со радиоактивен отпад. -Во кругот на која фабрика се складира таканаречена „филтерска прашина“, со која е загрозено здравјето и животот на повеќе од 100 илјади наши граѓани? Станува збор за огромен и многу опасен скандал. Станува збор за депонија од отворен карактер во која се складира отпад, за кои има сериозни сомневања дека содржи одредено ниво на радијација, заради што мора да биде третирана во херметички затворени садови. Наспроти тоа во оваа фабрика прашината со тежина од околу 40 илјади тони, е складирана на отворено без никаква заштита. Второ стимулативно прашање: Кој и со чие знаење е заинтересиран и договара бизнис со Руси кои имаат фирми на Кипар со извесен Андреј К.? И сега како Каја Шукова заедно со своите најблиски соработници ќе објаснат како е можно во земја членка на НАТО Алијансата, како што е Македонија, да извесни Руси товарат 3000 тони од фабриката, како демек е тест, па ќе го складираат во несоодветен транспорт со лажни вреќи набавени од Италија, да го транспортираат до пристаништето во Солун, па во меѓународни води да направат промена на документите и лажно да претстават дека товарот доаѓа од Турција, а истиот наводно ќе заврши во Иран, прашува Грозданов. Според инженерот, рударството е натпартиска работа затоа што имплементацијата на секој нов проект во овој сектор опфаќа повеќе мандати на различни Влади и овие проекти мора да бидат надвор од дневната политика и не се теми на кои се печалат гласови со предизборен популизам. -За одредени одлуки е потребна политичка храброст особено ако надлежните имаат способност да гледаат подалеку во иднината. Во Македонија живееме еден парадокс. Власта и клучните политички фактори стравуваат да застанат зад проекти кои ќе и овозможат на државата да стане економски независна. Апсурдот да биде поголем, клучните индивидуи самите дозволуваат да станат заложници на неколкумина лажни еко активисти кои прават привид дека зад нив стојат илјадници граѓани. Или, можеби така им одговара за да не носат тешки одлуки во нивниот мандат. А пустото, еве на пример, во Струмичката котлина, особено во руралните средини, се помалку млади може да се сретнат, затоа што повеќето се иселени во туѓина во потрага по егзистенцијата, нагласи Грозданов. Тој смета дека т.н. лажни еко активисти имаат скриена агенда. -Тие искрено не се борат за здрава животна средина. Тие одработуваат за задржување на „статус кво“ состојба од која некој дебело профитира, а и малкумина од овие се задоволни, бидејќи им дозволуваат да стават по некое прсте во кајмакот. Затоа и оваа колумна се занимавав со Министерката за животна средина. Не затоа што сум опседнат со неа (скраја да е), туку затоа што нејзиното поведение е типичен пример за политички страв или стручна неукост која многу скапо го чини ова општество, пишува Грозданов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-povedenieto-na-shukova-e-primer-za-politichki-strav-ili-neukost-kluchni-figuri-se-zalozhnitsi-na-lazhni-eko-aktivisti/feed/ 0
Колумна на м-р Митко Лиговски: ПАТОТ ДО ОДГОВОРНО РУДАРСТВО И ОДРЖЛИВОСТ НА ПРОЕКТОТ „ИЛОВИЦА-ШТУКА” https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/#respond Tue, 24 Oct 2023 11:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=892508

Ние геолозите знаеме колку труд и енергија е потребно да се вложи за една минерална појава да се развие во наоѓалиште и да добие третман на иден рударски проект. Се разбира, не секогаш истражувањата ги даваат очекуваните резултати, меѓутоа кога резултатите се успешни не постои поголема награда за нашата работа. Со својата истражувачка активност на Проектот „Иловица-Штука”, се стремевме кон разбирање на границите и карактеристиките на ова наоѓалиште. Секое каменче, претставуваше разговор со природата која ни раскажуваше посебна приказна за земјата, нејзиниот развој и потенцијалот за одржливост. Долгогодишната работа, почнуваќи од 2004 година на развојот на Проектот „Иловица-Штука” емотивно нè поврза и допринесе за мотивираност и посветеност во областа. Во Проектот е вложено многу труд, почнувајќи од анализа на примероци на површина, се до големиот број на детални длабински истражувања спроведени со цел да се докаже важноста и оправданоста на идниот рудник. Во рударството и минералната индустрија, има комплексна интеракција меѓу економските, социјалните и еколошките аспекти. Тие три димензии на одржливоста мораат да бидат во согласност со изградбата на модерно и одржливо општество, а истовремено имплементација на принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој” (The UN Agenda 2030 for Sustainable Development). Агендата е возвишен идеал за да се искорени сиромаштијата и гладот, да се почитуваат човековите права, да се постигне вистинска еднаквост, и што е најважно, да се заштити нашата планета и нејзините непроценливи природни ресурси. Целите за одржлив развој ги балансираат трите суштински димензии: економската, социјалната и еколошката. Изградбата и развојот на едно модерно и одржливо општество ќе има зголемена потреба од метали и минерали, кои го претставуваат крвотокот на инфраструктурата, блокови од кои се изградени комуникациски системи и самото срце на одржливи енергетски решенија, како што се соларни ќелии, турбини на ветер и батерии. Меѓутоа, во нашата потрага по овие непроценливи ресурси, ние мора да чекориме одговорно. Екстракцијата на метали и ископувањето на индустриски минерали мора да се прави со најголема грижа за луѓето, животната средина и економијата. За луѓето, ова подразбира заштита на здравјето, зачувување на социјалното и културното наследство и обезбедување на благосостојбата на заедниците. Еколошките размислувања бараат ригорозна контрола на емисиите, ефективно управување со отпадот, соодветна санација на просторот по екстракцијата, непоколеблива посветеност на зачувување на природата, одговорната употреба на енергија и свест за климатските промени. А на економски план, мораме да го негуваме социјалниот развој, да промовираме просперитет, да ја поттикнуваме конкурентноста, одржливо да управуваме со ресурсите и да ги браниме идеалите на кружната економија. Како одговор на овие предизвици, рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на „Агендата на ОН 2030 за Одржлив Развој”. Исто така, инплементирани се највисоките стандарди на „ESG” (Environmental, Social, and Governance) принципите, поддржани од организациите како „IRMA” (The Initiative for Responsible Mining Assurance) и „ICMM” (International Council on Mining and Metals). „EBRD” (European Bank for Reconstruction and Development) е вклучена во проектот, што значи дека се вклучени нејзините строги критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни. Со тоа, проектот нема да биде само извор на корисни минерални суровини, туку и доказ дека со посветеноста на индустријата може да се постигне одржлив и хармоничен соживот со општеството и животната средина. Потенцијалот на рударскиот комплекс „Иловица-Штука” е огромен. Преку неговата реализација ќе се придонесе до подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и заедници, стимулирање на регионален и национален економски раст и поттикнување на еколошка одржливост. Со реализацијата на Проектот Иловица-Штука ќе се спречи негативниот тренд на миграција, ќе се обезбеди чиста вода за пиење на локалните жители, ќе се подобри локалната инфраструктура, со еден збор значајно ќе се подобри квалитетот на живот во целиот регион. Преку соодветната реализација на Проектот „Иловица-Штука”, со изградба на модерен и современ рудник во склад со сите строги стандарди за заштита на животната средина и со активно промовирање на принципот на одговорно рударство, нашиот успех во претворувањето на наоѓалиштето во иден рудник ќе биде уште поголем. Така мотивирани и горди на нашиот успех, дека сме дел од една успешна приказна, од која сите засегнати страни ќе имаат значајни придобивки, ќе продолжиме мотивирани со нашата научна геолошка работа се во насока да оставиме значен белег и продобивки во поставената „Агендата 2030 на ОН за Одржлив Развој”. М-р Митко Лиговски дпл. инг. геолог Главен геолог во Еуромакс Ресоурцес ДОО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kolumna-na-m-r-mitko-ligovski-patot-do-odgovorno-rudarstvo-i-odrzhlivost-na-proektot-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
Грозданов: Каква е улогата на Бучим за негативната перцепција за нови инвестиции во рударството? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=890378

Аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов, во колумната насловена „Бучим помеѓу лагите и фактите“ се осврна на евентуалната поврзаност на оваа компанија со останатите инвестиции во рударскиот сектор во земјава. Меѓу нив и онаа за отворањето рудник за бакар во Иловица, зад која стои канадска компанија. Претходно веќе стана јасно дека Бучим имал понуда до „Еуромакс ресоурцес“ за соработка при рударскиот процес во Иловица, која била одбиена. Во неа, се наведува дека со понудата на Бучим би можела да се овозможи поддршка од локалното население, еко-активистите и институциите за рудникот во Иловица. Според Грозданов никој од Македонија нема правен основ да ветува или да заштитува обид за задржување монопол врз одредена стопанска гранка во овој случај рударството. -Уште помалку има право да ветува дека тоа е завршена работа преку изјави на неодговорни општественици и неодговорни и крајно сомнителни документи од научно образовни институции како што е МАНУ. Македонија за нивна жал во одредени сегменти се уште е организирана држава која има сериозни научници кои знаат и можат и мораат да се вклучат во процесот кој се вика „Целосна Индустријализација“, која ќе ја преобразат Македонија во „Производствено“, а не во „Потрошувачко општество“ кое ќе биде увозно зависно, особено за основните животни производи, пишува Грозданов. Грозданов оценува дека овој период сме сведоци на општествен судир меѓу носителите на подолго време пласираните манипулации и лаги од една страна и носителите на вистината за рударските околности од друга страна. -Здраво разумните стануваат се погласни пред неуките силеџии, и апелираат до оние исплашени аналитичари, политичари, новинари, екологисти, дипломати, научници...да не молчат, бидејќи влогот е преголем. Зошто некому му пречи Македонија да влезе во ЕУ како рударски економски џин? На граѓаните на оваа Држава треба да им се објасни дека нашата почва лежи на милијарди евра во рудно богатство! Сите заедно треба да кажеме СТОП на сиромаштијата! Нема никој повеќе да не држи во заложништво, смета Грозданов. За аналитичарот, секторот за односи со јавност во Бучим, кој е во сопственост на компанијата „Солвеј инвестмент груп“ направил сериозен фаул со последниот демант. -Наслов во медиум предизвикан од демант, како од соништата за мене: „Солвеј Инвестмент Груп е семејна компанија со седиште во Швајцарија. Матичната компанија на Бучим отфрла секаква поврзаност со Русија“. Во делот на нивните факти од демантот велат дека Солвеј никогаш не бил контролиран или во сопственост на руски државјанин, туку дека е основана од Александар Бронштајн, државјанин на Естонија, кој никогаш немал руски пасош и ја осудува руската инвазија на Украина. Бидејќи помнењето многу добро се уште ме држи, веднаш ми доаѓа демантот да го секцирам со мајтап. Тој потсетува дека во 2012 година имало средба помеѓу Зоран Ставревски- министер за финансии и амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчебрак кој тогаш изјавува дека големи руски компании покажуваат зголемена активност и набројува инвестиции меѓу кои и онаа на Солвеј во рудниците Саса и Бучим од 50 милиони долари и најавува потенцијал за размена од 1 милијарда долари. -Симптоматично тогаш не се јавила потреба за демант од Солвеј. Средба 2019 година по повод јубилеј 40 години од постоењето на Бучим помеѓу амбасадор на Руската Федерација Сергеј Баздникин, заедно со Владимир Хрисанов, трговски советник при амбасадата, во придружба на Ѓорги Дика претседател и Дејан Бешлиев - извршен директор, двајцата од македонско-руската комора и раководството на Бучим, предводено од Николајчо Николов, заменик-менаџер на компанијата. Разговорот е воден исклучиво за развојот на Бучим до 2030 година и тоа преку „НОВИОТ РУДНИК БОРОВ ДОЛ“, како и за развојот на Општина Радовиш. Симптоматично и после оваа средба нема демант на Солвеј, пишува аналитичарот. Според него, оваа хронологија на настаните дополнително инвестира во дилемата, каква е улогата на Бучим, компанија членка на Македонско – руската стопанска комора, во креирањето на негативната перцепција на јавноста за отворањето нови рудници?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/grozdanov-kakva-e-ulogata-na-buchim-za-negativnata-pertseptsija-za-novi-investitsii-vo-rudarstvoto/feed/ 0
ОД РУДНИК ЗА БАКАР ДО ПОЗЕЛЕНА ИДНИНА: ЖИВОТНО ПАТУВАЊЕ НА ЕДЕН ГЕОЛОГ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/#respond Wed, 11 Oct 2023 08:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=887687

Додека седев под мојот трем, гледајќи го сонцето како се спушта под хоризонтот, не можев а да не размислувам за мојата повеќедецениска кариера како геолог во рудникот за бакар Бучим. Пензионирањето ми даде време вистински да ги ценам промените на кои бев сведок во рударската индустрија, промени кои се усогласуваат со новите позитивни трендови во рударството и транзицијата кон зелена економија. Во минатото, индустријата имаше поинакво лице. Експлоатацијата на бакар се одвиваше без доволно да се внимава на еколошките последици. Рударските практики често беа поврзани со борбата за повеќе руда кои доведуваа до загадување на животната средина. Како геолог, од прва рака ги видов лузните врз животната средина што ги оставија зад себе некои рударски активности. Но, како што минуваа годините, рударската индустрија почна да се трансформира. Тоа беше поттикнато од сознанието дека треба да правиме добро, одржливо да ги извлекуваме корисните минерали и да придонесуваме за позелена иднина. Оваа трансформација беше нешто што никогаш не мислев дека ќе доживеам да го видам. Една од најзначајните промени беше усвојувањето на иновативни технологии. Рударските компании почнаа да користат напредни техники за геолошко картирање, далечинско набљудување и аналитика на податоци за прецизно да ги лоцираат наоѓалиштата на метали. Ова не само што ја зголеми ефикасноста, туку и го намали влијанието на истражувањето врз животната средина. Покрај технолошкиот напредок, индустријата почна да става поголем акцент на одговорноста за животната средина. Одржливите рударски практики станаа норма наместо исклучок. Новите рудниците се дизајнирани со одговорно размислување за зачувување на екосистемот, а ефикасноста во користењето на водата и енергијата станаа клучни цели. Некогаш неплодните предели околу рудниците сега се ревитализираат, а луѓето и животните се враќаат во своите живеалиштата. Можеби најинспиративната промена за мене е интеграцијата на обновливите извори на енергија. Рудниците, напојувани од ветер, сончева и хидроенергија, повеќе не придонесуваат за емисиите на стакленички гасови. Тие го намалуваа нивниот јаглероден отпечаток и активно придонесуваат за транзицијата на зелената енергија давајќи ги критичните минерали. Исто така, сувите јаловишта го намалуваат ризикот од загадување на водата, ја подобруваат безбедноста со тоа што го намалуваат ризикот од дефекти на камениот насип, зафаќаат помала површина во споредба со конвенционалните јаловишта и ги олеснуваат напорите за рехабилитација и рекултивација на локацијата. Како геолог, имам чувство на гордост знаејќи дека мојата индустрија во современиево игра улога во справувањето со климатските промени. Ангажманот на заедницата исто така еволуираше. Рударските компании ја научија лекцијата за важноста од тесна соработка со локалните заедници, обезбедување работни места, поддршка на образованието и инвестирање во инфраструктурни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на жителите. Некогаш спорните односи меѓу рударските компании и локалните заедници се трансформираа во партнерство фокусирано на взаемна корист. Во ерата на модерното одговорно рударство, проактивниот ангажман и транспарентната комуникација со локалните заедници станаа составен дел на рударските компании. Како пример, за посветеност на одговорно рударство што сакам да го спомнам е компанијата Еуромакс, носител на проектот Иловица – Штука, на кои приоритет е одржливоста и одговорноста за животната средина, нивната соработката со локалните засегнати страни за да ги решат проблемите, да имплементираат строги еколошки заштитни мерки и да обезбедат дека нивните активности ќе имаат минимално влијание врз животната средина. Овој пристап ја минимизира потребата еколошките невладини организации (НВО) да шират страв меѓу локалното население за новите одржливи рудници, бидејќи заедниците можат од прва рака да ја видат посветеноста на одговорните практики и придобивките што одговорното рударство може да ги донесе во нивниот регион, вклучително и создавање работни места, економски развој и грижа за животната средина. Додека го пиев вечерниот чај, размислував за тоа како овие позитивни трендови во рударството совршено се усогласија со зелената економија што еволуира. Бакарот, критична компонента во технологиите за обновлива енергија, како што се турбините на ветер, соларните панели и електричните возила, е многу значаен. Рударството, одговорно и одржливо повеќе не е само профит; тоа обезбедува и еден позелен свет. Сфатив дека сум бил сведок на извонредна трансформација во рударската индустрија, онаа која ги прифатил иновациите, одржливоста и посветеноста да има позитивно влијание врз животната средина и заедниците. Мојата кариера како геолог во рудникот за бакар започна во друга ера, но заврши во индустрија која помага да се обликува поодржлива и позелена иднина. Додека гледав во ѕвездите над главата, не можев а да не имам чувство на оптимизам. Следната генерација геолози и рудари ќе го продолжат ова патување кон поодржлива и поодговорна рударска индустрија, оставајќи зад себе наследство на позитивни промени за генерациите што доаѓаат. М-р Коста Поцков дпл. инг. геолог]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-rudnik-za-bakar-do-pozelena-idnina-zhivotno-patuvane-na-eden-geolog/feed/ 0
Каква е врската меѓу понудата од Бучим за рудникот Иловица од 2019 со бунтот на еко-aктивистите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/#respond Mon, 09 Oct 2023 11:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=886937

По најновите правни пречки со кои се соочи инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука дел од локалното население во југоистокот, под иницијативата „И здравје и работа“ почна да прашува кому му пречи проектот. Според нив, рудникот за бакар би имал големо економско значење за регионот и ќе го поддржат доколку се испочитуваат сите светски стандарди. Тие сега единствено ги гледаат придобивките од инвестицијата, особено откако во Собранието во 2019 година беа усвоени законските измени во Законот за минерални суровини, со кои се забранува употребата на штетни супстанции во новоотворените рудници. Сепак, пред инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ да се соочи со дополнителни правни предизвици и особено откако зад него застана канадската компанија „Трафигура“, понуда за инвестиција имаше и од фирмата во чија сопственост е рудникот „Бучим“ во Радовиш. Станува збор за „Солвеј инвестмент груп“. Тоа е компанија со седиште во Швајцарија, сопственост на естонски државјанин, но, како што се вели во шведската истражувачка сторија од 2022 година, „Рударски тајни“, кај концесионерот во Бучим наводно постои скриен руски капитал. Тогаш „Солвеј“ вети поддршка од локалната заедница и еколошките групи. Токму таа спротивставеност на еколошките групи произведоа бројни шпекулации за тоа кој и како ги води тие групи на отпор или подрршка на проектот. Граѓаните прашуваат „кој, колку и од кого има добиено пари на рака преземајќи обврска за регрутирање критична маса за ширење паника меѓу населението“. Костадин Ристоманов од здружението Здрава котлина е еден од најгласните противници на ридникот Иловица – Штука, а за него се и најгласните приказни за наводната поврзаност со „Бучим“. Во изјавата за МКД.мк тој вели дека засега битката на терен била добиена. „Народот не сака и нема да дозволи рудници во струмичката котлина. Таму е невозможно да се направи рудник. Следува војната која сега се префрла на зелена маса на која се преговара за провизиите и репарациите, за обештетувањето кое државата ќе го плати на наводните инвеститори. Заради лакомоста на нашите политичари и нивната сервилност кон сè што доаѓа од Западот, сега државата ќе плаќа казна за нешто што е невозможно да се изгради, рудниците Иловица-Штука. Во моментов се преговара за сумите за провизии и за обештетување и за начинот како тоа да се изведе. Се работи за политички проект како да се профитира. Оваа разврска сега се темпира пред изборите за да му се соопшти на народот дека еве власта е со нив, се грижи за нив и ги спасува. Тоа ќе биде претставено како голем успех, а колкави ќе бидат провизиите – никој не знае. Последните седум години мислам дека успеавме да го разоткриеме бандитскиот однос на нашите влади. Ова не е проект за рудници, ова е политички проект со цел да се продаде на ваков начин. Не е случајно тоа што првата концесија е добиена без елаборат за штетноста на животната средина. Таков елаборат не постои, а врз основа на наводното постоење на таков документ издадена е првата концесија. Дилот бил дозвола за провизија“, вели Ристоманов. Тој признава дека неговата градежна фирма имала деловни односи со „Бучим“ во 2005 година, но тоа било многу порано од проектот на „Еуромакс“. И од „Бучим“ ни одговорија дека тие луѓе веќе не се дел од „деловното работење во компанијата“. Огњан Лазаров од иницијативата И здравје и работа за МКД.мк вели дека тие не се исклучиви противници на рудникот Иловица-Штука. „Да бидеме на јасно за да нема погрешни заклучоци – за нас употребата на цијанид и сулфурна киселина во експлоатацијата е затворено прашање. Не смее да ја има и затоа е забранета со закон. Ние сакаме низ стручна дебата и спротивставување на аргументи со инвеститорите да бидеме уверени и да ни се дадат гаранции дека на пример јаловината ќе се собира во сув ископ наместо во водена брана. Ние веруваме дека во 21 век постои модерен инфраструктурен концепт кој ќе овозможи ем заштитено здравје, животна средина и земјоделие, ем рударски комплекс кој ќе ја раздвижи македонската економија на долг рок и ќе овозможи враќање на младите од туѓина. Ние немаме море и пристаништа, но затоа божицата земја нè дарувала со вредна руда која треба мудро да се користи за да дава живот. Во нашата иницијатива има земјоделци, поранешни рудари, пензионери, родители на деца заминати во туѓина во потрага по подобар живот. Заради гласноста, агресивноста на другите, досега бевме тивки. За неколкумина од гласните противници на изградбата на рудникот се сомневаме во конфликт на интереси и скриени мотиви. Сметаме дека вреди да се размисли за предлогот да се формира едно независно мониторинг тело од нас граѓаните кои во сите фази од евентуална изградба на рудникот ќе врши надзор и ќе води сметка дека сите заштитни механизми се имплементираат од инвеститорот. Нашите мотиви се чесни и насочени исклучиво за обезбедување на иднина на младите, кои за жал се помалку ги има во Струмичката котлина. Дел од жителите на Иловица и Штука велат дека се „за“ рудникот, бидејќи според институциите неговото работење нема да е штетно по здравјето. „Со отворањето на рудникот ќе се вработи овој народ, зашто од него можеме да имаме само ќар, а зијан не. Ќарот ќе е вработувањето, бидејќи ќе се вработат многу луѓе, многу млади. Ќе се вработат граѓани од општините Ново Село и Босилово и рудникот е предуслов за опстанок на овие две општини“, смета Митко Иванов од село Штука. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kakva-e-vrskata-megu-ponudata-od-buchim-za-rudnikot-ilovitsa-od-2019-so-buntot-na-eko-aktivistite/feed/ 0
ДИСТАНЦА ЗА ОБЈЕКТИТЕ НЕ ОДИ ЗАЕДНО СО ИНТЕРНЕТ ИГРИ НА СРЕЌА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/distantsa-za-objektite-ne-odi-zaedno-so-internet-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/distantsa-za-objektite-ne-odi-zaedno-so-internet-igri-na-sreka/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=885943

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ смета дека повторното актуелизирање на скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа со ЕУ знаме е вовед во целосното затворање на објектите и оставање на 10 илјади вработени на улица. Апсурдно е да се претставува дека дистанцата од 500 метри од образовни институции ќе ги задоволи противниците на легалните игри на среќа, кога во исто време Државна лотарија спроведува постапка за отворање на три нови компании кои ќе организираат онлајн игри на среќа, каде секој ќе може да игра од својот мобилен, без разлика каде се наоѓа. Едноставно, дистанца не оди заедно со организирање игри на среќа преку интернет. Ова што сега се случува укажува дека некој мисли дека актуелниот строго регулиран систем на игри на среќа треба да биде затворен! Со цел да се остварат нечии лични бизнис интереси преку фирми кои без ниту еден вработен ќе приредуваат игри на среќа преку интернет. Многу не интересира со кои аргументи ќе се убедува сега јавноста дека младината е повеќе загрозена од излозите на објектите отколку од онлајн игрите на среќа. Згрозени сме од леснотијата со која Државата брутално, на повеќе нивоа се пресметува со најголемиот приватен работодавец. Бројот на луѓе кои работат во секторот на игри на среќа е поголем од бројот на жители во неколку општини вкупно во источна Македонија. Нели се свесни сите политички партии дека ние можеби сме гласале за нив на избори? Како е можно никој да не води грижа што ние заедно со своите семејства ќе мора да си ја бараме егзистенцијата во западните земји, каде повторно ќе работиме во истиот сектор. Затоа, што во нашите професионални вештини е инвестирано преку бројни обуки по највисоки светски стандарди за организирање игри на среќа. Јавно прашуваме: Која ЕУ директива предвидува затворање на легалните игри на среќа? Која ЕУ директива предвидува затворање на објекти за сметка на игри на среќа преку интернет? Која ЕУ директива предвидува оставање 10 илјади вработени на улица? Која ЕУ директива предизвикува игри на среќа на црно, без лиценци и контрола од Државата? Ние одговорите ги знаеме, ниту една! Не постои ЕУ директива која може да ги покрие противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа. Бидете сигурни дека ќе се бориме со сите демократски средства за да ги заштитиме нашите права. Нашето трпение е при крај. Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички пресметки. Ќе излеземе на масовни протести за да видите со колку човечки судбини си поигрувате. Повлечете се од нечесните намери. Тргнете ги од дневен ред законските измени пред да стане доцна!   Здружение на вработени во сектор игри на среќа САКАМ ДА РАБОТАМ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/distantsa-za-objektite-ne-odi-zaedno-so-internet-igri-na-sreka/feed/ 0
АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/apis-do-pratenitsite-sfatete-n-seriozno-pred-da-stane-predotsna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/apis-do-pratenitsite-sfatete-n-seriozno-pred-da-stane-predotsna/#respond Wed, 04 Oct 2023 13:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=885140

Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС, сакаме да испратиме предупредување кое се надеваме дека со добра волја ќе биде примено од сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност. Впрочем, се работи за судбините на 10 илјади семејства кои се вработени во економската гранка – игри на среќа, кои на еден или друг начин пратениците ги носат на нивната совест. Имаме сознанија дека денес на седницата на Комисијата за европски прашања ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година. Пред неколку дена јавно ја отворивме дилемата дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Северна Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен? Разочарани сме што некој се’ уште не ја разбира сериозноста на последиците кои ќе ги предизвика усвојувањето на овие законски измени. Очигледно, ниту забелешките на амбасадорите на земјите членки на ЕУ не се доволни. И покрај фактот што уште во февруари евроамбасадорот Дејвид Гир јавно порача дека европското знаме не смее да се злоупотребува за избегнување на дискусиите за важни прашања некој не се откажува од намерата да протурка скандалозни и противуставни измени на законот за игри на среќа. Воведувањето на дистанца од 500 метри од образовни институции е фасада за скриената намера за целосно затворање на објектите каде организираат игри на среќа. Со ова погубно сценарио, државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход во централниот Буџет и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно, без лиценци и без никаква контрола од надлежните институции. Доколку се изгласаат овие законски измени 10 илјади луѓе ќе останат без работа и заедно со своите семејства ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност игри на среќа. Ова се обични луѓе, меѓу кои и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава. Крајно време е игрите на среќа да се тргнат од дневно политичкиот ринг. Апелираме пратениците да не сфатат сериозно пред да стане предоцна. Не треба да наседнуваат на манипулациите на противниците на легалните игри на среќа. Тие никогаш нема да кажат чии бизнис интереси штитат и нема да преземат одговорност за хаосот кој следи доколку овие законски измени се усвојат Добро е денес сите членови на Комисијата за европски прашања пред да се изјаснуваат да си го постават прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола? Конечно, ако процедурата за усвојување на овие законски измени продолжи по секоја цена, тогаш ние ќе бидеме доведени во состојба на крајна нужда. Ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести и со сите демократски средства да се бориме против неправдата. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред.   АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА - АПИС]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/apis-do-pratenitsite-sfatete-n-seriozno-pred-da-stane-predotsna/feed/ 0
И Бучим сакаше да биде дел од проектот Иловица-Штука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/#respond Wed, 04 Oct 2023 09:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=884969

Истражувачката мрежа Белингкет, финансирана од ЕУ, уште пред неколку години предупреди дека во Македонија во последниот период не случајно се одземаат или пак не се доделуваат концесии во рударството на западни компании. И последните случувања со концесиите околу рудникот Иловица-Штука и компанијата „Еуромакс рисорсис“ се поврзуваат со ваквиот заклучок и наводното влијание на руската компанија „Солвеј“, која во Македонија стопанисува со рудникот „Бучим“. Интерес за проектот нов рудник за бакар и злато во Иловица-Штука „Еуромакс рисорсис“ пројави уште во 2007 година. „Солвеј инвестмент груп“, преку компанијата „Бучим“ во Радовиш, во 2019-та година испратиле понуда до компанијата „Еуромакс рисорсис“, зад која стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“, да се вклучат во проектот. Тогаш „Солвеј“ јавно соопшти дека нивната понуда е „единствената остварлива краткорочна можност да се добие проектот Иловица-Штука одобрен од Владата на Македонија и да биде поддржан од локалната заедница и еколошките групи“. Тие ветија „изводливо решавање на еколошките и социјалните прашања со кои се соочи проектот“ преку обработка на јаловината од Иловица во Бучим. Еден од менаџерите на „Солвеј“, Ден Бронстеин, син на Александар Бронстеин, тогаш вети „нова македонска успешна рударска приказна“. Понудата брзо била одбиена, а засега инвестицијата во рудникот за бакар Иловица-Штука на канадската компанија „Трафигура“ и натаму се соочува со административни предизвици и протести на еколошките здруженија. Од „Бучим“, најпрво ни се заблагодарија што се обративме до компанијата затоа што досега на оваа тема никој не ги контактирал. Од ДПТУ Бучим ДООЕЛ Радовиш ни потвдија дека ваква понуда навистина имало. „Нашата матична компанија ‘Солвеј инвестмент груп’ пред неколку години изрази интерес за проектот Иловица Штука и тогаш се обрати со јавна понуда која остана неодговоренa. Денес валидноста на оваа понуда не е актуелна“, ни одговорија кратко од „Бучим“. За ваквата понуда пред четири години зборуваше и првиот човек на Македонската асоцијација за рударство, Николајчо Николов, кој пак воедно беше и заменик генерален директор токму во Бучим и колега на Дмитриј Кудрјаков. „Има начин како од таму да се извади рудата и централизирано да се преработува во ‘Бучим’. Треба да има еден сопственик на рудниците и да се окрупни рударството. Не е битно дали сопственикот на Бучим ќе им го продаде или ќе ја купи Иловица. Со тоа се создава можност да се направи преработувачки капацитет за 30.000 тони бакар, а во Неготино има два комбината за преработка на бакарна жица, а во Радовиш капацитет за преработка на злато кој не работи“, изјавуваше тогаш Николов. За разлика од нив, „Еуромакс рисорсис“ беа доста пообемни во нивниот одговор квалификувајќи ја понудата од руската компанија како непријателска. Тие потсетија дека во март 2019 година на берзата во Торонто беше објавено дека е договорена трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на „Трафигура групација“, и со реализација на оваа трансакција „Трафигура“ би се стекнала со индиректна контрола врз работењето на „Еуромакс рисорсис“. „Меѓутоа во период од објавата до финалната реализација на трансакцијата, постојните акционери, вклучувајќи ја и ‘Трафигура групацијата’, добија непријателска понуда од ‘Солвеј групацијата’, сопственикот на рудникот ‘Бучим’, за отфлање на веќе договорената трансакција за издавање на дополнителни акции на подружницата на ‘Трафигура групацијата’, нудејќи притоа заедничко вложување каде што постојните акционери би имале 25% од вредноста на проектот Иловица-Штука, додека ‘Солвеј групацијата’ би имала 75% од проектот Иловица-Штука. Во врска со оваа понуда, заседаваше бордот на директори и ја одби истата земајќи го предвид фактот дека веќе е договорена трансакција со ‘Трафигура групацијата’, како и тоа дека со поддршка на ‘Трафигура’, со оглед нејзиниот глобално препознаен имиџ – со вкупни приходи над 300 милијарди долари остварени низ целиот свет, може да се обезбеди стабилност и извесност при изработката и реализацијата на идниот рударски комплекс согласно најдобрите расположливи светски практики за изградба на еден модерен рудник. Учеството на ‘Трафигура’, заедно со другите инвестициски акционери, дава дополнителна гаранција дека рударскиот комплекс Иловица-Штука може да претставува модел на одговорно и одржливо рударство со максимална заштита на животната средина и билошкиот диверзитет“, ни одговорија од „Еуромакс рисорсис“. Од тогаш до денес неизвесноста околу стартот на овој проект продолжува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/i-buchim-sakashe-da-bide-del-od-proektot-ilovitsa-shtuka/feed/ 0
Нова химна, видео спот и медиумски продукти, се ребрендираше „Универзитетот Скопје“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-himna-video-spot-i-mediumski-produkti-se-rebrendirashe-univerzitetot-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-himna-video-spot-i-mediumski-produkti-se-rebrendirashe-univerzitetot-skopje/#respond Tue, 26 Sep 2023 19:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=882029

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе и менаџери – „Универзитетот Скопје“ годинава се ребрендираше и промовираше новa химна, видеоспот и медиумски продукти. „Името Скопје за мене значи многу. Јас сум овде роден, ова е моето Скопје и никому не го давам. Исто како што нашата заедничка татковина ја нарекувам мојата Македонија, и вечерва тука ќе ја славам со вас!“, рече проф. д-р Аце Миленковски, ректор на „Универзитетот Скопје“, објаснувајќи ги мотивите за новото име на поранешниот Универзитет за туризам и менаџмент, на прославата што ја организираше оваа институција по повод 27 Септември, Светскиот ден на туризмот. „Денес тука ги славиме не само убавината и различноста на светот тука и можностите што ги носи туризмот во нашите животи“, со овие зборови деканот на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје, проф. д-р Сашко Граматниковски, ги поздрави присутните на прославата на платото пред објектот на Универзитетот. Како членка на Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO), „Универзитетот Скопје“ со јавноста го сподели и сето она што го сработи неговиот тим за извонредно краток временски период. Во време на дигитализација и наплив од достапни информации, оваа високообразовна институција почна нов проект за да го врати пишаниот збор во фокус на идните генерации. „Целта без план е само желба, но ако се усогласат желбата и планот, може да имаме долгорочен успех! Јас секогаш верувам во себе и во своите сили, но и во моите соработници и во тимската работа. Не се плашам од учење и новини, не се плашам од предизвици! Така и го прифатив предизвикот на ректорот Миленковски да го создадеме заедно Магазинот за туризам и менаџмент во издание на Универзитетот Скопје!“, изјави м-р Билјана Трендафилова, главен и одговорен уредник на магазинот, кој беше промовиран на прославата. Магазинот за туризам и менаџмент во издание на Универзитетот пренесува успешни животни приказни, кои се пример, инспирација и поттик за поодговорен и активен однос кон општеството. ,,Универзитет Скопје“, лидер во високото образование во Македонија, минатиот месец доби и меѓународно признание за најдобар универзитет во деловното образование, за неговото значајно влијание врз обликувањето на следната генерација бизнис-лидери. По тој повод, на ректорот проф. д-р Аце Миленковски, му беше доделена титулата „Амбасадор на образованието за 2023“. „Универзитетот Скопје“ во изминатата година активно даде подршка и за сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да стекнат знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. Се стипендираа стотици млади луѓе, талентирани спортисти, па Универзитетот доби и награда за општествена одговорност кон младите луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nova-himna-video-spot-i-mediumski-produkti-se-rebrendirashe-univerzitetot-skopje/feed/ 0
Струмичката котлина се празни од иселување, а повеќе од 2000 нови работни места во рудникот Иловица чекаат правна разврска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/#respond Mon, 25 Sep 2023 10:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=881520

Загрижувачки податоци донесе стартот на новата учебна година, особено во југоисточниот дел од земјава. Безмалку насекаде е регистриран помал број на запишани првачиња, но ваквата состојба е најизразена во струмичко. Во дури четири населени места во општината учебната година започна без ниту едно прваче. Оваа година училишните клупи ќе останат празни во селата Раборци, Попчево, Габрово и Мемешли. Ако се споредат податоците статистички, се забележува дека ваквиот тренд, на се помалку новозапишани првачиња во струмичко, започнува во 2017-тата година. Иселувањето кај нас главно е резултат на невработеноста и барањето подобри услови за работа. Сепак, по се изгледа ваквите катастрофални податоци што ја потврдуваат „белата чума“ не претставуваат пречка да се запираат инвестициите во регионот. Меѓу нив е и една од најголемите најавени инвестиции во земјава, односно отворањето на рудник за бакар „Иловица-Штука“. Оваа инвестиција беше предвидено да отвори илјади директни вработувања и над две илјади индиректни, со предност при вработување за локалното население. Дел од жителите на околните села бараат инвестицијата да се реализира. Неодамна за регионалниот портал југоинфо.мк тие истакнаа дека „работите можат да тргнат на подобро, додека неперспективноста ги опустоши селата“. Анкетираните граѓани апелираа Владата и надлежните институции да ги слушнат и тие што се за отворање на рудникот и да седнат на заедничка маса за да се најде решение и за таа цел да се формира независно тело кое ќе го контролира ископот и преработката на рудата и дали тоа се врши според пропишаните стандарди. -Најголем проблем во струмичкиот регион е „белата чума“ и затоа ако не се направи нешто радикално на тој план за повеќе од една деценија струмичкиот крај може да биде Мариово, рече еден од жителите на Босилово, Огњан Лазаров. Во меѓувреме, на Денот на рударите стана јасно дека учеството на рударската индустрија во вкупниот бруто-домашниот производ на земјата се движи околу два процента, што е релативно скромно во споредба со високо развиените индустриски земји, каде придонесот на рударството во вкупната економија е далеку поголемо. Воедно, во земјава во последните 40 години е отворен само еден рудник, а дополнително просечната плата во рударство во вредност е пониска од пред 30 години и сега изнесува 580 евра. Од Министерството за економија најавија дека со несмалено темпо ќе ги продолжат планираните активности во рударството, обрнувајќи особено внимание на овој економски сегмент во насока на одржлив раст и развој и како што велат, „остварувајќи партнерски однос со човечкиот потенцијал кој работи во овој значаен економски сектор“. -Рударите се наш бесценет човечки ресурс, а рударството е основна гранка за индустриски развој на државата, а следејќи ги актуелните случувања во светот, оваа индустрија ќе стане основен фактор за опстанок и развој. Македонија има непроценливо природно богатство и затоа треба со особено внимание да се грижиме за наоѓалиштата на минерални суровини кај нас“, порача министерот за економија Крешник Бектеши. Токму ова Министерство издаде позитивно мислење за спојување на двете концесии во Иловица, што ќе овозможеше реализација на инвестијата. Но, Владата иако првично даде согласност, потоа под притисок на дел од јавноста, ја поништи одлуката за спојување на концесиите. Директорот за комуникации и односи со јавноста во компанијата инвеститор „Еуромакс Ресоурцес“, Живко Груевски, претходно во гостување во една национална телевизија изјави дека перманентните напади врз рудникот Иловица – Штука се резултат на добро организирани хибридни активности и платени „актери“ кои имаат за цел со лажни информации да сеат страв и паника кај населението. -За жал, овогодишното прославување на Денот на рударите означува една организирана хајка и организиран напад против рударската индустрија во нашата држава, нешто што започна како организирана хајка под слоганите „Рудници на смртта„ и Спас за југоистокот. Започна уште во втората половина на 2016 година во Гевгелија, Валандово, Струмица и кулминира овие денови во една хистерија во јавноста околу т.н “Рудници на смртта“. Според мене се работи за една навистина добро организирана хибридна активност, блендирани економски и политички интереси, концентрирани и подготвени во и надвор од нашата држава, а спроведени од неколкумина добро мотивирани, добро платени актери, кои што имаат задача да го спроведат тоа и да сеат страв, да сеат една збунетост кај народот, изјави Груевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/strumichkata-kotlina-se-prazni-od-iseluvane-a-poveke-od-2000-novi-rabotni-mesta-vo-rudnikot-ilovitsa-chekaat-pravna-razvrska/feed/ 0