коминике – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Mar 2022 09:40:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png коминике – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Гардијан“ објави делови на нацрт-коминикето од престојната лидерска средба на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-objavi-delovi-na-nacrt-kominiketo-od-prestojnata-liderska-sredba-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-objavi-delovi-na-nacrt-kominiketo-od-prestojnata-liderska-sredba-na-eu/#respond Wed, 09 Mar 2022 09:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=643873

Руската агресија врз Украина претставува „тектонска промена во европската историја“, се наведува во нацрт-комуникето од престојната лидерска средба на ЕУ што наредните два дена ќе се одржува во Версај кај Париз. Лондонски „Гардијан“ објавува делови од нацрт-документот што треба да биде усвоен, во кој европските лидери се обврзуваат „да преземат поголема одговорност за безбедноста, како и да се спроведување натамошни решителни чекори за градење европски суверенитет“. Според содржината на заклучоците, се очекува во Версај да биде постигната согласност за „одлучно зајакнување на инвестициите во одбранбените способности и во иновативни технологии„, како и за „суштински зголемувања на трошоците за одбрана преку јакнење на сопствената воена индустрија“. Во нацрт-документот уште се нотира посветеност за воена поддршка во оружје за Украина и нејзината одбрана од руската агресија. По однос енергетското прашање ЕУ-лидерите се согласуваат за постепено надминување на зависноста од рускиот гас, нафта и увозот на јаглен, преку забрзување на транзицијата од фосилни горива, диверзификација на снабдувањето со енергија преку испорака на течен природен гас, био-гас и водород, како и подобрување на енергетската ефикасност и складирањето енергенси. Во нацрт-документот што треба да биде усвоен во Версај не се спомнуваат барањата на Украина, Молдавија и Грузија за членство во ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-objavi-delovi-na-nacrt-kominiketo-od-prestojnata-liderska-sredba-na-eu/feed/ 0