комисии на вмро-дпмне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 13:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисии на вмро-дпмне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Дали ќе се активира гаранцијата и пеналите за доцнење на новиот трансформатор за блок 4 во РЕК Битола? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/#respond Tue, 17 Jan 2023 13:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=788428

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашуваат дали ќе се активира гаранцијата и пенали за доцнење на нов трансформатор за блок 4 во РЕК Битола? „ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ГАРАНЦИЈА И ПЕНАЛИ ЗА ДОЦНЕЊЕ НА “НОВ“ ТРАНСФОРМАТОР ЗА БЛОК 3 ВО РЕК БИТОЛА Деновиве секојдневно ги слушаме фалбите на пресови на ДУИ и СДСМ за работа и производство на енергетските капацитети во Македонија. Интересно е дека тоа се случува веднаш после ставање во функција на “новиот“ трансформатор за блок 3 во РЕК Битола. За да не се замајува јавноста со цел да се подзаборават некои работи за оваа набавка, аплерима на следнтото: “Новиот“ трансформатор требаше да биде ставен во функција најкасно на 15 ноември 2022 година. Така стои во договорот склучен на 28.07.2022 број 09т-4378/1 со бугарската компанија Actael N Ltd-Bulgaria. Блокот 3 во РЕК Битола се синхронизира на мрежа на 10 јануари 2023 година. Тоа значи доцнење од вкупно 56 дена. Ова се прашања за појаснување до АД ЕСМ и до владеачката гарнитура на ДУИ и СДСМ: Дали ќе се активира банкарската гаранција на договорот за навремено и квалитетно извршување на договорот во висина од 321.550 евра како што е дефинирано во договорот? Дали ќе се наплатат пенали согласно договорот заради доцнење со испораката на трансформаторот? Дали ќе се бара надомест на претрпена штета поради набавка од увоз на електрична енергија во периодот од 15 ноември 2022 година до 10 јануари 2023 година поради доцна испорака? Дали АД ЕСМ има преземено некои дополнителни плаќања кон бугарската компанија поради проблемите со транспорт на трансформаторот? Според технички можности за производство на нов трансформатор од оваа големина се неопходи минимум од 12 до 20 месеци. Испорака на трансформаторот за само 110 дена односно нешто помалку од 4 месеци може да значи само дека е тоа некој стар користен трансформатор и репариран во турската компанија и овде продаден како сосема нов. Дали АД ЕСМ ќе објави на македонската јавност од каде е најден овој “нов“ трансформатор со вака превисока цена од 6.431.000 евра? Имајќи ја во предвид вака експресно брзата изработка на “новиот“ трансформатор се поставува прашање дали пред да се врши јавна набавка со директно преговарање без објава на оглас некој не дошол кај директорот на АД ЕСМ или во владеачките ДУИ и СДСМ да договори купување на репариран трансформатор кој итно ни треба? Дали има независно испитување или надзор врз проверка на бараните и гарантирани технички карактеристики согласно договорот и дали се исполнети бараните технички гарантирани податоци? Кој и кога ги изврши овие испитувања, ако се воопшто извршени, после ставање на трансформаторот во функција и кој беше независен надзор над овие испитувања? Стариот трансформатор кој беше оштетен под сомнителни околности е на поправка во компанијата ПД ЦОМЕЛ од Србија. Досега нема никаква информација до каде е оваа поправка. ПОДИЗВЕДУВАЊЕ И ПОДИЗВЕДУВАЧИ – Со договорот е ангажиран подизведувач. Според Прилог-1 кон договорот, понудата, а со тоа и самиот договор, се состои од само една и единствена ставка. Од друга страна согласно член 118 став 2 алинеа 1 од Законот за јавни набавки се дозволува подизведување, но тоа може само за „дел од договорот“, но во никој случај на цел договор. Во конкретниов случај иако е наведено дека се отстапува дел од договорот, произлегува дека цел договор се доделува на подизведувач и тоа “испорака на стоката и преземање на сите обврски согласно техничката понуда од договорот“. ОВА НЕ Е СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ БИДЕЈЌИ ИСТИОТ ДОЗВОЛУВА САМО ДЕЛ ОД ДОГОВОРОТ ДА СЕ ДОДЕЛИ НА ПОДИЗВЕДУВАЧИ, А НЕ ЦЕЛ ДОГОВОР. Уште позагадочно е што подизведувач е всушност производителот на трансформаторот, па од прашањето зошто носител на набавка да не биде самиот производител, туку друга компанија, се отвораат низа други потпрашања. Јавноста треба да знае која е улогата на компанија Actael N Ltd-Bulgaria, која се јавува како носител на набавката. Овие трансформатори се платени со парите на Македонските граѓани и одговор на овие прашања мора да има“, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/feed/ 0
„За првпат во последните 70 години некој се фали со производни капацитети, а не изградил ниту еден производствен капацитет“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvpat-vo-poslednite-70-godini-nekoj-se-fali-so-proizvodni-kapatsiteti-a-ne-izgradil-nitu-eden-proizvodstven-kapatsitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvpat-vo-poslednite-70-godini-nekoj-se-fali-so-proizvodni-kapatsiteti-a-ne-izgradil-nitu-eden-proizvodstven-kapatsitet/#respond Mon, 16 Jan 2023 10:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=787824

Продолжуваат бесрамните лаги на СДС. Не прекинува работата на фабриката за лаги на СДС и интензивните прес конференции, гостувања во ТВ емисии со однапред договорени прашања и постојаното известување на сите можни вести за работата на енергетските капацитети, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. -Сепак ВМРО ДПМНЕ е тука за да им ги разјасниме на граѓаните лагите и манипулациите со кои секојдневно се обидуваат да не замајуваат. Колку е сериозна работата говори фактот дека во неделните вести на МТВ 1 на 15 јануари СДСМ тврдеше дека сите капацитети се на мрежа, а во моментот на емитување на вестите РЕК Осломеј беше веќе 24 ч испаднат од мрежа. Ете до толку се бесрамни и во време на интернет и информации достапни за секого, лажат на национална телевизија. Згора на ова во истиот ден ХЕЦ Тиквеш произведе само неколку мегавати во режим на работа со висок ризик. Имено акумулацијата на оваа електрана се наоѓа на рекордно ниско ниво од 7% од капацитетот и на само 3 метри од минималната кота. Оваа хидроелектрана не треба воопшто да биде вклучена поради ниската кота на која се наоѓа и опасноста од повлекување на воздух во цевководите. Доколку се продолжи со форсирање на производството на ХЕЦ Тиквеш постои опасност да се направи хаварија која ќе ги надмине размерите на уништувањето на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола. Неколку дена на сите вести постојано се тврди дека на мрежа се сите капацитети, а никој не ги споменува десетиците милиони евра за увоз на јаглен и мазут и никој не споменува дека резервите на вода во акумулациите на хидро капацитетите се под 20 %. Истотака не е точно дека се снабдени комплетно сите регулирани потрошувачи, бидејќи на 15.01.2023 се повлечени од мрежа повеќе од 500 MWh, што од прилика е просечно повеќе од непрекината работа на еден агрегат на ХЕЦ Шпиље или ХЕЦ Тиквеш. Последната фабрикувана мантра на СДС е дека првпат во последните 70 години сите енергетски капацитети се на мрежа. Но да видиме што се крие зад оваа изјава: Вистина е дека во последниве неколку години се срушија неколку рекорди. За првпат во последните 70 години се увезува јаглен за рекордни милионски суми. За првпат во последните 70 години увозот и потрошувачката на мазут се на рекордно ниво. За првпат во последните 70 години котите на акумулациите се најниски на историско ниво. За првпат во последните 70 години криминалот и корупцијата во енергетските компании е на највисоко ниво. За првпат во последните 70 години најнеспособните и и најнеобразовани луѓе се на највисоки раководни позиции во енергетските компании. За првпат во последните 70 години се извршија набавки на електрична енергија по рекордни цени. За првпат во последните 70 години некој се фали со производни капацитети, а не изградил ниту еден производствен капацитет . Вистина е дека вкупното дневно производство на сите производни капацитети, со сиот увезен јаглен и зголемената употреба на мазут, плус производството на ТЕЦ Неготино заедно, сепак е сеуште помало од рекордното дневно производство на АД ЕЛЕМ (сега ЕСМ) во времето на управувањето на компанијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицкоски, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-prvpat-vo-poslednite-70-godini-nekoj-se-fali-so-proizvodni-kapatsiteti-a-ne-izgradil-nitu-eden-proizvodstven-kapatsitet/feed/ 0
Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Дали ноќните вишоци на ЕЛЕМ „ги празнат“ и хидроакумулациите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-nokjnite-vishoci-na-elem-gi-praznat-i-hidroakumulaciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-nokjnite-vishoci-na-elem-gi-praznat-i-hidroakumulaciite/#respond Wed, 07 Sep 2022 11:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=729871

ДАЛИ НОЌНИТЕ ВИШОЦИ НА ЕЛЕМ „ГИ ПРАЗНАТ“ И ХИДРОАКУМУЛАЦИИТЕ?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. „Во изминатиот период информиравме за криминалната продажба на “вишоците” на електрична енергија во ноќните часови од страна на АД ЕЛЕМ/ЕСМ, односно за ниската цена по која тие се продаваат во однос на цената на струјата на HUPX берзата. На сето тоа, Васко Ковачевски се обиде со работничко одело и табла да ни каже како се создавале вишоци и зошто ги продавале. Но, за возврат ние да му објасниме на Васко Ковачевски како се создаваат вишоци на електрична енергија во ноќните часови. Поради нискиот конзум на електрична енергија во ноќните часови, понекогаш понизок и од техничкиот минимум за производство на РЕК Битола, се јавува вишок на произведена електрична енергија. Според сета енергетска логика вакви вишоци не се создаваат од големите хидроцентрали сопственост на АД ЕЛЕМ, туку само од термоцентарлите. Но, дали е тоа навистина така? Од табелата на сликата јасно се гледа дека во периодот на продажба на “вишоците” биле вклучувани и хидроелектраните што е недозволиво во состојба кога целото стопанство се бори со превисоки сметки за електрична енергија. САМО НА 6.8.2022 ОД 3 ДО 7 ЧАСОТ НАУТРО ТИЕ РАБОТЕЛЕ СО 636 MW, А НА 18.8.2022 СО 326 MW. Значи “вишокот” на електрична енергија на Васко Ковачевски не е произведен само од РЕК Битола, туку дел од овие “вишоци” се и од производството на хидроелектраните. Со оваа постапка намерно се празнат хидроакумулациите, со што свесно се влошува и онака лошата енергетската сотојба на македонското електростопанство. Дали Васко Ковачевски и СДСМ се неспособни да го менаџираат АД ЕЛЕМ/ЕСМ или намерно се создаваат “вишоци” на електрична енергија дури и од хидроелектраните само за криминал и лично богатење на сметка на народот?! Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-nokjnite-vishoci-na-elem-gi-praznat-i-hidroakumulaciite/feed/ 0
Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: За производство на струја не требаат лаги и празни ветувања, туку работа ум и трезвеност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisii-na-vmro-dpmne-za-proizvodstvo-na-struja-ne-trebaat-lagi-i-prazni-vetuvanja-tuku-rabota-um-i-trezvenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisii-na-vmro-dpmne-za-proizvodstvo-na-struja-ne-trebaat-lagi-i-prazni-vetuvanja-tuku-rabota-um-i-trezvenost/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=724369

Интегрален текст од Фејсбук објава на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ:
„ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА НЕ ТРЕБААТ ЛАГИ И ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА, ТУКУ РАБОТА, УМ И ТРЕЗВЕНОСТ Во изминатите неколку дена македонската јавност е бомбарирана со вести за енергетската „благосостојба“ во државата и фалби за „успешната“ работа на ЕСМ и „зголеменото“ производство на електрична енергија. Бевме сведоци на изјави на генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, Министертот за економија Крешник Бектеши, како и на премиерот Димитар Ковачевски. Речиси сите телевизии и огромен број интернет портали ги пренесоа изјавите на тандемот Васко и Димитар Ковачевски за „зголеменото“ производство на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и наводните успеси. Во слободното време кога медиумите не пренесуваа за успешната работа на ЕСМ, се пренесуваа информации со пресмешните и наивни препораки за штедење на електрична енергија кои ги предложи Министерот за економија Крешник Бектеши. После ваквите изјави многу очигледно е дека продолжува да вирее невидениот аматеризам на сите раководни нивоа во енергетиката, па и кај политичарите кои носат одлуки што ги за судбината развојот на енерегтиката кај нас. Загрижувачки е што во ниеден медиум нема новинари кои ги следат енергетските случувања, кои ги разбираат енергетските политики и енергетиката како наука, а уште помалку имаат критички осврт кон изнесените ставови на залутаните „глумци“ во енергетиката. Во нашиот осврт ќе ги прескокнеме мерките за штедење на Министерот Бектеши, затоа што сметаме дека и децата од основно училиште добро се изнасмеаа на истите. Ова секако е голем плус за Министерот Бектеши, затоа што согласно со изјавата на неговата колешка Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, тој се обиде да предизвика смеа кај децата и позитивни чувства кои се дозволени во согласност со препораките на Бисера. Исто така во овој осврт ќе ги прескокнеме и изјавите на премиерот Ковачевски, полни со лажни и штелувани податоци кои едвај беа прочитани. Се разбира ова е голем плус за Премиерот, бидејќи согласно последните истражувања сé поголем број на основци имаат проблеми при читањето, па со своите вештини за читање Премиерот предизвикува смеа и позитивни чувства кај основците согласно со „препораките“ на Бисера. Со ова и развеселените основци кои имаат потешкотии при читањето ќе може да се надеваат дека еден ден ќе застанат на чело на државата. Покрај овие две несреќи, кои како подобни „незналици“ дотуркале до позициите на кои се наоѓаат и за наша несреќа нас нẻ водат, успешно плива и магистерот по туризам Васко Ковачевски, компулзивен лажго кој залутал во енергетиката и за несреќа на сите нас ја води најголемата енергетска компанија АД ЕСМ. За уште поголема наша несреќа, оваа „несреќа“ ја води компанијата ЕСМ во тешки времиња со големи светски поместувања: пандемија, војна, санкции, инфлација, пазарни потреси, кризи за храна итн. За разлика од првите двајца кои предизвикуваат смеа кај децата, овој последниов ќе предизвика сериозни грижи и плач кај возрасните, затоа ќе се задржиме на него и неговите изјави. Васко Ковачевски предизвикува моментален плач кај возрасните кои го прочитале и не му веруваат. А допрва ќе предизвика плач кај сите останати вклучувајќи ги и неговите сопартијци кога ќе дојде зимата и кога ќе биде прекасно за оние кои му веруваат денес. Затоа ќе се обидеме во кратки црти да го разобличиме Васко Ковачевски и неговите последни изјави. Ќе ги прескокнеме неговите фалби за зголеменото производство на ЕСМ во однос на лани од едноставна причина: И лани истиот тој Васко беше директор на ЕСМ и го допре дното во производството на електрична енергија во Македонија. Ако производството лани беше на 50 % од просекот во изминатите 10 години тогаш јасно ви е за каков пораст од 20 % говори Ковачевски. Згора на сẻ, ова збирно производство на ЕСМ е со увезен јаглен и со вкалкулирано производство на ТЕЦ Неготино која во изминатите 10 години никогаш не работеше. Ако се исклучат од пресметките ТЕЦ Неготино и увезениот јаглен, годинашното производство го проби и дното кое во 2021 го постави самиот Ковачевски. Сепак колку и да е страшно сето ова, не е најстрашното. Најстрашното допрва нẻ очекува. Во моментов АД ЕСМ се наоѓа во најлоша кондиција откако постои. За да ви го објасниме ова ќе го сведеме на наједноставни работи за лесно да сватат и основците и лаиците. Согласно плановите за производство на компанијата за да се пречека успешно секоја зима и за да има доволно електрична енергија потребни се неколку работи: Во лето се прават ремонти на термоелектраните за да бидат спремни за зимата. Во лето се копа и се складира јаглен на депонија за да се користи во зима. Во лето се прави таканаречена „откривка на јаглен“ (јагленов слој исчистен од јаловина и земја) за да може во зима јагленот да се копа непречено. Во лето се собира и се чува водата во акумулациите за да се користи во зимата. При крајот на месец Август се сумираат сите овие резултати и според тоа може да се процени како ќе се пречека зимата. За да ви претставиме пластично ќе ја споредиме моменталната состојба на сите горенаведени точки со просеците во месец Август во изминатите години: Ова лето нема да се прават ремонти на термоелектраните, а фали и еден трансформатор на еден блок во РЕК Битола кој „случајно“ експлодираше и сеуште не е поправен (се очекува дури во ноември да стигне новиот-се разбира ако не е нова лага на Васко Ковачевски). Моментално складираниот јаглен е многу помалку од 100 000 тони колку што кажува Ковачевски, но еве и слепо да му веруваме нему, сепак тоа претставува само 25% од потребните 400 000 тони согласно плановите за ископ и поранешната пракса. Моменталната откривка на јаглен е околу 200 000 тони што изнесува само 20 % од потребните 1 000 000 тони откривка на јагленов слој за да може во зима јагленот да се копа непречено. Моменталната состојба на акумулациите на АД ЕСМ е околу 40 % од максимумот или 220 000 MWh, просечно во Август состојбата на акумулациите треба да се движи околу 80 % или некаде околу 440 000 акумулирани МWh енергија . Дополнително на ова Ковачевски ја замајува јавноста дека ќе увезе јаглен. За да ви објасниме како бессрамно лаже доволно е да знаете дека: Динамиката на увоз на јаглен со сите тендери на ЕСМ е околу 30 000 тони месечно. Трите блока на РЕК Битола трошат 20 000 тони јаглен дневно. Значи Ковачевски за еден месец ќе увезе јаглен со кој РЕК Битола ќе работи ден и пол . Пресметано за наредни 6 месеци ќе се увезе јаглен за 10 дена работа на РЕК Битола. Да сумираме за појасно: РЕК Битола ќе добие увозен јаглен за 10 дена работа. РЕК Битола има складиран јаглен за 5 дена работа на сите три блока. РЕК Битола има откривка на јаглен за 10 дена работа на сите три блока. Собрано сето ова значи дека во најдобар случај сме обезбедени за 25 дена работа на РЕК Битола. И најголемите лаици знаат дека зимата трае 3 месеци (90 дена), а грејната сезона трае 6 месеци (180 дена). Акумулацијата од 200 000 MWh е доволна за балансирање и за пиково порамнување на кривата на производство и потрошувачка за максимум 2 месеци оптимистички сметајќи од септември. Ако се има предвид сето ова наредната зима со постоечките берзански цени ќе ни фали електрична енергија од најмалку 200 милиони евра, а ако цените ги следат фјучерсите на западноевропските берзи кои достигнаа 1 000 евра за банд и 2 000 евра за пикова енергија, сумата која ќе биде потребна за да се преживее зимата ќе надмине 1 милијарда евра. Ковачевски ја донесе на колена АД ЕСМ ја ограби и ја уништи на финансиски и производствен план, со ова ги оштети сите граѓани на државата имајќи предвид дека компанијата е нивна сопственост. Не би сакале никого да заплашуваме, но сепак да не биде дека никој не му кажал на народот и не го предупредил. Поради нашите најблиски, најмалку што можеме да сториме е да се сомневаме во изјавите дека државата ќе биде „обезбедена со струја“ јаглен, мазут и гас за наредната зима. Ако гледате кој сé ни ја води државата и кој сé управува со енергетските компании и ако му верувате тогаш во ред, ваш проблем. Доколку сепак малку се сомневате во изјавите на горенаведените ликови избегани од цртаните филмови спремајте се за долга, тешка, ладна и мрачна зима. Набавете батерии, свеќи, ќумбиња, дрва, плински греалки, нови ќебиња, извадете ги старите јамболии од подрумите и сите молете се Господ да ни е напомош!!! Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ“
  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisii-na-vmro-dpmne-za-proizvodstvo-na-struja-ne-trebaat-lagi-i-prazni-vetuvanja-tuku-rabota-um-i-trezvenost/feed/ 0
„Лицемерието на СДСМ и ДУИ нема крај, ги уништија општините и јавните претпријатија, сега не сакаат да помогнат во време на енергетска криза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licemerieto-na-sdsm-i-dui-nema-kraj-gi-unishtija-opshtinite-i-javnite-pretprijatija-sega-ne-sakaat-da-pomognat-vo-vreme-na-energetska-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licemerieto-na-sdsm-i-dui-nema-kraj-gi-unishtija-opshtinite-i-javnite-pretprijatija-sega-ne-sakaat-da-pomognat-vo-vreme-na-energetska-kriza/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:39:25 +0000 https://kurir.mk/?p=724359

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваа дека лицемерието на СДСМ и ДУИ нема крај, ги уништија општините и јавните претпријатија, сега не сакаат да помогнат во време на енергетска криза. „Криминалниот картел составен од СДСМ и ДУИ се најголемото зло за Македонија. Нивното криминално владеење изминативе 5 години целосно ги уништија сите државни институции, граѓаните изгубија целосна доверба во истите, а секојдневните мега скандали не претворија во тема за мајтап и потсмев во Европа. Денеска, во очи на една од најголемите енергетски кризи во светот, општините се соочуваат со големи предизвици за нивното нормално функционирање. Од Здружение на даватели на комунални услуги (АДКОМ), уште пред неколку месеци апелираа за драстично зголемените сметки за струја на јавните претпријатија, каде во некои случаи истите беа повисоки и за 500% од претходно. Тие во континуитет, преку ЗЕЛС, бараа средби со премиерот Ковачевски и министрите од економската сфера, каде би се разговарало за решенија и конкретни чекори за излегување во пресрет на јавните претпријатија и општините, со цел тие да можат нормално да функционираат. До овој момент, ЗЕЛС, општините и претпријатијата се целосно игнорирани од страна на СДСМ и ДУИ. Наместо стратешки пристап и вистински мерки, Владата излезе со серија на т.н. препораки, кои може да ги оцениме како траги-комични и истите се вистински хит на социјалните мрежи. Во овие препораки, на кои јавноста сеуште не може да им се доизначуди, можевме да прочитаме насоки од Владата како што се греење на домовите на сонце, готвење во помали садови, да одат по скали наместо да користат лифт, поретко да проветруваат и др. Почитувани, До пред 1 година, централната власт на СДСМ и ДУИ се расфрлаа со пари за општините (пред одржувањето на локалните избори), им бришеше долгови и камати, и директно ја поддржуваше партизацијата, корупцијата и криминалот во локалната самоуправа, за сега, по локалните избори и поразот во најголемиот број на општини, целосно да ги игнорира и да се оддалечува од било каква одговорност кон граѓаните. Светската енергетска криза ни најавува навистина тешка зима, со галопирачки постапувања за граѓаните во сите полиња, како што се нафтените деривати, сметките за струја, но и се што истото повлекува, пред се општа инфлација и поскапувања на сите производи. Во ваква состојба, наместо конкретни решенија и стратешки пристап од страна на Владата и министерствата, имаме продолжение на криминал и корупција, зачинет со целосна неспособност. Во вакви тешки моменти на Македонија и се потребни чесни и способни луѓе кои соодветно ќе раководат со државните институции. На Македонија и се потребни промени и избори час поскоро. Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во нивниот статус на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/licemerieto-na-sdsm-i-dui-nema-kraj-gi-unishtija-opshtinite-i-javnite-pretprijatija-sega-ne-sakaat-da-pomognat-vo-vreme-na-energetska-kriza/feed/ 0
Уредбата за прогласување на енергетската криза е потврда и криење на колапсот на ЕЛЕМ и МЕПСО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uredbata-za-proglasuvanje-na-energetskata-kriza-e-potvrda-i-krienje-na-kolapsot-na-elem-i-mepso/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uredbata-za-proglasuvanje-na-energetskata-kriza-e-potvrda-i-krienje-na-kolapsot-na-elem-i-mepso/#respond Thu, 04 Nov 2021 11:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=590723

Уредба за прогласување на електроенергетска криза – потврда или криење на колапсот на АД ЕЛЕМ (ЕСМ) и АД МЕПСО, велат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. -Поради штетните владини политики, долго време се укажуваше дека Република Македонија е на прагот на електроенергетска кризна состојба, но актуелната власт сето ова го прикриваше со единствена цел да не си го загрози сопствениот и онака нарушен рејтинг во изборниот процес кој се одвиваше изминатиов период. Вистината почна да излегува на виделина веднаш откако заврши вториот круг на локалните избори кога спротивно на доскорешните лажни убедувања дека ситуацијата е стабилна, наеднаш се донесе Уредба за прогласување на електроенергетска кризна состојба. Повторно Владата се обиде да го сврти вниманието на јавноста оправдувајќи се дека донесувањето не претставувало ништо друго, туку само исполнување на обврските од Законот за енергетика. Тоа во никој случај не е издржано бидејќи секој може да го отвори Законот за енергетика и да се увери дека крајниот законски рок за нејзино донесување беше во јули 2019 година, а не сега. Намерата е очигледна. Ништо повеќе не може да ја сокрие вистината дека со донесената уредба државата е на чекор поблиску до официјализирање на електроенергетската кризна состојба. Акумулациите за работа на хидроцентралите се на ниско ниво, посебно последниов месец кога се на минимум со вкупна резерва помалку од 10%. Ваквата состојба се манифестира уште од периодот кога самопрогласените „шампиони во енергетиката“ продаваа вишоци на електрична енергија, фалејќи се дека заработуваат од продажбата. Но, дали навистина е така, потврдува сегашната состојба на празни акумулации и немање резерви на електрична енергија, тогаш кога е најмногу потребна. РЕК Битола се сведе на работа со еден или два блока со половична моќност и со резерви на јаглен помалку од два дена за работа. Ископ на јаловина и откривка за ископ на јаглен нема, а ако се работеше за добро менаџирање на комбинатот немаше сега да распишуваат тендери за набавка на јаглен, туку на депонија ќе имавме најмалку 200000 тони наш јаглен. РЕК Осломеј нема јаглен и работеше со мала количина на купен јаглен од надворешни компании. ТЕЦ Неготино го потроши својот мазут за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, па сега ниту ТЕЦ Неготино нема можност да влезе во погон. Оваа состојба која е карактеристична за претходните неколку месеци, а посебно во октомври 2021 година, мораше да резултира со прогласување со кризна состојба. Но, бидејќи во октомври беа во тек локалните избори, па Владата наместо да го почитува Законот и прогласи кризна состојба, МЕПСО “позајмуваше’ струја од европскиот енергетски систем, за што граѓаните ќе платат казна од најмалку 15 милиони ЕВРА. Иронијата да биде поголема, постојната уредба од 2012 година веднаш после вториот круг на локалните избори ја заменија со нова која ја донесоа и објавија во „Службен весник на РСМ“ бр 246 од 2.11.2021 година. Во оваа новодонесена Уредба, се направени неколку значајни измени: Рестриктивните мерки кои беа дефинирани со Уредбата од 2012 година за намалување на потрошувачката на конкретни потрошувачи согласно степенот на ограничување, сега се поништуваат и се остава простор на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија сама да го одреди степенот за ограничување на снабдување со електрична енергија, додека ОЕПС ќе ги распредели намалувањата пропорционално со ОЕДС-и. При потреба од дополнителни количини на електрична енергија, финансиски средства обезбедуваат лиценцираните компании за вршење енергетска дејност или се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Тоа значи од џебот на граѓаните. Не е определено кој ќе ја купи електричната енергија, по која цена и од кого? Но, ако средствата се од Буџетот, тогаш како тие ќе се вратат назад или ќе останат како неповратна донација на ОЕДС? Ограничувањето на потрошувачката на електрична енергија при недостиг на електрична енергија ги координира ОЕПС при што се суспендира пазарот на електрична енергија и притоа ОЕПС, ОЕДС, снабдувачите и трговците со електрична енергија не се одговорни за штетите поради ваквите ограничувања. Се поставува прашањето како ќе се одреди кој е одговорен за кризата и кој ќе ги надомести евентуалните штети? Под услови за прогласување на кризна состојба се воведува нова ставка, а тоа е пораст на цената на електрична енергија за одреден временски период. Но, ова е многу проблематично затоа што електричната енергија има третман на стока и е берзански производ. Ако ја има на берза и може да се купи значи нема криза во снабдување со електрична енергија. Имаш пари и си ја купуваш електричната енергија на берза. Прашање е зошто се става цената на берзански производ како услов за прогласување на кризна состојба? Цените на електрична енергија на берзите во Европа достигнуваат вредност од 150 – 300 Евра за MWh. Цените на берзите во другите делови на светот како Јужна и Северна Америка, Африка, Азија не се толку високи. Значи нема основа за тврдење дека станува збор за светска криза. На берзите во Европа електрична енергија може да се купи во секој момент. Електричната енергија е стока и берзански производ и причините за високата цена на европските берзи треба да се анализираат малку посериозно. Актуелната влада на СДСМ и ДУИ најави дека ќе прогласи кризна состојба за снабдување со електрична енергија од 9.11.2021 година. Ако тоа се случи, Владата на СДСМ и ДУИ ќе мора да образложи следно: Според кои критериуми ќе прогласи кризна состојба? Мора да објасни зошто домашните компании АД ЕЛЕМ ( ЕСМ) и АД МЕПСО се доведени во колапс, од одлични и стабилни компании станаа големи загубари со многу долгови. Зошто АД ЕЛЕМ во последниве две години има рекордно најниско производство од своето постоење наваму, нема откривка на јаловина и нема ископ на јаглен, хидро акумулациите се празни и не може да ги задоволи ниту потребите за електрична енергија за домаќинствата?. Со ваквиот однос на Владата во никој случај не може да се избегне кризната состојба. Уредбата е донесена со цел да се прогласи кризна состојба, а не за нејзино успешно надминување. Наведеното се поткрепува со тоа што во нејзината содржина има низа недостатоци и воопшто не е прилагодена да даде одговори и решенија на актуелната состојба. Според Законот за енергетика, Уредбата за прогласување на електроенергетска кризна состојба треба да има неколку компоненти од кои најзначајно е што треба да ги содржи мерките што се преземаат во случај на кризна состојба. Иако законот го налага ова, загрижува фактот што уредбата нема доволно конкретни и издржани мерки. Со ваков пристап сосема очекувано е дека нема да се заштитат енергетските системи и нема да се обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија. Поради несериозниот пристап, се поочигледно е дека во наредниов период ќе се соочуваме со рестрикции и со повторно поскапување на електричната енергија која и онака две години наназад поскапуваше, ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uredbata-za-proglasuvanje-na-energetskata-kriza-e-potvrda-i-krienje-na-kolapsot-na-elem-i-mepso/feed/ 0
„Задолжувањето на Охрид за 3 месеци пред избори е последниот пример за неспособноста и корумпираноста на СДСМ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zadolzuvanjeto-na-ohrid-za-3-meseci-pred-izbori-e-posledniot-primer-za-nesposobnosta-i-korumpiranosta-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zadolzuvanjeto-na-ohrid-za-3-meseci-pred-izbori-e-posledniot-primer-za-nesposobnosta-i-korumpiranosta-na-sdsm/#respond Fri, 23 Jul 2021 08:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=540739

ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ОХРИД НА 3 МЕСЕЦИ ПРЕД ИЗБОРИ Е ПОСЛЕДНИОТ ПРИМЕР ЗА НЕСПОСОБНОСТА И КОРУМПИРАНОСТА НА СДСМ Една од мерките која СДСМ изминатиов период ја користи, во неумешен обид да ја затскрие нивната корумпираност, неспособност и преспани мандати, на крајот на истите ги задолжуваат веќе презадолжените општини во очаен обид за маркетиншки трик и илузија дека нивните мандати нешто сработиле. КРАЈНО НЕЕТИЧКИ Е НА КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА ОПШТИНАТА И ГРАЃАНИТЕ ЗА ВИРТУЕЛНИ ПРОЕККИ ЧИЈА РЕАЛИЗАЦИЈА НЕМА НИ ДА ЗАПОЧНЕ ОВОЈ МАНДАТ, А ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ВРАЌААТ ДОЛГОВИ НАРЕДНИТЕ 5-10 ИЛИ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ. Последен пример е одлуката на Општина Охрид и градоначалникот во заминување Георгиески, кој за враќање на стари долгови зема кредит во висина од 5 милиони евра и ги задолжува Охриѓани во наредните 10 години да вратат речиси 8 милиони евра. Истиот Георгиески кои нема еден капитален проект за себе, а во Охрид е познат само по фиктивната и селективна борба со дивоградбите. И сето ова, замислете, на 3 месеци пред избори. Тука мора да се спомене и феноменот Шилегов, кој Скопјани ги задолжи за над 70 милиони евра за изградба на БРТ, проект чија реализација би требало да трае и целиот мандат на наредниот градоначалник. Сличен е случајот и со велешкиот градоначалник Коцевски, кој годинава ги задолжи велешани за 46 милиони денари за почеток на изградба на затворениот пазар и многу други. Сите овие задолжувања на неколку месеци пред избори, сите за проекти кои досега требаше да бидат завршени, а до избори нема ни да се започнати. Ваквите постапки на СДСМ и нивниот евтин популизам нема да поминат! Граѓаните не забораваат 4 години лаги и неработа. Граѓаните не забораваат 4 години криминал и корупција! На претстојните локални избори, граѓаните ќе ја казнат СДСМ! Комисија за локална самоуправа ВМРО-ДПМНЕ Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zadolzuvanjeto-na-ohrid-za-3-meseci-pred-izbori-e-posledniot-primer-za-nesposobnosta-i-korumpiranosta-na-sdsm/feed/ 0
Проект наспорти Реалност: Кружен тек во Струмица поставен неправилно со електрични столбови на сред пешачки патеки! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-nasporti-realnost-kruzen-tek-vo-strumica-postaven-nepravilno-so-elektrichni-stolbovi-na-sred-peshachki-pateki-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-nasporti-realnost-kruzen-tek-vo-strumica-postaven-nepravilno-so-elektrichni-stolbovi-na-sred-peshachki-pateki-foto/#respond Mon, 19 Jul 2021 12:14:54 +0000 https://kurir.mk/?p=538727

КРУЖЕН ТЕК - ЕДНА ПОИНАКВА ПРИКАЗНА ПРОЕКТ наспроти РЕАЛНОСТ Прикачуваме слики од проектот како требал да биде поставен кружниот тек и како градоначалник на СДСМ успеал да го "реализира" Што би рекле од СДСМ, "Чекор по чекор" или "од идеја до реализација". Електрични столбови на сред пешачки патеки и несразмерно позиционирани кружни текови гледаме деновиве. До овој степен се неспособни, еден кружен тек не можат да погодат правилно позициониран. На сето ова СДСМ на следниве локални избори ги понуди скоро истите градоначалници по општините и град Скопје. И тоа значи во превод дека вакви промашени "ремек дела" можеме и натаму да очекуваме од оваа неспособна екипа. Овој кружен тек се наоѓа во Струмица. Не не исклучуваме можност дека вакви кружни "бисери" можеме да начекаме и во многу други општини. СДСМ 2021ва година. Срамота. Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт. Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proekt-nasporti-realnost-kruzen-tek-vo-strumica-postaven-nepravilno-so-elektrichni-stolbovi-na-sred-peshachki-pateki-foto/feed/ 0
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Петре Шилегов ќе го полни ЈСП со нови 65 партиски кадри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-petre-shilegov-kje-go-polni-jsp-so-novi-65-partiski-kadri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-petre-shilegov-kje-go-polni-jsp-so-novi-65-partiski-kadri/#respond Mon, 07 Jun 2021 11:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=520076

МРЗЛИВИОТ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ НЕМИЛОСРДНО ПРОДОЛЖУВА ДА ПРЕПОЛНУВА СО ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА. СЛЕДУВААТ НОВИ 65. Во безидејност и очекување на сигурен пораз на локалните избори во Град Скопје, СДСМ продолжува со превработувања во јавните претпријатија. Во викенд изданието на дневниот весник ,,Нова Македонија" објавени се два огласи за вработување во ЈСП. Едниот оглас е објавен за нови 39 вработувања а додека на другиот се предвидени нови 26 партиски послушници Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт. Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-petre-shilegov-kje-go-polni-jsp-so-novi-65-partiski-kadri/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Доцна е за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабараторија која не работи 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/#respond Mon, 31 May 2021 09:29:23 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517147

Деновиве актуелна е аферата со сомнителниот квалитет на течните горивата и увозот на токсично масло место мазут. Многу институционални недостатоци излегоа на виделина, пред сẻ заради неспособноста на владеачката гарнитура предводена од ДУИ и СДС. Во програмата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ која беше промовирана на минатогодишните парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија предвиде и предложи мерка за проверка на квалитетот на течните горива. Целта на оваа мерка беше да почне да функционира Државната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на течните горива, која сẻ уште не е во функција. Ова е многу важно за да се гарантира пропишаниот квалитет на течните горива од страна на државните органи. Доколку ВМРО дојдеше на власт место СДС и ДУИ, оваа мерка ќе беше реализирина и ваков увоз на канцерогено масло немаше да биде дозволен. Со спроведување на оваа мерка од програмата „Обнова“ немаше да се увезува неквалитетен мазут, кој не ги исполнува стандардите на ЕУ, со што ќе се овозможење заштита на човековата околина од загадување. Сега откако се случи скандалот со мазутот кој го објави ИРЛ, веќе е доцна за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабораторија која 3 години не е во функција. ДУИ и СДС требаа многу одамна да го реализираат ова, со цел да се спречат вакви појави со увоз на неквалитетни течни горива. Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ Фејсбук статус на Комисии ВМРО ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/feed/ 0