Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 15:25:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисија за енергетика на ВМРО- ДПМНЕ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СКАНДАЛ: Тендер во 4 очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра – открива Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/#respond Mon, 16 Oct 2023 15:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=889434

Скандал за тендер во четири очи открива Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение го пренесуваме во целост: АД ЕСМ (ЕЛЕМ) на ден 18.09.2023 година има потпишано договор за рамковна спогодба за ЈАВНА НАБАВКА на услуги со економскиот оператор Спектартермо доо Скопје. Предмет на договорот за јавна набавка е Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница Енергетика Скопје. Вредноста на договорот е 1.8 милиони евра односно 112 милиони денари. Овој договор е склучен во вид на постапка со преговарање БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС, односно народски кажано тендер во четири очи. Изминатите две години потпишани се три вакви набавки за сервис на гасни мотори и сервисирање и редовно периодични прегледи на гасни мотори (Енергетика) со друг економскиот оператор Флекс повер доо Скопје. 1.датум 15.07.2021 = износ 556.400€ 2.датум 23.12.2021 = износ 1.228.000€ 3.датум 16.12.2022 = износ 1.521.000€ Овие три набавки како и последната се без објавување на јавен оглас. АД ЕСМ има поднесено Барање за оправданоста за овој вид на постапка до Бирото за јавни набавки. Од Бирото е добиен одговор/мислење со заклучок дека Одговорноста за изборот и спроведувањето на постапката со преговарање како исклучителна постапка е одговорност на договорниот орган (ЕСМ). Во мислењето на Бирото е цитиран дел од законот за Јавни набавки каде е наведено дека може да се спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас за јавна набавка на стоки, услуги или работи, доколку стоката, услугата или работата може да ја обезбедени само ОПРЕДЕЛЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР, од причина кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавката... Од сето горе наведено, се поставува логичкото прашање: КАКО НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА? Ако претходните три набавки се потпишани со една фирма а последната набавка со друга фирма?! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-tender-vo-4-ochi-vo-ad-esm-vo-iznos-od-1-8-milioni-evra-otkriva-komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствената земја која има гас само на хартија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-makedonija-e-edinstvenata-zemja-koja-ima-gas-samo-na-hartija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-makedonija-e-edinstvenata-zemja-koja-ima-gas-samo-na-hartija/#respond Wed, 30 Nov 2022 13:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=768910

Благодарение на оваа Влада, денес Република Македонија е далеку од гасифицирана држава. Скоро шест години откако се на власт, немаат започнато ниту еден нов проект за гасификација, освен што работат на проектите кои започна да ги гради претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Иако не се нивни проекти, не успеа ниту да ги завршат во зададените рокови според кои изградбата требаше да биде завршена уште пред неколку години, обвинува Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение: Во недостиг на конкретни решенија за справување со енергетската криза, Премиерот настојува да остави впечаток дека оваа Влада постигнала некаков успех во гасификацијата на Македонија. Гасоводот Кавадарци-Прилеп-Битола според роковите за негова реализација требаше да биде изграден пред три години, а не сега да се зборува за негово завршување. Исто така и гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар требаше да биде завршен уште пред три години, но не е завршен. Гасоводот Гостивар-Кичево, гасоводот Свети Николе-Велес и интер конекциите со Грција, Србија и Косово кои секоја година се најавуваат, се уште не се започнати да се градат. Најважно е да се нагласи дека не е започната изградбата ниту на градските гасоводни мрежи. Без ваквите мрежи природниот гас и понатаму останува недостапен за корисниците кои предолго го очекуваат. Доколку имаше реална реализација без долгогодишни доцнења, до сега требаше да има над 100.000 корисници приклучени на гасоводните мрежи. За жал денес нема ништо од тоа. Единствено што направи оваа Влада во гасификацијата е тоа што на сила беше протуркан скандалозниот и спорното Закон за спогодбено решавање на судскиот спор помеѓу Владата и Макпетрол за АД ГА-МА, со помош на кој се потрошија астрономски 33 милиони евра за 25 години стар гасовод, односно скоро дупло повеќе отколку што било вложено при изградбата според вештачењата од судскиот спор. За неуспесите во гасификацијата на Македонија има уште многу има да се кажува. Самото долгогодишно доцнење на целиот процес на гасификација допринесе и за поголемо продлабочување на актуелната енергетска криза во државава. Како резултат на тоа доцнење останавме без природен гас кој требаше да има подостапни цени кој значително ќе помогнеше да се ублажи ударот од кризата врз граѓаните и стопанството. Обидите на оваа ненеродна власт за замајување на јавноста се залудни бидејќи граѓаните се свесни дека уште долго нема да имаат пристап до природниот гас кој досега веќе требаше да им биде достапен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-makedonija-e-edinstvenata-zemja-koja-ima-gas-samo-na-hartija/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-postoi-moznost-da-se-namali-cenata-na-nafteni-derivati-preku-namaluvanje-na-akcizite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-postoi-moznost-da-se-namali-cenata-na-nafteni-derivati-preku-namaluvanje-na-akcizite/#respond Mon, 07 Feb 2022 17:17:50 +0000 https://kurir.mk/?p=628215

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите. -При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите. Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1. И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2). Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија. Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено. Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-postoi-moznost-da-se-namali-cenata-na-nafteni-derivati-preku-namaluvanje-na-akcizite/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ ќе влезе во еден вид модерно ропство и ќе нема шанса да ја продава енергијата на слободен пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-elem-kje-vleze-vo-eden-vid-moderno-ropstvo-i-kje-nema-shansa-da-ja-prodava-energijata-na-sloboden-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-elem-kje-vleze-vo-eden-vid-moderno-ropstvo-i-kje-nema-shansa-da-ja-prodava-energijata-na-sloboden-pazar/#respond Thu, 02 Dec 2021 15:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=603150

Неизбежната пропаст на ЕЛЕМ Пред пет години кога СДС дојде на власт во „нашата земја“ никој не можеше да поверува дека државата ќе се врати назад 30 години во сите сегменти на општеството. Во областа на енергетиката, никој не предвидуваше дека ќе се вратиме назад во 80-тите години, во периодите на недостатоци и рестрикции на електрична енергија.Граѓаните денес се наоѓаат среде енергетска криза, исправени пред можните рестрикции на електрична енергија, ги очекува студена зима и поскапување на електричната енергија. Пред само две години граѓаните наивно ги оставија шпоретите на дрва на Дрисла со желба да живеат во некаков модерен холивудски филм. Скапиот филм беше платен со 10 милиони евра од касата на ЕЛЕМ, кои се потрошија за инвертори за греење. Се разбира, инверторите зимава нема да работат ако нема електрична енергија. Можеби на некој ќе му текне да земе уште 10 милиони евра од контото на ЕЛЕМ и да направи нова акција „Врати го инверторот земи шпорет на дрва“. Да не беше тажно, ќе беше смешно. На јавноста ú се продава филм за транзиција на производството на електрична енергија. Последните случувања во енергетиката покажаа дека и далеку посилни држави нема да можат толку лесно да ја спроведат посакуваната транзиција и да се откажат од јагленот, стои во Фејсбук статусот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение може да го прочитате целосната објава: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-elem-kje-vleze-vo-eden-vid-moderno-ropstvo-i-kje-nema-shansa-da-ja-prodava-energijata-na-sloboden-pazar/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Каква е оваа еколошка такса на Владата на Зоран Заев, кога ваква такса нема во ниту една земја во Светот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kakva-e-ovaa-ekoloshka-taksa-na-vladata-na-zoran-zaev-koga-vakva-taksa-nema-vo-nitu-edna-zemja-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kakva-e-ovaa-ekoloshka-taksa-na-vladata-na-zoran-zaev-koga-vakva-taksa-nema-vo-nitu-edna-zemja-vo-svetot/#respond Tue, 06 Jul 2021 13:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=532875

ЛАГИТЕ ЗА ЕКОЛОШКАТА ТАКСА Каква е оваа еколошка такса на Владата на Зоран Заев, кога ваква такса нема во ниту една земја во Светот? Како може преку покачување на нафтата и нафтените деривати за 4,16 дена да се чува и штити околината? Најпрво го загадија воздухот со штетен токсичен мазуп, па сега ќе воведуваат еколошка такса. Еколошката такса е чиста манипулација на народот. Со намалување на ДДВ-то за електричната енергија на 5%, демек го штитат народот од покачување на електричната енергија, а од друга страна го товарат со дополнителни давачки за еколошката такса. Позадината на оваа манипулација е Владата да собере повеќе пари во веќе празниот буџет. А, од кој ќе собере кога нема инвестиции, ако не од народот. Народот џабе се радува дека сметките за електричната енергија ќе бидат истите со намалување на ДДВ-то, но кога ќе се свести ќе треба да плати за 60% и повеќе давачки за еколошка такса. Доколку Регулаторната комисија за енергетика не ја зголемеше цената на електричната енергија, а останеше исто ДДВ-то за испорачани количини на електрична енергија од 3.553.594.690 kWh по цена од 4,9231 ден преку Универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме во Буџетот на Владата требаше да се слеат 51.204.132 евра. Каде е манипулацијата на народот? Со намалување на ДДВ-то на на 5% и за количина на испорачана електрична енергија од 3.553.594.690 kWh по цена од 5,4161 ден преку Универзалниот снабдувач на електрична енергија ЕВН Хоме во Буџетот на Владата ќе се соберат околу 15.648.879 евра. Ако на тоа се додадат 4,16 денари за литар нафта и нафтени деривати за количина од 938.356.000 литри за еколошка такса, тогаш во буџетот би се влеале 65.532.649 евра. Тоа значи дека заедно со двете мерки ( 5% ДДВ за електрична енергија и еколошка такса) се очекува да се соберат околу 81.181.528 евра. Целта на оваа Влада преку ДДВ-то на електричната енергија и еколошката такса да собере повеќе од 81.000.000 евра. Имајќи во предвид дека ова е груба пресметка и не се земени во предвид покачувањата за врвната моќност која значително е зголемена, тоа значи дека Владата ќе го наполни буџетот за повеќе од 85.000.000 евра со врвната моќност. Со сите овие давачки за ДДВ-то и зелената такса, Буџетот би се зголемил за 59%.Влада многу перфидно ќе го изманипулира народот и наместо 51.000.000 евра, ќе му земе повеќе од 85.000.000 евра. Народот ќе го осети на свој грб доколку се донесе 3аконот за еколошка такса и по добивање на наредните фактури за електрична енергија. Згора на сẻ, ќе следи спирала на покачувања на сите производи и уште поголема сиромаштија и невработеност. Е тоа е експертскиот тим на Заев кој се занимава со економија:„ ти дава едно, а ти зема две“ па згора на сẻ „те тепа и не ти дава да плачеш“. Комисија за енергетика н ВМО-ДПМНЕ Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kakva-e-ovaa-ekoloshka-taksa-na-vladata-na-zoran-zaev-koga-vakva-taksa-nema-vo-nitu-edna-zemja-vo-svetot/feed/ 0
„Кој ќе ги плаќа субвенционираните тарифи за новите приватни ветерни паркови?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koj-kje-gi-plakja-subvencioniranite-tarifi-za-novite-privatni-veterni-parkovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koj-kje-gi-plakja-subvencioniranite-tarifi-za-novite-privatni-veterni-parkovi/#respond Tue, 01 Jun 2021 08:31:53 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517534

Зоран Заев пред неколку дена најави три нови приватни ветерни паркови во Богданци, Демир Капија и Свети Николе, кои ќе имаат вкупно инсталирана моќност од околу 90 MW, а сите заедно ќе произведуваат просечно годишно околу 300 GWh електрична енергија. СДС и Заев продолжуваат со доделување на најдобрите локации за ветерни електрани на приватни компании блиски до него, наместо овие ветерни паркови да ги гради државната компанија АД ЕЛЕМ. Доколку ваквите електрани ги изгради државата, парите од субвенционираната електрична енергија ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ и државата. Во нашиов случај, повторно по којзнае кој пат, поединци ќе се богатат на грбот на граѓаните, а државните електрани ќе тонат во долгови. Се поставува прашањето: Колку пари ќе исцедат од граѓаните приватните ветерни паркови? Јасно е дека согласно издадените лиценци, сите три ветерни паркови ќе имаат повластена тарифа на цената за откуп на електричната енергија. За енергија добиена од ветер таа изнесува 89 евра за MWh, со што овие централи ќе имаат приход од околу 27 милиони евра годишно. За жал, субвенционираните тарифи ќе ги полнат џеповите на приватните газди, по цена двојно повисока од пазарната. Сите три ветерни паркови ќе ги оптоварат граѓаните за дополнителни 14 милиони евра годишно. Секое семејство во просек ќе даде по близу 30 евра за новите ветерни електрани за луѓе блиски до СДС и Заев . Запомнете добро, овојпат не е едно евро за Вицето, ами дополнителни 30 евра од секое семејство, плус 30 евра годишно од секое семејство за приватни производители на ветерна енергија. Ако СДС го затвори државниот гигант РЕК Битола и го замени со приватни ветерни паркови и фотонапонски централи, како што се пофали Заев пред некој ден, тогаш државата ќе биде на стаклени нозе, а на народот ќе му останат само нови поскапи сметки за електрична енергија. Народот сака зелена енергија, но не по секоја цена. Не по цена тој да осиромашува, на сметка на богатењето на олигарсите на Заев! Ова лудило мора да престане! Да кажеме стоп за новиот „бонбона“ бизнис во енергетиката!!! Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/koj-kje-gi-plakja-subvencioniranite-tarifi-za-novite-privatni-veterni-parkovi/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Доцна е за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабараторија која не работи 3 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/#respond Mon, 31 May 2021 09:29:23 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517147

Деновиве актуелна е аферата со сомнителниот квалитет на течните горивата и увозот на токсично масло место мазут. Многу институционални недостатоци излегоа на виделина, пред сẻ заради неспособноста на владеачката гарнитура предводена од ДУИ и СДС. Во програмата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ која беше промовирана на минатогодишните парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија предвиде и предложи мерка за проверка на квалитетот на течните горива. Целта на оваа мерка беше да почне да функционира Државната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на течните горива, која сẻ уште не е во функција. Ова е многу важно за да се гарантира пропишаниот квалитет на течните горива од страна на државните органи. Доколку ВМРО дојдеше на власт место СДС и ДУИ, оваа мерка ќе беше реализирина и ваков увоз на канцерогено масло немаше да биде дозволен. Со спроведување на оваа мерка од програмата „Обнова“ немаше да се увезува неквалитетен мазут, кој не ги исполнува стандардите на ЕУ, со што ќе се овозможење заштита на човековата околина од загадување. Сега откако се случи скандалот со мазутот кој го објави ИРЛ, веќе е доцна за СДС и ДУИ да се сликаат пред мобилната лабораторија која 3 години не е во функција. ДУИ и СДС требаа многу одамна да го реализираат ова, со цел да се спречат вакви појави со увоз на неквалитетни течни горива. Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ Фејсбук статус на Комисии ВМРО ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-docna-e-za-sds-i-dui-da-se-slikaat-pred-mobilnata-labaratorija-koja-ne-raboti-3-godini/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Како СДСМ ги уништи енергетските компании ЕЛЕМ и МЕПСО?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-gi-unishti-energetskite-kompanii-elem-i-mepso/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-gi-unishti-energetskite-kompanii-elem-i-mepso/#respond Fri, 21 May 2021 09:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=513219

Во повеќе наврати во последниве две години најавувавме дека АД ЕЛЕМ е доведена во состојба на пропаст. Укажувавме за овие критични состојби кои настанаа откако се на власт СДС и ДУИ и дававме добронамерни предлози за решавање на проблемите. Но, владеачката коалиција СДС и ДУИ си тераше по свое и сега Република Македонија се соочува со реалната состојба – АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО станаа загубари, велат во својата објава од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Добро е да се знае каква состојба затекна во АД ЕЛЕМ коалицијата СДС и ДУИ кога дојдоа на власт во 2017 година и каква е сегашна состојба само после 4 години апсолутистичка власт. Во 2017 година АД ЕЛЕМ беше во одлична техничка и финансиска состојба, со реновирана главна опрема во термо и хидро централите, со финансиска резерва од 20 милиони ЕВРА, без долгови кон никого и сите финансиски обврски према странски и домашни доверители исполнети. ВМРО-ДПМНЕ остави готови и спремни проекти за реализација на санација на електростатските филтри во РЕК Битола со затворена финансиска конструкција, готови проекти за решавање на проблемот со десулфуризација на издувните гасови, објавен тендер за помошна рударска механизација за РЕК Битола, модернизирани генератори, турбини и два котли во РЕК Битола, откриен јаглен за непречена работа на РЕК Битола за следните 7 месеци, одобрена физибилити студија и средства за рехабилитација на трета фаза на големите хидроцентрали, завидна резерва на вода во акумулациите за работа на хидроцентралите и многу други проекти. Кога СДС и ДУИ ја преземаа власта во јули 2017 година, започна пропаста на АД ЕЛЕМ, а после тоа и на АД МЕПСО. Најпрво сите започнати енергетски проекти СДС ги прекинаа, но нови не започнаа. Откриениот јаглен го потрошија, а нова откривка не направија. Водата од акумулациите ја истрошија сосема непланирано. Санација на електростатските филтри, како и десулфуризација не направија, нова помошна механизација во текот на 4 години не набавија, но затоа цутеше бизнисот за приватни ангажирања на компании за ископ на јаловина. Како резултат на тоа имаме рекордно намалување на годишното производство на електрична енергија, намалување на приходите и зголемување на трошоците. Дури моменталната состојба на депонија за јаглен во РЕК Битола е нешто помалку од 20.000 тони, што е доволно за работа само за два дена . Работа со полн капацитет на РЕК Битола со три блока веќе одамна нема, се работи со еден или два блока и тоа двата на технички минимум, со што основната опрема на котелот и турбината се уништува. Состојбата со рударските машини е сериозна. Главниот Багер КУ300 е повеќе во дефект, откривка на јаглен нема, ископ на јаглен уште помалку. Годишното производство на АД ЕЛЕМ е дадено во табела 1 , а опаѓањето на приходот со доаѓање на СДСМ на власт во табела 2. Резултатот од владеењето на СДС и ДУИ за овие четири години е следен: oд одлична компанија во финансиски и технички поглед, АД ЕЛЕМ е доведена во состојба на тежок загубар, а последиците ќе ги трпат граѓаните уште многу години. МЕПСО до пред една година важеше за успешна профитабилна компанија. Сега за 2020 година излегоа податоци дека МЕПСО е во загуба од 6.000.000 ЕВРА. Дали има влијание тоа што во АД МЕПСО дојде нов директор од редовите на ДУИ па веднаш профитот го “потрошија“ и влегоа во загуба или пак само се прикажа реалната состојба на компанијата? Дали дополнително на ова има влијание непотребното партиско и рамковно превработување со партиски гласачи кои ништо не работат, а земаат високи плати? Сега е повеќе од очигледно дека СДСМ и ДУИ одбраа да вршат уништување на електроенергетиката во Македонија. Дали во изјавата дека РЕК Битола ќе се затвора поради т.н. „зелена енегетска транзиција“ всушност се крие нешто друго? Дали СДСМ откако ги уништи најдобрите енергетски компании сега ќе ги затвори, под изговор дека ги затвора заради „зелена енергија“? Но, мора да знаат дека за стабилна економија на Македонија, треба стабилна енергетика. Пред да се одлучат било која енергетска постројка да ја затворат, претходно треба да имаат изградено нова која ќе ја замени старата. А, бидејќи во овие четири години од нив не видовме ниту една нова постројка, едно е јасно: ако СДСМ не си одат од власт, колапсот во макденоската енергетика е неизбежен, децидни се од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-gi-unishti-energetskite-kompanii-elem-i-mepso/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: За десет дена откако е поправен главниот багер во РЕК Битола, пак има дефект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-za-deset-dena-otkako-e-popraven-glavniot-bager-vo-rek-bitola-pak-ima-defekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-za-deset-dena-otkako-e-popraven-glavniot-bager-vo-rek-bitola-pak-ima-defekt/#respond Sat, 17 Apr 2021 12:36:08 +0000 https://kurir.mk/?p=498512

РЕК Битола се распаѓа, а Ковачевски на туризам во Србија, ова го објавуваат Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук. -Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Нема ден да нема информација за сериозни дефекти во РЕК Битола. Пред десетина дена, после долго време на застој поради дефект, главниот багер за ископ во рудниците КУ-300 беше поправен и ставен во функција. Само што се понадевавме дека сега ќе има нормален ископ на јаглен, ништо од тоа. Од вчера повторно оваа машина е во сериозан дефект. Сега е скршен лагер од копачот и багерот не е во функција. На што се должи ова не е тешко да се претпостави. Слаба организација на поправката, без контрола и квалитет на работата. Одржувањето е заборавено или најверојатно се ангажираат приучени приватни компании за поправка. Само десет дена работа после поправката и ревизијата на багерот, истиот пак има тешка хаварија. И повторно застој. Каде е одговорноста на тој што вршел поправка и ревизија на багерот, каде е надзорот од РЕК Битола? Од сето ова нема ништо, нема одговорност, нема професионалност во работа, едноставно РЕК Битола е пуштен да се распаѓа. Организација на работата е во хаос. РЕК Битола се распаѓа додека Директорот на АД ЕЛЕМ го нема никаде. Моментално се шета во Србија на туристичко патување. Од друга страна објавена е јавна набавка на 16.11.2020 поделена во пет дела под број “17057/2020 – Ревитализација на КУ-300 (РЕК Битола)“. Еден дел е поништен, а за другите се склучени три договори со компанијата „МЗТ Инжинеринг“ од Битола за вкупна сума од 16.301.989 денари и еден договор со компанијата „Интер глобал“ од Скопје за сума од 1.082.768 денари. Вкупно 17.384.757 денари или 282.679 ЕВРА.Прашуваме каде се деловите од оваа набавка и дали истите се потребни за оваа поправка? Дали е ова само трошење на парите на граѓаните? Професионалноста и одговорноста во работата на оваа гарнитура на власт поставена од СДСМ е непозната категорија. Но, за сето тоа одговорност ќе има! Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.
РЕК Битола се распаѓа, а Ковачевски на туризам во Србија Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Нема ден да нема... Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Сабота, 17 април 2021
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-za-deset-dena-otkako-e-popraven-glavniot-bager-vo-rek-bitola-pak-ima-defekt/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали РЕК Битола ќе биде новиот тат во Битола ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-rek-bitola-kje-bide-noviot-tat-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-rek-bitola-kje-bide-noviot-tat-vo-bitola/#respond Mon, 05 Apr 2021 11:20:21 +0000 https://kurir.mk/?p=492561

Последниве четири години имаме контроверзии и суми од кои боли глава, кои ја следеа скапата пракса, приватници да копаат јаглен за РЕК Битола. Во меѓувреме се откри дека последниве четири години јагленот константно ја подгрева љубовта меѓу власта и тајкуните. Официјалните бројки покажуваат дека приватниците „изгореле“ повеќе од 200 милиони евра за времето на СДСМ и Заев. Во периодот додека СДСМ беше опозиција жестоко обвинуваше за корупција и силно ветуваше прекин на ископ со приватни фирми во РЕК Битола. Меѓутоа откако СДСМ дојде е на власт, во овие четири години пропаднаа обидите да се купи државна механизација и се остави широко поле за коруптивни тендери и сомнителни тендерски постапки за ископ на јаглен и јаловина во Рудниците во РЕК Битолa, се вели во Фејсбук статусот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. - Тендерските постапки покажуваат дека годинава најголем дел од тендер-колачот за јаглен отишол кај бизнисмените кои соработуваат или се блиски со братот на Зоран Заев. Дури 12,6 милион евра од оние наменети за ископ и за помошна механизација отишле кај „Пелистер“ на битолчанецот Силјан Мицевски, фирма која е етаблирана и која изминатава деценија постојано соработува со македонскиот енергетски гигант. Во листата на компании што годинава работат во рудниците се и „Марковски компани“ и „Руд-коп“, приватници кои и претходнo работеле во рудниците за јаглен. Првата со договори од околу 10 милиони евра, а втората со договори вредни приближно седум милиони, пишува во објавата. - Нови се кавадаречката „Машинокоп“, со тендер тежок повеќе од пет милиони евра, и битолската „СВ-Инвест“, која заедно со минатата година има договори вредни три и пол милиони евра со РЕК Битола. Токму појавувањето на „СВ-Инвест“ предизвика контроверзии и ги врати старите политички конфронтации, но сега со сменети улоги. Сега ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ дека фирмата е параван за бизнисите на Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев. Стојан Чифлигароски, 37-годишниот сопственик на „СВ-инвест“ не криеше дека има пријатели во семејството Заеви. Со доагањето на СДС на власт пракса стана во ЕЛЕМ и РЕК Битола без конкретни аргументи да се прескокнува вообичаениот и транспарентен тендерски процес, во кој може да се натпреварува која било компанија, а не само тие што ќе ги избере раководството на ЕЛЕМ по диктат на Вице. „СВ-Инвест“ пред 2018 ниту „ЗИМАК“ пред 2019, никогаш не работеле за РЕК Битола, ниту пак за која било државна институција. Интересно е што РЕК Битола никогаш не ја одбрала „СВ-инвест“ или „ЗИМАК “” на јавен оглас достапен за сите, туку заедно меѓу себе ги поканила да дадат понуда и да преговара. Тоа е брза постапка, која меѓу народот е позната како „договор во четири очи“ и која законот ја дозволува само во специфични случаи. Но, со двоецот Заев- Ковачевски ова стана стандардна процедура, стои во Фејсбук статусот. - Пред неколку дена на огласната табла на Основниот суд во Битола осамна решение за отворање на стечајна постапка за компанијата СВ Инвест увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Во моментов е отворена стечајна постапка по барање на Доверителот Градба Инвест Плус Дооел Битола, кој има неплатени побарувања од 16,5 милиони денари од СВ Инвест. Воопшто не е јасно како може компанија која добива милионски тендери да остане должник кон доверител за 270 000 евра. Ова остава многу сомнежи и неразјаснети работи за кои граѓаните треба да бидат информирани. Дали анонимната компанија која преку ноќ високо се етаблираше, ќе згасне исто така преку ноќ? Во чија сопственост е другата компанија која ја покренала постапката за стечајот? Каде се наоѓа сопственикот на СВ Инвест во моментов? Дали отворањето на стечај е договорена работа со цел да не се платат даноците кон државата, но и да се прикријат трагите од криминалите направени со неработењето и неисполнувањето на обврските кон РЕК Битола? Подготвува ли власта предводена од неспособниот криминален двоец Заев- Ковачевски пропаѓање на ЕСМ со фиктивно испумпување на пари преку таканаречени “интервентни” неопходни тендери кои се договаараат по битолските ресторани во подножјето на Пелистер во „четири очи“, прашуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. - Ако на ова се додаде поплавата предизвикана од неспособност, како и милионскиот интервентен тендер за багерот КУ 300 кој се хавариса по смислено сценарио, ккао и неразјаснетата хаварија на Блок 2 во Термоелктрани, после милионскиот тендер, исто така во четири очи за санација, а за кој мора да се спомене дека до денешен ден е надвор од прозводство. Ова се прашања на кои македонската јавност очекува одговори веднаш, се додава во објавата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-dali-rek-bitola-kje-bide-noviot-tat-vo-bitola/feed/ 0