комисија за енергетика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jan 2021 13:29:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за енергетика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Гол популизам или колапс? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-gol-populizam-ili-kolaps/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-gol-populizam-ili-kolaps/#respond Sat, 02 Jan 2021 13:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=451321

ГОЛ ПОПУЛИЗАМ ИЛИ КОЛАПС?!- прашуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение: Неодамна, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на гостувањето во емисијата „Економски магазин" на Телевизија Алсат М, каде одговораше на прашања поврзани со работењето на Државните електрани на Македонија (АД ЕСМ) и плановите за развој на енергетскиот систем во државата, покрај лагите кои ги пласираше за работата хидро и термоцентралите, енергетскиот развој изјави и дека во согласност со Владата на Република Македонија ќе понуди за 2021 година иста цена односно слична цена за произведената електрична енергија како и во 2020 година до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ со цел да нема поскапување на цената на електрична енергија за домаќинствата односно да спречи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да донесат одлука за ново поскапување на цената на струјата во Јуни 2021 година. За лошото работење на хидроцентралите кои моментално се нефункционални поради празните акумулации кои неплански се трошеа за Васко Ковачевски да се пофали дека има зголемено производство и извоз на електрична енергија за сега да имаме увоз на електрична енергија по повисоки цени што ќе генерира финансиски загуби на АД ЕСМ. Иако, во емисијата изјави дека "...Охридското езеро е на долна граница во моментот, не е под минимумот и со тоа никогаш не сме го надминале.." во периодот 25.11. до 10.12.2020 година Охридско езеро е под минималната кота. ХЕЦ „Вруток” е во застој поради намалена кота и лошо планираните ремнотни активности. Иако, Ковачевски за намаленото производство од хидроцентралите се оправдува со неповолна хидролошка состојба, сушна година... Факт е дека и 2017 и 2019 година се посушни години од 2020 година. Интерерсен е фактот, што наеднаш според Ковачевски 2020 година од сушна година станува една од најдожливите години и си измислува елементарна непогода поплава кога се работи за намаленото производство во РЕК Битола, а не наведе дека за поплавената рударска опрема, појавените свлечишта, немањето на откривка на јаглен, празната Депонија за јаглен (ниту еден ден немало повеке од 50 000 тони јаглен. Најчесто депонијата се движела од 20 000 до 30 000 тони), лошиот квалитет на јаглен и зголемената потрошувачка на мазут причината е нестручното раководење на технолошкиот процес. А, пак за РЕК Осломеј, иако изјавува за изградба на фотоволтаични Електрани паралелно се подготвуваат за вршење набавка на јаглен, од старт сомнителна набавка, затоа што веќе тестираат јаглен од потенцијалниот Добавувач. Но, исто така загрижувачки е фактот што Ковачевски соопштува дека цената за електричната енергија која што ќе се понуди струјата на ЕВН ХОМЕ нема да биде зголемена со цел да не дојде до повторно поскапувањена струјата од страна на РКЕ. Со што Ковачевски врши директен упад во работата на РКЕ која што по закон е независно регулаторно тело и во работата на ЕВН ХОМЕ. Пред донесувањето на Законот за енергетика од 2018 година, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги - РКЕ го контролираше приходот на АД ЕСМ и цената на произведен kWh според признаени трошоци. Со донесувањето на овој Закон сега тоа право РКЕ го нема врз АД ЕСМ, кое стана претпријатие кое работи на слободниот пазар и самостојно ја одредува својата производна и продажна цена согласно пазарни услови. Така да веќе две години АД ЕСМ не е регулирано претпријатие и РКЕ не ја одредува цената на произведен киловатчас за АД ЕСМ. Според Законот за енергетика, АД ЕСМ за 2021 година мора да му понуди најмалку 70% од вкупните годишни потребите на снабдувачот - ЕВН Хоме како универзален снабдувач на аукција, но ЕВН Хоме не мора да ја прифати понудата, ако истата е повисока од другите снабдувачи. Па сега секој ќе си постави одредени прашања на кои АД ЕСМ и Васко Ковачевски треба јавно да одговорат: - Која ќе биде производната цена за kWh на АД ЕСМ за 2021 година? - Дали ќе биде помала од 34 Евра/MWh? - Дали АД ЕСМ знае колку е производна цена за 2020 година во услови кога во 2020 година производството е историски најмало од постоењето на АД ЕСМ претходно АД ЕЛЕМ? - Доколку реалната производна цена е околу 45 Евра/MWh како тогаш ЕСМ ќе функционира ако продава по 38 ЕВРА/MWh? - Дали се планира загуба и намерно носење во колапс на ЕСМ? - Како ЕСМ ќе ги плаќа доспеаните обврски по кредити? - Како ЕСМ ќе инвестира во нови постројки и инвестиции? - Дали повотрно со кредити кои нема да може да ги враќа? - Зошто сега популистички изјави кога е јасно дека со носење на Законот за енергетика во 2018 година се оди на зголемување на цената на електрична енергија согласно пазарните услови на берзите за електрична енергија? - Зошто СДСМ го донесе Законот за енергетика каде АД ЕСМ не е регулиран и излегува на слободен пазар со лажно тврдење дека така ќе се одржува ниска цена на електрична енергија? Во моментов има две решенија. Едното е најверојатно зголемување на цената за најмалку 25% за домаќинствата и малите потрошувачи. Другото е колапс на ЕСМ. Изборот е на власта! На здравје народе со СДСМ!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-gol-populizam-ili-kolaps/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Создавање слика што не постои, со која сакаат да не манипулираат нас граѓаните! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-sozdavanje-slika-shto-ne-postoi-so-koja-sakaat-da-ne-manipuliraat-nas-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-sozdavanje-slika-shto-ne-postoi-so-koja-sakaat-da-ne-manipuliraat-nas-gragjanite/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=443160

Заев описно го прочита отчетот за 100 дена влада што најверојатно ПР центарот му го напишале. Потребен е професор по македонски јазик за да се разбре што сака да каже авторот ШТО, КОГА и КАКО е сработено во областа на енергетиката. Заев прочита: „Енергетиката и енергетската ефикасност заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот. Потоа Заев додаде: 62,5 MW фотоволтаици кои што се во фаза на изградба по пат на ЈПП, за кои се уште не знаеме ни дали има проект, а не пак дали се изградени! успешно е завршена првиот дел од постапката за инсталација на 100MW фотонапонска централа во Осломеј каде државата учествува најмалку со 10% за ресурсите кои ги нуди, а за жал во близина на Осломеј нема абер да потечат првите kWh енергија од сонце! 10MW фотонапонска централа сами како држава преку ЕСМ ја градиме во Осломеј, која е само повторување на претходната лага! На потегот Крива Паланка –Куманово се подготвува инвестиција преку мерењето за 400 MW ветерници. Дали Заев и тие околу него знаат што значи балансирње на 400 MW енергија од ветер? Очигледно не, или и ова е исто како со онаа лага за 2000 км автопатишта со кои се фалеа на изборите во јули! Се работи истотака паралелно на три засебни проекти кои што почнуваат градба од вкупно 90MW ветерници на странски и домашни инвеститори во Богданци, Демир Капија и С.Николе. Истовремено се подготвува локација во Дебарца за 25MW. Дополнителни уште 200MW по територијата на целата наша земја. Заев сумираше: со поставената цел 400 MW фотоволтаици и најмалку 200 MW ветерници правиме сериозен исчекор ДА СОЗДАДЕМЕ СЛИКА за нашата земја лидер во регионот во однос на чистата енергија од обновливите извори.“ Што во меѓувреме навистина Заев направи за енергетиката во овие 100 дена влада? За само 15 дена Влада, струјата за граѓаните поскапе за 7,4 %! Толку! Само тоа! И единствено тоа! Сẻ друго е само реално шоу за СОЗДАВАЊЕ СЛИКА што не постои, со која сакаат да не манипулираат нас граѓаните!, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-sozdavanje-slika-shto-ne-postoi-so-koja-sakaat-da-ne-manipuliraat-nas-gragjanite/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Како СДСМ се спрвува со злоупотребите на екстра лесното масло за греење?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-se-sprvuva-so-zloupotrebite-na-ekstra-lesnoto-maslo-za-greenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-se-sprvuva-so-zloupotrebite-na-ekstra-lesnoto-maslo-za-greenje/#respond Tue, 16 Jun 2020 10:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=358566

Министерството за финансии извести дека постои злоупотреба на екстра лесното масло за греење ЕЛ-1. Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека е направена “Анализа на потрошувачката на екстра лесно масло за греење и предлог мерки за сузбивање на нелегалното користење и употреба”. Беше потврдено дека такви злоупотреби постојат и дека со тоа се нанесува штета на буџетот на Република Македонија, а се зголемува и загадувањето на животната средина, но дека моментално не планираат да преземат мерки за решавање на овој проблем. На овој начин оставаат сомнеж кај народот дека работат за лични или партиски криминални интереси, комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Анализата само го потврдува сомнежот дека некои луѓе од државните институции одработуваат за оние кои вршат злоупотреби со екстралесното гориво. Несфатливо е како државата од една страна се задолжува за да им помогне на фирмите, а од друга, не сака, преку регулација на пазарот да ги наплати даноците. Некој смислено го одолговлекува решението за ставање крај на злоупотребите со екстралесното масло. Долгоочекуваната анализа на Министерството за финансии само ги потврдува состојбите, но не нуди конкретни чекори од страна на државата, туку само се предлага сет од три мерки. Разликата на малопродажната цена помеѓу ехтра лесното масло за греење и дизел горивата изнесува 12 ден по литар, што е причина за злоупотребата со т.н. црвена нафта како гориво за возилата. Зошто СДСМ одлучи да не преземе ништо за ставање крај на овие злоупотреби, можеме само да претпоставиме, но Министерката за финансии Нина Ангеловска е должна да ја каже вистината на граѓаните. СДСМ постојано ветуваше дека ќе го реши овој криминал, како за време на Зоран Заев кога беше Премиер, така и сега за време на техничкиот Премиер Оливер Спасовски. Дојде време да ставиме крај на владеењето на СДСМ. Освен празни ветувања и неспособност за решавање на проблемите, ништо повеќе не покажаа. За жал, Македонија стана лидер во заболени и смртни случаи од вирусот COVID-19, државата е втурната во рецесија, а не очекува тешка економска криза ако истите останат на власт. Време е за чесни и народни политичари. Време е за нов политички лидер, нов Премиер на Република Македонија, за економска обнова на нашата држава. Затоа на 15 јули да излеземе масовно на предвремените парламентарни избори и да ја казниме оваа ненародна власт. Обновата доаѓа!, порачуваат од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-kako-sdsm-se-sprvuva-so-zloupotrebite-na-ekstra-lesnoto-maslo-za-greenje/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: РУДНИКОТ ИЛОВИЦА – ГОЛГОТА НА КОНЦЕСИОНЕРОТ И МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/#respond Tue, 26 May 2020 13:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=350396

Познавајќи ја материјата од областа на минералните суровини, не гледам сериозност во намерата за отворање на рудникот Иловица на концесионерот ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје. Од друга страна пак го разбирам револтот и негативниот став на локалните еколошки здруженија како и населението за овој проект. За првпат концесијата за вршење детални геолошки истражувања на локалитетот Иловица доделена е во периодот 2004-2006 година, кога на власт беше СДСМ. Согласно Законот за минерални суровини по завршување на истражувањата, постапката продолжува, така што со Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина-руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, општина Босилово (“Службен весник на Република Македонија” бр. 81/12), концесионерот има склучено Договор за концесија за експлоатација. Концесионерот, на локалитетот имаше две концесии, кои всушност се едно рудно наоѓалиште. Првододелената концесија е со помал површински простор и најголемиот дел од рудните резерви се во оваа концесија. Истата е доделена на користење  за период до 30 години. Втората концесија по простор е поголема од првата, но заради скромните рудни резерви, главно е во функција за поставување на потребната инфраструктура на рудникот (хидројаловиште, одлагалишта, машински згради, примарно и секундарно дробење на рудата, флотација и пристапни патишта и сл.).  На двете концесии, по сите параметри,  можно е проектирање на само еден рудник со целокупната пропратна инфраструктура. За двете концесии постојат посебни два ревидирани елаборати, во кои вкупните  рудни резерви се околу 550-600 мил.тони руда. Со цел регулирање на дозволата за експлоатација, концесионерот до надлежниот орган, со задоцнување од еден ден по истекот на рокот, доставил Барање,  при што кон истото не ја доставил целокупната документација која се бара согласно Законот за минерални суровини. За првата концесија од надлежниот орган за животна средина е одобрена Студија за влијанието на експлоатацијата врз животната средина. Навистина сериозно прашање претставува фактот што опфаќа самата студија, ако се знае дека целиот тој простор е со рудни резерви. Каде се поставени останатите руднички содржини (одлагалишта, хидројаловиште, машински згради, примарно и секундарно дробење на рудата, флотација и сл.)? Значи ли тоа дека тие се надвор од предметниот концесиски простор? Ако се земе во предвид фактот дека станува збор за едно рудно наоѓалиште и дека пред да се регулира дозволата за експлоатација потребно е спојување на двете концесии, а тоа не е направено, заклучокот е дека се работи за пропуст во законските постапки. Проектантите проектираат рудник на простор од двете концесии, иако во тој период не е регулирана втора концесија, што исто така е противзаконски, т.е. недозволиво е да се проектира рудник на дел од простор кој не е регулиран со концесија. Рудникот е проектиран на 1/3 од рудните резерви, на околу 190-200 милиони тони рудни резерви. Никаде во светот нема такво проектирање на рудник, со толкав процент на искористување на рудните резерви. Што значи, наместо векот на рудникот да биде 50-60 години, истиот би бил 20 години. Ова само по себе укажува дека предмет на интерес на концесионерот е побогатата руда, што е спротивно на начелото на Законот за минерални суровини за оптимална искористеност и одржлив развој. Станува ли збор за несериозен пристап на концесионерот  во однос на неговиот бенефит, наспроти негативните последици за државата и локалното население? Следен проблем е хидројаловиштето кое е проектирано на околу 200 милиони метри кубни и висина околу 240 м. Кое е објаснувањето на концесионерот за проектираното хидројаловиште до површинскиот коп, ако се земе во предвид влијанието на употребата на експлозив при експлоатацијата на рудата, примарната и секундарната порозност на карпестите маси како резултат на масовните минирања и хидростатиката во хидројаловиштето, поттикнато со овие антропогени дејствувања? Против Одлуката за едностран раскин на Договорот за концесија од страна на концедентот, концесионерот поднел Тужба пред Управниот суд, при што судот одлучил во нивна корист. Врз кои параметри е одлучено во нивна корист? Дали Управниот суд не бил соодветно информиран колку време е потребно за спојување на концесиите, со цел регулирање  на Дозволата за експлоатација? За оваа дозвола е потребно Концесионерот да изготви Главен рударски проект, согласно закон да изврши ревизија на истиот, да изготви Студија за влијанието на експлоатацијата врз животната средина ( а изработката и  одобрувањето на оваа Студија е минимум од 9 до 12 месеци), како и изработка на останатата техничка документација? Ако знаеме дека сите рокови за спојувањето на концесиите се поврзани со првододелената концесија, а постапката за регулирање на Дозволата за експлоатација може да отпочне од денот кога е склучен договорот за спојување на двете концесии, сето ова е едноставно невозможна мисија. За вторододелената концесија, концесионерот доставил повторно некомплетно Барање за издавање на Дозвола за експлоатација, но во законски утврдениот рок. Нејасно е зошто е одлучено во корист на концесионерот, без притоа надлежниот орган да направи детална анализа на постапката каде што евидентни се пропустите во постапката и најважно од сė е дека  е занемарен економскиот бенефит на државата во однос на реалните рудни резерви, поставување на хидројаловиштето во близина на населени места, загадување на подземните води и  животната средина.   Д-р Костадин Јованов, дипл.инж.хидрогеолог, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-rudnikot-ilovica-golgota-na-koncesionerot-i-mesnoto-naselenie/feed/ 0
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Што навистина се случува со гасификацијата на Македонија и лагите на министерот Сугарески! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-shto-navistina-se-sluchuva-so-gasifikacijata-na-makedonija-i-lagite-na-ministerot-sugareski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-shto-navistina-se-sluchuva-so-gasifikacijata-na-makedonija-i-lagite-na-ministerot-sugareski/#respond Wed, 13 May 2020 11:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=345340

СДСМ и Сугарески во последно време упорно настојуваат да остават впечаток дека оваа Влада постигнала некаков успех во гасификацијата на Македонија, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Не е успех ако досега биле реализирани 90% од гасоводот Неготино-Битола. Успех ќе беше ако гасоводот беше завршен според рокот уште пред три месеци, а потрошувачите да можеа да го користат природниот гас од овој гасовод. Истото во целост важи и за гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар. Наместо овој гасовод да беше завршен во декември 2019 година, досега не се изведени ниту половина од работите. Но, најголемиот неуспех на СДСМ и Сугарески е тоа што не започнаа да градат ниту 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во секоја од општините во Македонија. Наместо да го продолжат започнатиот проект на ВМРО-ДПМНЕ, тие ја блокираа постапката и досега воопшто не ја реализираа дистрибуцијата на природен гас, со очигледна цел: граѓаните да не можат да ги користат придобивките што ги носи природниот гас и место тоа да се користи скапата струја и нафта, а не евтиниот и еколошки природен гас. Уште многу има да се кажува за неуспесите во гасификацијата на Македонија во изминативе три години додека е СДСМ на власт. Се потрошија три години, но вистинска реализација на проектите за гасификација не се случи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-na-vmro-dpmne-shto-navistina-se-sluchuva-so-gasifikacijata-na-makedonija-i-lagite-na-ministerot-sugareski/feed/ 0
Комисија за енергетика: Ни пандемијата со Ковид-19 не може да им застане на патот на матните бизниси на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-ni-pandemijata-so-kovid-19-ne-moze-da-im-zastane-na-patot-na-matnite-biznisi-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-ni-pandemijata-so-kovid-19-ne-moze-da-im-zastane-na-patot-na-matnite-biznisi-na-sdsm/#respond Sat, 18 Apr 2020 12:37:15 +0000 https://kurir.mk/?p=333962

Во периодот кога целиот свет е зафатен со пандемија од коронавирусот и Македонија не е заобиколена од оваа опасна инфекција. За неа барем засега современтата медицина нема ефикасен лек. И додека вниманието на сите е насочено кон борбата против смртоносната пандемија, тивко се случуваат некои “интересни“ набавки, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. -Од страна на Електрани на Македонија на електронскиот систем за јавни набавки во месец Декември 2019 година беше објавена јавна набавка број 15621/2000 со долг и комплициран текст: “Изработка на ревидиран основен и инфраструктурен проект заедно со изведба на санација на цевоводот брана Суводол до Т3, приклучна шахта за ПЕ рудник до влезна шахта во ПЕ рудник и од Т3 до влез на ТЕ – Термоелектрана приклучна шахта ХПВ со замена на цевки и арматура, РЕК Битола“. Оваа набавка на почетокот од април 2020 година ја добил Конзорциум составен од компанија БВ Инженеринг и Градежен Институт -Скопје за сума од 69.500.000 денари без ДДВ, на аукција на која нема намалување на цената. Делот 2 за сума од 498.000 денари без ДДВ го добива Градежен факултет за ревизија на проектот. Во набавката 15621/2020 се бараат повеќе работи, но во една недефинирана и конфузна спецификација. Нема проект, нема техничка спецификација, а се дава цена за изведба на работите. Како и на која основа е формирана цената на понудата? Или пак ова е направено со единствена цел понуди да достават само одредени компании? И како да се евалуираат понудите кога сите би имале различни решенија? Неспоредливи понуди со огромна разлика на понудени материјали и цени, велат од Комисијата. Целото нивно соопштение, прочитајте го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-ni-pandemijata-so-kovid-19-ne-moze-da-im-zastane-na-patot-na-matnite-biznisi-na-sdsm/feed/ 0
Комисијата за енергетика со факти го демантира Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-energetika-so-fakti-go-demantira-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-energetika-so-fakti-go-demantira-zaev/#respond Fri, 28 Feb 2020 20:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=310231

И вечерва на ТВ дуелот Заев пак лаже. Но, официјалните податоци се други. Иако многу пати сме ги повториле, сепак уште еднаш напоменуваме: во 2015, 2016, 2017 година цената на струјата се намалува. Податоците се официјални од web-страната на Регулаторната комисија за енергетика. Заев неуморно лаже! Ова го порачуваат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. -Увозот на струја од 170 евра за MWh е манипулација за јавноста. Тоа беше цена по која се продаваше електричната енергија на брзите во светот кога настана криза за снабдување со ел. Енергија и кога сите околни преносни системи престанаа да испорачуваат енергија токму поради таа криза во зимскиот пеиорд 2017 година. Тоа е период во кој се прогласи енергетска криза, но и покрај тоа во тој период ЕЛЕМ и нејзиниот тогашен Директор Мицкоски, успешно се справи и не дозволи покачување на цената на струјата за граѓаните на Македонија, велат тие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-energetika-so-fakti-go-demantira-zaev/feed/ 0
Комисија за енергетика: Дали раководството на ЕЛЕМ на 30 декември се разбуди од зимски сон- за два дена 63 огласи за јавни набавки? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-dali-rakovodstvoto-na-elem-na-30-dekemvri-se-razbudi-od-zimski-son-za-dva-dena-63-oglasi-za-javni-nabavki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-dali-rakovodstvoto-na-elem-na-30-dekemvri-se-razbudi-od-zimski-son-za-dva-dena-63-oglasi-za-javni-nabavki/#respond Fri, 03 Jan 2020 10:41:31 +0000 https://kurir.mk/?p=285128

Во текот на 30 и 31 декември 2019 се објавија вкупно 63 Јавни набавки на веб-страната на Бирото за јавни набавки од страна на Електрани на Македонија.Само краток преглед на објавените јавни набавки укажува дека во периодот од 2 јануари до 12 февруари 2020 година, Електрани на Македонија имаат 173 јавни отварања на свои набавки. Ваква навалица за само два дена пред крајот на 2019 година, кај секого предизвикува низа прашања: -Зарем се чекаше крајот на годината за да се објависето ова? Ако беа спремни сите овие документации за набавка зошто не се објавуваа во претходниот период? Рокот на подготовка е премногу краток, а згора на се сега е период на празници и неработни денови или годишни одмори на речиси сите сериозни компании. Поради тоа се отвара прашањетодали ова е претходно договорено со конкретни компании? Интересно е што најголемите набавки по број се за РЕК Битола, а потоа за РЕК Осломеј. Тоа може да е за пофалба, но се коси со веќе усвоената стратегија за енергетиката на Македонија до 2040 година. Според таа стратегија, која беше многу фалена од Енергетската заедница, Македонската влада го усвојува таканареченото зелено сценарио, според кое РЕК Битола треба да престане со работа во 2025 година, а за РЕК Осломеј нема дилема дека веднаш треба да престане со работа. Како да се објасни се ова што се случува со набавките и зошто трошење на вакви средства кога владата на СДСМ планира затварање на Термоелектраните до 2025 година? Дилемите сеследни: -Кого лаже Владата и Електрани на Македонија: Европа и Енергетската заедница или Македонскиот народ? -Дали Владата и Електрани на Македонија ја лажат Европа и Енергетската заедница дека ќе ги затворат Термоелектричните централи до 2025 година?. -Ако не ја лажат Европа и Енергетската заедница тогаш дали го лажат македонскиот народ?Овие прашања се поставуваат затоа што вакви крупни набавки, за кои нема техно-економска анализа, прашање е колку се исплатливи и функционални? Дали одговорот е планирано трошење на големи финансии за набавки на услуги и опрема кои нема да се реализираат бидејќи во меѓувреме термоелектраните ќе се затворат, а финансиите да се поделат во приватни џебови? Во дел од јавните набавкикако на пример во: ЈН 15602-2019 -Погонски станици за ПК Брод-Гнеотино (РЕК Битола)и ЈН15503/2019 – “Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола)“,се бараат стари користени делови и опрема ? Дали на овој начин се собираат отпадните материјали и старатаопрема од светот? Ако се анализираат овие две набавки кои се во тек, според достапните податоци објавени на Бирото за Јавни набавки, може да се заклучи следното: 1.Набавката со број 15602/2019 – “Погонски станици за ПК Брод-Гнеотино (РЕК Битола)“објавена на сајтот на Бирото за Јавни Набавки на 30 Декември 2019 година и краен рок за поднесување на понуди е 30 Јануари 2020 година. Предмет на набавката е купување на две стари погонски станици! Рудникот Брод-Гнеотино е во функција од 2006 година, повеќе од 12 години. СДСМ е три години на власт и баш сега им истекна да најдат дека две погонски станици мора да се купуваат и тоа на старо, без никаква техно-економска анализа и без спроведен технички дијалог? Краток преглед на условите за набавка како и техничката спецификација упатува назаклучок дека набавувачот е веќе договорен, а сега само се задоволува правната форма преку јавна набавка. Ова се заклучува од причина што нема ниеден друг кој може да понуди застарена опрема,која е со технички карактеристики како што се бара во техничката спецификација. Според тоа што е специфицирано како редуктори, барабани и електромотори се работи за некои конкретни погонски станици производство од Чешка или Словачка.Со оваа набавка која е со вредност од минимум 1.000.000 ЕВРА се собира стара опрема-отпад од некој затворен рудник во Европа.Би било добро да се охрабратЕлектрани на Македонија да ја објават предвидената сума за оваа набавка.Се бара опрема за која не е дефинирана гаранција со сертификати од независна институција за проценка на состојба на опремата и преостанат век на употреба,трошоци за нејзино одржување и максимален број на години на старост на опремата.Опрема која е застарена и веќе не се произведува има само една докажанакарактеристика,а тоа е дека нејзиното одржување ќе биде прескапо, а ќе се јавуваати чести дефекти со долготраен застој. Цената на ваква стара опрема се движи од 85% до90% од цената кога се купува најнова модерна опрема со сите можности на конкурентност од светски познати компании. “Шампионите” во Енергетиката за набавка вредна неколку милиони ЕВРА во тендерската постапка не бараат од Економскиот оператор Стандардии системинаквалитет, со коисепотврдувапридржувањедогаранцијатанаквалитетзасновановрзрелевантнитеевропскиилимеѓународнистандарди. Ниту, стандардизауправувањесоживотнатасредина. Клучен параметар во оваа набавка е тежината на опремата што е карактеристично кога се тргува со отпад. 2.Јавна Набавка број 15503/2019 –Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола) Јавната набавка број 15503/2019 – “Ревитализација и модернизација на погонските станици од чешко производство (РЕК Битола)“ е објавена на 27 Декември 2019 година и краен рок за поднесување на понуди е 30 Јануари 2020 година. Оваа јавна набавка е многу слична со претходно објаснетата и тоа за “ДЕЛ 1 – Електро-Машински: делови-склопови од Погонска станица 4х500kW функционални технички исправни или еквивалентни“. И тука се бараат стари делови. Тоа е сосема јасно според бараното време на испорака од 90 дена, количина на редуктори,барабани и мотори и самиот текст на набавката каде себараат “функционални технички исправни делови“. Нови делови за овој дел се изработуваат за време од минимум 6-8 месеци и не мора да се напоменува да бидат функционални и технички исправни. Се разбира некој може и да понуди нови делови, но со малку повисока цена од стари делови и рокот на испорака многу подолг од 90 дена. Со тоа автоматски ќе биде елиминиран при евалуацијата на понудите поради подолг рок на испорака. Ваков начин на објава е само за стари делови кои се некаде во некој затворен рудник и сега треба таа стара опрема ( читај отпад) по многу висока ценада се донесе и користи во РЕК Битола. Претпоставката е дека ваква набавка е проценета на повеќе стотици илјади евра, но повторно добро би било да се охрабри Електрани на Македонија да го објави предвидениот буџет за ДЕЛ 1 од набавката. Со споредба на техничките спецификации на двете јавни набавки, се гледа дека тие се идентични во техничките делови. Се бараат редуктори, барабани, електромотори, со исти карактеристики во двете јавни објави и исто така стари, користени и само да бидат во функција. Значи, повторно набавка на отпад од истиот затворен рудник најверојатно во Чешка. Во делот на технички способности се бара економскиот оператор да има испорачано барем една ваква иста опрема во последните три години. Ова е големо ограничување, бидејќи се подразбира дека за вакви делови кои се стари и не се во употреба во нови постројки нема да има многу понудувачи, освен најверојатно само еден. Испорака на овие идентични делови од опрема не значи дека е некаков посебен квалитет или способност на економскиот оператор во споредба со други конкуренти. Кој би бил заклучокот од сето ова: Најпрво, јасно е дека се работи за краток рок од 30 дена за поднесување понуди и тоа во период кога се празници и неработни денови!Овие набавки согласно Годишниот План за Јавни набавки на Електрани на Македонија доцнат 11 месеци, дали ова време на раководството им беше потребно за “пронаоѓање на најповолен понудувач”? Која сериозна компанија ќе поднесе понуда со сите елементи за понуда? Можен и најверојатен реален одговор е: само онаа со која некој претходно направил„договор“ за доделување на договор. Сето ова личи на комбинација на некакви светски мешетари кои одат по светот и пронаоѓаат вакви интересни раководни кадри и им нудат бизнис зделки со продавање на стара отпадна опрема за соодветна меѓусебна лична компензација.Дали е ова слично на познатата изрека „ бонбона бизнис“? Има народни мудрости кои одговараат на оваа состојба: “Не сум толку богат да купувам старо“ и “Сиромавиот двапати плаќа“ ! Сакамe да верувамe дека Македонија е пребогата држава, па може да си го дозволи овој луксуз да купува стара опрема(читај отпад), но погореспоменатите мудрости кажуваат нешто друго, декасе расфрлаат државни средства, а сето тоа се прави најверојатно за задоволување на нечии бизнис интереси. После 12 април сето ова нема да помине неказнето. Обновата на Македонија доаѓа! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-energetika-dali-rakovodstvoto-na-elem-na-30-dekemvri-se-razbudi-od-zimski-son-za-dva-dena-63-oglasi-za-javni-nabavki/feed/ 0
Минимално поевтинување на струјата, најави Комисијата за енергетика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalno-poevtinuvanje-na-strujata-najavi-komisijata-za-energetika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalno-poevtinuvanje-na-strujata-najavi-komisijata-za-energetika/#respond Thu, 28 Jun 2018 09:08:41 +0000 https://kurir.mk/?p=70626

Ќе има минимално намалување на цената на струјата, најавуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Подготвителната седница за цената на електричната енергија е закажана за утре, по што е најавена прес-конференција на која претставници на РКЕ ќе објават колкаво ќе биде намалувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minimalno-poevtinuvanje-na-strujata-najavi-komisijata-za-energetika/feed/ 0