Комисија за европски прашања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 13:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисија за европски прашања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците: Измените на Законот за игри на среќа значат егзодус на 35 илјади луѓе од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/#respond Mon, 16 Oct 2023 13:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889382

Не постои ниту едно логично објаснување зошто по секоја цена се туркаат скандалозни и противуставни измени на Законот за игрите на среќа и забавни игри, пишува во отвореното писмо на здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците од Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред денеска се измените на Законот за игри на среќа. Од здружението велат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија, ценовни шокови, непрекинато иселување на работно способно население, да се усвојуваат решенија кои ќе остават на улица 10 илјади вработени, е надвор од секаква здраворазумска логика, посочувајќи дека сето ова се прави со злоупотреба на ЕУ знаме. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ во своето писмо до пратениците сликовито, преку лични сведоштва објаснува зошто тие не треба да донесат погрешна и крајно штетна одлука. „Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, светски корпорации во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, Владата која издала лиценца за работа, му предлага на Собранието да усвои законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“ – се вели во отвореното писмо на „САКАМ ДА РАБОТАМ“. Од здружението посочуваат дека се разочарани и гневни што надлежните државни институции никогаш не застанале во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. „Гласањето на овие законски измени е глас ЗА егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Не сакаме да веруваме дека било кој од Вас може мирно да спие откако кренал рака за да нанесе ваква неправда. Никој од Вас не е избран на избори за да отпушта вработени туку да решава проблеми.“- велат од здружението на вработени во сектор игри на среќа. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ испрати сериозен апел до пратениците и Владата предупредувајќи да ги повлечат скандалозните и противуставни измени пред да стане предоцна. Здружението испрати порака дека до последно, со сите демократски средства ќе се борат против неправдата која овој предлог Закон може да им ја нанесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/feed/ 0
Седница на собраниската Комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja-3/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:40:22 +0000 https://kurir.mk/?p=738805

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања. На дневен ред пред членовите на Комисијата се Предлогот законот за заштита на потрошувачите, Предлог законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, Предлог законот за финансиска инспекција во јавниот сектор, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и предлог на закон за зоотехника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja-3/feed/ 0
Продолжи собраниската Комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Tue, 28 Jun 2022 14:08:09 +0000 https://kurir.mk/?p=696876

Во Собранието денеска продолжи 39-тата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка. Седницата ја водеше заменик-претседателот на Комисијата, Арта Биљали Зендели, која информира дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието за овој Предлог-закон се поднесени 388 амандмани од овластени предлагачи. Пред претресот по амандамните, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање – разгледување на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан на првата наредна седница. – Недозволиво е барањево кое писмено Ви е доставено да не го ставите како точка на дневен ред, да се произнесеме по него. Дополнително, дали вчера утврдивте предлог-дневен ред, дали дадовте можност да го дополниме тој дневен ред, праша Мицевски. Тој апелираше да се почитуваат законите и Деловникот на Собранието, укажувајќи дека не е усвоен дневниот ред и додаде оти не им е дадена можност за дополнување на дневниот ред со точката која ја предлагаат. Според него, точката што ја предлагаат треба да се стави на дневен ред, а пратениците треба да се произнесат. Мицевски пред членовите на Комисијата и пред медиумите прочита еден документ кој, како што рече, дошол до него. Според тој документ, Комисијата за европски прашања нема да води претрес по поднесените амандмани, бидејќи според член 171 Д, став 1 од Деловникот на Собранието е истечен рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите. Ова е, како што рече, изготвен текст кој заменик-претседателката на Комисијата денеска планира по неколку процедурални или по неколку паузи да го прочита пред македонската јавност. Тој потенцира дека на крајот на денот владиното мнозинство, пратениците од СДСМ и ДУИ, ќе пробаат да утврдат дека нема можност да се разговара по амандманите. Биљали Зендели соопшти дека дневниот ред вчера се гласал пред, како што рече, „неизбежниот скандал“ што се случи во салата. Таа информира дека не работи по сценарија, а додаде дека вчерашниот скандал бил монтиран и предзвикан, а расправата веќе е почната. Откако не добија одговори на поставените парашања и можност за процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа и тропаа по маси. Побараа на седницата да присуствуваат и други владини претставници, а не само министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Биљали Зендели даде пауза од триесет минути. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzi-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
Денеска Комисијата за европски прашања ќе гласа за предлог-измените на Законот за државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/#respond Mon, 26 Jul 2021 11:04:54 +0000 https://kurir.mk/?p=541947

Членовите на Комисијата за европски прашања денеска, на вториот ден од расправата за предлог-измените на Законот за државјанство, треба да гласаат по документот. Пратениците од опозицијата и денеска, како и на претходната седница на Комисијата, се обидуваат преку процедурални забелешки да го одолговлечат гласањето за законот. Тие поднесоа 1000 амандмани за него. Инаку, станува збор за Предлог-измени на законот со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила. Во моментот има пауза на седницата на Комисијата за европски прашања. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-komisijata-za-evropski-prashanja-kje-glasa-za-predlog-izmenite-na-zakonot-za-drzavjanstvo/feed/ 0
Предлог-законот за попис на собраниската Комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-popis-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-popis-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Wed, 30 Dec 2020 07:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=450124

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седницата на која се рагледува Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македониа во 2021 година, по скратена постапка. Оваа точка е на дневен ред и на седницата на собраниската Законодавно-правната комисија. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива/Алијанса за Албанците вчера соопштија дека доставиле четириесетина амадмани на Законот за попис. Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува законот да се најде пред пратениците на пленарна седница на 18 јануари. Комисијата за европски прашања денска треба да расправа и за Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена процедура во второ читање; Предлог-законот за одлучување за изменување и дополнување за Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во второ читање; Предлог-законот за меѓународна соработка во кривичната материја во прво читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakonot-za-popis-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
Законот за попис пред собраниската Комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-popis-pred-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-popis-pred-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Thu, 10 Dec 2020 06:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441210

Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2020 година, во прво читање, денеска е на дневен ред на собраниската Комисијата за европски прашања. Станува збор за законот што еднаш веќе беше поднесен во Собранието во минатиот состав од страна на Владата. Пописот треба да започне на 1 април следната година, а ќе го спроведува Државниот завод за статистика. Во Собранието седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-popis-pred-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
ВО ЖИВО: Седница на собраниската комисија за европски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/#respond Wed, 12 Feb 2020 10:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=302812

Во законодавниот дом се одржува седница на Комисијата за европски прашања со која претседава Артан Груби. На дневен ред на Комисијата се Предлог-закон за јавното обвинителство, по скратена постапка и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, по скратена постапка, двата во второ читање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-zivo-sednica-na-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/feed/ 0
Артан Груби ја затвори расправата за изборниот законик без ниту еден прифатен амандман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-ja-zatvori-raspravata-za-izborniot-zakonik-bez-nitu-eden-prifaten-amandman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-ja-zatvori-raspravata-za-izborniot-zakonik-bez-nitu-eden-prifaten-amandman/#respond Fri, 20 Jul 2018 20:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=79382

Собраниската Комисија за европски прашања речиси два часа пред полноќ ја заврши расправата по Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка, во второ читање, без воопшто да се одлучува по предложените 401 амандман од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ рече дека има многу пријавени за збор, а седницата согласно Деловникот мора да заврши до полноќ и нагласи дека нема време сите да дискутираат. Со истото образложение дека нема доволно време и оти е пробиен рокот одлучи да не се гласа по поднесените амандмани. Претходно, расправата заглави на вториот амандман  и три пати беше прекинувана. Два пати беше дадена пауза поради тензична атмосфера, а еднаш на барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими, за да се провери дали се преведени на албански јазик сите 400 амандмани. По последната дадена пауза се обратија три пратенички Јулијана Николова од ЛДП, Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ и Јагода Шехпаска од СДСМ кои говореа за се само не за амандманите и Изборниот законик. Во текот на расправата опозициските пратеници обвинија дека се злоупотребува европското знаменце и нагласија дека Изборниот законик нема никави допирни точки со Комисијата за европски прашања. Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, посочија дека нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокираат донесувањето на законите со цел да се амнестира криминалот во нивната партија и да се спаси поранешниот лидер Никола Груевски. Со измените на Изборниот законик се предлага Државната изборна комисија да се бира со просто мнозинство од 61 пратеник, наместо со двотретинско од 81 пратеник како што беше досега. Комисијата за европски прашања вчера ја почна расправата по Предлог-законот, а според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена. Предлог-законот в понеделник ќе биде на дневен ред на седница на Собрание. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/artan-grubi-ja-zatvori-raspravata-za-izborniot-zakonik-bez-nitu-eden-prifaten-amandman/feed/ 0