Комисија за финансирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Nov 2022 17:51:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисија за финансирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за финансирање ја заврши амандманската расправа по предлог-финансиската поддршка за ранливите категории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-finansiranje-ja-zavrshi-amandmanskata-rasprava-po-predlog-finansiskata-poddrshka-za-ranlivite-kategorii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-finansiranje-ja-zavrshi-amandmanskata-rasprava-po-predlog-finansiskata-poddrshka-za-ranlivite-kategorii/#respond Fri, 11 Nov 2022 17:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=759418

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, попладнево, откако ја исцрпи амандманската расправа, го проследи Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза на натамошна постапка во Собранието. Предлог-законот поднесен од Владата, треба да се донесе по скратена постапка. Пред членовите на Комисијата беа вкупно девет амандмани, од кои шест од пратеници на опозицијата и три од пратеници на власта. Амандманите од пратениците на мнозинството беа прифатени, но не и оние од пратениците на опозицијата. Во попладневниот дел од расправата по амандманите преовладуваа обвинувања. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ останаа на ставот дека предложеното законско решение не е добро и дека предвидената помош треба да биде повисока, да трае не четири, туку шест месеци, додека е во сила кризната состојба, како и дека опфатот на мерката треба да се прошири. Нивните колеги од СДСМ, пак, продолжија да тврдат дека решението е дел од антикризните мерки и со него ќе им се помогне на илјадници граѓани полесно да се справат со енергетската криза. -Ова е срамно решение. Ги понижувате пензионерите со пакет со кој можат да се прехранат само еден ден. Ако купат млеко, масло, јајца, месо, леб и компир – ете ги тие 750 денари. Може да се набавуваат службени возила и да се реализираат непродуктивни трошоци, а на пензионерите им се даваат само 750 – 1 500 денари месечно. Ова не е вистинска помош, туку политички памфлет, продавање магла и козметика, реагираа претниците од опозицијата чии амандмани не беа прифатени. Пратениците од СДСМ укажаа дека пензиите се покачени за 10 проценти, а во март 2023 година ќе има уште едно, ново покачување за шест отсто со кое зголемувањето ќе изнесува вкупно 16 проценти. -Никогаш како досега пензионерите навреме не земале пензии, а ако дојде ред градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да помагаат, тогаш помошта ќе остане нула, посочија пратениците од мнозинството. Предлог-законот на почетокот на седницата го образложи заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин, напоменувајќи дека со него ќе се обезбеди финансиска поддршка за корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, односно стечајни работници. Според Предлог-законот, финансиската поддршка за корисниците кои оствариле прво на социјална заштита изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон. Финансиската поддршка за пензионерите чија пензија не е поголема од 11 525 денари месечно, изнесува 1 500 денари месечно, а за оние со пензии од 11 525 до 14 000 денари месечно, изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. Финансиската поддршка за корисниците со право на надомест од телесно оштетување изнесува 750 денари месечно, за период од четири месеци. Финансиската поддршка за стечајците изнесува 3.000 денари месечно, за период од четири месеци. Исплатата ќе се врши на трансакциска сметка на корисникот на финансиска поддршка без поднесување барање од страна на корисниците, врз основа на списоци изработени согласно податоците на Министерството за труд и социјална политика, Фондот за ПИОМ и Агенцијата за вработување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-finansiranje-ja-zavrshi-amandmanskata-rasprava-po-predlog-finansiskata-poddrshka-za-ranlivite-kategorii/feed/ 0
Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/#respond Tue, 14 Jun 2022 17:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=690874

Заврши вториот ден расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година на собраниската Комисија за финансирање и Буџет. За пратениците од власта, ребалансот на Буџетот е во насока на поефикасен одговор на последиците предизвикани од светската економска криза, а 76 милиони евра се предвидени за нови, приспособени и таргетирани мерки за помош на граѓаните и стопанството. За опозицијата, ребалансот е доказ дека државата е на раб на банкрот, јавниот долг ќе надмине рекордни 8 милијарди евра, а граѓаните секојдневно осиромашуваат. Пратеникот од СДСМ Диме Велковски посочи дека државата е во стабилна состојба, покачени се платите и пензиите, а инфлацијата во голема мерка е увезена поради руско-украинската војна. Тој потенцира дека власта вратила стари долгови од над 800 мил евра. – За да функционира економски државата, таа мора да ги исполнува сите услови, вклучително и да ги враќа своите долгови. Тоа државата успешно го прави и во време на сите овие кризи. Данокот на добивка во периодот јануари-мај годинава е за 43,1 отсто поголем во однос на 2021 година, во истиот период данокот на личен доход е поголем за 17,9 отсто, ДДВ е зголемен за 7,4 отсто, а царините за 34,2 отсто. Истовремено, бележиме и пад на јавниот долг од 2,2 процентни поени и пад на државниот долг од 1,9 процентни поени во првиот квартал од оваа година. Овие успешни економски политики мора да продолжат и затоа е потребно овој ребаланс да биде усвоен од страна на пратениците, рече Велковски. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој е и претседател на Комисијата за финансирање и Буџет, во реплика до Велковски рече дека инфлацијата е домашна, а увезена околу 40 проценти. – Треба да седнеме владејачко мнозинство и опозиција и да разрешиме некој прашања во интерес на граѓаните. Вака конципиран ребаланс на Буџетот нема да даде одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните. Кризата ќе се продлабочува, новите бројки за инфлацијата ќе бидат поголеми од сегашната 12 проценти. Луѓето го губат чекорот со инфлацијата, рече Стојановски, додавајќи дека ние како држава не можеме да дадеме одговор за кризата. Велковски во контрареплика рече дека и тој е свесен дека цените растат и дека е економска криза, но Владата носи антикризни мерки кои ќе помогнат во надминување на состојбата. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петкоска во реплика до Велковски рече дека проекциите на власта се нереални. – Како тргнавте, ќе се даваат средства за ова, ќе се даваат средства за она, народот ќе помисли дека ништо не треба да работи оти Владата ќе му даде пари, рече Петкоска. Таа потсети дека кога се носел иницијалниот Буџет, власта велела дека тој е развоен и дека ќе се создадат услови за економски раст, за само по шест месеци, да слушнеме дека од силната развојна компонента на Буџетот, сега останува да се спаси тоа што може да се спаси. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи … Во ребалансот на Буџетот предвидени се околу 70 милиони евра за антикризни мерки кои, како што најавуваа владини претставници во изминатиов период, ќе бидат таргетирани кон оние на кои им се најпотребни. Расправата за ребаланс на Буџетот на Комисијата за финансирање и Буџет продолжува во петок во 11 часот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-vtoriot-den-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/feed/ 0
Седница на собраниската Комисија за финансирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-finansiranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-finansiranje/#respond Wed, 05 May 2021 07:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=505683

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет, на која на дневен ред се 20 закони, претежно во второ читање. Членовите на Комисијата треба да се изјаснат за евентуално поднесените амандмани за измените и дополнувањат на Законот за ревизија, на Законот за девизното работење, на Законот за државната ревизија, измените на Законот за сметководството за непрофитните организации, измени и дополнување на Законот за банките, измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, измени на Законот за експропријација и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-finansiranje/feed/ 0