Комисија за инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Apr 2020 13:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисија за инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисија за транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-transport-na-vmro-dpmne-koga-e-vo-prashanje-odnosot-na-sdsm-kon-infrastrukturata-mozeme-da-slushneme-samo-lazni-vetuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-transport-na-vmro-dpmne-koga-e-vo-prashanje-odnosot-na-sdsm-kon-infrastrukturata-mozeme-da-slushneme-samo-lazni-vetuvanja/#respond Sun, 26 Apr 2020 13:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=337546

Комисијата за инфраструктура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања. -Остануваме на тема "розеви наочари" презентирана од СДСМ и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. По којзнае кој пат кога е во прашање односот на СДСМ кон инфраструктурата можеме да слушнеме само лажни ветувања. Во вчерашното обраќање на Сугарески тој изјави: "За изградба на пругата од Куманово до Бељаковце до сега реализирани се 70 милиони денари или 17 проценти од планираните средства". За предвремените парламентарни избори (декември 2016 г) СДСМ вети довршување на реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце. Споменатото ветување на социјалдемократите е дел од нивната изборна програма: „План за живот во Македонија“ , каде што се споменува на повеќе места, поточно на стр.76, стр.191, стр.193, а го има и во „Планот 24м – итни реформски приоритети на новата Влада во првите 2 години“ (стр.246). Реализацијата на овој проект е во тек. Според изборните ветувања на СДСМ дадени во програмата, ветувањето требаше да биде исполнето НАЈДОЦНА ДО ЈУНИ 2019 година, со оглед на тоа што Владата предводена од СДСМ беше избрана на 31 мај 2017 година. Продолжувајќи ги лажните ветувања Горан Сугарески пред една година и еден месец, во март 2019 година изјави: "До крајот на годината ќе завршат градежните работи на пруга Куманово - Бељаковце, со што ќе заврши првиот дел од делницата на железничкиот коридорот 8 кон Република Бугарија. На чија изјава од Горан Сугарески да се верува ? На таа од вчерашната прес конференција или на таа од март 2019 ? Или да се верува на програмата на СДСМ ? Или најсигурно е да не им се верува на ништо од кажаното, ниту нему, ниту на СДСМ. #ОбноватаДоаѓа а со неа и вистински позитивен пресврт во градењето на инфраструктурата на Македонија https://www.facebook.com/urbanizammk/posts/244954870202902  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-transport-na-vmro-dpmne-koga-e-vo-prashanje-odnosot-na-sdsm-kon-infrastrukturata-mozeme-da-slushneme-samo-lazni-vetuvanja/feed/ 0
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ донесе закон за легализација на грабежот на државниот имот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-sdsm-donese-zakon-za-legalizacija-na-grabezot-na-drzavniot-imot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-sdsm-donese-zakon-za-legalizacija-na-grabezot-na-drzavniot-imot/#respond Thu, 19 Dec 2019 12:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=279725

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ денеска сподели статус на својот Фејсбук профил пишувајќи дека СДСМ донел закон за легализација на грабежот на државниот имот и легализација на крупниот капитал на урбаната мафија. Став на комисијата за донесениот закон од страна на СДСМ: ЗАКОН ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ГРАБЕЖОТ НА ДРЖАВНИОТ ИМОТ И ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КРУПНИОТ КАПИТАЛ НА УРБАНАТА МАФИЈА Владата до Собранието достави потполно нов закон за легализација на бесправно изградени објекти со кој врши класичен грабеж на државниот имот, се стимулира и понатамошното градење на диво, ја штити урбаната мафија и ги крши уставните начела за еднаквост на граѓаните пред уставот и законот. Владата на СДСМ со давањето на можноста на операторите да ја легализираат кабловската канализација која е градена од страна на државата во периодот од 1945-2000 година, врши бесправно раскрчмување на државниот имот и нанесува огромни штети на државниот буџет. За потсетување кабловската канализација не е продадена со приватизацијата на економските оператори и во Законот за легализација на бесправно изградените објекти од 2011 е изземена од легализирање. Кабловската канализација во сите западноевропски земји е во државна сопственост и е извор на приходи за нејзиното изнајмување било на општините или на државата. За од грабежот да се изземе Министерот за транспорт и врски и премиерот, во Законот предвиделе одговорен да биде директорот на Агенцијата за катастар на недвижности. Имено, по 3 годишно комплетно запирање на легализацијата на инфраструктурните објекти од страна на Министерот Сугарески, сега без БЕЗ РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА само со изјава заверена на нотар односно без никаков правен основ предвиден во Законот за сопственост и други стварни права, Директорот на катастарот директно ќе ги легализира инфраструктурните објекти и кабловската канализација во сопственост на операторите. Владата на СДСМ во новиот Закон не предвиде ниту еден заштитен механизам од понатамошно незаконско градење, со што директно го стимулира понатамошното градење на диво и ја штити урбаната мафија. Започнувајќи од Хрватска, Србија, Босна, Црна Гора итн, во Законите за легализација задолжително стои врзување на датумот за легализација со ортофото снимка на државата односно во овие држави може да се легализира објект само ако истиот го има на ортофото снимката. Република Македонија со помош на Норвешката Влада во 2018 година направи нова ортофото снимка, но очигледно дека истата не одговара за колективните згради и објектите кои се градат на диво во изминативе 3 години со амин на општините и државата. Владата на СДСМ со предложениот закон го прекрши и уставното начело на еднаквост на граѓаните пред уставот и законите. Со законот за легализација од 2011 година на граѓаните им се овозможи легализација на објектите по цена од 1 евро за м2, а сегашниот закон предвидува износ од 150% од комуналиите што се предвидени за соодветното подрачје, на пример ако во Општина Карпош комуналиите изнесуваат 100 евра за м2 сега граѓаните ќе плаќаат 150 евра за м2. Покрај овие има и многу други незаконитости и нелогичности како на пример легализација на објекти во државна сопственост кои не се функционална целина (алиби за објектите кои нестручно се градат), проекти на статика за веќе изградени објекти, исклучување на целиот Охридско-струшкиот регион од Законот итн, што само укажува дека ова не е закон за легализација каде обичниот граѓанин ќе го легализира кровот над својата глава, ова е Закон за легализација на грабежот на кабловската канализација и Закон за легализација на крупниот капитал стекнат на незаконски начин кој се пере преку бесправно изградените колективни станбени згради а СДСМ сака на урбаната мафија да им го легализира. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-sdsm-donese-zakon-za-legalizacija-na-grabezot-na-drzavniot-imot/feed/ 0
Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра за бетон, земја и трева?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-krovot-na-gtc-e-povrshina-od-1800-m2-a-chini-okolu-550-000-evra-za-beton-zemja-i-treva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-krovot-na-gtc-e-povrshina-od-1800-m2-a-chini-okolu-550-000-evra-za-beton-zemja-i-treva/#respond Mon, 02 Dec 2019 12:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=272143

Математиката на Петре Шилегов. Кровот на ГТЦ е површина од 1800 м2 а чини околу 550 000 евра. 550 000 евра за бетон, земја и трева?!! Или во превод околу 300 евра за квадрат партерно уредување?, велат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. -За информација: квалитетна куќа да се изгради со кров, прозори, врати, под, плочки и изолација чини околу 600 евра за м2 а овде 300 евра за земја, бетон и трева ??? Во првите 24 часа кровот протече и напукнаа дел од плочките предвидени како пешачка стаза (прилог фото). Толку за квалитет на градбата. И чесно е да се каже дека се работи за многу мал дел од кровот на ГТЦ, а бомбастично се најави како да е парк од 30.000 м2. За угостителскиот објект кој го предвидоа и изградија делумно па потоа се правеа дека прв пат го гледаат ќе остане да го помниме како неостверен сон на Петре Шилегов, стои во објавата на Комисијата на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-krovot-na-gtc-e-povrshina-od-1800-m2-a-chini-okolu-550-000-evra-za-beton-zemja-i-treva/feed/ 0
Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: Погледнете ја оваа катастрофа на Владата на СДСМ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-poglednete-ja-ovaa-katastrofa-na-vladata-na-sdsm-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-poglednete-ja-ovaa-katastrofa-na-vladata-na-sdsm-video/#respond Fri, 29 Nov 2019 09:40:30 +0000 https://kurir.mk/?p=270949

Погледнете ја оваа катастрофа на Владата на СДСМ - порачуваат од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот статус го пренесуваме во продолжение:  Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на државни патишта зборот РЕХАБИЛИТАЦИЈА на патишта од уста не го извадија а погледнете всушност за што се работело. Со никаков квалитет "санираат" делници и завршуваат парите по нечии џебови. Погледнете како се трошат 68.000.000. денари.
Погледнете ја оваа неодговорност и нестручност на првите луѓе во патната инфраструктура во државата. Вака неодговорно се трошат парите на граѓаните !!! Ова е Регионалниот пат за Делчево преку с.Бигла. Замислете штотуку асфалтиран пат покажува сериозни аномалии и пропаѓање на коловозот.. Еве ги проектите на СДСМ. Еве ја неспособноста на оваа влада во едно видео. А еве го и блиску е 12ти Април. #ОбноваНаМакедонија наскоро ќе почне. *Благодарност до ОК Виница за видеото.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-poglednete-ja-ovaa-katastrofa-na-vladata-na-sdsm-video/feed/ 0
„Петре Шилегов не знае ни дали знаел, а не знае ни дали не знаел за дивоградбата која му никна пред очи“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-ne-znae-ni-dali-znael-a-ne-znae-ni-dali-ne-znael-za-divogradbata-koja-mu-nikna-pred-ochi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-ne-znae-ni-dali-znael-a-ne-znae-ni-dali-ne-znael-za-divogradbata-koja-mu-nikna-pred-ochi/#respond Wed, 27 Nov 2019 11:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=269952

Петре Шилегов не знае ни дали знаел, а не знае ни дали не знаел за дивоградбата која му никна пред очи. Е тоа е Петре Шилегов, реагираат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. -По обраќање до Град Скопје за добивање на информации од јавен карактер поврзани со дивоградбата која "случајно и без знаење" на Петре Шилегов никна на кровот на ГТЦ го добивме следниот крајно несериозен одговор. Тоа е дека Петре Шилегов не знае дали ОБЈЕКТОТ НА КРОВОТ НА ГТЦ се градел со или без одобрение за градба. Во превод ако никој не реагираше на кровот на ГТЦ ќе си имаше угостителски објект, а ќе го стопанисуваше некое бизнис милениче на СДСМ. Ваков несериозен пристап е крајно навредлив за граѓаните на Македонија. Вакво потценување на нивниот интелект е карактеристично за владеењето на СДСМ. Граѓаните тоа го помнат и знаат да направат разлика меѓу матните и искрените политики кои им се нудат. На 12 ти Април, ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА ќе започне-порачуваат од Комисијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/petre-shilegov-ne-znae-ni-dali-znael-a-ne-znae-ni-dali-ne-znael-za-divogradbata-koja-mu-nikna-pred-ochi/feed/ 0
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт до Локално: Во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-do-lokalno-vo-interes-na-javnosta-se-nadevame-deka-dokraj-kje-ostanete-dosledni-na-vashata-profesionalnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-do-lokalno-vo-interes-na-javnosta-se-nadevame-deka-dokraj-kje-ostanete-dosledni-na-vashata-profesionalnost/#respond Sun, 17 Nov 2019 11:48:33 +0000 https://kurir.mk/?p=265012

Вчера добивме и различно мислење за напишаното од страна на почитуваниот интернет портал Локално (lokalno.mk), и тоа е во ред да се има различни ставови, но во овој случај говориме за факти и аргументи, велат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ и додаваат: -Во продолжение следи нашиот одговор до Локално (lokalno.mk): Одлично што како портал работите со проверени и точни информации и во интерес на јавноста се надеваме дека докрај ќе останете доследни на Вашата професионалност. Во однос на Вашето барање за извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ, би сакале да го наведеме следното: Јавната објава за отуѓување на градежното земјиште за изградба на предметната катна гаража е објавена на ден 23.04.2012 година и цената е утврдена согласно Уредба за изменување на уредбата за висината на цената на градежното земјиште, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2012, од 21.03.2012 година. Во табеларниот преглед на почетни цени за отуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање е утврдена почетна цена на градежно земјиште за изградба на катни гаражи во висина од 1 евро за м2 (61 денар). Како што напоменувате во Вашиот текст, дека работите секогаш со точни и проверени информации, очекуваме да ги објавите точните факти и ќе упатите извинување кон ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт за невистините изнесени во Вашиот текст. (Прилог уредбата). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-do-lokalno-vo-interes-na-javnosta-se-nadevame-deka-dokraj-kje-ostanete-dosledni-na-vashata-profesionalnost/feed/ 0
Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт: Општина Центар го попречува сопственикот на земјиштето да го владее сопственото земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-opshtina-centar-go-poprechuva-sopstvenikot-na-zemjishteto-da-go-vladee-sopstvenoto-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-opshtina-centar-go-poprechuva-sopstvenikot-na-zemjishteto-da-go-vladee-sopstvenoto-zemjishte/#respond Sat, 16 Nov 2019 10:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=264749

Читаме деновиве по интернет порталите, како Саша Богдановиќ кој во моментов зема плата од граѓаните како градоначалник на општина Центар, ќе се самозапалел само за Јавно Обвинителство да покренело кривична постапка за парцелата за изградба на катна гаража кај Автомакедонија, кај Зелено пазарче. И не му се чудиме на паметот. А и зошто би?, прашуваат од Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ. -Сега веќе сме сигурени во она во кое се сомневавме за овој лик. Неспособноста да се справи со одговорноста на функцијата која му е доверена, го прави мошне нервозен. Купиштата ѓубре, неисчистени улици, отровот кој го дишеме, па и сите лаги кои ги ветуваше и тој и партијата негова, го прават таков. А млад човек... Во ситуација кога на било кој отворен паркинг во Центар, а најмалку кај Зелено пазарче, нема место велосипед каде да паркираш, на Саша му пречи да се изгради катна гаража која ќе собере стотици возила. А зошто? Затоа што со таа локација во моментов на диво стопанисува „Паркинзи на општина Центар“. И на диво наплаќаат паркирање, по 50 денари за час. А тоа претпријатие да ти било приватно, не на општината. И тоа, некои велат приватно – Струмичко. И уште ги лаже и поттикнува граѓаните кои живеат во соседните згради, да се противат и тие. А тоа да ти било само од причина за нечиј личен интерес. Дали е за негов? Ќе се дознае набрзо, стои во нивното соопштение на Фејсбук и се додава: „Не знаеме дали некој намерно така го „советува“, за да го намести или пак толку му е знаењето на г-дин Саша, ама еве како некој кој ги познава работите во оваа област, да му кажеме, оти не сме злобни и злонамерни, а тој сепак е млад (што не го ослободува од одговорност, нормално). Лажно пријавување кривично дело е кривично дело, според Кривичен Законик. Согласно член 366 став 1: Тој што ќе пријави друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност, а знае дека не е сторител, ќе се казни со затвор од три месеци до три години“. Значи, ќе си одговараш, г-дин Саша, за лажното пријавување. Ќе ти запее петелот на порти. Фактографски, што се однесува до самата парцела за изградба на катна гаража, работите стојат вака: Општина Центар доставила до Министерството за транспорт и врски извод од важечки детален урбанистички план. Министерството обезбедило целосна документација и утврдило дека нема никакви имотно-правни пречки за да се даде парцелата на јавно наддавање. Почетната цена согласно Уредба за отуѓување на градежно земјиште на јавно наддавање (а не правилник, г-дин Саша), која важела тогаш (а и сега), за катни гаражи е 61 денар по метар квадратен и тоа е потенцирано во уредбата како посебна графа (Службен Весник на РМ бр. 14/2012). Не е 5.000 денари. Не е убаво да лажеш и да шириш лажни вести. И невкусно е за тебе тоа да го правиш јавно. Бидејќи според планот во катната гаража имало и деловен простор, цената се пресметува со компатибилност од 30% и така се формира почетна цена за продажба од 1.850 денари. Имало двајца понудувачи, кои се наддавале на 23.04.2012 година и крајната цена на наддавањето стигнала до 6.150 денари. Значи, земјиштето е продадено 100 пати поскапо од цената утврдена за катни гаражи или повеќе од три пати поскапо од почетната цена на наддавањето. Купувачот си ја платил во целост цената, по што му се склучил и договор за продажба, во кој имал обврска во рок од 9 месеци по солемнизација, да добие одобрение за градење. На 16.05.2013 (значи во рок како што се барало од него), купувачот поднел барање за добивање на одобрение за градење до општина Центар. Ама и на Жерновски не му било по мерак да се изгради поголем простор за паркирање за граѓаните, па не го издавал одобрението цели 11 месеци. За тоа доцнење, по приватна тужба на купувачот, Жерновски платил глоба од 7.500 евра. Во меѓувреме, купвачот платил комуналии на општината од неколку милиони денари, платил за изработка на проекти и како што кажува самиот во неговите јавни изјави, земал кредити од банките за да гради и сеуште плаќа камати за тоа. Иако има правосилно одобрение за градење, сепак и претходниот и сегашниот градоначалник на општина Центар, го попречуваат сопственикот на земјиштето да го владее сопственото земјиште, да може да гради на него тоа што го следува согласно закон, но и да ги исполни обврските од склучениот договор за продажба. Со тоа и двајцата градоначалници ги прекршиле и постапиле спротивно на Уставот, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за градење и Законот за градежно земјиште, а во секој случај му нанеле и сеуште му нанесуваат штета на сопственикот на земјиштето. Значи, прават продолжено кривично дело, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување. И сега, г-дин Саша чека да поминат шестте години за изградба на објектот, во 2020 година, па да го раскинел договорот. Според новиот толковник на мудрости, ова би било „ако паарте ги потрошиаме, плацо стооо“. Арно ама, што правиме ако сопственикот на парцелата ви поднесе кривични пријави за попречување на сопственост и владение, за попречување правда, па побара општината да му плати штета за тоа што неможе да гради, па изгубена добивка од тоа што не го изградил објектот, па се пожали по стопанските комори и странските и домашните инвеститори како општината спречува инвестиции... А парите кои ќе треба да ги враќа г-дин Саша, но и штетите кои ќе треба да ги плаќа општината, не се од негов џеб. Нив ќе ги обезбеди од граѓаните на општина Центар. Ма, браво градоначалниче! Градоначалник си, г-дин Саша. Тоа значи дека треба да се грижиш граѓаните да имаат чисти паркови и улици, наместо преполни контејнери. Да имаат чист воздух за дишење, наместо да се гушат. Да им ги реконструираш улиците и тротоарите, наместо да ги сечеш дрворедите и да ги прикрпуваш дупките. Да им помогнеш во одржувањето на влезовите на зградите и во обнова на фасадите. Да помогнете како општина на некое дете од социјално ранливо семејство да се школува. Да изградиш нова спортска сала или да реконструираш постоечка. Да направиш пристапни рампи секаде каде што е тоа можно, за лицата со телесен инвалидитет полесно да се движат. Да ги поправиш градинките кои се распаѓаат, па и да изградиш некоја нова, за да имаат дечињата пријатен престој додека родителите им се на работа за 500 евра плата. Земи работи нешто, ти отиде мандатот повеќе од половина (или не ти е гајле, последен мандат ти е). А ти до сега само санираш штети од твојот претходник Жерновски и ги задоволуваш апетите на тие околу и над тебе. Сврти се малку и накај потребите на жителите на општина Центар, но и на тие кои работиме таму. П.С. Порталот Локално (lokalno.mk) на 16.11.2019 објави текст во кој исто така објавува невистини и шири лажни вести. Пред да се обвини за нешто, треба да се проверат фактите. А фактите кажуваат дека почетната цена за продажба на земјиштето на јавно наддавање, согласно Уредбата е 61 денар по м2, а не 5.600 ден по м2. И поради компатибилноста со намена деловен простор, таа почетна цена е зголемена како што предвидува Уредбата и е утврдена како цена од 1850 денари“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-opshtina-centar-go-poprechuva-sopstvenikot-na-zemjishteto-da-go-vladee-sopstvenoto-zemjishte/feed/ 0
Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и СДСМ воопшто не им е грижа за здравјето на граѓаните (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-na-zaev-i-sdsm-voopshto-ne-im-e-griza-za-zdravjeto-na-gragjanite-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-na-zaev-i-sdsm-voopshto-ne-im-e-griza-za-zdravjeto-na-gragjanite-foto/#respond Mon, 28 Oct 2019 09:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=256788

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ објави дека на Зоран Заев воопшто не му е грижа за здравјето на граѓаните на Македонија. -НА ГОСПОДИНОТ ЗОРАН АЈРО ЗАЕВ ВООПШТО НЕ МУ Е ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА Р. МАКЕДОНИЈА. Целата негрижа, пасивност, целото неработење и неспособност на СДСМ низ фотографии. Еве колку на СДСМ им е гајле за здравјето на сите граѓани во Македонија. Погледнето го зеленилото пред 2 години и погледната ја жалната слика сега. (Извор Google Earth) Ова е резултат на неработење на функционерите на СДСМ, на седење по кафаени по цели денови, на корумпирани функционери кои мислата им е само во некоја нова зделка и од некој нов инвеститор да му земат некое станче плус пред да му дадат одобрение за градба. Ова е тажна слика за сите кои заслужуваат да живеат во подобри услови и да дишат почист воздух. Ова е резултат на не носење на развојни ДУПови туку само ДУПови кои носат нови згради по јавни површини и го продлабочуваат џебот на оние кои тоа го овозможиле. Ова е срамота. Ова е црвена тревога дека целата гарнитура на СДСМ треба што поскоро да си замине од политичката сцена. Ова е знак дека #ОбноваНаМакедонија треба да почне што поскоро, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-na-zaev-i-sdsm-voopshto-ne-im-e-griza-za-zdravjeto-na-gragjanite-foto/feed/ 0
Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ: Класика од СДСМ, ветено-неостварено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-klasika-od-sdsm-veteno-neostvareno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-klasika-od-sdsm-veteno-neostvareno/#respond Mon, 07 Oct 2019 11:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=248756

Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук обвини дека класика на СДСМ е да ветува нешто, а потоа истото да не го стори. -Класика од СДСМ. Ветено - неостварено. Во програмата на СДСМ во борбата против загадувањето во Струмица до 2019та година ветија дека ќе бидат направени "Зелени ѕидови и зелени кровови за чист воздух". Како и скоро секое друго ветување од страна на СДСМ така и сега го излажаа народот. Ги излажаа и своите гласачи. Градоначалникот Коста Јаневски ги стави во заблуда Струмичани.
На фотографиите се гледа актуелната состојба каде што требаше да има зелени ѕидови. А што друго и да очекуваме од СДСМ и Зоран Заев. Време е за #ПредвремениПарламентарниИзбори, стои во нивниот пост на Фејсбук.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-klasika-od-sdsm-veteno-neostvareno/feed/ 0
„По 146 години, Македонија стана железнички изолирана земја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/#respond Thu, 19 Sep 2019 08:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=242322

Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека по 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград - Скопје - Солун. Нивниот став го пренесуваме во продолжение:  ПО 146 ГОДИНИ, МАКЕДОНИЈА СТАНА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ИЗОЛИРАНА ЗЕМЈА По 146 години од воведувањето на железничкиот сообраќај во Македонија, од денес нашата земја остана без единствената редовна меѓународна линија Белград - Скопје - Солун. На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување. Но од тогаш до денес, наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница, ние станавме железнички изолирана земја. Денес 19.09.2019, после 146 години укинат е единствениот меѓународен патнички воз кој сообраќаше на релација Белград-Скопје-Солун и обратно. На патниците им се скрати можноста да ја користат единствената железничка порта кон Европа. Со тоа Македонија дефинитивно стана железничко слепо црево. Македонските возови немаат никаква алтернатива за излез од државата, железничкиот патнички сообраќај е целосно парализиран. Во услови кога Владата на Р. Македонија секојдневно промовира европски вредности и се повеќе не убедува дека сме на чекор до влез во ЕУ, дозволува да се укине единствениот патнички воз кој не поврзува со Европа. Но не само изолација на меѓународен железнички план, полека се укинуваат и линиите кои сообраќаат во внатрешниот железнички сообраќај. Еве помина повеќе од 1 година како “времено“ е укинат и единствениот брз воз кој сообраќаше на релација Скопје-Битола и обратно. Тоа беше популарниот воз “Пелагонија“ кој најмногу го користеа патниците од Пелагонискиот дел на Македонија. На патниците им се скрати и таа можност, да патуваат брзо и удобно без застанување на секоја железничка станица. Негрижата за железничките возни средства и железничката инфраструктура, предизвикува постојано намалување на расположливоста на железничките возни средства, а со тоа и укинување на железнички линии. Причините за катастрофалната состојба на железниците во Македонија лежат исклучиво во тоталната незаинтересираност на Владата за овој важен сектор. НЕМА нови проекти, НЕМА инвестиции за одржување и ремонт на пругите и возовите. За жал мораме да констатираме дека железничкиот сообраќај во нашата држава е во тотален колапс. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор. Ова уништување што поскоро мора да запре. Доаѓа времето кога некој ќе мора да понесе одговорност за предизвикување на железничко “цунами“ во нашата држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-146-godini-makedonija-stana-zeleznichki-izolirana-zemja/feed/ 0