Комисија за историски и образовни прашања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 07:53:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Комисија за историски и образовни прашања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реакција на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-makedonskiot-tim-vo-zaednichkata-multidisciplinarna-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-makedonskiot-tim-vo-zaednichkata-multidisciplinarna-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-2/#respond Mon, 28 Nov 2022 07:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=767394

Членовите на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна и експертска комисија за историски и образовни прашања преку соопштение до медиумите реагираат на, како што се наведува, некоректното информирање на јавноста за темите кои се предмет на дискусија во работата на Комисијата. – И покрај јасно искажаните погледи и ставови на ко-претседателот од македонска страна дадени пред новинарите на 25 ноември по завршувањето на 22. средба, во одредени медиуми во изминатите три дена се пласираат информации и се емитуваат прилози со кои се шират невистини дека Комисијата го решава црковното прашање на МПЦ-ОА, дека дискутира за теолошки и црковни прашања, догми и канони, или, пак, одредува чија е ОА. Притоа, во правењето на овие прилози воопшто не е побарано мислење од членовите на Комисијата, а членови на Синодот на МПЦ-ОА, експертската јавност, политички партии и претставници на државни институции, се доведени во ситуација да даваат свое мислење и да легитимираат измислена и непостоечка тема само врз основа на неточни информации и паушални заклучоци, се наведува во реакцијата. Се поосчува дека предмет на работата на Комисијата се прашањата за претставувањето на историјата на Охридската архиепископија во учебниците по историја за основно образование во двете држави, нејзината улога и значење за христијанството и словенската писменост и книжевност, а не црковно-теолошки прашања или утврдување на статусот на МПЦ-ОА или, пак, нејзино дефинирање во национална смисла. – Ова не е прв пат работата на Комисијата и нејзините решенија да бидат предмет на манипулација, на паушални и неаргументирани заклучоци со цел потоа истите да бидат злоупотребени. Повторно сведочиме како свесно се создаваат непостоечки проблеми и измислени закани по македонскиот идентитет со што јавноста се доведува во заблуда и се манипулира со нејзините чувства, особено со чувствата на македонскиот народ. Повторувањето на овие дезинформации во однос на работата на Комисијата ќе ги сметаме за свесно инструментализирање на нејзината работа со цел остварување на политички цели. Затоа, повикуваме на одговорност во информирањето на јавноста за работата на Комисијата не само од страна на медиумите, туку и од сите општествено-политички актери во македонското општество, стои во реакцијата од македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања помеѓу Бугарија и Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-makedonskiot-tim-vo-zaednichkata-multidisciplinarna-komisija-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-2/feed/ 0
Втор ден ќе заседава Комисијата за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-kje-zasedava-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-megju-severna-makedonija-i-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-kje-zasedava-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-megju-severna-makedonija-i-bugarija/#respond Thu, 15 Sep 2022 05:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=732986

Во Скопје денеска втор ден ќе заседава Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Бугарските историчари вчера по пристигнувањето во македонското МНР не сакаа да дадат изјава и да откријат детали за што ќе се разговара на средбата. На вчерашната средба, во македонскиот тим се приклучи Димитар Љоровски, историчар и професор во Институтот за национална историја, кој доаѓа на местото на Ванчо Ѓоргиев, кој лани ја напушти Комисијата. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Северна Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Копретседателот на македонскиот тим во Комисијата, Драги Ѓоргиев по објавата на препораките, на прес-конференција говорејќи во однос на учебниците,  појасни дека се оди на тоа да се менуваат работи кај кои има недоразбирање и кои можат да придонесат за нарушување на односите меѓу двата народа и двете држави, и кои можат кај младите генерации да предизвикаат тензии, омраза итн. Ѓоргиев оцени дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ќе расправа Комисијата и нагласи дека по секоја цена нема да се носат решенија за историските недоразбирања што постојат меѓу македонската и бугарската историографија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vtor-den-kje-zasedava-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-megju-severna-makedonija-i-bugarija/feed/ 0
Реакција на Комисијата за историски и образовни прашања за оставката на членот Ванчо Ѓоргиев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-za-ostavkata-na-chlenot-vancho-gjorgiev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-za-ostavkata-na-chlenot-vancho-gjorgiev/#respond Fri, 22 Oct 2021 13:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=583812

Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка. Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост: „Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од Комисијата, би сакале да го истакнеме следново. Со колегата д-р Ѓорѓиев изминатите три години заедно и посветено работевме во Комисијата и донесовме добри решенија со кои сметаме дека помагаме во надминување на спорот помеѓу двете држави, зачувувајќи ги националните интереси на македонската држава, Македонците и другите етнички заедници и затоа сме крајно изненадени од тврдењата во неговото соопштение. Истовремено, сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии. Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-istoriski-i-obrazovni-prashanja-za-ostavkata-na-chlenot-vancho-gjorgiev/feed/ 0