комисија за избори и именување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Jun 2022 12:42:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за избори и именување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за избори и именувања расправа за предлозите за уставни судии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/#respond Fri, 03 Jun 2022 12:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=686213

Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата и денеска продолжи расправата за предлозите за уставни судии. Пратениците расправаат за кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска. Комисијата вчера го утврди предлогот Фатмир Скендер, граѓански судија во Апелациониот суд во Скопје да биде избран за уставен судија. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски упати забелешка и прашање до претседателката на Комисијата Марија Георгиевска дека минатата година пристигнала апликација за кандидатура од судијката Антоанета Димовска за член на Уставен суд и зошто ова се криело и вакво нешто не стигнало до пратениците. Додека, пак, Георгиевска истакна дека нема информации и дополнително ќе информира по добиените информации од службите. Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ рече дека самото отсуство на пратениците од власта покажува дека повторно ќе бидат избрани и ќе ги поминуваат филтрите за уставни судии кандидатите предложени од власта. Павле Трајанов, пратеник на Демократски сојуз укажа на потребата на реформи во целиот судски систем, а посебно олоку поставеноста, дејствувањето и улогата на Уставниот суд. Посочи дека начинот на кој што се води целокупната постапка е за дискредитација на предложените кандидати за уставни судии, а не за нивна афирмација. -Уставниот суд не само сега и не само актуелниот, туку и со години наназад е под силно партиско политичко влијание и таа работа ќе продолжи, бидејќи, поставеноста или начинот на избор на судии не дава гаранции дека тие ќе бидат судии со силен сопствен кредибилитет и дека ќе ја ценат уставноста, законитоста на голем број на акти кои што доаѓаат до нив, рече Трајанов. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии.Освен предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-rasprava-za-predlozite-za-ustavni-sudii/feed/ 0
Милошоски: Разрешувањето на пратеник од работно тело без одлука на комисијата за избори и именувања не е деловнички и не е демократски чин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-razreshuvanjeto-na-pratenik-od-rabotno-telo-bez-odluka-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-ne-e-delovnichki-i-ne-e-demokratski-chin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-razreshuvanjeto-na-pratenik-od-rabotno-telo-bez-odluka-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-ne-e-delovnichki-i-ne-e-demokratski-chin/#respond Wed, 02 Mar 2022 12:10:08 +0000 https://kurir.mk/?p=639401

На денешната седница во Собранието на Република Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски истакна дека разрешувањето на член на комисијата за избори и именувања и повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост, како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците. - Прво околу разрешувањето во самата комисија, има еден член кој што ја определува надлежноста на комисијата, член 7 од одлуката за прашања за избори и именувања комисијата има претседател, 12 члена и избрани заменици, меѓу другите надлежности, комисијата има надлежност за предлагање на состав на постојани и повремени работни тела на собранието и нивни членови. Самата комисија е постојано работно тело и има членови, и да треба да смени некој член, дали сака доброволно да се смени или да биде избран на некоја друга позиција, градоначалник или да му се случи некој здравствен проблем тогаш комисијата треба да го даде предлогот, и да каже колегата или колешката тој и тој член од комисијата од денес не е член, член е некој друг или се заменува членувањето од една во друга комисија. Затоа сметам дека разрешувањето на пратеник од работно тело без одлука на комисијата за избори и именувања не е деловнички и не е демократски чин, истакна Милошоски. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски додаде и дека повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците. - Повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост за која што ве посоветувале правнички. Избраните и именувани функционери даваат заклетва, избран и именуван функционер може да биде обвинител, директор, може да биде избран во советот на МРТВ, или некој друг фуункционер кој што го бира Собранието, но тие луѓе дават заклетва и излегуваат од Собранието и одат на позициите на кои се избрани. Овде ние не сме го виделе колегата Фадил Зендели да дава заклетва дека е член на комисијата за избори и именувања и дека тоа него го направило попривелегиран од сите нас. Тоа е нонсенс и мислам дека е газење на Уставот и на интегритетот на пратениците, нагласи Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-razreshuvanjeto-na-pratenik-od-rabotno-telo-bez-odluka-na-komisijata-za-izbori-i-imenuvanja-ne-e-delovnichki-i-ne-e-demokratski-chin/feed/ 0