комисија за култура на вмро-дпмне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 10:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за култура на вмро-дпмне – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ организира изложба на необјавени портрети од македонските револуционери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralnata-komisija-na-vmro-dpmne-organizira-izlozhba-na-neobjaveni-portreti-od-makedonskite-revolutsioneri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralnata-komisija-na-vmro-dpmne-organizira-izlozhba-na-neobjaveni-portreti-od-makedonskite-revolutsioneri/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:06:14 +0000 https://kurir.mk/?p=882678

По повод јубилејните, 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери. -„ЛИЦА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ - ИЗЛОЖБА НА НЕОБЈАВЕНИ ПОРТРЕТИ ОД МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ Во годината кога одбележуваме три значајни јубилеи, од кои секој е клучен и значаен за македонското ослободително движење: 120 години од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната македонската револуционерна организација, Централната комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ организира ексклузивна патувачка изложба на необјавени фотографии од македонски револуционери. Изложбата „Лица на револуцијата“ која ќе патува низ пет македонски града свечено ќе биде отворена на 30.9.2023 (сабота) во 19:00 часот во галеријата на МАНУ, а свеченото затворање ќе биде во Битола на 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба. „Лица на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“ е изложба која со својот прониклив наслов ветува дека ќе биде повеќе од патување низ минатото. Станува збор за револуционерно истражување на едно клучно поглавје во македонската историја со досега необјавени фотографии од илинденската епопеја кои за првпат ќе ѝ бидат откриени на јавноста. Во основата на оваа изложба лежи една цела ризница ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научната јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век. Она што ја издвојува оваа изложба е ексклузивноста по однос на понудениот фотографски материјал пред публиката, внимателно селектирани и врамени 40 фотографии, кои ги доловуваат лицата и приказните на дел од македонските револуционери кои одиграле клучна улога во обликувањето на македонското револуционерно движење. Од предилинденскиот период, преку Илинденското востание, до постстилинденската ера (1893 - 1903 - 1934), овие фотографии ги оживуваат личностите и историските настани кои ја дефинираат македонската борба за слобода. „Лицата на револуцијата - Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии 1893 - 1934“, нуди единствена можност за првпат во македонската историја да се погледнат и доживеат оригинални фотографии, индивидуални и групни портрети, кои прикажуваат револуционери од различни движења и струи во рамките на македонското револуционерно движење. Освен портрети на револуционерни икони како Јане Сандански, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Батанџиев, Христо Чернопеев итн., изложбата содржи и фотографии кои го документираат учеството на македонските револуционери во Балканските војни 1912/13, Првата светска војна 1915/18, како и портрети од меѓувоениот период. Ова ексклузивно претставување на досега необјавени фотографии е покана да зачекориме низ историјата, да се поврземе со личностите кои ја обликувале македонската нација. Централна комисија за култура на ВМРО - ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsentralnata-komisija-na-vmro-dpmne-organizira-izlozhba-na-neobjaveni-portreti-od-makedonskite-revolutsioneri/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Жесток атак на власта врз македонскиот јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-zhestok-atak-na-vlasta-vrz-makedonskiot-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-zhestok-atak-na-vlasta-vrz-makedonskiot-jazik/#respond Mon, 15 May 2023 11:44:59 +0000 https://kurir.mk/?p=834342

Жесток атак на власта врз македонскиот јазик. Пред неколку дена бевме сведоци на помпезното и лажно рекламирање на Бисера Костадиновска-Стојчевска за наводната афирмација на грижата и заштитата на македонскиот јазик по повод Денот на македонскиот јазик - 5 мај, велат од Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. -Но, на 4 мај во Националната галерија на Македонија е отворена изложба на Исмане Мехди, внука на Решат Амети, кој воедно е член на Управниот одбор на установата, а самостојната изложба беше најавена со рекламен материјал кој воопшто не содржи информации на македонски јазик, односно плакатот што е истакнат во Националната галерија на Македонија е само на албански јазик. Иако станува збор за вонпрограмска изложба, Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Зошто директорката, како и Управниот одбор на Галеријата, дозволуваат да биде поставен таков плакат во национална установа? Зошто, спротивно на ова, кога изложуваат автори кои не се од албанска етничка припадност, редовно се принудени да имаат текст, легенди на делата и пропратни информации и на албански јазик? Зошто се бара употреба на албанскиот јазик дури и за вонпрограмски активности, кои авторите сами си ги финансираат? Зошто законот за јазици на кој се повикуваат, важи само за Македонците, а истиот не важи и за Албанците? И конечно, прашуваме: Во која држава и на која Национална галерија е директор Дита Старова-Ќерими? - велат од Комисијата. „Со ваквиот игнорирачки став кон македонскиот јазик се задава директен удар и на Уставот и на постоечките закони. Заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик не е само формална еднодневна илуминација на собраниската зграда со проектори. Зад таа шарена светлосна завеса се крие осмислено, подмолно и жестоко атакување врз македонскиот јазик како службен на целата територија на Република Македонија“ - посочува Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-zhestok-atak-na-vlasta-vrz-makedonskiot-jazik/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛЕКУ СЕ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-daleku-se-strushkite-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-daleku-se-strushkite-vecheri/#respond Wed, 22 Mar 2023 12:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=814928

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека далеку се струшките вечери. Целиот статус ви го пренесуваме во целост: „ДАЛЕКУ СЕ СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ... - идејната празнотија на СВП - Ниту на Светскиот ден на поезијата, 21 март, и на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје, македонската јавност не беше во можност да го проследи пројавувањето на директорот на Струшките вечери на поезијата, инаку вљубеник во скопската домашна атмосфера. Овојпат, директорот од Скопје, чии службени канцеларии се во Струга, беше во Париз за да ги соопшти добитниците на наградите на оваа значајна поетска манифестација. „Креативниот“ директор Тодорче Тасевски, е добро засидрен на струшкото крајбрежје, во раководната фотелја на Националната установа Струшки вечери на поезијата. За неупатените, тоа е истиот административен службеник од Министерството за култура кој во 2016 година, пред македонската јавност преку политички спот „плачеше“ дека бил „малтретиран“ од „режимот“ и не мрднал од позицијата помлад соработник цели 11 години, па морал работното време да го поминува со медитација во Градскиот парк. Иако Струшките вечери на позијата се далеку, сериозна е состојбата со оваа Национална установа, бидејќи директорот речиси и да не се појавува на работа во струшките канцеларии. Во седиштето на Струшките вечери на поезијата, кое се наоѓа во Спомен-домот на Браќата Миладиновци владее целосна културна штама. Пет години не е одржана ниту една промоција или некоја друга активност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува - по кој закон, административниот службеник Тодорче Тасевски е ослободен од доаѓање на работа во текот на годината? Дали СВП треба да ги отвора вратите само една недела, во август, кога се одржува манифестацијата? Кога ќе се појават десетината вработени на работа? До кога директорот на Струшките вечери на поезијата ќе раководи со институцијата од далечина, со удобна скопска перспектива? На ваквата состојба реагира и Друштвото на писателите на Македонија, кое пред неколку месеци одржа трибина иницирана од бројните реакции на членовите преку медиумите и социјалите мрежи. Тема на настанот беше квалитетот на литературните манифестации, произнесувајќи се, меѓу другото, и со остра реакција за лошото раководење со НУ Струшки вечери на поезијата. Да констатираме - Струга е познат поетски и култутен центар. Струга не е провинција. Градот има квалитетен стручен кадар што размислува креативно, во насока на одржлив развој на националната установа, која ја има привилегијата да ја организира оваа светска поетска манифестација. Исто така, македонската културна јавност треба да ги знае (не)реализираните програмски цели, кои Тодорче Тасевски ги поднесе пред да седне во директорската фотелја. Ова е суптилен обид на власта, повеќегодишното сивило и идејната празнотија на СВП да се скријат зад парискиот гламур. Доказ дека содржината, скоро секогаш, ги крева рацете пред застрашувачката силина на формата, стои во постот на Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-daleku-se-strushkite-vecheri/feed/ 0
Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Факти и прашања до министерката Костадинова Стојчевска – Зошто Археолошкиот музеј целосно и стратешки се уништува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-fakti-i-prashanja-do-ministerkata-kostadinova-stojchevska-zoshto-arheoloshkiot-muzej-celosno-i-strateshki-se-unishtuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-fakti-i-prashanja-do-ministerkata-kostadinova-stojchevska-zoshto-arheoloshkiot-muzej-celosno-i-strateshki-se-unishtuva/#respond Sat, 05 Nov 2022 09:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=756079

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
А СЕГА ДА ЗБОРУВАМЕ СО ФАКТИ! По посетата на Археолошкиот музеј на Македонија, министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, изјавува дека оваа културна институција постигнала и постигнува завидни резултати во своите дејности. Поттикнати од оваа констатација, ја потсетуваме министерката на некои непобитни факти и воедно ѝ поставуваме неколку прашања и се надеваме дека тие ќе бидат одговорени. 1. Археолошкиот музеј на Македонија е музејот кој вие како власт и раководство целосно го уништивте и цензуриравте. Оваа институција, која порано беше на самиот врв на музејското работење во Македонија и претставуваше вистински репрезент на македонското културно наследство во државата и надвор од неа, факт потврден со бројните активности во минатото, денес е претворена во полупразна зграда која е потполно нефункционална, валкана и хаотична. Од институција која во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја посетуваа над 28 000 посетители годишно, денес ја посетуваат едвај 5000, и тоа претежно ученици преку нивните задолжителни екскурзии и по некој заскитан странец. Организираните странски групи намерно го заобиколуваат, иако поминуваат пред самиот влез на Музејот. Но ако сепак влезат внатре, тие ќе видат дека од трите музејски ката, кат и половина се целосно празни. Поточно, по Преспанскиот договор, нумизматичката збирка и целиот антички период се целосно отстранети, попрецизно, цензурирани. Затоа, министерката не се фотографира на празните кат и половина! Не се пофали министерката со некој сувенир од Музејот, затоа што сувенирницата е празна. Тие што сакаат да купат сувенири не можат да го сторат тоа, затоа што со тоа се презентира Македонија и нејзиното културното наследство од кое власта јавно се срами! Понижувачки е фактот што во Музејот повеќето тоалети не се во функција, а тие што се отворени се во очајна состојба. 2. По одржаниот состанок, министерката е импресионирана од „завидните“ резултати на институцијата, од соработката со други установи, од „истражувањата“ и од издавачката дејност... Вистинска енигма се резултати од истражувањата што ги наведува министерката затоа што во изминатите години тие се целосно непознати за јавноста, а, од друга страна, тие се обврзни според законските прописи. Но, затоа „завидни“ се само скандалите по кој е познат музејот. Како пример може да се наведе „завидното“ украсување на статуите од римско време со дедомразовски капчиња Јавноста беше згрозена на ваквата постапка и со право жестоко реагираше. Нема никакви резултати, туку низ годините се финансираат исти проекти од „подобни археолози“ кои не носат резултати, освен за лицата кои ги раководат. За ова во иднина, некој ќе мора да одговара. 3. Дали министерката дознала зошто Исар-Марвинци не се истражува со години, па е оставен на немилост на дивите копачи? Апсењето на Украинци кои копале на локалитетот со детектори среде бел ден е неминовен доказ дека власта крева раце од значајните археолошки локалитети. Дали поради немањето резултати во последните години се прекина со годишната изложба и презентацијата на археолошките наоди, како што тоа беше практика во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ? Посебно е срамно задоволството на министерката од издавачката дејност на Музејот. Во последните години Музејот издава само една книга и ништо повеќе. Но затоа Музејот има добиено пари за повеќе издавачки проекти. 4. Задоволството на министерката може да е и искрено, но само ако се гордее со неработата и неуспехот на Музејот. Веројатно министерката е презадоволна што Музејот отвора повремена изложба со фотографии од златниот антички наод од Тремник, додека оригиналните предмети тргнати од музејските витрини лежат во депото на Музејот. Затоа бараме од министерката јавно да одговори: што сработува Археолошкиот музеј на Македонија во последните пет години и какви резултати има? Каде и како се претставува Музејот, по доаѓањето на СДСМ на власт? Колку нови наоди и локалитети се истражуваат овој период и кои се резултатите од тие истражувања? Каде и како се промовира македонското културно наследство? Стратешкото уништување на оваа врвна институција, Археолошкиот Музеј на Македонија, во чии витрини, до не така одамна, беше претставено репрезентативно светско културно наследство бара одговорност. Се согласувате, нели, Министерке?!
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-fakti-i-prashanja-do-ministerkata-kostadinova-stojchevska-zoshto-arheoloshkiot-muzej-celosno-i-strateshki-se-unishtuva/feed/ 0
Реакција на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Конкурсот на министерството за култура заглавен во новиот електронско услужен лавиринт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-konkursot-na-ministerstvoto-za-kultura-zaglaven-vo-noviot-elektronsko-usluzen-lavirint/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-konkursot-na-ministerstvoto-za-kultura-zaglaven-vo-noviot-elektronsko-usluzen-lavirint/#respond Sat, 29 Oct 2022 11:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=752320

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчева, го прекрши Законот за култура со задоцнетото објавување на „Конкурсот од национален интерес во културата за 2023“. За ова ја информиравме јавноста и сметавме дека е доблесно од наша страна да ѝ дадеме доволно време на министерката да нè убеди дека постои минимум објективна причина за ваквото доцнење, а тоа е подобрување и надградба на електронското аплицирање. Но, во изминатиот период од десет дена, министерката патува по светот и отвора „нов" културен центар во Загреб со именувана директорка која е на оваа функција од пред две години, а културните работници мака мачат со новиот начин на аплицирање на „Конкурсот од национален интерес во културата за 2023", стои во Фејсбук објавата на Комисијата за култура на ВМРО - ДПМНЕ. Тие велат дека вработените во Министерството за култура не можат да дадат соодветни насоки и појаснувања бидејќи никој претходно не ги запознал со новата апликација, ниту пак им одржал некаква обука. - Накусо кажано, воведената нова услуга за аплицирање не е функционална. Корисниците трчаат по шалтерите на УЈП и министерството за информатичко општество, надевајќи се дека сепак ќе успеат да се снајдат во овој „електронско услужен лавиринт". Министерке, цела година не успеавте да изготвите соодветна платформа за аплицирање, па моравте да се закачите на владиниот сајт на кој обврзно треба да се регистрирате со лозинка од УЈП, а потоа да го најдете линкот за често поставувани прашања кој ќе послужи како помош во целиот процес. И наместо да ја поедноставите целата постапка на аплицирање, вие создадовте хаос. Постапката на поднесување апликација на линкот uslugi.gov.mk како да има за цел да го измери степенот на нервоза кај корисникот и некако притаено да го одврати од намерата, се вели во статусот. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува која е целта на создавањето на оваа тензична состојба и отежнување на процесот на аплицирање за корисниците од областа на културата? - Министерке, доколку навистина се залагате за „култура за сите“ и „еднакви можности за сите“ тогаш ситуацијата треба да е сосема спротивна. Но, очигледно Вашите пароли се само празни и популистички флоскули, а Вие континуирано потврдувате дека сте крајно неупатена во ресорот кој го водите. Оттука, воопшто не се случајни, туку напротив се сосема објективни забелешките во Извештајот на Европската комисија за 2022, кои, за жал, се повторуваат во неколку последователни извештаи како резултат на Вашата незаинтересираност, непознавање на вистинските европски потреби и интереси на македонската култура, неспособност, неукост и неможност да се реагира и интервенира во алармантно црвените точки што европските извештаи ни ги нотираат како слабости и пропусти, се додава во објавата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-komisijata-za-kultura-na-vmro-dpmne-konkursot-na-ministerstvoto-za-kultura-zaglaven-vo-noviot-elektronsko-usluzen-lavirint/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Археолошкиот музеј вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-vrednoto-makedonsko-kulturno-nasledstvo-go-chuva-zatvoreno-vo-svoeto-depo-i-go-krie-od-ochite-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-vrednoto-makedonsko-kulturno-nasledstvo-go-chuva-zatvoreno-vo-svoeto-depo-i-go-krie-od-ochite-na-javnosta/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:34:36 +0000 https://kurir.mk/?p=724344

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук обвинува дека во Археолошкиот музеј исто како и во приказната на Али Баба, кој љубоморно од сите го криел своето неверојатно богатство заклучено во пештера само за себе, така и Националната установа - Археолошки музеј на Македонија - вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста, додека отвора изложба со фотографии од сопствената ризница. -„ПЕШТЕРАТА“ НА AРХЕОЛОШКИОТ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА!!! Исто како и во приказната на Али Баба, кој љубоморно од сите го криел своето неверојатно богатство заклучено во пештера само за себе, така и Националната установа - Археолошки музеј на Македонија - вредното македонско културно наследство го чува затворено во своето депо и го крие од очите на јавноста, додека отвора изложба со фотографии од сопствената ризница. Случајно или не, ретката македонска публика која влегува во оваa репрезентативна зграда во самиот центар на Скопје веќе одамна нема што да види во неа и никако не може да види артефакти за својот национален и идентитетски корен, што, за жал, можеби е и посакуваната цел. Во Археолошкиот музеј веќе неколку години не е изложена античката збирка, која сведочи за повеќе од илјада години македонска историја на ова тло и на која работеле стотици археолози и историчари, и сега таа се крие по депоа и подруми, додека половина Музеј зјае празен!? Исто така, и репрезентативната нумизматичка збирка која ја отсликува комплетно македонската милениумска историја и која има повеќе изданија со јасно читлив натпис - Македонија - е трајно отстранета од управата на Музејот. Новата реалност во Археолошкиот музеј на Македонија покажува дека сега македонската и странската публика во оваа исклучително значајна музејска установа ќе можат да гледаат само фотографии од предметите и артефактите, додека истите се чуваат во депото на самата зграда, уништувајќи го на овој начин восхитот на посетителот кога тој пред себе гледа вреден археолошки предмет стар илјадници години. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, веднаш треба јавно и јасно да ја објаснат новата реалност во Археолошкиот музеј, установа која сериозно го губи стекнатото реноме и станува установа за потсмев од страна на незадоволните посетители, но и на пошироката јавност. Министерката за култура и директорката на Установата да објаснат кои се активностите на Археолошкиот музеј, зошто е нефункционален, кои се причините за стопираните археолошки истражувања и истражувањата без никаков резултат и цел? Исто така, бараме одговори на прашањата: кои се причините за мноштвото привремено ангажирани вработени и нивната потреба; кои се причините за игнорантскиот однос на Владата на СДСМ-ДУИ кон вредностите и достигнувањата на македонската археологија? Али Баба го криел богатството љубоморно од сите. Тој имал јасна цел: да го зачува за себе. Во новата реалност (приказна), сегашната власта го трга македонското археолошко богатство од очите на јавноста со друга, поинаква цел. Јавноста ја сфаќа оваа нова приказна. Во „пештерата“ на оваа власт се прикрива и крие македонскиот идентитет. Централна Комисија за Култура на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-arheoloshkiot-muzej-vrednoto-makedonsko-kulturno-nasledstvo-go-chuva-zatvoreno-vo-svoeto-depo-i-go-krie-od-ochite-na-javnosta/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Бришењето на заканувачката содржина со говор на омраза, тешко ќе го исперат срамот и гревот во кои се западнати СДСМ и ДУИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-brishenjeto-na-zakanuvachkata-sodrzina-so-govor-na-omraza-teshko-kje-go-isperat-sramot-i-grevot-vo-koi-se-zapadnati-sdsm-i-dui/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-brishenjeto-na-zakanuvachkata-sodrzina-so-govor-na-omraza-teshko-kje-go-isperat-sramot-i-grevot-vo-koi-se-zapadnati-sdsm-i-dui/#respond Tue, 28 Jun 2022 13:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=696853

ДО ТУКА СТАСАВМЕ?! Наместо деновиве да добиеме официјален став од Министерството за култура на Република Македонија во врска со загрозените македонски црвени линии по прашањата на идентитетот, историјата, традицијата, јазикот и културата, во развојот на најновите настани поврзани со нашето евроинтегрирање, „почестени сме со европски вредности“ со најексплицитна содржина полна со говор на омраза и директна закана со кршење раце и нозе, стои во Фејсбук објавата на официјална страница на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата напиша дека има само две можности кои им стојат на располагање на Министерството за култура и министерката Костадиновска-Стојчевска и тоа во најкратки можни рокови: 1) Да се оградат од заканата и говорот на омраза напишани на ФБ статусот на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири! 2) Заеднички да поднесат оставки и Костадиновска-Стојчевска и Азири, за да овозможат на органите на прогонот независност на истрагата на ова веќе пријавено злодело и конечно примена на европските вредности на дело! - Денешното бришење на заканувачката и непримерна содржина со говор на омраза, тешко ќе го исперат срамот и гревот во кои се западнати партиско-коалиционите „културни политики“ на СДСМ и ДУИ. Валканата бездна во која пропаѓа македонска култура мора да почне да се чисти од врвот - ВЕДНАШ, се додава во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-brishenjeto-na-zakanuvachkata-sodrzina-so-govor-na-omraza-teshko-kje-go-isperat-sramot-i-grevot-vo-koi-se-zapadnati-sdsm-i-dui/feed/ 0
„Каде се челните луѓе на институциите задолжени за изучување и заштита на македонскиот јазик и на националната историја да му кажат на Заев дека македонскиот и бугарскиот не се исти јазици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-chelnite-lugje-na-instituciite-zadolzeni-za-izuchuvanje-i-zashtita-na-makedonskiot-jazik-i-na-nacionalnata-istorija-da-mu-kazat-na-zaev-deka-makedonskiot-i-bugarskiot-ne-se-isti-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-chelnite-lugje-na-instituciite-zadolzeni-za-izuchuvanje-i-zashtita-na-makedonskiot-jazik-i-na-nacionalnata-istorija-da-mu-kazat-na-zaev-deka-makedonskiot-i-bugarskiot-ne-se-isti-jazici/#respond Sun, 20 Jun 2021 10:44:26 +0000 https://kurir.mk/?p=525692

Во изминатиов период, освен перманентните реакции и заложбите што доаѓаат од МАНУ за зачувување на македонските национални интереси, како и нејзините обиди за вразумување и одвраќање од намерата за големопродажбата на сè македонско од страна на Зоран Заев, македонската јавност не слушна никаква реакција по повод најновата „понуда за македонскиот јазик“ претставена во Софија, но не и во Македонија. Затоа сакаме да прашаме: каде се челните луѓе на институциите задолжени за изучување, проучување и заштита на македонскиот јазик и на националната историја?, прашуваат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. -Каде е претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, наследникот на Блаже Конески на предметот Историја на македонскиот јазик да му каже на Зоран Заев и неговото избрано друштво дека македонскиот јазик и бугарскиот јазик не се исти јазици. Дека македонскиот си има свој сопствен историски развој со свои воочливи специфичности уште во средниот век, признати и потврдени во трудовите на светски слависти, како: Андре Вајан, Реџиналд де Бреј, Хорас Лант, Самуил Борисович Бернштејн, Збигњев Голомб, Виктор Фридман и многу други. Каде е директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујоска, да му каже на својот шеф дека со постапката што ја прави го обесмислува и самото постоење на Институтот за македонски јазик во основните постулати врз кои е формиран тој и дека работи врз негово уништување! Каде е деканката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Анета Дучевска, и самата изнедрена од Катедрата за македонски јазик чиј основач е Блаже Конески, да му каже на премиерот дека со ваквиот поданички однос спрема Бугарија го доведува во прашање опстанокот на Катедрата за македонски јазик која, главно, произведува наставници по македонски јазик. Каде е директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев, да му каже на својот сограѓанин дека историјата не е вреќа пиперки за продажба по пазарите? Каде е директорката на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, Весна Мојсова-Чепишевска, да му каже на Зоран Заев дека со неговиот предлог ги отвора ширум вратите на бугарските лингвисти кои со децении систематски работат на уништувањето на одвај преживеаните 5-6 лекторати по македонски јазик во светот, како и на одвраќање на туѓите слависти од изучување на македонскиот јазик. За министерките за култура и за образование и наука, Ирена Стефоска и Мила Царовска не прашуваме! Знаеме дека немаат што да ви кажат зашто толку знаат што е држава и што се национални интереси; тие заедно со Зоран Заев работат на разнебитувањето на сè македонско. Ветуваме дека многу наскоро сите заедно ќе одговараат за молкот, немоста и соучесништвото при велепредавството на Македонија!, сти во нивното соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kade-se-chelnite-lugje-na-instituciite-zadolzeni-za-izuchuvanje-i-zashtita-na-makedonskiot-jazik-i-na-nacionalnata-istorija-da-mu-kazat-na-zaev-deka-makedonskiot-i-bugarskiot-ne-se-isti-jazici/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-akterite-od-strumichkiot-teatar-i-inicijativata-fis-kultura-ili-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-akterite-od-strumichkiot-teatar-i-inicijativata-fis-kultura-ili-kultura/#respond Tue, 02 Feb 2021 14:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=463221

И после 4 годишната агонија со некомпетентни министри за култура, се појави мала надеж дека актуелната министерка Стефоска, можеби ќе внесе малку свежина и цврста рака во секторот култура. Но, надежта набргу згасна. Доцнењето на плати, агонијата со колективниот договор и неговото лошо спроведување, неизвесност во културните институции за време на пандемијата, скандалите со УНЕСКО, фалсификатите, но и поставувањето на партиски фискултурни директори само потврдија работата оди на полошо и дека конечно мора да се слушне силниот глас на огромниот број на уметници и здрженија од културата кои јасно кажуваат: Е доста е! Како Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваме протестот на актерите од Струмичкиот театар и иницијативата „Фис-култура или култура“ и апелираме до сите културни работници, да се огласат и за сите други вакви незаконитости во останатите институции. Апелираме да се потсетат на скандалозниот Предлог-закон за остварување на јавниот интерес во културата кој е во собраниска процедура, во кој јасно стои намерата дека сите овие скандали се само најава за она што следува понатаму. Со овој Предлог-закон само ќе се даде легитимитет на кримналните политики на СДСМ во културата. Културата во Македонија мора да ја водат единствено работниците од културата! Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-akterite-od-strumichkiot-teatar-i-inicijativata-fis-kultura-ili-kultura/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-programskata-tribina-na-sdsm-agenda-kultura-20-24-e-ushte-eden-pokazatel-za-bezidejnosta-vo-kulturata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-programskata-tribina-na-sdsm-agenda-kultura-20-24-e-ushte-eden-pokazatel-za-bezidejnosta-vo-kulturata/#respond Mon, 13 Jan 2020 11:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=288912

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата во изминативе безмалку три години Програмската трибина на СДСМ Агенда-Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата во изминативе безмалку три години. Трибината на СДСМ модерирана од најнеуспешниот министер за култура во Македонија покажа дека оваа партија како и досега, така и отсега нема што да понуди како стратегија, план или насока во развојот и унапредување на состојбите во македонската култура, па ова е уште еден обид низ нивните добро познати методи да се обидат низ празни зборови, флоскули, термини кои ништо не значат, стерилни и неостварливи замисли да се обидат да направат илузија дека божем нешто големо и значајно ќе предложат и направат Од досегашното нивно владеење имавме доволно прилики да се увериме дека ниту умеат да осмислат нешто креативно, корисно или ефикасно, ниту пак располагаат со човечки креативни и стручни кадри за да спроведат некакви реформи или пак успешно да ги раководат институциите од културата. Трите години од нивното владеење јасно покажуваат немање на јасни, осмислени и конзистенти културни политики. Каков сериозен и цврст концепт има СДСМ во културата кога во 2 години и 6 и пол месеци владеење имаат сменето 3 министри за култура?!Јавноста не знае за ниту еден успешен и значаен проект кој го поддржале или реализирале, за кој на било каков начин се заслужни тие или е резултат токму на нивните политики во културата. Како заслуги можеме да им ги препишеме: • Високо буџетираните проекти кој не припаѓаат во културата. . Негрижата кон националните институции. • Укинување на значајни театарски фестивали и манифестации • Укинување на тутулата Национален уметник • Неодбележување на значајни настани и јубилеи! • Целосно запоставување, негрижа и оштетување на локалитетите Кокино и Римскиот Аквадукт во Скопје, но и стопирање на процеси за довршување на веќе започнати процеси на конзервација и работа на локалитети Скупи и Стоби. • Целосна негрижа за депоата во институцииите од областа на заштита на културното наследство. • Стопирани се сите процеси на меѓународна промоција и заштита на културни добра на светските УНЕСКО-ви листи. • Под политички притисок и влијание, нематеријалните културни добра „Вевчански карневал“, „Прославување на празникот Водици во Битуше“ и „Традицијата на свирење на Македонската гајда“ без никакво образложение не се прогласени за културни добра и впишани во единствениот национален регистер за културно наследство. • Катастрофалната состојбата и во Хавзи-пашините конаци каде се чува странската филмска продукција. Наместо санирање, обнова и ревитализација на објектот, конаците се доведени во состојба на целосно уништување. • Негрижата за културното наследство рапидно се шири во сите сегменти и дејности од областа на заштитата. • Потпишување на колективен договор со одложено дејство.
Се ова е грдото лице на културата на СДСМ Постојаното спомнување на ВМРО-ДПМНЕ од страна на модераторот Алаѓовски,укажува на фактот дека тој и целата екипа всушност се исплашени за неуспехот кој следи, стои во нивниот пост на Фејсбук.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-programskata-tribina-na-sdsm-agenda-kultura-20-24-e-ushte-eden-pokazatel-za-bezidejnosta-vo-kulturata/feed/ 0