комисија за култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 14 Jun 2023 14:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за култура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Министерке, правите неуспешен обид за себе амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-ministerke-pravite-neuspeshen-obid-za-sebe-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-ministerke-pravite-neuspeshen-obid-za-sebe-amnestija/#respond Wed, 14 Jun 2023 14:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=845670

Почитувана министерке, Бисера Костадиновска Стојчевска, прикажувањето на играната серија „Црвениот поет“ во рамките на Културната меѓународна манифестација „Рацинови средби“ не Ве амнестира ниту Вас ниту Владата ДУИ-СДС за нејзиното шестгодишно држење во бункер. Факт е дека по цели шест години, единствено локалната самоуправа во Велес (предводена од ВМРО-ДПМНЕ) овозможи оваа играна серија да биде достапна за публиката во рамки на реномираната меѓународна манифестација посветена токму на големиот Рацин, реагира Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение: Градоначалникот на Велес и неговите соработници успејаа да докажат дека уметноста и уметничкото дело се, пред сè, насочени кон конзументот, кон публиката и кон нејзиниот вредносен суд. Власта со своето стихијно, безидејно делување е таа која „требејќи“ го уметничкото дело и неговата суштина, пронаоѓа идеолошки неправилности. Но, премиерата во рамките на „Рацинови средби“ во ниту еден момент не ги амнестира ниту Агенцијата за филм, ниту продуцентот, ниту пак Министерството за култура за непочитувањето на Законот за филмска дејност и обврските согласно Договорот и Анекс-договорот за оваа серија. Имено, продуцентската куќа „Сектор филм“, со неприкажувањето на серијата по точно утврдени правила и начин на некоја од националните телевизии, законски не ги оправдува добиените финансиски средства (23.000.000 денари). Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ повторно укажува дека Агенцијата за филм, треба бесплатно да ја понуди серијата на некоја од националните телевизии, доколку според потпишаниот договор за финансирање, серијата не биде емитувана на некоја од националните телевизии во рок од две години по нејзиното завршување. Сепак тоа досега не е направено. Играната серија за Рацин се крие од очите на јавноста. Треба јасно да се посочи дека продуцентот освен права има и обврски, а во овој случај, иако му се испочитувани правата и му е дадена државна помош за овој проект, тој повеќе години не ги исполнува обврските, ниту кон Агенцијата, ниту кон државата и ниту кон македонската јавност. Веднаш без никакво одложување треба серијата да биде прикажана на некоја од националните телевизии и на овој начин да биде претставена пред целата македонска јавност. Со нејзиното „прикажување“ за скромен аудиториум, серијата само ќе продолжи да ја собира правта во „идеолошкиот антимакедонски бункер“ на актуелната власт. Исто така, овогодинешното Рациновото признание доделено на Блаже Миневски за романот „Ако се родат некакви чувства“, не Ве амнестира од моралната одговорност, за изоставената поддршка токму на овој роман во рамките на Годишната програма за издавачка дејност на Министерството за култура за финансирање проекти од национален интерес во културата. Миневски се „дрзнува“ да напише роман за Гоце Делчев и неговата животна љубов Јанка Канавчева, а вашата власт проценува дека, и покрај видливиот книжевен-уметнички квалитет, романот може да ги наруши „братските“ односи со нашиот источен сосед. Министерке, дали и по привилегијата да ја изгледате првата епизода од серијата „Црвениот поет“, како потпретседател на СДСМ и актуелен министер за култура ги сфативте сторените грешки од цензурирањето на уметноста? Прашуваме, ќе побарате ли одговорност и исполнување на законските обврски од продуцентот и Агенцијата за филм за конечно серијата да ја види целата македонска јавност? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-ministerke-pravite-neuspeshen-obid-za-sebe-amnestija/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со културното наследство на Македонија е алармантна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/#respond Fri, 10 Mar 2023 12:24:17 +0000 https://kurir.mk/?p=810431

„ДОБРИОТ“ ТРГОВЕЦ НЕ ДАВА НА ВЕРЕСИЈА! -Распродавање на честа и достинството на македонската култура и историја- Влахо кај Живојно - за јаглен; „Св. Атанасиј“ во Спанчево - за фотоволтаици; „Северна“ – ја додадоа за хациенди на Халкидики; македонската историја - на Бугарија за хонорари и наводни европски интеграции! Ова е парагон-блокот на Владата на ДУИ и приврзокот СДС(М) со кој во последниве шест години се распродава честа и достинството на македонската култура и историја! Централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ подолго време укажува за алармантната состојба со културното наследство на Македонија. Бројните неправилности во сферата на заштитата доведоа до целосна деградација на многу локалитети. Запоставена е заштитата и негувањето на сите видови културно наследство. Доведен е во прашање и статусот на меѓународно признаените добра, како што се Гласоечкото пеење на Ургентната листа на УНЕСКО, Охридскиот Регион (Охрид, Струга и Дебарца) како светско природно и културно наследство, но и Преспанскиот Регион со езерата на Листата на светско природно наследство. На Тентативната листа на УНЕСКО за прогласување чекаат уште неколку локалитети (Трескавец, Курбиново, Кокино) на кои никако да им се подобри националниот статус за да можат да бидат впишани во УНЕСКО како културно наследство важно за светскот културен диверзитет. А одговори и одговорност на сите поставени прашања нема од никаде. Јавноста го претпоставува „Ценовникот“ на оваа неизбрана и нелегитимна Влада, но никако да дојде до конкретни одговори за тоа кои се причините и кој/кои се виновникот/ците за ваквите состојби. ВМРО-ДПМНЕ не верува во колективна одговорност! Одговорноста секогаш е персонализирана и точно лоцирана. Досега прашањата беа поставувани само до првиот човек на Министерството за култура на Република Македонија, од која никогаш и не добивме одговори. Затоа, ќе се обидеме да ги прашаме одговорните кадри од кои директно зависи спроведувањето на актуелните законски прописи и се надеваме дека ќе искамчиме некаков одговор. Увид во состојбите со заштитата на културното наследство имаат оние кои секојдневно се во контакт со него и кои директно работат на терен. Една од нив е новоизбраниот раководител во моќниот Сектор за управен и инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Жаклина Петровска, назначена во 2022 година на највисоката и единствена позиција во државата, генерален инспектор за културно наследство! Оттаму, сосема легитимно е прашањето до почитуваната, како функционира системот, инспекторке!? (Интегрален текст од соопштение на Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-sostojbata-so-kulturnoto-nasledstvo-na-makedonija-e-alarmantna/feed/ 0
Комисијата за култура ќе ја подготвува програмата за одбележување на годишнини на настани и личности за 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-kje-ja-podgotvuva-programata-za-odbelezuvanje-na-godishnini-na-nastani-i-lichnosti-za-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-kje-ja-podgotvuva-programata-za-odbelezuvanje-na-godishnini-na-nastani-i-lichnosti-za-2023/#respond Wed, 19 Oct 2022 05:34:55 +0000 https://kurir.mk/?p=747318

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за култура. На дневен ред се Активности за подготовка на Предлог – програма за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-kultura-kje-ja-podgotvuva-programata-za-odbelezuvanje-na-godishnini-na-nastani-i-lichnosti-za-2023/feed/ 0
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Самоволието на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска продолжува уште позасилено! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-prodolzuva-ushte-pozasileno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-prodolzuva-ushte-pozasileno/#respond Fri, 22 Jul 2022 19:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709126

Самоволието на министерката за култура продолжува уште позасилено!, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ. По низата, незаконски постапки, пропусти и гафови во министерството за култура, денес имаме уште една злоупотреба на дискреционото право на министерката Бисера Костадиновска Стојчевска. Изборот на директор во Н.У. Турски театар е скандалозна одлука! Министерке Костадиновска Стојчевска, Ве повикуваме итно да ја презентирате целокупната документација од Пријавите на кандидатите во трите постапки пред македонската јавност!, повикуваат од партиската комисија на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-samovolieto-na-ministerkata-za-kultura-bisera-kostadinovska-stojchevska-prodolzuva-ushte-pozasileno/feed/ 0