комисија за лустрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jan 2020 20:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за лустрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Аџиев: Поништувањето на лустрацијата е преседан кој ќе го наруши правниот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-presedan-koj-kje-go-narushi-pravniot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-presedan-koj-kje-go-narushi-pravniot-sistem/#respond Wed, 15 Jan 2020 20:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=290312

Во вечерашната емисија на телевизија Алфа „Што не е јасно“ гостуваше поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев. Тој во врска на одлуката на владата која побара од собранието да донесе закон за поништување на лустрацискиот процес кажа дека тоа претставува преседан и дека не е познато такво нешто во правната проблематика која се бави со ваков вид на прашања. Аџиев притоа истакна дека во ниту една држава од пост- комунистичките диктатури кои постоеле не се случило ревирзибилен процес на лустрацијата односно нејзино поништување и дека ваквиот преседан има опасност да го наруши правниот систем во државата. -Во ниту една држава од пост комунистичките диктатури што постоеја се донесоа закони за лустрација, се спроведоа процесите завршија како што завршија во секоја држава, меѓутоа ниту една држава не покрена ревизибилен процес да се поништи лустрацијата. Значи ова мислам дека е преседан што можеби ќе го наруши нашиот правен систем, кажа Аџиев. Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Аџиев појасни дека законот исто така најверојатно ќе биде неуставен и дека се руши правниот систем на државата за да се задоволат потребите на мала група која била засегната со процесот на лустрација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-presedan-koj-kje-go-narushi-pravniot-sistem/feed/ 0
Законот за поништување на лустрацијата на Комисија за политички систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/#respond Mon, 13 Jan 2020 06:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=288728

Законот за поништување на лустрацијата денеска ќе биде разгледан од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Владата на крајот декември минатата година го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација. Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета. Со овој Предлог закон се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација. За време на шестгодишното работење на Комисијата за лустрација за кодоши беа прогласени околу 200 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-ponishtuvanje-na-lustracijata-na-komisija-za-politichki-sistem/feed/ 0
Аџиев за Курир: Краен дилетантизам на Владата, лустрацијата ја потврди и Судот во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/#respond Wed, 25 Dec 2019 10:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=282032

Бандитизам и дилетантизам. Ова е првичната реакција на претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев на поднесеното законско решение со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, а лустрираните лица ќе може да побараат надомест од државата. Во изјава за КУРИР, Аџиев вели дека поништувањето на правосилни одлуки со закон не постои и тоа е противуставно. Ваквата одлука според него да не е трагична, ќе е хумористична. -Си има закони и процедури како може да се направи нешто такво. Замислете, утре на некој да му текне да ги поништи сите кривични пресуди и да нема осудени лица. На што ќе личи тоа? Се прашувам кои луѓе ја водат оваа држава, имаат ли читано право? Па, јас на сите им ги знам имињата, втората и третата генерација на кодошите сега се вработени во институции, па и во погорните ешалони, а некои пружаат поддршка преку невладини организации. Трагедија е за Македонија да се размислува на овој начин. Затоа не не’ примаат во ЕУ, за вакви работи, криминалот цвета. Нека му е на чест на тој што го смислил ова, вели Аџиев во телефонската изјава за Курир. Првиот човек на Комисијата за лустрација додава и дека за правната веродостојност на нивните одлуки потврдил и судот во Стразбур. -Комисијата беше составена од 11 луѓе кои одлучуваа, тука беа и два суда. За нашата работа и донесените одлуки потврди и Судот во Стразбур кој за двата поднесени предмети ја потврди нашата одлука. Ова што се прави е само да се задоволат нечии апетити и барања, а всушност се руши целиот правен систем, додава Аџиев во изјавата за Курир. Имено, Владата на вчерашната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/feed/ 0