комисија за помирување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Oct 2018 12:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за помирување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Села не прифаќа комисија за помирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-prifakja-komisija-za-pomiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-prifakja-komisija-za-pomiruvanje/#respond Wed, 24 Oct 2018 12:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=118923

Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села денеска изјави дека за нив не е прифатливо да се формира комисија за помирување и оти поединците кои ги направиле злоделата на 27 април во Собранието треба да сносат одговорност. Села во изјавата за медиумите во собранискиот прес-центар кажа дека сега, кога се отвораат евроинтеграциските процеси, треба да се направи договор за помилување на сите етнички заедници, без конкретно објаснување што всушност значи тоа. – Помирување за што? Што би помирувале? Бидете јасни, бидејќи и Заев не е јасен. Никој што предлага вакви предлози не е јасен, рече Села кој продолжи да зборува за помилување наместо за помирување. Според него, помилување се прави преку правниот систем, преку судовите. – Ако се работи за општ национален консензус, сега кога се отвора страната на евроинтеграции и зачленување на земјата во НАТО, нашиот одговор е да тоа помилување треба да помине преку договор и помилување помеѓу сите етнички заедници кои живеат тука во Република Македонија. Ако се работи за отворање на темата договор меѓу Албанците и Македонците за еднаш засекогаш да ги затвориме отворените прашања, по принцип на тоа што значи вистинска консензуална демократија, тогаш би било некое помилување. А помилување поединци кои треба да одговараат за злоделата во оваа сала каде што зборуваме, мислам дека Алијансата на Албанците нема да учествува во такво нешто, рече Села. Алијансата на Албанците, како што претходно беше најавено, ќе има свои предлози за уставни измени. – Во целиот процес на Договорот со Грција, референдумот и уставните измени, ние бевме разумни и ги разбираме нашите сограѓани Македонци околу дебатата за идентитетот и јазикот. Поради исти причини повикуваме македонските политички партии да бидат разумни и да не разберат. Албанскиот јазик не може да се вика и да се дефинира како јазик кој е различен од македонскиот јазик, туку тој е албански јазик. Нормално кога ќе дојде време ние ќе интервенираме со нашите амандмани за Уставот да овозможи права за Македонија да биде подемократска и да не биде злоупотребен само зборот мултиетничко општество, тоа треба да се одрази на Уставот, изјави Села. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-ne-prifakja-komisija-za-pomiruvanje/feed/ 0
Џафери ќе ја води комисијата за помирување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-ja-vodi-komisijata-za-pomiruvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-ja-vodi-komisijata-za-pomiruvanje/#respond Wed, 24 Oct 2018 11:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=118864

Претседателот на Собранието Талат Џафери најверојатно ќе ја води комисијата за помирување што би се формирала по иницијативата на осумтемина пратеници, но ќе се чека на ставот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на координаторите на пратеничките групи со претседателот на Собранието Џафери, прва по гласањето за уставни измени во петокот. Во Собранието се очекува и информација дали осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ ќе формираат пратеничка група односно какво ќе биде нивното натамошно дејствување во Парламентот. Според собраниски извори, осумтемината пратеници имаат средба по која ќе биде соопштено како ќе функционираат во Собранието. Засега до Кабинетот на претседателот на Собранието нема пристигнато известување за нова пратеничка група, јави МИА. Во тек е пленарна седница на која од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат само двајца пратеници, како и Панчо Минов, кој најави дека ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по разрешувањето на потпретседателот на партијата Митко Јанчев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-kje-ja-vodi-komisijata-za-pomiruvanje/feed/ 0