комисија за верификација на факти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Dec 2019 12:22:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за верификација на факти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Правниците остро против Владата: Поништувањето на лустрацијата е деградирање на правниот и уставен систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/#respond Wed, 25 Dec 2019 12:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=282064

Усвоениот предлог-закон од Владата со кој одлуките од спроведената лустрација и правните последици ќе станат ништовни, предизвика бура кај експертската јавност. Тајните соработници на Службата за државна безбедност, кодошите, од партијата на власт добија прошка, а од државниот буџет ќе бидат и финансиски обештетени.

Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов не го поддржува ваквиот предлог-закон. Според него оваа законска иницијатива е бесмислена.

-Таа значи повампирување на џелатите, удбашите и кодошите од комунизмот. Враќање во 1949 година и владеење на Партијата и Големиот Брат. Повторно судење, т.е. „пукање“ на Брашнаров, Пирузе, Ченто, Шишков, и многу други жртви на комунизмот УДБА, и КОС. Во крајна линија судење или пукање во АСНОМ, а рехабилитирање на џелатите, удбашите, крвниците и кодошите. Срамно, скандалозно и бедно, вели Костов за Курир. За тоа како е воден целиот процес на лустрација, Костов вели дека е потребна исцрпна анализа, а не, како што рече, жалопојки на лустрираните. -Едно е да се направени грешки во водењето на лустрацијата, ако се направени, а друго е правно поништување на целата лустрација. Каде, во кој закон тоа е дозволено? Има ли таква можност во Уставот на Република Македонија? Не! Не! и Не! Не може да се поништат одлуките на Комисијата за лустрација и одлуките на Управните судови без законска предвидена постапка. Тоа е деградирање на правниот и уставниот систем. Што правиме ако утре некој побара да се поништат сите кривични пријави и судски одлуки? Одиме во беззаконие. Доколку имало грешки тие во законски предвидена постапка треба да се исправат, а не наместо во 2020 година, ние да влегуваме, се враќаме во 1949. година, дециден е Костов во изјава за Курир според кого апсурдно е лустрираните лица да може да бараат надомест од државата. -Жртвите од комунизмот не се обештетени, а некој сака да ги обештетува нивните џелати и крвници. Тоа пред се е голема духовна и морална штета, а секако и материјална, посочува поранешниот обвинител. Сличен став има и претседателот на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев кој вели ваквиот потег на владата е бандитизам и дилетантизам. Во изјава за КУРИР, Аџиев вели дека поништувањето на правосилни одлуки со закон не постои и тоа е противуставно. -Си има закони и процедури како може да се направи нешто такво. Замислете, утре на некој да му текне да ги поништи сите кривични пресуди и да нема осудени лица. На што ќе личи тоа? Се прашувам кои луѓе ја водат оваа држава, имаат ли читано право? Па, јас на сите им ги знам имињата, втората и третата генерација на кодошите сега се вработени во институции, па и во погорните ешалони, а некои пружаат поддршка преку невладини организации. Трагедија е за Македонија да се размислува на овој начин. Затоа не не’ примаат во ЕУ, за вакви работи, криминалот цвета. Нека му е на чест на тој што го смислил ова, вели Аџиев во телефонската изјава за Курир. Првиот човек на Комисијата за лустрација додава и дека за правната веродостојност на нивните одлуки потврдил и судот во Стразбур. Аџиев посочува дека Комисијата била составена од 11 луѓе кои одлучуваа и два суда. Вели, за нивната работа и донесените одлуки потврдил и Судот во Стразбур кој за двата поднесени предмети ја потврдил одлуката на Комисијата. Според Аџиев ова што се прави е само да се задоволат нечии апетити и барања, а всушност се руши целиот правен систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravnicite-ostro-protiv-vladata-ponishtuvanjeto-na-lustracijata-e-degradiranje-na-pravniot-i-ustaven-sistem/feed/ 0
Аџиев за Курир: Краен дилетантизам на Владата, лустрацијата ја потврди и Судот во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/#respond Wed, 25 Dec 2019 10:34:02 +0000 https://kurir.mk/?p=282032

Бандитизам и дилетантизам. Ова е првичната реакција на претседателот на Комисијата за верификација на фактите, Томе Аџиев на поднесеното законско решение со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни, а лустрираните лица ќе може да побараат надомест од државата. Во изјава за КУРИР, Аџиев вели дека поништувањето на правосилни одлуки со закон не постои и тоа е противуставно. Ваквата одлука според него да не е трагична, ќе е хумористична. -Си има закони и процедури како може да се направи нешто такво. Замислете, утре на некој да му текне да ги поништи сите кривични пресуди и да нема осудени лица. На што ќе личи тоа? Се прашувам кои луѓе ја водат оваа држава, имаат ли читано право? Па, јас на сите им ги знам имињата, втората и третата генерација на кодошите сега се вработени во институции, па и во погорните ешалони, а некои пружаат поддршка преку невладини организации. Трагедија е за Македонија да се размислува на овој начин. Затоа не не’ примаат во ЕУ, за вакви работи, криминалот цвета. Нека му е на чест на тој што го смислил ова, вели Аџиев во телефонската изјава за Курир. Првиот човек на Комисијата за лустрација додава и дека за правната веродостојност на нивните одлуки потврдил и судот во Стразбур. -Комисијата беше составена од 11 луѓе кои одлучуваа, тука беа и два суда. За нашата работа и донесените одлуки потврди и Судот во Стразбур кој за двата поднесени предмети ја потврди нашата одлука. Ова што се прави е само да се задоволат нечии апетити и барања, а всушност се руши целиот правен систем, додава Аџиев во изјавата за Курир. Имено, Владата на вчерашната седница го усвои предложеното законско решение на Министерството за правда со кое одлуките од лустрацијата и правните последици ќе станат ништовни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/adziev-za-kurir-kraen-diletantizam-na-vladata-lustracijata-ja-potvrdi-i-sudot-vo-strazbur/feed/ 0