комисија за заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 14:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за заразни болести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на евентуални случаи на морбили https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-donese-nekolku-preporaki-shto-se-odnesuvaat-na-adaptatsija-na-sistemot-vo-odnos-na-sledene-na-eventualni-sluchai-na-morbili/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-donese-nekolku-preporaki-shto-se-odnesuvaat-na-adaptatsija-na-sistemot-vo-odnos-na-sledene-na-eventualni-sluchai-na-morbili/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:27:14 +0000 https://kurir.mk/?p=820130

Комисијата за заразни болести донесе неколку препораки што се однесуваат на адаптација на системот во однос на следење на случаи на морбили што би можеле да се очекуваат, соопшти денеска портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ. - Прва и основна работа е да се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески затоа што на тој начин ќе можеме побрзо да го ублажиме процесот на ширење на новодетектираните случаи. Второ, да се подигне свесноста помеѓу здравствените работници и помеѓу популацијата за постоење на случај на морбили. Третата препорака се однесува на матичните лекари, педијатрите и инфектолозите, внимателно да ги следат сите симптоми што се карактеристични за морбили, да ги пријавуваат до надлежните центри за јавно здравје. Матичните и педијатрите, суспектните случаи да ги препраќаат до специјалисти инфектолози, за понатамошна дијагностика. Сите материјали што ќе бидат од тие случаи треба да се испраќаат до референтната лабораторија во Институт за јавно здравје за дефинитивна дијагноза. Треба да се направи дополнително и преглед во документацијата на сите што не се вакцинирани деца, или не се комплетно, да се вакцинираат. Да се засили процесот на едукација на населението за ефикасноста и важноста на вакцината како најефикасен начин за контрола и ублажување на последиците од морбили, појасни тој. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести бил разгледуван единствениот случај на морбили, што се појави во земјава. - По подолг временски период, 2019 година беше последниот случај. Се работи за детенце од 13 месеци регистрирано во Свети Николе, беше хоспитализирано во клиничката болница Штип, беше на Инфективното одделение. Пуштено е на домашно лекување и домашна изолација. Тоа е во добра и стабилна здравствена состојба. Се очекува да нема никакви последици по здравјето на детето, информираше Мехмедовиќ. Според информациите што ги добиле, 13 дена пред симптомите, детето имало посета на Институт за микробиологија и клиника за очни болести Скопје, заради инфекција на очите. Се работи на епидемиолошка анализа. Сега засега, нема дополнителни суспектни случаи со клиничка слика. Мехмедовиќ нагласи дека оваа вакцинација е задолжителна и тоа треба да се почитува. Невакцинирањето на детето има меѓу другото и правни последици. Тој потсети дека се уште е во сила мерката, детето да не може во градинка без примена вакцина. - Постојано апелираме да се вакцинираат, за да го заштитиме здравјето на децата, подвлече Мехмедовиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-donese-nekolku-preporaki-shto-se-odnesuvaat-na-adaptatsija-na-sistemot-vo-odnos-na-sledene-na-eventualni-sluchai-na-morbili/feed/ 0
КЗБ: Состојбата со Ковид-19 е стабилна, актуелните мерки ќе продолжат и во иднина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzb-sostojbata-so-kovid-19-e-stabilna-aktuelnite-merki-kje-prodolzat-i-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzb-sostojbata-so-kovid-19-e-stabilna-aktuelnite-merki-kje-prodolzat-i-vo-idnina/#respond Wed, 14 Dec 2022 13:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=775497

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатира дека состојбата со Ковид-19 е стабилна, нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати. Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина. Во однос на инфекцијата со РСВ-респираторен синцициски вирус, констатирано е дека состојбата е стабилна, нема зголемување на бројот на новозаболени и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми. Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzb-sostojbata-so-kovid-19-e-stabilna-aktuelnite-merki-kje-prodolzat-i-vo-idnina/feed/ 0
Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/#respond Fri, 02 Dec 2022 13:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=770164

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања. На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата. – Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски. Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата. – КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова. Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем. – Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска. Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки. – Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/feed/ 0
Комисијата за заразни болести не очекува сериозно ширење на мајмунските сипаници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-ochekuva-seriozno-shirenje-na-majmunskite-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-ochekuva-seriozno-shirenje-na-majmunskite-sipanici/#respond Fri, 12 Aug 2022 05:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=717290

Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат граѓаните, бидејќи не се шират лесно како што е случајот со КОВИД-19. Од Комисијата за заразни болести не очекуваат драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници. Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевец кој одбива да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој е негативен на тестот. Поради тоа што нема законска можност пациентот од Кичево да биде „присилен“ на тестирање, Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок соопшти дека ќе достави предлог до министерот за здравство да се предложи здравствен надзор на ова лице. Ова, како што појасни портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ, ќе значи дека согласно тоа постапување ќе имаат разрешница, односно со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и Министерството за внатрешни работи тие ќе можат да го лоцираат лицето со цел да се тестира. Претходно, Комисијата препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, како и секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден. Оваа одлука е доставена до Министерството за здравство, со цел да се преземат сите неопходни превентивни мерки. Сите граѓани кои ќе пројават симптоми на мајмунските сипаници, како што изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски потребно е да го контактираат матичниот лекар, а потоа доколку постои сомнеж ќе биде пратен на Клиниката за инфективни болести. Тестирањето за мајмунски сипаници може да се направи во Институтот за јавно здравје, каде во моментов, како што информираше Петличковски има околу 3300 тестови. – Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустилите можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите, информираше Петличковски. Според податоците на Светската здравствена организација, во моментов Европа е најпогодена од мајмунските сипаници. На европскиот регион на СЗО отпаѓаат околу 55 проценти од потврдените случаи на мајмунски сипаници во светот само од изминатиот месец, а четири земји во Европа (Шпанија, Обединето Кралство, Германија и Франција), пријавиле 76 отсто од случаите. Специјалната претставничка на регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа во Северна Македонија, д-р Ане Јохансен во изјава за МИА препорача дека е потребно дури и во земјите кои сè уште немаат пријавено случаи на мајмунски сипаници, органите задолжени за јавното здравје брзо и значително да ги зајакнат националните капацитети за надзор, испитување, дијагностика и пронаоѓање на контактите, сè со цел да се идентификува и следи секој евентуален случај. Согласно податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во светот до 9 август се пријавени вкупно 31 800 случаи со мајмунски сипаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-ne-ochekuva-seriozno-shirenje-na-majmunskite-sipanici/feed/ 0
Изолација и епидемиолошко следење на сомнителните случаи на мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izolacija-i-epidemioloshko-sledenje-na-somnitelnite-sluchai-na-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izolacija-i-epidemioloshko-sledenje-na-somnitelnite-sluchai-na-majmunski-sipanici/#respond Thu, 11 Aug 2022 05:46:15 +0000 https://kurir.mk/?p=716812

Во текот на вчерашниот ден до Институтот за јавно здравје беше доставен примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот e од Кичево и тој пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунските сипаници. Комисијата за заразни болести, која вчера попладне одржа состанок, препорача воведување на изолација во домашни или болнички услови за сите сомнителни и потврдени случаи и секојдневно епидемиолошко следење на лицата кои имале контакт со потврдени случаи. – Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден, соопштија од КЗБ. Комисијата ја реафирмираше и препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски соопшти дека пациентот од Кичево е во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација. На Клиниката за инфективни болести во Скопје, како што во текот на вчерашниот ден информираше Министерството за здравство, нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници. Петличковски не очекува оваа болест да стане проблем како што е коронавирусот. Според него, во земјава има тестови за мајмунски сипаници, а Европската агенција за лекови веќе има одобрена вакцина, но не е предвидена масовна вакциинација. – Проширувањето не оди така брзо како што на почетокот се плашевме, веројатно изгорени од короната. Се одвива пренесување во одредени групи. Вакцините во цел свет се препорачуваат за ризичните групи, со ризични контакти. Не се предвидува во моментов никаде масовна имунизација, рече претседателот на Комисијата за заразни болести. Во светот до 9 август регистрирани се вкупно 31.800 случаи на мајмунските сипаници. Во Европа, најголем број на случаи има во Шпанија – 5 162, Германија – 2 982 и Велика Британија – 2 914. Во регионот исто така се потврдени случаи на мајмунските сипаници, но не во голем број. Во Грција има 41 случај, Словенија – 40, Србија – 23, Хрватска 12, Бугарија – 4, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат по еден случај, додека во Албанија нема регистрирани случаи на мајмунските сипаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izolacija-i-epidemioloshko-sledenje-na-somnitelnite-sluchai-na-majmunski-sipanici/feed/ 0
Комисијата за заразни болести со важно соопштение за мајмунските сипаници во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-so-vazno-soopshtenie-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-so-vazno-soopshtenie-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/#respond Wed, 10 Aug 2022 19:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=716780

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата. Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај. Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојденвно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден. КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки, велат од Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-so-vazno-soopshtenie-za-majmunskite-sipanici-vo-makedonija/feed/ 0
Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/#respond Wed, 10 Aug 2022 17:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=716755

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски. -Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници, изјави за Сител Телевизија Петличковски. Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници. Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ijz-se-proveruva-dali-pacientot-od-kichevo-ima-majmunski-sipanici/feed/ 0
Комисијата за заразни болести одржа состанок, нема нови мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-odrza-sostanok-nema-novi-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-odrza-sostanok-nema-novi-merki/#respond Fri, 05 Aug 2022 13:00:10 +0000 https://kurir.mk/?p=714617

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор. Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување на нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се Ковид позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски. Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на гужви и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-odrza-sostanok-nema-novi-merki/feed/ 0
Активни 4.139 случаи, денеска состанок на Комисијата за заразни болести https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-4-139-sluchai-deneska-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-4-139-sluchai-deneska-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/#respond Fri, 05 Aug 2022 05:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=714310

Во моментов во земјава се активни 4.139 случаи на коронавирусот, од кои 1.749 се во Скопје. Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на којшто ќе се разгледа актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19. Согласно вчерашната ковид-статистика, направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Оздравени се 851 пациент, а пријавени се три починати лица од Скопје на возраст од 72, 76 и 83 години, сите во болнички услови. Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто може да ја примат лицата над 18-годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Вакцината е достапна на сите вакцинални пунктови без закажување. Вакцинацијата се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци. Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-4-139-sluchai-deneska-sostanok-na-komisijata-za-zarazni-bolesti/feed/ 0
Комисијата за заразни болести утре ќе ја разгледа актуелната состојба со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-kje-ja-razgleda-aktuelnata-sostojba-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-kje-ja-razgleda-aktuelnata-sostojba-so-kovid-19/#respond Thu, 04 Aug 2022 13:16:04 +0000 https://kurir.mk/?p=714100

Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот. Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, од кои 188 се реинфекции. Пријавени се три починати лица од Скопје, во период од 5 до 30 јули, а оздравени се 815 пациенти. Најголем број на активни случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај. Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од Ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19. Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, „каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-utre-kje-ja-razgleda-aktuelnata-sostojba-so-kovid-19/feed/ 0