комисија за заштита од дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 13:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за заштита од дискриминација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бендевска: Недостигаат една третина од учебниците, подготвуваме тужба против државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/#respond Thu, 05 Oct 2023 13:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885635

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска. На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети. Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици. Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници. - Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bendevska-nedostigaat-edna-tretina-od-uchebnitsite-podgotvuvame-tuzhba-protiv-drzhavata/feed/ 0
Комисијата за заштита од дискриминација отвори постапка за случајот со Ембла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/#respond Fri, 04 Feb 2022 10:43:27 +0000 https://kurir.mk/?p=626849

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека отвори постапка по службена должност за сегрегација на четвртоодделенката Ембла од Гостивар. „Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение во ОУ „Единство-Башкими“ поради бојкот на родителите на учениците од паралелката, бидејќи има Даунов синдром. Постапката е започната по службена должност, откако на социјалните мрежи се раширија информациите дека единаесетгодишната Ембла останала сама во училишните клупи, бидејќи останатите ученици ја бојкотирале наставата, откако нивните родители испратија петиција во која наведуваат дека одлуката да не ги пуштаат своите деца на настава.“, информира КСЗД. Комисијата најави дека во понеделник ќе изврши увид во училиштето, и дека веќе биле остварени контакти со градоначалникот Таравари и директорот на училиштето. За исходот од постапката, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-otvori-postapka-za-sluchajot-so-embla/feed/ 0
Комисија за заштита од дискриминација: ЛГБТ собирот во Скопје е говор на омраза и чин на омаловажување кој треба да се осуди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zashtita-od-diskriminacija-lgbt-sobirot-vo-skopje-e-govor-na-omraza-i-chin-na-omalovazuvanje-koj-treba-da-se-osudi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zashtita-od-diskriminacija-lgbt-sobirot-vo-skopje-e-govor-na-omraza-i-chin-na-omalovazuvanje-koj-treba-da-se-osudi/#respond Wed, 12 Jun 2019 09:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=208302

По реакциите на јавноста во однос на ЛГБТ собирот кој се одржа на 11.6.2019 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во согласност со своите законски надлежности излезе со јавен став во кој овој настан се оценува како пример на говор на омраза, нетрпеливост и нетолеранција. „КСЗД смета дека станува збор за свесен, намерен и осмислен чин на провокација и омаловажување кој предизвикува повреда на чувствата, односно вознемирување и дискриминација кон најмалку два сегмента во нашето општество, односно: регистрираните верски заедници и нивните припадници, како и кон останатите наши сограѓани независно од нивната верска определба или друга афилијација“, се истакнува во соопштението упатено до медиумите. Комисијата ги повика организаторите на настанот, како и институциите на државата, во рамките на своите надлежности да преземат соодветни чекори со кои ќе се отстрани ваквата повреда на правото. Истовремено, членовите на овој државен орган ги информираат верските заедници, невладините организации, академската заедница, како и граѓаните, дека им стојат на располагање за натамошна правна и друга помош поврзана со заштитата на нивните права и слободи во врска со овој случај. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација укажува дека во секое демократско општество, границите на остварувањето на правата и слободите на една група граѓани се омеѓени со моралните стандарди и правните правила од една страна, како и со правата и слободите на другите граѓани кои не смеат да бидат загрозени, од друга страна. Во таа смисла, настанот од 11 јуни 2019 година организиран од повеќе организации за поддршка на правата на лицата со ориентација различна од хетероскуалната, претставува целосна спротивност на вака поставениот уставно-правен систем. На 11.6.2019 година, во Музејот на современа уметност, во рамките на т.н. „недела на гордоста“ спорниот перформанс на ЛГБТ здруженијата, прикажуваше сцени на гол маж облечен како православен свештеник како општи со гол светител, што беше предизвика серија на реакции со осуда, од страна на повеќе верски лица, граѓански активисти и новинари, меѓу кои и владиката Пимен, поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски и уредникот Љупчо Златев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zashtita-od-diskriminacija-lgbt-sobirot-vo-skopje-e-govor-na-omraza-i-chin-na-omalovazuvanje-koj-treba-da-se-osudi/feed/ 0
Владата спротивно на Венецијанската комисија инсистира на легализација на истополови бракови и предвреме смена на Комисијата за дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-sprotivno-na-venecijanskata-komisija-insistira-na-legalizacija-na-istopolovi-brakovi-i-predvreme-smena-na-komisijata-za-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-sprotivno-na-venecijanskata-komisija-insistira-na-legalizacija-na-istopolovi-brakovi-i-predvreme-smena-na-komisijata-za-diskriminacija/#respond Thu, 28 Feb 2019 09:34:26 +0000 https://kurir.mk/?p=169259

Владата спротивно на Венецијанската комисија инсистира на легализација на истополови бракови и предвреме смена на Комисијата за дискриминација. По тој повод преку соопштение до јавноста се произлезе и Комисијата за заштита од дискриминација, која ви го пренесуваме во целост: Во врска со повеќето изјави заклучно со прес конференцијата на членовите на „Мрежата за заштита од дискриминација“, од 28.2.2019 година, а во врска со усвојувањето на предлог законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за заштита од дискриминација, сака да ѝ упати внимание на јавноста на 7 важни нешта:
  • Прво, прифаќајќи ја потребата од натамошно унапредување на антидискриминациското законодавство, сметаме дека носечкиот проблем во ова област е целосната неподготвеност на надлежното министерството за труд и социјална политика да се заложи да бидат надминати проблемите поврзани со просторот за работа, заради што Комисијата веќе 7 години ги извршува своите надлежности во една просторија од 20 метри квадратни на 20 спрат во зградата на Македонската телевизија во која долг временски период не работат лифтовите!
  • Второ, независно од отсуството на елементарна поддршка од Министерството во секоја смисла наспроти нашите повеќегодишни апели и молби, Комисијата успева да ги оствари надлежностите предвидени со Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на Република Македонија бр.: 50/2010) за што сведочат позитивните критики од релевантните меѓународни организации какви што се ЕКВИНЕТ - Европската мрежа на тела за еднаквост и ЕКРИ - европско експертско тело против расизам и нетолеранција.
  • Трето, Комисијата со жалење ги отфрла клучните тврдења на „Мрежата за заштита од дискриминација“ бидејќи истите се отфрлени од сите клучни релевантни адреси за нашата земја, а особено од Венецијанската комисијакоја како експертско тело при Советот на Европавршеше стручна анализа на предлог законскиот тексткој е во собраниска процедура, како и од ЕКВИНЕТ и од ЕКРИ.
  • Четврто, иако Комисијата оствари 3 средби со Министерката за труд и социјална политика и зема активно учество во работата на групата за подготовка на новиот закон, сите наши легитимни и оправдани сугестии беа промптно и со индигнација отфрлани заради што, меѓу другото, ефектот од ваквата работа е текст кој е предмет на силни критики од меѓународната заедница и кој предизвикува силна политичка поларизираност веќе две години.
  • Петто, Комисијата апсолутно поддржувајќи ја потребата од уште поголемо унапредување на антидискриминациското законодавство, смета дека е клучно при усвојувањето на постојниот предлог закон кој е во собраниска процедура да бидат имплементирани во целост забелешките на релевантните европските институции, како и сугестиите на опозицијата затоа што тоа е единствениот начин кој ќе овозможи најширока општествена прифатеност и усогласеност. Во оваа смисла, за да се постигне тоа, Комисијата смета дека неопходниот минимум е да се интегрираат најмалку два амандмана во предлог законскиот текст.
  1. Со првиот амандман потребно е да се врати одредбата која постои во актуелниот закон дека уредувањето на бракот, вонбрачната заедница и семејството исклучиво како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и една жена претставува исклучок од дискриминација бидејќи, во спротивно силно се јакнат легитимните стравови на конзервативниот дел од граѓаните на нашата држава независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, во смисладека се создава правно фундиран простор за легализација на истополовите бракови, како и за легализација на желбата на овие двојки за посвојување на деца. Во оваа смисла, сметаме дека доколку се интегрира ваква промена во текстот што е во собраниска процедура, ќе се обезбеди најширока можна прифатеност во државата бидејќи, од една страна, продолжува да се обезбедува и унапредува еднаквоста по сите основи вклучувајќи ја и сексуалната ориентација, а, од друга страна, истовремено, се штити и бракот и вонбрачната заедница какви што постојат низ вековите до денес како заедница исклучиво на еден маж и на една жена.
  2. Со вториот амандман, пак, треба да се испочитуваат силните критики на Венецијанската комисија, како и на другите европски организации, кои остро застанаа против одредбата за предвремен прекин на мандатот на ова тело две години порано, што е причина за силен сомнеж за уште едно мешање на политиката во работата на независните институции. Во конкретна смисла, во својот стручен коментар во однос на Законот, Венецијанската комисија го констатира следното: „во нацрт-законот [за спречување и заштита од дискриминација, н.з.]нема доволно заштитни механизми со кои се обезбедува вистинска независност на Комисијата, особено за избор и разрешување на членовите на Комисијата. Комисијата бара да се преиспитаат одредбите за предвремено престанување на мандатот на членовите на Комисијата, бидејќи тие ја ограничуваат независноста на Комисијата“.
  • Шесто, силно антиципирајќи го фактот дека за сите важни прашања како ова е особено важно да се постигне најширок можен консензус помеѓу сите општествени фактори, Комисијата сосема принципиелно и искрено повикува на фер дијалог помеѓу сите клучни сегменти на Општеството, односно на социјалдемократската власт, конзервативната опозиција, како и претставниците на албанските партииво Собранието на државата, а во функција на обезбедување на најширок можен консензус со кој би се одблокирал процесот, како и во функција на максимално испочитување на критиките на меѓународната заедница во врска со содржината на предложениот законски текст за недискриминација подготвен од страна на „Мрежата за заштита од дискриминација“ и прифатен од страна на Владата.
  • Седмо, Комисијата, како и во минатото, така и во иднина останува целосно подготвена да се вклучи во овој процес со целото свое стручно знаење и искуство во функција на создавање на законски текст кој ќе обединува и унапредува, а не кој ќе дели и уназадува.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-sprotivno-na-venecijanskata-komisija-insistira-na-legalizacija-na-istopolovi-brakovi-i-predvreme-smena-na-komisijata-za-diskriminacija/feed/ 0
КЗД со образложение за дискриминација на Груевски од судот и судијата Кацарска (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzd-so-obrazlozenie-za-diskriminacija-na-gruevski-od-sudot-i-sudijata-kacarska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzd-so-obrazlozenie-za-diskriminacija-na-gruevski-od-sudot-i-sudijata-kacarska-foto/#respond Thu, 08 Nov 2018 12:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=125232

Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека поранешниот премиер на РМ и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во изминатиот период бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска. Во мислењето е наведено дека врз Никола Груевски е извршена директна дискриминација од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосудство и управа со член 4 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање или нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбњдување на потребните критњриуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во продолжение мислење и образложение од Комисијата за заштита од дискриминација. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kzd-so-obrazlozenie-za-diskriminacija-na-gruevski-od-sudot-i-sudijata-kacarska-foto/feed/ 0
„Денешен“ објавува скандал: СДСМ ќе ја менува Комисијата за заштита од дискриминација, зашто утврди дека судот го дискриминира Груевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-objavuva-skandal-sdsm-kje-ja-menuva-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-zashto-utvrdi-deka-sudot-go-diskriminira-gruevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-objavuva-skandal-sdsm-kje-ja-menuva-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-zashto-utvrdi-deka-sudot-go-diskriminira-gruevski/#respond Thu, 08 Nov 2018 08:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=125044

Е ова е недемократски режим на дело: СДСМ ќе ја менувала независната комисијата за заштита од дискриминација, оти констатирала дека судот го дискриминирал Груевски, пишува порталот Денешен. -Најавата за смена на независната комисија за заштита од дискриминација од страна на СДСМ е порака на оваа партија до судиите, обвинителите, администрацијата, цариниците, даночниците, инспекторите, синдикатите, коморите, регулаторните тела, па и приватниот сектор, како и други институции, што може да ги снајде ако размислуваат со своја глава, ако одлучуваат според закон и ако работат професионално. Ова е дополнително кршење на и онака веќе скршената на кичмата на судството и на другите независни институции и регулаторни тела, пишува порталот. Во текстот на „Денешен“ се наведува дека да беше сега амбасадор на ЕУ Ерван Фуере и да го направеше ова ВМРО-ДПМНЕ, веќе ќе имаше реакција од Брисел. Но бидејки улогите се променети, СДСМ сега може отворено да им се заканува на независните институции и да ја реализира таа закана, и притоа да нема никаква реакција, а уште помалку последици. -На СДСМ му е дозволено да прави што сака: да менува независни регулаторни тела и државни комисии без критериуми, да бидат најкорумпирана власт досега во Македонија, да апсат и по потреба ослободуваат опозициски пратеници, да го затвораат поранешниот водач на ВМРО-ДПМНЕ без никаква вина и заради лични хирови, да унапредуваат и разрешуваат судии и обвинители незаконски и по партиска заслуга, масовно да ја полнат администрацијата со партиски активисти кои денгубат по цел ден низ владините кабиненти на државна сметка, и уште што ли не, пишува Денешен. Зошто? Затоа што прифатија да го сменат името и идентитетот на Македонија, како што сакаше Грција. Затоа и се донесени на власт, затоа и им се помага, и затоа меѓународната заедница ги остава да прават што сакаат, се наведува во текстот на Денешен. Но затоа пак народот реагира и се повеќе се охрабрува да пркоси и да се спротивставува. Вчеравечер во 19 часот група граѓани организирани преку фејсбук се собраа на мирен граѓански протест против политичкиот прогон на Никола Груевски. Денешен потсетува дека Државната Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека Никола Груевски бил жртва на директна дискриминација од страна на Основниот суд Скопје 1 и судијката Добрила Кацарска, во процесот „Тенк“ каде што Груевски беше осуден на две годишна казна затвор.
Претставката до Комисијата ја поднел Груевски и се пожалил за дикриминаторски однос од судот и од судијката Кацарска. Според Комисијата, судот во контроверзна и незаконски експресно водена постапка го осудил Груевски, а за да се донесе таквата пресуда немало валидни докази. – Се утврдува директна дискриминација врз Никола Груевски од член 6 став 1, а врз основа на личен и општествен статус како поранешен претседател на Влада на Република Македонија и поранешен претседател на политичка партија од член 3 во областа на правосуство и управа со член 4 од законот за спречување и заштита од дискриминација, што како последица имало одземање односно нарушување и ограничување на еднакво признавање на правото на правично судење како основно човеково право од страна на судијата Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 Скопје. Се утврдува директна дискриминација на Никола Груевски од член 6 став 1 врз основа на личен и општествен статус од член 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација поради поставување во неповолна положба со необезбедување на потребните критериуми за правично судење од страна на Основен суд Скопје 1 Скопје, истакна Комисијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneshen-objavuva-skandal-sdsm-kje-ja-menuva-komisijata-za-zashtita-od-diskriminacija-zashto-utvrdi-deka-sudot-go-diskriminira-gruevski/feed/ 0
Даштевски: Комисијата за дискриминација водеше законска постапка, притисокот на Џолев е мешање на судската во законодавната власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-komisijata-za-diskriminacija-vodeshe-zakonska-postapka-pritisokot-na-dzolev-e-meshanje-na-sudskata-vo-zakonodavnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-komisijata-za-diskriminacija-vodeshe-zakonska-postapka-pritisokot-na-dzolev-e-meshanje-na-sudskata-vo-zakonodavnata-vlast/#respond Sat, 08 Sep 2018 17:31:09 +0000 https://kurir.mk/?p=98193

Постапката е водена најтранспарентно и најзаконски Членот 16 вели дека „Комисијата за заштита од дискриминација е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени во законот“. Не може некој да се меша, а особено претседател на Кривичен суд, што претставува притисок врз работењето на Комисијата. Оваа Комисија е под Собранието што дополнително значи мешање на судската во законодавната власт, вели Александар Даштевски универзитетски професор и претседател на Комисијата за заштита од дискриминација Даштевски објаснува дека Комисијата одлучува со мнозинство и има7 члена, а притисокот го смета за преседан. Вели дека не му е јасно зошто ударот е само кон него, кога одлуките се носат со мнозинството на Комисијата. Претседателот на Комисијата вели дека ваквото однесување е спротивно на сите европски вредности, а се прави директен притисок врз Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-komisijata-za-diskriminacija-vodeshe-zakonska-postapka-pritisokot-na-dzolev-e-meshanje-na-sudskata-vo-zakonodavnata-vlast/feed/ 0