комисија за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 07:43:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png комисија за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до Меџити: По кој критериум е назначен новиот директор во кумановската болница? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-do-medhiti-po-koj-kriterium-e-naznachen-noviot-direktor-vo-kumanovskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-do-medhiti-po-koj-kriterium-e-naznachen-noviot-direktor-vo-kumanovskata-bolnitsa/#respond Fri, 20 Oct 2023 07:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=891069

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ велат дека министерот Меџити и по вчерашната посета во Здравствениот дом во Куманово повторно без одговори на прашањата на кумановци и сите кои гравитираат кон кумановските здравствени установи. Оттука тие упатуваат прашања до Меџити: -1.По кој критериум освен шверцерско-пазарџиските комбинаторики е назначен новиот директор во кумановската болница, иако сега веќе разрешената директорка е избрана на конкурс? 2.Кој и од чиј џеб ќе се плаќаат оштети од вакви евентуални правни постапки иницирани заради исклучиво заради партиски интереси 3.Бараме јавно да се објави извештај за констатирани неправилности врз основа на кои е направено разрешувањето? ‼️Потсетуваме дека Меџити истото пазарџиско однесување го продолжува по назначувањето и на економски директори на клиники, иако вети дека ќе ги разреши ‼️Ваквото однесување е причина за катастрофалното менаџирање на установите, каде деновиве видовме дека ФЗОМ само констатира неправилности, но притоа не видовме конкретна преземена активност. ‼️Во меѓувреме остануваат проблемите во кумановските здравствени установи на штета на пациентите Недостасуваат основни средства за работа како: локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури Поради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови ‼️Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине, стои во објавата на Комисијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-do-medhiti-po-koj-kriterium-e-naznachen-noviot-direktor-vo-kumanovskata-bolnitsa/feed/ 0
Комисијата за здравство на ВМРО – ДПМНЕ со неколку прашања до Меџити во пресрет на неговата посета на битолската Болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-nekolku-prashana-do-medhiti-vo-presret-na-negovata-poseta-na-bitolskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-nekolku-prashana-do-medhiti-vo-presret-na-negovata-poseta-na-bitolskata-bolnitsa/#respond Thu, 14 Sep 2023 10:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=877976

ФАТМИР МЕЏИТИ ДЕНЕСКА ВО ИНКОГНИТО ПОСЕТА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Меџити треба да даде одговори на следните прашања: 1.Зошто уште не работи ангиографот во Болницата во Битола? 2.Зошто акцелераторот не работи? 3. Зошто онколошките пациенти од Битола и околината ги малтретираат во Скопје да одат? 4.Зошто уролошкото одделение е затворено и има само амбулантски прегледи? Ваквите посети ниту на Министерот, уште помалку ќе им помогнат на пациентите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-so-nekolku-prashana-do-medhiti-vo-presret-na-negovata-poseta-na-bitolskata-bolnitsa/feed/ 0
Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Ем нема лекови за онколошките болни, ем се молчи за случајот Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-em-nema-lekovi-za-onkoloshkite-bolni-em-se-molchi-za-sluchajot-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-em-nema-lekovi-za-onkoloshkite-bolni-em-se-molchi-za-sluchajot-onkologija/#respond Tue, 12 Sep 2023 08:50:26 +0000 https://kurir.mk/?p=877217

ЕМ НЕМА ЛЕКОВИ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ БОЛНИ, ЕМ СЕ МОЛЧИ ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ континуирано пристигнуваат поплаки. Пациентите и нивните семејства се жалат дека ниту во моментов ја нема потребната современа терапија за сите пациенти кои имаат потреба од истата. Ги охрабруваме сите кои се соочиле со проблем да продолжат да ги доставуваат до Комисијата на следниот маил: [email protected] Истите ќе бидат разгледани во доверлива постапка. Со пријавување на неправилностите целта е да се работи на надминување на истите, бидејќи се соочуваме со целосно растурен здравствен систем. Во меѓувреме, од Министерот за здравство очекуваме информација кои се корективните мерки што ќе ги преземе раководството на Клиниката на онкологија за вакви немили настани не се повторуваат. До кога ќе се разгледува КАТО системот и дали има одлука за негово активирање. Дали единствено ќе се најде оправдание во решението вработените на Клиниката дека заеднички „ќе одлучувале" за терапијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-em-nema-lekovi-za-onkoloshkite-bolni-em-se-molchi-za-sluchajot-onkologija/feed/ 0
Вработените во Здравствен дом Скопје немаат здравствено осигурување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/#respond Tue, 04 Jul 2023 17:56:32 +0000 https://kurir.mk/?p=852680

Без здравствено осигурување се вработените во Здравствен дом Скопје. Вработените кои утрово имале потреба од здравствена услуга биле приморани да си платат приватно за прегледот и реализација на рецептите, објави Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. „Медицинскиот директор, Виктор Исјановски и организацискиот, Вулнет Селими кој е назначен од министерот Меџити наместо да ги заплашуваат и казнуваат вработените од одредени поликлиники повторно во време на финансиска криза и инфлација, дополнително ги деградираат и демотивираат здравствените работници во оваа ЈЗУ и покрај лошите услови во кои работат. Вака ли Селими и Исјановски се грижат за персоналот и кој го контролира и кој ќе го санкционира нивното ненавремено извршување на работните обврски“ - се наведува во соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-zdravstven-dom-skopje-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/feed/ 0
„Итно да се преиспита случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-sluchajot-so-patsientkata-koja-po-poroduvaneto-skokna-niz-prozorets-na-klinikata-za-ginekologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-sluchajot-so-patsientkata-koja-po-poroduvaneto-skokna-niz-prozorets-na-klinikata-za-ginekologija/#respond Tue, 04 Jul 2023 13:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=852571

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ итно бара да се преиспита случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија. Нивното соопштение, прочитајте го во продолжение: Бараме одговорност од директорката Викторија Јовановска која иако вели дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко нарушување, сепак нема ништо преземено за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа. Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно Прашуваме со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа како што е породување. Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема за медицинската директорка на ГАК , а дополнително истото се наведува како причина за непреземање мерки Оттука бараме одговорност и разрешување на двајцата директори Јовановска и Шаќири на Клиника за гинекологија кои навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/itno-da-se-preispita-sluchajot-so-patsientkata-koja-po-poroduvaneto-skokna-niz-prozorets-na-klinikata-za-ginekologija/feed/ 0
Две седници на собраниската Комисија за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo/#respond Fri, 19 Feb 2021 06:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=470789

Во Собранието на Република Македонија денеска две последователни седници ќе одржи Комисијата за здравство. Единствена точка на дневниот ред на првата седница е Предлог-законот за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби, по скратена постапка во второ читање. На втората седница членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, и за изменување на Законот за здравственото осигурување, и двата по скратена постапка во второ читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-sednici-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo/feed/ 0
Седница на собраниската Комисија за здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo-4/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo-4/#respond Mon, 14 Dec 2020 06:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=442841

Собраниската Комисија за здравство денеска ќе одржи седница на која треба да биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, во второ читање, поднесен од група пратеници од владејачкото мнозинство. -Законот се заснова на истите начела на кои е заснован и основниот текст на Законот за здравствената заштита и со него согласно прописите од областа на работните односи се прекинува договорот за вработување на здравствениот работник и здравствениот соработник, но и се остава можност согласно овој закон за исклучок со кој во точно уредена постапка заради континуирано обезбедување на здравствената заштита на сите осигуреници во државата здравствениот работник и здравствениот соработник да можат договорот да го продолжат најмногу до 67 години возраст, стои во Предлог законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-sobraniskata-komisija-za-zdravstvo-4/feed/ 0
Ристевски: На власта и се случува катастрофа во справувањето со корона кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristevski-na-vlasta-i-se-sluchuva-katastrofa-vo-spravuvanjeto-so-korona-krizata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristevski-na-vlasta-i-se-sluchuva-katastrofa-vo-spravuvanjeto-so-korona-krizata/#respond Fri, 27 Nov 2020 06:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=435090

Формирање на посебна комисија за заштита и справување со пандемијата која ќе биде формирана од страна на Собранието. Причината за донесување на овој закон е во услови на пандемија да се формира стручно и пред се независно тело кое ќе носи одлуки со цел спрасвување со пандемијата и чиј мандат би траел за време на епидемијата, објасни на вчерашната седница на собраниската Комисија за здравство, пратеникот Петар Ристевски. -Целта е да имаме комисија составена од професионалци во областа во која би членувале 11 членови, 9 од здравствените области и министерот за здравство и директорот на ЦУК, но не со овој. Со него Господ да ни е напомош. Со вакво кадровско решение за директор на ЦУК само се отсликува комплетниот однос на Владата кон оваа криза во целост. Кога бројката на заразени надмина 55.000, кога имамае над 1500 починати и над 20.000 активни случаи, недостиг на тестови, медицински персонал, кога имаме хаос во здравствениот систем, Зоран Заев и Владата поставуваат човек кој се фали со својата интелектуална способност и објаснува како се користела главата во вакви кризи, па ја користел за кршење на ќерамиди. Такво решение имаме на толку важна функција, ете толку сериозно ја сфаќаат оваа криза. Стојанче Ангелов се поставува за директор на ЦУК во едни вакви услови на пандемија, истакна Ристески. Тој рече дека на власта и се случува целосна катастрофа со справувањето со корона кризата. -Бројките на заразени и починати се далеку над сите предвидувања, над сите планови на Филипче, зборуваат за некоја нова нормалност, но сведоци сме дека ни се случува некоја ненормалност. Ова е најслабиот министер за здравство во историјата на Република Македонија, нагласи Ристевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristevski-na-vlasta-i-se-sluchuva-katastrofa-vo-spravuvanjeto-so-korona-krizata/feed/ 0
Комисијата за здравство ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-kje-ja-razgleduva-moznosta-za-celodnevna-nastava-vo-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-kje-ja-razgleduva-moznosta-za-celodnevna-nastava-vo-uchilishtata/#respond Sat, 19 Sep 2020 10:39:24 +0000 https://kurir.mk/?p=405494

Комисијата за здравство викендов ќе ја разгледува можноста за целодневна настава во училиштата. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека е направена анализа за бројката на деца коишто би требало да останат во училиште и после завршувањето на часовите во смена. -Ќе се донесе позитивна одлука исто како што се носи одлука и за исклучоците во сите други училишта, односно ако бројката на децата е толку мал да никако не ја загрозува нивната безбедност, односно да нема дополнителен епидемиолошки ризик што одредена група на деца ќе остане и после завршувањето на смената. Предност што е тоа истата група на деца, значи не се зголемуваат контактите, тие биле во контакт претходно, сега само се зголемува времето на престојот, појасни Филипче. Во однос на барањето на родителите на деца до шест години министерот денеска при посетата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, по повод завршување на проектот за гасификација на установата, рече дека доволно време траеја сите мерки што се имплементираа во однос на продолжување на породилното отсуство, практично шест месеци. -Ги укажаа нивните барања, ги слушнавме нивните аргументи и остануваме и понатаму во континуирана комуникација. Во однос на градинките развиени е алгоритми како и што се поставува кога ќе се дијагностицира дете, направени се протоколи за работи. И морам да кажам дека секојдневно ја следиме ситуацијата. Имаше земји каде што нагло се отворија училиштата или градинките и тоа придонесе да тие делумно или целоно се затворат. Еве видете што се случува во Израел. Но јас верувам дека овој постепен влез и постепено пуштање на одредени групи ќе донесе да тоа го избегнеме. Секојдневно ја пратиме ситуацијата и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките, информираше Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zdravstvo-kje-ja-razgleduva-moznosta-za-celodnevna-nastava-vo-uchilishtata/feed/ 0
„Ако има многу новозаразени“: Што прејудицира Комисијата за здравство на Филипче? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ima-mnogu-novozarazeni-shto-prejudicira-komisijata-za-zdravstvo-na-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ima-mnogu-novozarazeni-shto-prejudicira-komisijata-za-zdravstvo-na-filipche/#respond Tue, 26 May 2020 09:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=350273

  „И покрај тоа што границите ќе се отворат, Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени“, ова е последната реченица во извештајот на Комисијата за здравство на Венко Филипче, која ја пренесе националната агенција која некогаш беше македонска. Што со овие зборови прејудицира Комисијата која треба да се грижи за здравјето на македонските граѓани? Првата опција е дека и по отворањето на границите на 1.јуни ќе имаме високо ниво на заразени, наспроти оваа нарачка на Заев и СДСМ за ставање розови очила за избори на 21 јуни, мерка со која му одат во пресрет и на Ахмети, за да го одоброволат во нездравата идеја за избори среде корона и кому насушно му треба албанската дијаспора од Европа . Дали Комисијата со ова признава дека и на 1-ви јуни, како и на 21, состојбата со КОВИД-19 ќе биде алармантна? Втората опција е евтино оправдување за отворањето ан границите, градинките, кафаните и укинувањето нa пoлицискиот час кој е во најава. Дали вака со зборовите „ и покрај тоа што границите ќе се отворат Македонија најверојатно нема да е пожелна земја за сите други, ако има многу новозаразени“, Комисијата на Филипче се правда што ќе ги отвори границите, надевајќи се дека летово нема да има наплив на странци носители на коронавирус? Останува самата Комисија на Филипче да објасни што сакаже да каже со небулозната констатација, додека Владата денеска ќе решава за овој чин и оценка, во време кога секојдневно просекот на заразени наспрема тестирани е константен и се движи околу 10% од испитаниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ima-mnogu-novozarazeni-shto-prejudicira-komisijata-za-zdravstvo-na-filipche/feed/ 0